Рајот може да почека (Кели Тејлор)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 13 февруари 2011.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    „Што би правел јас без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице како да е од стакло и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен од ова. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва...
    [​IMG]
    Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден... Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун... таа не рече ништо!

    Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето - заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи на неа! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо тоа што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака него?!

    Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере... Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму... или... сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака... Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!

    Е сега, знам, си велите, чекај, чекај, каква е оваа книга?! Кој жанр е ова? Да признаам и мене ми е тешко да го дефинирам, но можам да ви гарантирам дека ќе се смеете, потоа ќе плачете, ќе речете дека е драма, ќе речете дека е комедија, ќе речете дека е научна фантастика, ќе речете дека е чик литература - но генералната оценка ќе биде дека ова е една блескава книга! И сега повторно прашање, па каде е комедијата во сево ова, звучи прилично тажно? Одиме понатаму...

    Како се станува дух? Хмм, ни тоа не е толку лесно. Ако сака да стане дух, Луси има дваесет и еден ден за да заврши една речиси невозможна задача. Во текот на тие денови, живее во Ќуќата на оние кои сакаат да станат духови заедно со нејзините цимери: Брајан, смрдливкото кој е фанатик по возови и Клер, мрачната девојка која се самоубила поради момче и ги мрази сите околу себе...

    Како животот, т.е смртта на Луси да не ѝ е доволно тешка со овие двајца и нејзината речиси невозможна задача, се случува уште нешто кое дополнително ги влошува работите... Нејзината таканаречена најдобра пријателка го искористува моментот на ранливост и скршеното срце на Ден и се обидува да го освои... додека Луси го гледа сето тоа!

    Мислам дека ова ви беше доволно за да дознаете за каква книга станува збор... Оние кои не сакаат малку нереални фикции, нека не посегаат по неа. Оние кои сакаат прекрасни љубовни уникатни приказни, дефинитивно нека ја зграбат. Единствена книга оценета со 10/10 од страна на популарен веб сајт за критки на книги. Уште една награда за книга на годината.

    Се смеев и плачев, речиси истовремено. Она што најмногу ми се допадна иако не сакам нереални елементи во приказните е тоа што оваа приказна е уникатна, како ниедна друга. Па, мислам дека ова ви е доволно за да одлучите дали сакате или не сакате да ја прочитате книгата.

    Преземено од сакам книги
     
    На TheSilence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    58
    Многу добра книга ја добив на подарок за Св.Валентин, (значи вчера :) ) и само што ја завршив последната страна. Значи одамна немам прочитано нешто вакво. Неделава имам роденден на една колешка и на една блиска пријателка и дефинитивно оваа книга ми ги скрати маките во потрага на поклон. Иако доста читам книги и сакам малку помистична и по филозофска литература :) дефинитивно многу ме опушти. Подобро и од гледање на некоја ултра добра комедија. Немам што да кажам повеќе за дејствието зошто многу убаво е кажано овде, но мора да ја прочитате нема да зажалите, девојки мои! :*
     
    На TheSilence и Kiara им се допаѓа ова.
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    77
    По ова што го прочитав , супер е книгава , ја ставам на списокот за читање ;)
     
  4. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Зарем уште никој ја нема прочитано? :o :lol: Баш сакав да чујам/прочитам некој коментар...
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    5.352
    Jас ја имам прочитано. :) Убава е, типична чик лит, ми се допаѓаше што главна тема беше љубовта за која всушност Луси цело време се бореше и на крајот сепак ја доби. Толку беше упорна и истрајна во тоа, понекогаш дури ми надоаѓаа солзи на очиве од таа преголема љубов што Луси ја чувствуваше кон Ден, и што се не правеше за само да стигне до него.. А пак во следниот момент, ми доаѓаше да прснам од смеа заради некои комични случки во животот на Луси.. Или подобро речено
    смртта :lol:
    . Навистина, убава е книгава и ја препорачувам да ја прочитате. :)
     
    На Kiara му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    6.150
    Допаѓања:
    42.934
    Пол:
    Женски
    а каде ја има книгава во Скопје?
     
  7. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Еј секаде ја има, не знам... во ТРИ во ГТЦ, плоштад книжарницана Култура спроти бившо Фуфо, во Топер исто така :?:
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Моментално ја читам. Ми држи сеуште некое внимание, интересна е.
     
  9. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Кога го прочитав насловот на книгата веднаш несвесно ми се рашири устата од 6-ка до 6-ка :D , затоа што се сетив на страниците на првата средба на Луси и Ден, на кои се смеев на глас, а мајка ми истрча од собата мислејќи дека даваат нешто смешно на ТВ, па и таа да се насмевне и кога ме виде со книгата, од тогаш ме прашуваше на некое време, уште колку имам да ја дочитам за да ја земе во нејзини раце. :) Многу интересна книга, во која моите емоции не беа само смеење, туку Кели така вешто „манипулираше’’ со нив, што го носи читателот од смеење, до неверување, изненадување, па и до солзи. Мислам дека ќе му се допадне на секој што ќе ја прочита, и покрај тоа што ја ставаат во класата на чик литература, исто толку ќе воодушеви и ќе му биде интересна и на машко. ;)
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Ја прочитав, и да ви кажам дека џабе се крена толкав прав околу книгата. Насловот е привлечен, ама книгата не е баш најдобра. Не викам дека е катастрофа, држи внимание, на некои моменти досадна е. Ама ајде, може се исплатело да ја купам.
     
  11. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    346
    Оваа беше прва што ја прочитав годинава.Моите очекувања искрено беа поголеми бидејќи се дигна прилично голема прав, но сепак ипресиите се позитивни,лесна за читање практично во еден здив. Ја препорачувам на помладата популација. :rofl:
     
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Ау прекрасна екнигава ! Во еден здив ја прочитав. вака наизглед по она што е напишано назад ви изгледа тажна и меланхолична и темна ама на толку интересен начин главниот лик раскажува што простоќе се воодушевите. Во секое зло има добро и тоа е изнесено на толку интересен начин што на крај и покрај ваквата тематика вие чесопати ќе се пронајдете во незапирлива смеа ! Извонредно дело :D
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Јас книгава ја земав ова утро и ја читав на час и во автобус толку ме занесе што не сум ни приметила дека до пола сум стигнала....Неможев да издржам а да не го знам крајот па ја терав другарка ми да ми каже :D сега сум спокојна и ќе можам на мира да ја прочитам.Фантастична е малку ме потсетува на П.С Те Сакам затоа што во еден момент се смееш па ти насолзуваат очите и сл.Книгава мора да е посебна штом ме тера да ја читам затоа што малку бега од реалноста а јас тоа не практикувам да читам така да едно големо Браво до Кели :clap:
     
  14. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    јас стигнаав некаде до 60стр.и неможев повеќе не ми оди,ја оставив, а гледам вие сте задоволни..супер за вас
     
  15. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    455
    Мене ми беше многу интересна книгата, ја прочитав за два дена :)
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано поодамна и сфатив дека неможам да се сетам како завршуваше! :@
    Дај потсетете ме. :wasntme:
    Мислам дека требаше да најде сродна душа на тројца и натаму ми е празно!
    Важно памтам дека ми предизвика бран на емоции, кога таа другарката му се упикуваше на дечкото(ги заборавив имињата) :tmi: се нервирав и ми идеше главата да и ја отсечам. :lol:
    Мислам дека ќе ја земам да ја прочитам пак. :)
     
  17. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    455
    На крај Ден (дечко и) почина и се најдоа таму во чистилиштето и заедно останаа :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Преубава книга. Уште на почетокот ме привлече кога прочитав „Утре ова време ќе сум мртва“ или слично нешто, не ми текнува сега како точно беше. Луси има доста откачени фрази низ книгава и ми го задржуваше вниманието.
    Ја прочитав за три дена.
     
  19. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    601
    Ептен е убава.Од мене 1000000 има :) ...Стварно еден момент се смеиш а др плачеш..Крајот ми беше најубав... :inlove:
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    15.990
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам прочитано книгата , ми се допаѓа . Прво на почетокот малце не ми беше интересна но крајот го краси делото нели ? Добра е книгата ја препорачувам . :)