1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реакции од вакцината против ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ph.orhideja, 29 април 2021.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам за да продискутираме околу можните несакани ефекти од вакцините.

    Веќе постоечката тема е доста широка,оваа би била поконкретна,која ќе се задржи само на реакциите со оглед на тоа дека се планира масовна имунизација во земјава.
    Со оглед на тоа дека во земјава ќе има повеќе достапни вакцини,би било добро да се споделат искуствата после примените вакцини.Има и многу членови од критична инфраструктура и членови на семејствата кои се од постара возрасна група и веќе се вакцинирани и секое искуство е добредојдено да се слушне.
    На форумов има и доста членови кои живеат надвор од Македонија и може да ги споделат искуствата во нивните земји,како и оние кои примија вакцина во Србија.

    Вакцинирани,повелете со искуствата!
    Со каква вакцина се вакциниравте Вие или членовите на семејството?
    Дали и какви несакани ефекти имавте?
    Која вакцина ја преферирате?
     
    На noteforself, WildMk, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Вакцинирана сум со руската вакцина, Спутник, ги примив двете дози, втората пред скоро 4 недели.
    После првата вакцина немав никаква реакција, освен болка во раката на боцнатото место која почна од следниот ден и траеше некаде 24 часа. После втората вакцина болката почна после еден час, следниот ден ме болеше цело рамо и пазувата, бев омалаксана и ми се спиеше, тоа траеше неколку часа. Вечерта почна некоја мигрирачка главоболка што ме држеше три дена, не поминуваше целосно со аналгетик. Ама беше поднослива во најголем дел од времето.

    Испитав антитела, имам солидна количина.
    Возраст 40 години, без хронични болести.

    Преферирав Спутник или Астра Зенека, ја добив Спутник. Се мислев дали да се вакцинирам, да бидам искрена, ама имајќи предвид дека болеста е непредвидлива, решив да се имунизирам.
     
    На gogimica, saki13, bela.m и 29 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.625
    Пол:
    Женски
    Се вакцинирав со спутник в. Првата доза имав болка во раката, црвенило оток на местото на убодот, малаксаност,покачена температура до 37.8, болки во мускулите. Втората доза ја примив пред некој ден само лесна болка во рамото во мускулот и зглобот тоа е се. Воопшто не се мислев дали да се вакцинирам бидејки болеста е многу полоша отколку реакциите на вакцината. Сеуште е ранод а испитувам за антитела но се надевам ќе развијам добар имунитет.
     
    На saki13, Esmeralda-MD, Bezimenka90 и 18 други им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Ќе споделам искуство од блиски, јас уште не сум се вакцинирала.

    Татко ми (70 години) пред 1 недела се вакцинираше со Астра Зенека. Имаше некоја мала болка во раката и малку треска. Досега ова се неговите реакции, се надевам тука завршиле реакциите. Инаку има дијабетес 2 и е со терапија, нема компликации со дијабетесот. Пред 4 години имаше хируршки зафат на срцето, ама според докторите никаков ризик немало.

    Свекорот (74 години) се вакцинираше со Спутник, пред 2 недели. Само малку болка во раката, ништо друго. Исто и тој има дијабетес 2 и пие терапија.

    Едвај чекам да дојдам на ред :| Овде веќе одлучија и соопштија, од 65 нагоре вакцинираат само со Астра Зенека, останатите со Фајзер и Модерна.


     
    На cresa-jagoda, saki13, 1209 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.576
    Пол:
    Женски
    Во која држава живеете? :)
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    103.004
    Пол:
    Женски
    Брат ми (30 год-2 дози) , свекрва ми (56 год 1 доза) се вакцинираа со Фајзер. Брат ми имаше замор и болка во раката, ништо друго. Свекрва ми само болка во раката.
    Јас уште не сум се вакцинирала, но кај нас во Грција почнаа да ги вакцинираат од 30+ па ќе се пријавам здравје за две недели и ќе се вакцинирам со Астра зенека. Тука од 30-39 вакцинираат со АЗ , од 40+ со Фајзер. Месец мај ќе донесат и др вакцини како Модерна и Џонсон. Во врска со моето вакцинирање ќе пишам пак на темава :)
     
    На saki13, Esmeralda-MD, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Личност од блиско семејство, 75+, со кардиоваскуларни заболувања и дијабет 2, ја доби кинеската вакцина. Добро ја поднесе, немаше реакции освен болка во раката, чека ревакцина.

    Личност од пошироко семејство, 78+ години, без посериозни заболувања/терапии, со Астра Зенека, исто добро ја поднесе, со главоболка.
     
    На cresa-jagoda, Esmeralda-MD, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас бев вакцинирана со АЗ (28 г.), со температура и блага треска два дена по вакцината и блааага болка во раката наредни две недели, не баш болка него повеќе го чувствуваш местото каде што те вакцинирале. Втора доза ни е крај на мај, ќе видиме што ќе излезе до тогаш ама голема е веројатноста дека ќе ја примиме,

    Мајка ми е дијабетичар, + 60 вакцинирана со руската помина без никакви симптоми, наскоро има и втора доза закажано.
     
    На saki13, Doozy, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.731
    Допаѓања:
    39.851
    Пол:
    Женски
    Брат ми, снаа ми и моите сите вакцинирани со аз една доза. Брат ми и татко ми без реакции, снаа ми блага тт еден ден, сите без други болести. Мајка со хронична терапија за срце и притисок. Добра е. Во меѓувреме имаше процес на заб и ддмери покачени, ама докторите нормално не можат да штекулираат дали е од вакцината или некој друг процес.

    Едит: сите со блага болка во рака
     
    На Doozy, Esmeralda-MD, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    Јас примив 1 доза АЗ имав температура и треска 2/3 дена и болки во грб. Раката ме болеше цела недела. Немам никакви хронични болести, а имам алергија на пеницилин.

    Брат ми прими Спутник една доза, имаше 24 часа температура до 39 и општа малаксаност. Нема никакви болести, а има прележан ковид.

    Свекрва ми прими Фајзер 1 доза, немаше никаква реакција. Има куп хронични болести (висок притисок, проблеми со срце, диабет...)
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 13 други им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Брат ми и снаа ми (29,30)вакцинирани со една доза Спутник В,со еден ден општа малаксаност и треска.Немаат никакви хронични болести.

    Дедо ми(85),прва доза Фајзер,засега никакви реакции,освен локална болка на местото нели.

    Јас чекам ред.Овде прво се имунизирше население во старечки домови,а ги има многу,па по возрасни групи од најстари па надоле(16 год),лица со хронични болести и тие што живеат со нив.
    Се користат само вакцините на Фајзер и Модерна,без можност за бирање.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    Татко ми (80г) и мајка ми(73г) се вакцинираа со АЗ.Татко ми без реакција, мајка ми болка во раката на боцнатото која ја осекаше 1 недела.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Мајка ми прележана во Ноември од ковид, се вакцинираше минатиот месец со прва доза Спутник. Локално болка во надлактицата, малаксаност, немање апетит и температура до 38,5. Три дена беше така, коментар "исти симптоми како кога бев болна". По третиот ден нема веќе симптоми.
    Мирисот не и е вратен од Ноември сеуште. Коморбидитети: покачен притисок и дијабет, на таблети.
    За некој ден треба втората доза да ја прими.53годишна
     
    Последна измена: 30 април 2021
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 12 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Шведска :)
     
    На Esmeralda-MD, tamche995, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Јас (29), маж (36), брат (27), и други пријатели мое годиште боцнати со Спутник, после двете дози кој после прва, кој после втора типични симптоми за настинка, грип. Малаксаност, треска, температура до 38.5, главоболка. Познавам и луѓе со АЗ боцнати, истите симптоми ги имале. По 2-3 дена исто ко нови.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Баба ми (77) се вакцинираше со АЗ пред околу 3-4 недели, немаше никакви реакции.

    Познаничка (+/- 50) се вакцинираше со Спутник, вчера прими втора доза и исто така немаше никакви реакции, ниту од првата, ниту од втората доза.


    *се надевам наскоро ќе имам повеќе искуства за споделување :D
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Баба ми исто со АЗ се вакцинираше пред 2 недели, освен болка во раката немаше реакција. 76 години има, скоро 77.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  18. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Сестра ми 30 години се вакцинираше со Фајзер, ги прими и двете дози, после првата доза никаква реакција, после втората, болка во раката која траеше три дена, ден после втората доза температура 37.8, два дена малаксаност и болки во мускули и толку. Три- четири дена пред втората доза сопругот, свекор, свекрва и се заразија со ковид, таа се тестираше зошто и беше шубе пред ревакцина да не се заразила ама беше негативна.
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Баба ми се вакцинираше со АЗ не знам пред колку точно време, 2 недели мислам, имаше само болка во раката.
    Од блиски роднини што се вакцинираа само малку темепратура, ништо посебно.
    Мислам дека сите овие краткотрајни и благи реакции никако не треба да се сместат во "несакани", сепак пожелни се и се добар знак.:)
     
    На cresa-jagoda, Doozy, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Сестра ми(37) се вакцинираше со Спутник.После втората примена доза,имаше цел ден висока температура и болки во тело.После тоа ништо.

    Татко ми има примено Фајзер една доза,од хронични болести има Хобб и хипертензија,како реакција има болка во рамо.

    Од пријатели во блиско опкружување никој не појави сериозни несакани ефекти,сите со болки во рака и блага температура,дел се вакцинирани со Фајзер,дел со Спутник,а дел во Србија со Астра Зенека.

    Наскоро ќе се споделат искуствата од Синофарм,такви ќе има за повеќето пријавени овде кај нас.
     
    На Simgeee, cresa-jagoda, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.