Мене многу ми е интереснко кога купувам кондоми, влагам фраерски, кажувам какви сакам да земам и продавчките ги гледам ко да и нив ќе ги ебам. Купувањето ќе ти биде онака како што сам ќе си го направиш во глава. Само лабаво, ич да не ти чуе
До сега не сум купила , не сум имала потреба ( не користиме со маж ми , а во ретки моменти кога користиме маж ми купува и ме поштедува од awkward ситуации ) ама , кога би морала лично да влезам и да купам , би купила и ич не ме боли уво дали на некој му е чудно или не ( без разлика далиме аптека , маркет или тобако во прашање ) . Подобро е да се заштитам , отколку подоцна да си удирам глава во ѕид поради некоја ( не дај Боже ) болест / инфекција / бременост итн .
Јас купувам цел живот од разни места и никогаш не сум имала непријатни ситуации. Никогаш не сум се срамела. Сум пребарувала, препрашувала за цена, за детали околу производот... И никогаш не сум имала чудни ситуации од продавачките. Секогаш биле услужливи, се труделе да ми најдат она што им барам. Луѓето околу си гледаат своја работа, никој не се замара.
Порано во врска сме купувале или јас или дечко ми и тоа на трафика. И да, продавачката те гледа ко да неа ќе ја ебеш
До 2ра година средно образование ми беше срам да купам влошки. Дечко ми (едит: тогашен) го пуштав да ми купува. Хаххахахах
Имав една ситуација кога влегов во аптека да купам кондоми и тест за бременост.Слатко се изнасмеавме со продавачката за комбинацијата.Почна да ми објаснува кои какви кондоми се и само и реков кондомите не се за мене,за мене е тестот Ама ниту ме гледаа чудно ниту попреку.Имам и продавано и никогаш не сум им се насмеала ниту пак искоментирала.Наплаќаш и чао пријатно
Истава комбинација ми се има случено Вчера инаку купував, ама во последно време сосема нормално ми е и тоа зимам од големите кутии да не се шетам сто пати. Во аптека најнормално реагираат, од други места не ни зимам зошто не верувам дека соодветно ги чуваат.
Јас еднаш во аптека ко прашвев што врска имаат едните од другите мислам дека аптекарот се поцрврни дури кажуваше
Можда и ме гледале чудно ама не сум приметила, а и да сум ги приметила ме боли уво што е право. Ја и маж ми дете у една рака држиме на каса а у друга кондоми купуваме можам да замислам на продавачките што им проаѓа низ глава коа не гледаат. А можда и ништо не им проаѓа, не дека ме засега тоа.
И јас имам продавано, т.е. делевме бесплатно како превенција и заштита од СПБ на штанд. Дојде еден комшија и си зема цело пакетче, вика, ќе ни се најдат со тетката.
Исто ги чуваат. Во исти магацини. Немаат некој посебен третман. Мит е дека во аптека (магацин за лекови) се дешава нешто посебно.
Не е за верување работата... Од прва рака знам, имам гледано . Како мислиш дека ги чуваат презервативите во магациниве?
Како сме затуцани, и влошки ми беше срам да купам порано, не па кондоми. Сега мука немам, ги земам сите кутивчиња ги анализирам прво, стојам едно пола саат кај штандот со кондоми и роварам Или со маж ми одиме заедно да бираме, па ко ќе одиме на каса сите што чекаат ред не снимаат и на крај касиерката со хехенце ни ги куца кондомите Сега пред некој ден гледам едни две женски си бираа вибратори од dm и си споделуваа искуства, луѓево ги гледаа ко не баре коваат план за убиство
Ако ви е срам купувајте како мене во аптека или во супермаркет иако не е срамота ама поглупо ми е во некое маалско дуќанче