Реален VS Виртуелен живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bah, 10 јануари 2015.

  1. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.184
    Нема да давам долги уводи и да пишувам цели фермани, сакам да поставам едно многу едноставно и актуелно прашањ: Дали повеќе време во текот на денот посветувате на реалниот живот или на виртуелниот? И, дали ви е тешко да се прелагодите од едниот во другиот лик, бидејки знаеме дека понекогаш виртуелниот лик е тотално спротивно од она што сте во приватниот живот?
     
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.226
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека некој може да е спротивен на две различни места. Капа им симнувам на таквите. Јас сум речиси иста со мала доза на повлеченост во реалниот живот. Сепак анонимноста нуди некаква заштита.
    А за времето поминато пред форумов јас би рекла дека е тепање време. Додека другите шетаат, гледаат вести или филм, јас го користам за да дискутирам или да давам мислења. Тоа е исто како тие што дремат цел ден на фб и гледаат нечиви слики со таа разлика што тука се гради психички лик со свои карактеристики и мислења
     
    На alexa_dimoska, evangelina.ina, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.524
    На реалниот дефинитивно ,некако виртуелниот ми е тепање на време
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    106.127
    Пол:
    Женски
    Ti ne veruvas Aninke ama ete nekoj sto ima iskustvo pisal deka znae.A za toa da go znaes mora od licno iskustvo da bide.

    Vo posledno vreme paralelno mi tece virtuelniot so realniot zivot.Nema da ja napisam pricinata zatoa sto toa ne e nit za opravduvanje nit za pravdanje.Ete takov mi e,moj si
    e i nemam zosto da glumam deka e poinaku.
    Dali e hendikep ili ne,vremeto ke pokaze.Ima i pozitivni no i dosta negativni stani.
    Ista sum i vo virtuelniot i vo realniot zivot.
    Ne im zablaznuvan na onie koi uspevaat da bidat ona sto ne se no ne gi ni osuduvam.
    Kolku i da mislat deka toa ne se primetuva mozat samo samite sebe da se lazat.
    Gi cenam onie sto se prirodni i svoi.So niv lesno se komunicira,poveke moze da im se veruva....znaci istoto vazi i za lugeto vo realniot zivot odnosno realnoto opkrozuvanje.
    Toj sto glumi vo virtuelniot svet i vo realniot e takov.

    Tocno deka prisutnosta na eden forum moze da bide pokazatel koj kolku e prisuten vo virtuelniot svet no i nemora da znaci.Nekoj sto ne e ovde prisuten moze da e prisuten duri i poveke od najprisutnite na femina no po drugi stranici.Ne?
    Uzivajte vo svojot zivot i ne opteretuvajte se koj vo koj segment od zivotot e prisuten.;)
    Ama bidete svoi oti prefrluvanjeto od lik vo lik samo moze da vi go iskoplicira zivotot.
     
    На evangelina.ina, SV1911, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.513
    Пол:
    Женски
    многу не се разликувам во реалниот и виртуелиот свет или како и да го наречам иста сум и тука и реално така да како што размислувам и реално некогаш го изнесувам и виртуелно и тоа е тоа а мислам дека многу промена на ликовите неможе да има ако е прост во реален свет а тука се прави дека е тежок факултетлија еден ден ке напиши такво ср*ње шо ке му се чуди цел свет и само ке искомплицира се ништо друго нема да направи
     
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    36.238
    Пол:
    Женски
    Повеќе време посветувам на реалниот,секако.Иста сум како што се прикажувам овде,нема потреба од глумење дека сум некој друг.Можеби во живо луѓето ме сметаат за малку затворена и мирна личност,но сето ова зависи од друштвото во кое се наоѓам,не сум со сите блиска и не разговарам со секого на некои теми.
     
    На evangelina.ina, Rama, Teodora* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Виртуелен живот скоро и немам, отварам само форумот, фејсбук и уште неколку страници кои гледам да имаат некаква корист во реалниот живот. :^) На пример нешто за школото, сега се е електронски.
    Каков си во реалниот таков треба да си и во виртуелниот, а за жал некои не го почитуваат тоа.
     
  8. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Искрено и двата ми се чиста 1ца (БАНДЕРА) . Само над книги бубам,на фб за да се договорам со другара ми да излегваме негде (1 имам во распустов) . И нешто со една-две форумџики од тука со кои сум поблиска. Повеќе сакам со некој во живо да зборувам отколку преку средствата за визулена комуникација. На фемина седам во последно време многу малку. Во тек на школска година излегување ми е од дома-школо и школо-дома. Само таа релација ја имам, понекогаш кај дедо ми (т.е. баба ми,ама таа почина пред 22 дена). Дома само над книги и учебници седам.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.680
    Пол:
    Женски
    Секако дека приоритетен ми е реалниот живот,што е и нормално :) ама си имам и виртуелен живот, во текот на денот гледам на фб што има, барам на гугл разни работи, и секако си дремам на фемина да читнам нешто или да дадам некој совет. Добро е да работи и виртуелноста во нас, но умерено , да не го запоставуваме реалното во нас. Имам другарки со кои можам да си зборувам за проблеми и разни теми, но понекогаш ми е подобро на фемина да искажам некоја мака или проблем, или ете да речам да се изразам слободно , бидејќи е анонимно, и ми се случувало да бидам подобро сватена тука, од колку од реалните другарки, да , чудно нели . Пак ќе речам умереноста е мајка на квалитетноста, и начелата по кои може да процесира една единка, на квалитетен начин. Затоа имајте си ги во коалиција и двата животи, не знаете кога и каде ќе ви се помогне подобро :D
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.177
    Колку и да сакаме целосно да се посветиме на реалниот живот неможеме. Технологијава не' направи хендикепирани во поглед на дружење, разговарање, седенки, кафиња и сл. Колку и да сакаме да го негираме тоа, не можеме. Станавме зависни од социјалните мрежи, сите разговори, доживувања, споделувања се извршуваат преку нив, кој повеќе лајка собрал, колку е популарен, целата храна од рестораните е на едно место. Имаше една фраза : Видов 4 телефони, седеа на кафе. За жал вистина е. Ако нема вифи во кафичот не се седнува на кафе, затоа што нели не можеш да се чекираш и да се пофалиш на фелата кај си пиел кафе, што си јадел, па дали дечкото ти купил ружа или ти ја бакнал раката.Па побогу и ние што не се чекираме на секои 5 минути и ние излегуваме и ние пиеме кафе и ние одиме по ресторани и журки. Толку стана народот очаен за внимание, да се чудиш.
    Патем се трудам што е можно помалку време да поминувам на фејсбук, на фемина. Се трудам околу реалниов ми живот, затоа што реално спомените ќе ми останат во сеќавање а не разговорите и лајковите на фејсбук. Се трудам и да бидам истата каква што сум во секој дел од денот а не да глумам нешто што не сум. Можеби само сум поотворена и поискрена во поглед на некои работи што ете во реалниот свет би ми било срам да ги прашам што се однесува на форумов.
    Уживајте си во животот, социјалните мрежи и форумите нема да ви избегаат. Нека ви биде се тоа убаво склопено со доза на умереност.
     
    На free girl, Annath, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Реалниот живот во моментот ми е хаос. Чувствувам напнатост, стрес, страв, обехрабреност. Секогаш кога сакам да се опуштам си влегувам во тој виртуелен свет. Си гледам видеа на јутуб, читам на фемина, ама тоа кратко трае. Потоа мора да се вратам на учење. Знам што викаат сите, ќе помине, не треба да се нервираш ама таква сум јас... се нервирам и се секирам премногу, зошто порано бев навикната на совладување на сите препреки, а сега цела таа замисла како да ми пропаѓа во вода. Со сила се трудам да постигнам нешто :(
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.395
    Пол:
    Женски
    Се ми е исто и таму и ваму. Што на ум то на друм.
    Убаво се спомна погоре, 4 телефони излегле на кафе, за жал реална слика.
    Пример вчера во Маврово видов едно чудо:?:
    На една направа како стап, телефон и три сурати си прават селфи.(facepalm) Други (девојки) се самосликаат со напрчени муцки како газ на кокошка. Мислам дека не ја видоа убавината на падините и снегот, а се фалат како биле на скијање.
    Ужас, нема дружење, нема смеење, нема глупости правење па макар и со санка или најлонска вреќа.
    Виртуелниот свет е се поприсутен и сите ќе излажеме ако кажеме дека живееме вистински, рален живот.
     
    На evangelina.ina, Kitten, SparkyAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    99.884
    Дали јас не одам често на кафиња и по гости, но кога седам со некој не ми се случило ниту мене ниту на тој што седам да земеме телефоните во раце и да се игнорираме. Врв на некултура ми е. Треба веројатно многу често да сум со некој па да ми е толку досадно и да сме дотолку одомаќинети еден со друг за да се однесуваме така. А такви пријатели кои ми се како домашни, немам.
    Интернетот денес ги заменува комшивките, роднините и пријателите кои некогаш биле чести гости во нашите домови. Сета потреба за разговори на разни теми и повремено празнење на душата ја задоволуваме на нет, некако посигурно ни е, нема кој да те прекаже, нема да те оговара позади грб, секогаш има некој кој ќе те разбере правилно и ќе ти стави лајк па што и да напишеш...
    Но според мене треба да е фаза една ваква зависност. Да дојдеш, да истражиш, да се истакнеш на начин на кој можеш ако тоа ти годи, со тек на време да сфатиш дека не е начин на живот и да си заминеш. Или бар повремено да си активен со еден поиндиферентен однос кон мреживе.
    Но ако реалноста не ти е баш розева и не гледаш начин да ја подобриш, а ова ти е катче што прави да се чувствуваш добро, што да кажам, подобро ова него со апчиња да се труеш :drunk::D
     
    На Annath, SexiLy, Teodora* и 13 други им се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Машки
    И јас сум воглавно ист како и во виртуелен свет така и реален. Незнам природата ми е таква и и да сакам, неможам да глумам, а поминувам доста долго време во виртуелен свет, посебно сега за празнициве...
    Ете некни испаднавме сељаци во кафичов што не зедовме телефоните како сите и не се тагнавме, шернавме или слично... Глупости еј.

    И не мислам дека се виновни телефоните или технологијата, за тоа, фејсбук, инстаграм и што има таму.... Криви се самите луѓе бе, никој не те тера да земеш телефонот во кафич и да се тагнеш или да провериш ФБ, односно да му вратиш на 20те пораки што наводно ти стигнале и се многу битни па неможе да почекаат 1 саат. Никој не те тера да се затвориш дома и да заборавиш како изгледа градот, дали има нешто ново... За жал таа е ситуацијата, погоре спомнаа дека кога излегуваш во кафич, ако нема WiFi, не се оди таму, ако има WiFi, на кафе си само физички присутен, слика има, тон нема...
     
    На anina, Someonespecial, Valerin и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    22.450
    Иста сум секаде, не знам да глумам. Инаку сигурна сум дека кој каков е овде таков е и реално, колку и да глумат дека се поинакви џабе е.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Не верувам дека некој отворено би признал дека не е она што се претставува овде. Претежно ние луѓето имаме лоша навика да бидеме претерано самобендисани, и оваа е една од оние особини кои ни го отежнуваат признанието.

    Ќе ви дадам интересен пример во врска со темава. Лично јас, со екипата на чет проведувам далеку подолго време за разлика од овде на форумов, и баш пред некое време после долгото дружење таму разврзавме муабет од типот ''како ме замислуваш'' и нема да верувате колку виртуелниот комплекс ја изобличува сликата, со тоа што од една страна и дава слобода на имагинацијата да плови, а од друга страна ја прави толку нереална и замаглена. Кога ме опишуваа мене по физички изглед ама буквално ништо не погодија, додека во карактер ретко кој продре под мојата ''маска'' и даде приближно близок увид.
    Рака на срце, да бидам искрена истото ми се случи и мене кога ги опишував нив. Така да по кратко време констатиравме дека не сме се ,,погодиле''.

    Сума сумарум јас секако претпочитам повеќе живот надвор од оквирите на виртуелното. Освен тоа, секако дека е многу подобро да бидеш опкружен со мал број личности чие влијание те исполнува и ти го прави денот поубав отколку да дремеш по форуми цел ден, што јас моментално го правам бидејќи водам неколку ствари у паралела, а на крај доаѓам до заклучок дека не можам да постигнам ништо. Освен тоа забележувам дека ни мојата генерација не се бунтува нешто особено многу по ова прашање што се чини дека сите веќе ги прифатиле прангите на виртуелното заробување.
     
    Последна измена: 12 јануари 2015
    На Captain-Omni, Anabelle.Amorette, omg92 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.184
    Браво за овој пост, можеби во многу дриги постови имаме различно мислење но овде ја погоди точно суштината на мојата поента што ја имав на ум кога ја поставував темата.
    Токму имагинацијата и слободата да ти си го замислиш ликот од другата страна онаков каков што ти би сакал да биде ги тера лугето толку многу време да поминуваат во овој или оној виртуелен свет.
    Јас не ни очекував дека некој ќе каже дека е поинаков, но очекував во најмала рака ова што ти го кажа.
    Веројатно голем дел ако не и 100% од лугето кои овде се супер да се видат нема да можат ни 2 муабета да сврзат. Само едно ме чуди, зошто ако сите се онакви какви што овде се преставуваат, зошто кријат буквално се па дри и имато, иако има илјадници со исто име па и број на години?
     
    На omg92, Valerin и Rama им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.176
    Пол:
    Женски
    Е тоа де, ај името, ама ако споделат дел од приватниот живот, зошто мислат дека името би ги сокрило? Така да, џабе име, ако некој знае нечив приватен живот, начин на однесување, секако зависно колку се блиски, во тој случај и да се под друго име, тоа ништо не им менува.

    Инаку, за погоре што спомнаа со телефоните, стварно е така, колку пати сум видела, излезени сите, се собрале, направи ритуалот од поздравување и сите у телефоните гледаат.Лично, секогаш кога сум излезена, не се замарам со телефон, да гледам у него што има, едноставно не сакам, освен ако е нешто итно да се јавам и сл.Инаку, не знам што е финтата со телефоните, па ете и да имаат нет на нив, зарем немаат на компјутери, што дома, на работа, па ај сеа и на телефон.Често се зезам за тоа, велам ќе земам телефони ќе собирам :D оти сите гледаат у нив, па и на улица ќе ги видиш загледани у телефон, низ кафичиве, седнале и сити у телефоните :^) зборам и за непознати.Ова викам, некоја нова мода изгледа.
     
    На omg92, Daleron, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    49.159
    Пол:
    Женски
    Мене ми е навредливо ако некој додека седи на кафе со мене земе телефон и почне да се занимава со него наместо да ми зборува. И не ја гледам поентата во дружење со луѓе ако социјалните мрежи ти се позабавни од комуникација во личноста во живо.

    Што се однесува до виртуелен вс реален живот, јас мислам дека сум иста, можеби малку поотворена во виртуелниот живот, со оглед на тоа дека важам за интровертна личност. Нормално е да се разликуваш, прераснува во проблем кога виртуелниот живот ти станува место за лечење на фрустрациите и комплексите од реалниот. :)
     
    На Elena69221, omg92, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.184
    Горде, тоа е така затоа што тебе неможат да ти прават филмови колку што можат на тие од виртуелниот свет. Затоа и некои луге буквално си живеат по цел ден во тој некој паралелен свет, каде можат да бидат она што тие сакаат а не она што реално се. Затоа и не успејаа обидите за одење на кафе помегу феминките, затоа што реално ќе се разочараат една од друга и ќе сватат дека и таа особа од другата страна е од крв и месо и е со сите оние мани и несовршености како и останатите луге.
    Затоа ни е многу поубав виртуелниот од реалниот живот. Понекогаш е убаво да побегнеш од реалноста но не и до тој степен да ти самата поверуваш дека ти си всушност баш онаквва каква што си во виртуелниот свет.
     
    На SparkyAngel, Gordana10, omg92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.