1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реален VS Виртуелен живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bah, 10 јануари 2015.

  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    :D Јас спомнав бришење на профил и сакам да го избришам затоа што сакам. Не затоа што се плашам од некого или некој треба да се плаши од мене. Колку смешно.
     
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Slobodno.:)
    Prasanjeto bese zosto da se plasime od likovite naokolu za koi smetame deka lazno se pretstavuvaat?
    So toa osven sebe si sto mozat
    nam da ni nastetat osven ako ne gi cuvstvuvate kako "konkurencija".Ova e samo moe harikiranje.Pa duri i da e taka pak ne gledam pricina za strav od drug lik.
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Јас пример кога читам членки кои пишуваат постови дури и во најобични домаќински теми како да дискутираат во парламент за надворешната политика во регионов (и во парламент се поопуштени), одбивно ми е и ги ставам во фејк. И дома така си збориш, да? Други кои пишуваат ама скоро секогаш долги постови кои искрено не држат внимание, затоа што не е само работава постот да ти е долг а да верглаш едно те исто кое може да се каже во пократки црти. Трети кои се претерано внимателни како ќе се изразат, постовите скоро секогаш им се неутрални, не завземаат конкретен став за да не се замерат со некого оти некој им кажал дека многу популарни се, прекрасни итн итн, па демек многу мудри, ситуацииве од сите страни ги разбираат и секаде лајк стискаат. Сакам отворени и храбри луѓе. Не ми е битно какви се во реален свет, ако ме убедат на форумот и не се посомневам во нивната автентичност, мене ми е ок.
     
    На butterfly4, Rama, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Форумот е место каде луѓето создаваат алтер его, создаваат лик кој би сакале да се, но поверојатно кој тлее во нив внатре и речиси по правило кое има малку исклучоци, форумските ликови се дијаметрално различни од луѓето кои ги создале.

    Така кажано, форумот е една голема лага.

    Не сакаш да го избришеш профилот, тоа е лага. Ако сакаше да го избришеш профилот, односно да не ни дозволиш нас останатите да ти чепкаме во личноста, едноставно немаше да се логираш тука. Нас ни даваш да те гледаме како бестрашна интелигентна воинка која е спремна да се соочи со сè на светот, вклучително и виртуелниот свет, но реално си мирна и повлечена двојка која не сака конфронтации во реалноста. Секогаш е спротивно. Хипстер ни се прикажува како разумна девојка, но сама знае колку пати донела неразумни одлуки во животот и знае дека реалноста не ја владее толку добро колку што посакува, токму тоа што го пишува е она кое смета дека треба да биде направено, но тоа успева само во виртуелниот свет, бидејќи тука напишаното е живо, тоа е релевантниот фактор за тоа кои сме и што сме, во реалноста идеите, замислите и желбите не значат ништо, делата значат. Хипстер, златна, дај боже реалноста да ти е прекрасна, само пример земам дека бевте во дијалог со Азриел.

    No you don`t. Иста си како сите нас во поглед на проценувањето и засакувањето на форумските ликови. Ги сакаш оние кои те сакаат, ги презираш оние кои ти конфронтираат. Јас само што поставив неутрален став и кон Азриел и кон Хипстер, но тебе ти конфронтирам и ти пак нема да ме сакаш, зашто она за кое тврдиш дека ти се допаѓа паѓа во вода ако е насочено кон тебе. И тоа е сосема нормално, го пишуваме она кое сакаме да го поседуваме како особина.

    Најголемите форумски лаги се „сите ги сакам“, „не се лутам“, „не ме потресува ништо“, „не ми е гајле кој што мисли за мене“ и убедливо најголемата лага од сите „Иста сум на форумот и надвор од него“. No you`re not.

    Ама па, затоа е забавно на форум, можеш да бидеш онаа личност која посакуваш да си и можеш да го пуштиш својот општествено неприфатен карактер на слобода и пак ќе бидеш прифатена од една група на членови кои едвај ќе чекаш да ги прочиташ. Виртуелниот живот нуди нови можности, затоа е толку широко распространет и прифатен, зашто ни дава втора шанса да се чувствуваме убаво во сопствената кожа.
     
    На buba4e89, lunicka, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Интересна ти е теоријава капетане.
    Не се согласувам со едно само никако, дека сме дијаметрално спротивни личности од тоа што се прикажуваме.
    Баш добро не опишуваат некои наши постапки и мислења што ги оставаме тука. Многу добро ќе видиш кој како настапува во ситуција на конфликт со тоа како реплицира тука и дебатира. Мислам дека со некои постапки несвесно се "издаваме" какви карактерни особини сме. Не само речник, вокабулар и слични работи, баш мислам дека лесно можеш да познаеш кој како реагира во конфликт кога лично ќе го предизвикаат. Кој се кара одма, кој почнува со навреди, кој е посмирен кој е краткок кој е долг итн, ми ја сфаќаш поентата.

    Фала за комплиментот, а за тоа копку сум општо разумна не знам. Додуша јас не се карактеризирам себе си така баш. Милион пати сум донела избувливи и импулсивни одлуки и не го кријам тоа, еј човек сум од месо и крв, кој греши.
    Али убаво е да се стремиме кон разумност и не импулсивност, она број до 10 пред да одговориш или напраиш нешто секогаш. Мене не ми успева баш ама се трудам да ти кажам, многу повеќе и секој ден се поише.
     
    Последна измена: 13 јануари 2015
    На do-re-mi, danichap, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Токму ова кое го цитирам, сметам дека е производ на создавање на виртуелниот лик, но не е одлика на реалниот. Ќе ги земам примерите кои ги наведе, еве ги болдирани.

    На форум, многу е лесно да се „правиш“ паметен. Јас се правам паметен во моментов, но во реалноста, немам помош од Гугл, ниту можам да си дадам 10 минути да размислам пред да го смислам најдобриот одговор. Во разговор во живо, мора човек да е вистински интелигентен за да го потврди она кое тука би го прикажал како интелигенција и богат речник, но од мое лично искуство, луѓето од виртуелниот живот се исклучително ретко исто толку забавни и снаодливи во реалноста. Виртуелно, лесно е да човек да е паметен и да има вокабулар.

    На форум, луѓето кои реагираат бурно и жестоко во конфликт, по правило во реалноста се бубачки. Најчестата причина за тоа е што потиснатата потреба за врескање во реалноста, ја пренесуваат тука. Затоа сум сигурен дека Азриел е сонце во реалноста, исто како и Бриџит, бидејќи притисокот да се биде културен и учтив во реалноста, тука го немаат. Кога на маса некому ќе му упатат дрски зборови и навреда, треба да ги соочи со тажните очи и повредени чувства на соговорникот, а виртуелно тоа не постои. Односно постои, но не го гледаме тоа, бидејќи е од нечија друга страна на мониторот.

    Има и други примери, но главната поента е дека на форумот градиме алтер его на темелот на внатрешноста од нашата личност, ако смеам да го наречам на темелот на „ид“-от, а потоа го ѕидаме како проекција на она што би сакале да бидеме и како се гледаме себеси од страна.
     
    На Daleron, anina и lunicka им се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Дали си и ти дијаметрално различен од ликот кој го градиш тука? Јас би рекла, не. Сакаш да се истакнеш и да се докажеш, да привлечиш внимание на себе без да покажеш на ни една твоја негативна особина. Сигурно си таков и во реалниот живот, само што луѓето во твоја околина можат да ги видат и твоите негативни страни. Тоа не е лик кој се стремиш да бидеш, тоа си ТИ. Во сите 434 одговори, стоиш ти.

    Во однос на вокабуларот и начинот на справување со одредена ситуација, си потполно во право. Но не си во право дека разликата е производ на сосема друг лик. Јас го имам истиот вокабулар во реален живот и можам брзо да одговорам ама ја немам храброста. Не затоа што јас не сум јас, туку затоа што општеството ни наметнало некои стеги, па мора да го почитуваш соговорникот кој го гледаш во очи.

    И да во право си дека ги сакаме само оние форумски ликови со кои имаме исти гледање па не доаѓаме во конфликти. На крајот на краиштата колку од овие теми се отвараат во реален живот? Кај мене многу малку
     
    На Teodora*, danichap и galapce им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Ne veruvam vo tolkavi kontrasni razliki na lik pretstaven tuka i vo realnosta,karakterno.
    Nemoze kako sto veke e spomnata,da receme Bridgit koja ovde od moja perspektiva e lik koj e direkten i smel vo realniot da e povlevlcena.ili ete da receme Serafima koja odprilika blika so smirenie i trpelivost,vo realen zivot da e apsoluten kontras i konfliktna licnost.AnaKarenina zarem ne ja poseduva svojata kreativnost so koja ne ima "ubedeno" niz svoite postovi?
    Moze da se vo prasanje razliki vo nijansi,nisto poveke.
    No ima razlika da receme od lik koj refleksivno odgovara i lik koj e od tipot"cekalec"da pomine vreme dur da odgovori ako e prozvan.E tuka moze da drzi ona koe veke go navede Capetanot izglumena intelegencija no duri ni togas ne e sigurno nitu pak moze drasticno da ja promeni veke poseduvackata intelegencija.
    Neka mi prostat spomenatite clenki,sosema slucajno se odbrani.
     
    На Teodora*, Annath и anina им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Повеќе на реалниот зашто од виртуелниот не се живее.Се кладам ако работам не верувам дека ке седнам на компјутер.Вака имам повеќе време и искрено некогаш времето поминато на нет ми е подобра солуција отколку празно наклапање.
    За тие што ги спомнувате со телефони во раце ,јас немам такви пријатели што дремат на телефон,ама приметувам дека другарките на ќерка ми се такви.Значи се зависи од генерацијата.
    А тоа какви се ликовите овде и во реалниот свет,никогаш не ми паднало на памет да правам такви анализи.
    И што имам да мозгам дали некој физички и психички одговара на содржината на постовите.Податоците ги примам како што ми се сервираат,значи инстант.
    Е сега друга работа е кога некој ќе ти пружи рака,мислење,ќе те насмее па поинаку гледаш на неговиот ник.Исто како и кога некој постојано контрира,држејки се за некои свои ставови како пијан за плот,или кога некој те плесне (виртуелно) по рачето и те опомене од само нему позната причина.Сакале или не некои ликови позитивно и негативно се издвојуваат.
    Јас лично признавам дека не сум иста како мојов ник овде ,ама коренот сум јас,Во реалниот живот многу често премолчувам,немам доволно храброст да одам со глава низ ѕид,на провокации не одговарам...овдека под превезот на анонимноста се е поинаку.
     
    На Hipster, Teodora*, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Зашто мислам дека ни сам не веруваш во ова туку само се `рчкаш? :angel:

    Да, точно е дека секој има слобода да се прикаже како сака ама тоа да креираш нов лик сосема спротивен од вистинскиот мислам дека веќе дава биполарна карактеристика на личноста која седи пред компјутер и таквите треба да идат малку на разговор со психијатар.
    Верувам дека некои карактерни особини се моделираат, но не верувам дека се рекреираат.
    Може вака во некоја тема ќе се плесне лажен став, но во меѓусебните импулсивни пресметки кога некој на некого ќе му стапне на нерв, се гледа кој до каде оди, како се поставува, како реагира и колку го бива. Реално тие што се маскираат не знам со која поента го прават тоа? Кого лажат? Само себе можеби. (Но и тоа здосадува). На останатите не им е многу гајле за туѓите животи.
    Не знам дали затоа што сакам да е така, но ете, моја претпоставка е дека ретко имаме режисери меѓу активните членови, чисто од аспект на тоа што гарант многу се вдомиле на форумов, па сакаат да им биде пријатно. Упорно зборам за активните членови зашто замислата за карактерот можеш да ја оформиш само на такви кои ги има поприсутни, овие другиве новопечени никови треба да се пробијат повеќе за да влезат во Виртуелниот живот. Статисти не се важат. 8)
    Според мене член со 5 мислења може да глуми лудило, ама со преку 500? :shake: I dont think so.
     
    На do-re-mi, Someonespecial, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    @lunicka ete spored ona kako se opisa za vo realniot zivot na krajot od postot, jas takva pretstava za tebe imam ovde.:)
     
    На Teodora*, lunicka и anina им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Теми кои се за забава, така и треба да бидат сфатени. Дали некој лаже, се преправа во нешто што не е, мене искрено не ми е гајле. Таа личност ниту ја знам, ниту ми е толку важна за да земам да правам психоанализи и да ја проверувам веродостојноста на информацијата која ни е сервирана.
    Ако некој сака да креира скроз нова личност преку акаунт на фемина, колку и да е бизарно тоа, слободно. Ни јас не верувам дека може да има толку драстична разлика меѓу реалниот и виртуелниот живот. Единствено може да се случи тоа што го зборуваше една друга форумџика, анонимноста да ни даде слобода да зборуваме нешто што не би го кажале кога би биле потпишани со име и презиме и некои скриени особини или ставови да испливаат на површина.
     
    На Hipster, IronLady, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    А мислам дека и човек кој си го тера животот, нема ни да се замара, кој, каков, бил, а нит па ќе знае.
     
    На IronLady, Someonespecial, 1slavjanka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да не ја продолжувате истата дискусија која веќе предизвика конфликти. Доколку сакате да се изјасните на темава слободно направете го тоа без провокации и подбуцнувања.
     
    На Mishela, Gordana10, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    133.009
    Пол:
    Женски
    Koга имам повеке слободно време, немам обрвски, немам никаква занимација, тогаш посветувам повеке време на виртуелниот живот. Никогаш не ми е тешко да се прилагодам од виртуелниот во реалниот лик. Се гаси компјутерот го снемува виртуелниот лик, си останува ,,изгасен,, и тој, се до наредното вклучување на комјутерот. За ептен мала нијанса виртуелниот лик е поинаков од реалниот, поопуштен е, помалце внимава како ке се изрази.
     
    На Captain-Omni, Tanjamm, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Секако дека посветувам многу повеќе внимание на реалниот живот. Мислам што е користа од тоа да се затвориш дома седејќи на форуми и социјални мрежи и креирајќи некоја идеална слика за себе кога тоа не постои во реалноста. Не ја гледам потребата од создавање 2 различни ликови (виртуелен и реален) бидејќи така личноста само се залажува самата себе.
    Ако го земам фб како пример ќе кажам дека обично го користам за комуникација со луѓе кои не живеат овде па немам можност да остварувам средби, ретко објавувам нешто и избегнувам чекирања. На форумов посетувам само одредени теми кои мене ме интересираат или ми се забавни и интересни. Не ја чувствувам потребата од тоа да се претствавувам спротивно од тоа што сум бидејќи за мене тоа е залудно потрошена енергија и време.
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Многу логично дека повеќе време посветувам на реалниот живот, и не го мешам виртуелното во тоа време поминато во активности кои се дел од истиот. Кога ќе излезам некаде, паралелно со исклучувањето на компјутерот го оставам виртуелниот свет зад себе, без разлика дали е обично пешачење, излегување, гости и слично.
    За она со телефоните сум пишала неколку пати, едноставно не можам да разберам глетка од типот - луѓе нурнати во екранот при излегување на чист воздух што би требало да е одмор за очи, кои кога ќе ги поздравиш намуртено и механички ти креваат глава од телефонот, со поглед у стил ко смета... :drunk: А за во друштво да не зборувам, отсутно климање со глава заради занимавање со новости по фејсбук и инстаграм додека некој ти се обраќа - го рачунам ни помалку ни повеќе туку за израз на некултура и недостаток на манири.

    Немам многу навика за чекирање, тагнување и сличен „протокол“ :lol:, ниту пак за редовно одбележување настани од реалниот живот на социјалните мрежи. Фејсбукот во последно време го користам кога треба да падне договор за нешто со друштвото, или пак за информации од училиште, така што уствари воглавно на форумов го поминувам тој виртуелен дел од слободното време.
    А тука... се однесувам исто како и во реалноста, добро де, со мала нијанса на поголема eкстроверност при прва комуникација со луѓе отколку во реалниот живот. :D Едноставно таква личност сум, секаде сум си антиталент за лажење и глумење. Од мистериозните и анонимните сум поминала троа подалеку :lol:, не се замарам многу со тоа и не ми претставува проблем откривањето идентитет со оние што ми се драги тука, а и не откривам нешто посебно во врска со приватноста. Но сметам дека е сечие право колку ќе се отвори тука и во никој случај не припишувам нечие сочувување на анонимноста, со глума и создавање поинаков виртуелен лик... Ете можеби малце поише опуштено и лабаво си го сфаќам форумот, ама едноставно го сметам само за дел од слободното време (читање на квалитетни ликови, дружење, па и искажување на некоја мисла што ти лежи на душа) и не се замарам со такви анализи. :)
     
    На galapce, Gordana10 и crimson им се допаѓа ова.
  18. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    WOOOOOW, ме запрепасти, паднав од стол :rofl: ( се шегувам :))

    Се сложувам до некаде со тебе.

    Широка тема за размислување, јас најмногу ќе се задржам на форумот како еден вид виртуелна реалност. Можеби малце ќе забегам. :)

    @Captain-Omni спомна погоре дека луѓето создаваат виртуелни личности дијаметрално различни од реалноста. Се согласувам само до некаде, има многу форми на виртуелна реалност да понекогаш кога од луѓето се бара да се опишат во некоја виртуелна реалност си придаваат квалитет врз самите себе кои не успеале да ги остварат во реалниот свет поради разни рестрикции. Имам слушнато, но исто така прочитав во некои(слични) мислења дека всушност како се претставуваме во виртуелниот живот е всушност какви сме ние длаболко во себе, но поради разните ограничувања кои ни се наметнати ги потиснуваме и не сме во можност да ги реализираме.
    Но кога се работи конкретно за форумот мислам дека работите стојат поинаку.
    Сепак ова е место каде што ги изкажуваме своите ставови и мислења и успеваме да оствариме некаква си слика за себе. Мислам дека доколку некој ги читал на пример моите постови може да дознае некои мои карактерни особини, а целокупната личност не баш. Тоа е тешко дури и во реалниот свет.

    Дали моинаку се изразуваме?
    -Се разбира, сепак форумот е пишан медиум, користиме поинаква структура на реченици поинаков речник, со други зборови се изразуваме сосем поинаку од разговорниот начин на комуницирање. Се разбира јас не комуницирам исто тука и кога сум на пиво со другарите, ако сторам нешто такво сите ќе ме гледааат чудно и најверојатно ќе следи отрезнувачки шамар и враќање во реалноста :D.
    Поинаку е и од друг аспект, дека имаме време да одговориме на форумот, но во тоа е и убавината, го поттикнуваме процесот на размислување и создаваме свои ставови и мислења кон одередена тема. Се разбира постојат луѓе кои на форумот изгледаат дека се постојано во право, а во реалноста не се ништо посебно.

    Работата која најмногу ме фасцинира на форумот е анонимноста т.е. заштитата која ја нуди. Далеку од тоа дека форумот е лага, напротив тука можеме да дознаеме интимни работи за некој член, работи за кои не се свесни дури ни луѓето што се блиски со нив. Ако следиш мислење на некој член можеш да долнаеш многу работи од личниот живот, што јаде за доручек, колку дечковци/девојки имал/а итн. Можеш дури да претпоставиш каква личност е. Па за човек кој не го знаеш можеби и никогаш нема да знаеш кој е знаеш доста работи. Можеби тоа е продавачката долу во маркетот што го изневерува мажот, а тој не знае за тоа. Можеби тоа е личност која случајно си ја разминал во град, не знаеш и можеби никогаш нема да дознаеш. Се иразбира има и такви кои лажно се представуваат, има многу за што да се зборува.

    Приметив дека форумот исто така создава зависност, последниве неколку денови дремам често. треба да намалам малце. Ај од утре :)
     
    На Captain-Omni и galapce им се допаѓа ова.
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Јас сум крајно резервиран и на форум како и во приватниот живот.
    Добра страна на виртуелното изразување е што во виртуелниот свет е помалку присутна осудата и што постои поголема слобода на изразување. Дури и да постои осуда тоа нема никакво значење и така секој под маската на анонимноста може да се произнесе за многу работи.
    Во реалноста искажување на некои ставови би можело да значи губење на работно место, осуда од средината, дистанцирање на пријатели, прекинување на врска и други проблеми.
     
    На Tanjamm и BoneMachine им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    За мене форумот не е лага. Тука е моето најискрено издание. Кажувам се што мислам, проблеми и убави работи кои многумина во реалниот живот не ги знаат. Научив да не се доверувам на секој. Секој ден се вклучувам на фб, ама не се чекирам често. Многу беше глупаво за Нова година сите објавуваа слики за да видиме каде се и како се облечени. За Бадник 1000 сликани трпези на фб.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.