Додека се читаме на форумот сите ние градиме некое мислење за другите, си ги замислуваме какви се, карактер, изглед, меѓутоа пак од друга страна не знам колку впечатокот кој сите го оставаме овде е вистинската слика за нас. Не мислам на тоа како ќе бидеме сфатени од другите но дали сакаме да ја оставиме вистинската слика на она кои сме и што сме всушност или пак во овој виртуелен свет некои од нас пробуваат да бидат она што не се надвор во реалноста а посакуваат да бидат?
Мислам дека тоа лесно се забележува зборувам за оние најатктивните на форумов може да глуми еднаш 2 10 пати ама од толку многу теми од различни области дадени совети нивни раскажани случки ставови може да се забележи ..... А и не гледам зошто некој би се преправал дека е нешто што не е тоа ми до толку без врска што имаме ние од еден ник корисничко име на пример лилит не знаеш која најверојатно нема никогаш да ја запознаеш можеби утре да си го избрише профилот на форумов ... Затоа мој совет и така е анонимно бидете она што сте а не она што сакате да бидете барем како анонимни да бидеме реални
^Пример овде можеш на секој се` му да кажеш што мислиш затоа што не те знаат, па имаат пример за тебе мислење дека си без влакна на јазикот. Во живо можеш ли на другарка, роднина, сестра се да им кажеш што мислиш. Мислам дека за некои работи сме поразлични на форумот отколку во реалниот живот
Венди, според правилата на форумов, корисникот нема право да си го избрише профилот А на темата, јас мислам дека нема потреба да глумиме, ни овде, а ниту пак во реалниот свет, бидејќи колку и да глумиме и лажеме, на крај се излегува на виделина, а тогаш паѓаме ептен во очите на другите Јас сум за искреност и овде, и во реалниот живот- се разбира онолку колку што се може, нели некогаш белите лаги се дозволени
Па сесилија мислам дека ме сфативте на што мислам не мора да значи дека ќе го избрише профилот туку едноставно нема да биде активна... како и да е скрос НЕБИТНО а тоа дека треба да бидеме тоа што сме јас знам дека е убаво да нема злобни , љубоморни и искомплексирани луѓе кои живеат во туѓи животи ама ги има.... Ок барем во мое опкружување можеби си ти таа среќница па околку тебе сите да бидат фини и паметни тоа е веќе нешто друго
Кој лаже во реалноста, ќе лаже и овде. А не сум наивна да си мислам дека на форумов се сите искрени и пишуваат онака како што размислуваат и во реалноста. Глумење лудило има и на форумов, или некои сакаат да бидат овде она што не се во реалноста. Living in denial Трендафилка еднаш рече и мислам дека истото е присутно кај некои луѓе и овде но и општо во нивните животи. Небаре не сте се сретнале со луѓе кои упорно имаат потреба да ве уверуваат во нивната среќа, во тоа колку се они задоволни со животот и како им е се беспрекорно наредено како што треба. Викни погласно - за да се убедиш и себеси, моја теорија Интересно е сепак за мене, дека врз основа на начинот на пишување веќе може човек во голема мерка да процени за каква личност станува збор. Мене просто ме фасцинира понекогаш да анализирам човечки карактери, онака чисто за себеси во главава. И си создавам некакви слики, психолошки профили на луѓето со кои само си пишувам. Сепак иако тука нема потреба да лажеме ниту да се преправаме, како и реално, така и овде, сепак не се сите искрени. Пред се самите кон себеси, а потоа и кон останатите. И како што рече Сеси, сосема залудно и непотребно - бидејќи тоа веднаш се познава
Па да не ја заборавиме поговорката дека на лагата и се кратки нозете,така и на форумов.Сум наишла на некои мислења што ме тераат на двоумење,но си велам ако некој глуми нешто тоа е негов проблем.Мислам дека тука на анономниов форум е многу полесно човек да си ја каже маката,дури и ќе си најде луѓе со слични проблеми отколку во реалниот живот.Не се работи за недоверба кон пријателите или слично,туку понекогаш со некој непознат можеш да се отвориш повеќе отколку со пријател.А и на форумов можеш да слушнеш повеќе мислења и да дознаеш могу работи,затоа сум среќна што сум дел од овој виртуелен живот и воопшто не се стегам да споделам мои мисли,додека во реалниот сум многу затворена бидејќи по природа сум срамежлива.
мислам дека е апсурдно некој да ја искривува сликата за себе овој форум е токму спротивното исказуванје на емоции и проблеми и анонимноста им помага на лугето да се отворат сто во реалноста не би го направиле.мене ми е многу полесно да се истазам зосто верувам никој не би ме излазал или дал лос совет од завист и лјубомора зосто надвор ме облева скептицизам кон луге кои дури ми се најблиски секогас постои онаа доза на резерва кај лугето колку и да те сакаат едноставно немозе секој да се радува на твојата срека и да му е мило за твојот успех.сум имала моменти кога сум била толку тазна и безпомосна ама никому не сум казувала мислат дека сум соврсена епа нека мислат поарно да завидат отколку да ме созалуваат.избегав од темата зборот ми бесе за форумов дека е навистина добра работа и подобро искрени тука кај сто немора да се преправаме отколку неискрени па да ја искривеме смислата за вистината
Јас пак мислам дека постои додавање, криење на вистинското и однесување како некој како кого се посакува, или каков што сака да се биде. Сигурно нема давање на вистинскиот сопствен став. Нешто се додава, друго се одзема и така личноста не е комплетно иста како онаа која е навистина. Живеење на живот спротивен од оној кој е навистина, криење работи, преправање сме виделе околу нас кај луѓе кои ги познаваме, а тек па вака, на форум. Јас го кажувам тука она кое го мислам, не го кријам ни својот лик, име, години. Ќе биде изузетно глупаво од моја страна да не се претставам онаква каква што сум, особено затоа што било кој што ме познава лично, може да е некоја форумџика овде. Таа која коментирала над мене, под мене или било која друга.
Според мене, глупаво е на анонимен форум да се претставуваш како нешто што не си. И не само на форумите, општо во реалниот живот ме нервираат вакви работи, лицемерие и дволичност. Нема ништо поубаво од тоа, човек да биде тоа што е, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, порано или подоцна.
виртуелноста е чудо - постојат само луѓе со цврсти карактери, големи барања, тешки цели, со јасна слика за тоа како нештата треба да се одвиваат, со став совршенство или ништо повеќе, бескомпромисни, но во релноста голем дел од нив без конкретно животно искуство, со многу помалку знаење што се случува надвор, во низа проблеми кои не можат да ги решат, а виртуелно сите се мешаат во сечиј живот, така што оние искрените избледнуваат.
Колку само е поубав реалниот живот...шетање,пиење кафе со другарки,муабет... Со овој виртуелен живот се се изгуби за жал.
Некои луѓе премногу сериозно го сфаќаат виртуелниот свет, што мене не ми е јасно.. Некои, без разлика дали сериозно или несериозно, тука се однесуваат исто како во реалниот свет, трачараат, се занимаваат со други, се замараат со туѓото мислење, лечат комплекси, се фолираат, глумат нешто што не се, се восхитуваат или плукаат по селебрити личностите и т.н и т. н Некои сосила се прават глупави за да бидат прифатени, некои сосила се прават паметни па хејтаат се и сешто Сепак трагикомично, и виртуелно и реално.. Кој како го сфатил Има и добри страни..
И јас мислам дека некои луѓе виртуелниот живот го сфаќаат многу сериозно. Кај мене виртуелниот од реалниот живот се многу различни. Има по некои работи што сум ист во виртуелниот и реалниот. Но тие се минимални. Виртуелно и не комуницирам многу, на фб ретко пишувам затоа што никад не сум на чат вклучен и на форумов. Така да кај мене нема некоја голема прича каков сум виртуелно. Затоа што повеќе сум по реалниот живот.
Барем кај мене, реалниот и виртуелниот свет почнаа да држат одреден баланс последната пола година, пред тоа многу полесно ми беше да се изразам виртуелно, конкретно, во пишана форма, него да разговарам со некој. Сега некако се опуштив, и јас не знам зошто. Ама колку и да се обидуваме да ја доловиме сликата на она што вистина сме, мислам дека сепак на форум, особено анонимен форум ќе се обидуваме малку да ја извртуваме сликата, можиме да бидиме препознаени, можеби само се прикажуваме како онаа која сакаме да бидиме, да почувсутваме извесно ниво на самодоверба и слично. Онаа линија, граница, секогаш ќе постои е сега зависи колкава е таа разлика, некаде минимални, а некаде ... огромна.
Реалниот и виртуелниот живот не може да бидат исти. Не функционираме на ист начин во реалноста и во виртуелниот свет. Потребно е да се има одреден баланс помеѓу нив.