Ријалити програмата е добра слика на човековата природа. Многу страсти,емоции,слабости....слично како и во реалноста,само ставени на тацна. Можеме да мислиме дека сме многу подобри,а всушност сме само посокриени. Тажни животни судбини живеат таму.
Леле нема нигде тема, ама морам да прашам што мислите останатите за нештата од тип „Фарма“ , „Задруга“, „Парови“... Мене не ми се верува што се случува! Никогаш не сум гледал. Годинава решив да ѕирнам оти кренаа прашина дури и по наши сајтови/медиуми за тоа колку пари се потрошиле за градење на студиото односно градот... Ау, не можам да поверувам просто. Се собрале 50 души и цел ден крекаат, па ајде ќе им дадат пари па журка, па се опиваат, па по затвор пијаниве ги носат, се ругаат, се рчкаат, се пцујат... Страшно! А народот седи и ги гледа, па уште и ги гласа за дали да останеле или не ))))))))))))))))))))))))) Многу мизерно. Па уште и најавуваа дека е од светски рамки, невидено нечуено нигде ќе била оваа сезона. Абе дај, ти се молам! Big Brother беше мнооогу подобро, помодерно. Си имаше тематика, граници... И траеше 3 месеци. Овие гореспоменатите, траат по 300 + денови ))) Урлам!
Јас чат пат Задруга загледувам оваа новава, и тоа само кај што се караатне се салам мајке ми, најдолниот слој од општеството го имаат собрано дефинитивно...да видиш само до кај може човек да отиде и да се чудиш, мада што од лани љубавниот триаголник нема да се повтори (да си фатиш швалерка и жена ти да влезе во истата куќа уште тоа го немав видено)
Шо немаш видено, а ова со бебево? Си го направи у шоу и си го донесе БЕБЕ со неа! Најјако е тоа што за сите тие ненормалности нив ги ПЛАЌААТ , а ние дремиме од дома и ги гледаме , па уште и се трошиме за да ги гласаме. Велам „ние“ пошо зборувам као за гледачите, не буквално. На народот треба пари да им даваат, ама начекале раја и ајде
Имa интересни реaлити шoуa нo не бaлкaнскиве... Пoлни се сo немoрaл нечистoтa прoстoтилaк, не бирaaт успешни луѓе сo среден живoт туку oдпaди некoи... Јaс личнo нaјвеќе уживaм вo дoбрo смислени кoмпетитивни реaлни шoуa... Нa врвoт е секoгaш survivor или amazing race. Big brother е интересен нo трaе премнoгу дoлгo oсoбенo aмерикaнскиoт. Кaнaдскиoт е нaјдлбaр спoред мене a бритaнскиoт личи премнoгу евтин. Истo гo прaтaм aвстрaлиaнскиoт survivor супер е. Истo пoнекoгaш сaкaм дa гледaм ninja warrior или wipeout нo незнaм дaли тие спaѓaaт вo реaлни шoуa. Истo naked and afraid е супер и гo прaтaм пo реaлнo oд oвa немa гoл дa преживееш.
Почнав да ја гледам Zadruga. Има премногу луѓе во огромната куќа кои освен да се расправаат не прават ништо друго. Емисијата е пример за човечката глупавост.
Моето мислење за ваквите програми е: дур има овци, ќе има и волна! Тоа седење таму, правење ретард од себе, кавги, тепачки, секс, растурање бракови не го прават нормални луѓе. Ама се додека им плаќаат за тоа, ќе ги има по телевизииве. Едино криво ми е што деца, тинејџери гледаат и после мислат дека така треба и они да се однесуваат.
Ја следев првата сезона на Задруга, почнав ради досада а продолжив да гледам од радозналост. Не е дека се беше глупо и тупо, имаше некои кул ликови и некои кои успешно си ги испромовираа песните. Втората сезона не ја гледав ич, катастрофа. За третава сезона од утре викаат дека имале многу високи очекувања, дури и робот ќе имало внатре..
Треба некој да ме врзе за парно, раце и нозе па да ми пушти Задруга. Е, откако ќе ме врзе и ќе почне да се емитува ова зло од ‘шоу’ мора да ми стави и марама за да не вриштам на сиот глас. Потоа, мора да ме издрогира добро, со квалитетни опијати, за да го заборавам тоа искуство, пошо иначе ќе носам трауми до крајот на животот. Задруга!? ОГРОМНО НЕ! Скроз би го банирала постоењето, а на сите што биле внатре мислам дека законски треба да им следува психијатар по завршувањето на циркусот.
Најинтерсен риалити до сега ми е Love Island. Две години по ред го следам - guilty please ми е. Исто ги изгледав и Too Hot to Handle и Love is Blind на Нетфликс. Love is Blind е преслатко и го препорачувам.
Конечно заврши она никакво шоу Задруга. Еднаш погледнав и никад више. Ама затоа секој ден на сите српски сајтови за тоа се зборуваше. Која со кого се дрндала во кревет.