Па и не е баш некој друг свет во прашање де, бидејќи се наоѓа тука некаде во нашето не баш блиско опркужување.. сепак, е на планетава Земја. Инаку, станува збор за остров, дел од истоимениот архипелаг Сокотра (Island of bliss), лоциран во Индискиот океан, кој бар од сликите и описот на луѓе што го посетиле, богами, не можам, а да не речам дека озбилно ми заличува на сите можни цртани филмови за лилавите планети, со зелени нечовечиња Добро плажите ми изгледаат некако, проверено, стандардно добри за да си истера човек еден добар земски одмор - не многу различни од егзотичните плажи ама, сепак бе, погледнете ги тие дрвца.. на се личат ама на нешто земско не. Инаку една третина од видовите растителен свет се ендемски, вираат единствено на Сокотра и не се наоѓаат на ниту едно друго место на Земјава . (нормално де, островот, не е нормален ) http://www.darkroastedblend.com/2008/09 ... earth.html Dragon Blood Tree Desert Rose
Постои. Некаде, не знам каде. Во друга галаксија, друг сончев систем, на друга планета...Верувам дека постојат суштества кои живеат таму... Ние не сме сами во вселената...речиси сум сигурна.
Мене искрено ме измачува помислата дека никогаш нема да дознаам дали има интелигенција на друга планета, или друг свет некаде низ галаксијава Незнам, некако не ми е многу веројтно од безкрај галаксии, само на Земјава да има живот
Сигурно дека во овој универзум постои живот и некаде на друго место, а можеби и паралелен свет. Сигурно дека ние не сме единствени во овој простор