Дали дозволувате реалноста да ве лиши од секакво задоволсто кое може да биде пружено од фантазијата? Како сте одлучени да го поминете животот? Што се однесува до мене никогаш не сум сакала работите да бидат толку едноставни. Она убавото сум го гледала во комплицираноста. Мислам дека реалноста се создава под притисок на фантазијата, или пак обратно. Мислам дека тие меѓусебно се поврзани и ја задоволуваат својата егзистенција. Што мислите вие?
Јас си фантазирам и фантазирам, и не дозволувам да ме лиши од реалноста барем неколку минути да бидам во мојот фантазиран сон
Јас пак повеќе живеам во реалноста, не дека не фантазирам ама што знам повеќе сакам да живеам во реалниот свет.
Is this the real life? Is this just fantasy? Уште oд кoгa знaм зa себе се си фaнтaзирaв нештo, си измислувaв прикaзни, си сoздaвaв ликoви, дури и сaкaв книгa дa издaдaм кoгa ќе пoрaснaм. А и убaвo е дa си фaнтaзирaш, дa рaзмислувaш нa рaзличен нaчин, мислaм декa е дoбрo вежбaње зa мoзoкoт. Амa фaнтaзирaње мнoгу зa рaбoти oд вистинскиoт живoт не чини. Нa пример зa некoј вaжен нaстaн, ќе си исфaнтaзирaш, ќе изгрaдиш висoки oчекувaњa и ќе се рaзoчaрaш кoгa немa дa се испoлнaт.
Секогаш живеам во реалноста , всушност како и секое дете понекогаш сум живеела во фантазиите , ама како растев со реалноста очи во очи , сватив дека реалноста колку и да е сурова или лоша или добра , дека тоа е тоа што всушност си ти и треба да одиш по тој одреден пат, сите знаеме дека во фантазијата може да си се она што неможеш да си реално или да го имаш тоа кое го посакуваш а не можеш ,не е на одмет човек да си пофантазира онака навечер чисто да се опушти ако е под стрес , само под начин утрото кога ќе се разбуди да се врати во реалноста и да ја остави фантазијата, каде што и е местото всушност нели
Мислам дека не постои човек што има поразвиена фантазија од мене. Понекогаш фантазирам одредени работи толку живописно, толку детално и реално што ми се случило да се расплачам да сум длабоко тажна, или да сум возбудена и среќна и слично.. Кога бев помала ми беше многу страшен овај факт. Си мислев дека го губам разумот... Често ненамерно фантазирам, се исклучвам, буквално не сум тука туку во сопствениот ум. И иако тоа знае да биде понекогаш релаксирачно и тепање на време, може да е и скроз обратното од тоа... Како и да е, битно е да се знае границата помеѓу нив две.
Always remember that! Фантазер сум со тапија and proud of that. Животот не би имал смисла без замислени желби и соништа, и надеж за нивно остварување...
Фантазер и идеалист at heart. Не ретко тие фантазии ми се обиваат од глава и тоа доведува до разочараност, но сепак убаво ми е да си живеам во некој мој, мал свет, што знам дека е само и само моја лична сопственост, без никој да може да влезе во него, со некои свои правила и уживам во него. Иако секако имам touch with reality, не сум тотално изгубена, чат-пат си го подигам главчето и излегувам во реалниот свет, завршувам некоја обврска/муабет што треба и после пак си се враќам во мојата среќна идила. Ова звучеше психо... ама не, ок сум, most of the time.
Понекогаш е многу убаво да се фантазира, да се замислуваат убави нешта и ситуации, тоа расположува и дава надеж. Се разбира дека не треба да се претерува со фантазии.