За жал кај нас не е воопшто вреднуван доволно трудот на работниците.Безработицата не тера да прифаќаме работа за 6000 денари со ненормално работно време од 12м13 часа и осигурување на пола работно време без пауза или пак само со една од 5 минути.За жал таква ни е реалноста,а многу се ретки оние кои што работат било во државен или приватен сектор и земаат над 20 000 плата,имаат слободни викенди и два пати годишно одмор.Сепак кај нас треба уште многу додека не почне да се плаќа доволно и редовно.Има случаи кои што работат за 4000 денари во конфекциска фабрика бидејќи тоа им е единствената езистенција,па не бараат повеќе од понуденото.Посебно приватниците имаат голема слобода и право да прават што сакаат со работниците.
Се согласувам дека трудот во Македонија воопшто не е платен на ниво на кое треба да биден. Голем процент земаат мизерни плати од 6000 денари а и самите сме свесни дека толку,ако не и повеќе е само сметката за струја.Па каде се другите трошоци. За разлика од овде мислам дека во некои понапредни земји и те како е платен трудот на работниците.
Пааа не баш, а додуша има и многу бетер, што се многу повредни, а платени многу помалку од нас. Не сме нешто којзнае колку вредни и работливи луѓе да речеш те експлоатираат до максимум, а не ти плаќаат ништо... абе зависи, има и такви што со многу малце труд заработуваат многу. Не викам дека е добро, ама не е до толку лошо колку што го претставуваат, има многу полошо од нашево. И да не се лажеме дека имаме којзнае колку квалитетна работна сила.
Не. Но зависно од компанијата, некаде е помала, некаде поголема разликата меѓу она кое треба да го добива вработениот, и сумата на пари која навистина ја прима.
Не! Треба секоја професија да се плаќа дупло а не одиш работиш за 10 илјади и што можеш со тие пари,а и факултет си завршил...Во македонија е жива катастрофа!!!
Не. Колку време, труд, нерви, коските што се вели ги оставаме на работа за ништо. Не цедат и пијат како роботи. Ќе те користат, ќе те понижуваат, ќе те малтретираат психички. Ако оваа ситуација продолжи вака, со цел да си ги зачуваме здравјето и нервите, треба да се пензионираме на 40 години.
Јас сметам дека воопшто не се плака реално трудот кај нас.Ке ја земам за пример мајка ми која работи во државна болница.Нејзе дневницата мислам дека и е околу 500-600 ден.На конобар во кафич или дискотека дневницата му е 400-500ден.Која е таа математика.Личност која секојдневно е во допир со различни болести,стрес и притисок да се грижи за тугиот живот да е исто платена со некој кој единствена грижа му е да не ја утне нарачката и да не ги згреши пропорциите на алкохолот во коктелот.
За жал не се плаќа, ако си вработен негде во некој државен орган до некаде е добро, ама ако рмбаш во приватна фирма ќе работиш како роб а пари колку да не е без ич, државата за некого е мајка за некого маќеа за жал
Малку е неблагодарно да правиш ваква споредба, затоа што келнерите главно не се пријавени, па тие 500 денари им е вкупен приход, а државно вработените имаат дополнителни бенефиции. Плус и сигурноста е друг момент. Не викам дека медицинските сестри се добро платени, само сакам да кажам дека сигурната работа генерално е помалку платена од несигрната, или барем така би требало да биде.
Јас ова го кажав во котекст на степенот на одговорност и ризик што ја носи една работа односно професија.Неможе некој кој е под постојан ризик (ако збориме за вработените во здравство конкретно)од болести и инфекции и некој кој единствениот ризик во работата му е да не му падне чашата од рака ,да бидат исто или приближно платени. Затоа според мене не платен реално трудот кај нас .
Како момак кој веќе извесно време плива во бизнис водите и работи за странска компанија онлајн, со сигурност ќе кажам дека трудот во Македонија не се плаќа реално. Кога не работев и зависев од мизерната и скржава илјадарка на мајка ми и тако ми, си мислев 100 евра месечно да имам, full ќе сум, сега имам 5-6 пати повеќе од тоа на месечна база и пак некогаш знам да се пожалам малку ми е, а башка живеам со родителите и не плаќам никакви сметки, значи сите пари ги задржувам за мене. За арно нека е “жалењето“. Дефинитивно не можам да замислам како е некој да работи цел месец, по 8-10 часа да скапува дневно на работното место, и на крај да земе само 8000 или 12 000 на пр, па дури и 15 000 се премалку (според мене). Факт е дека човечкото око е ненаситно и колку и да има малку му е (што се потврдува со мене ), ама сепак во Македонија платите се стварно мали, ако збориме за “обичните“ луѓе. Тие што си ја наредиле работата и земаат 1000 евра+ ги уживаат сите благодети во животот. Но, што да правиме, некои се принудени да работат колку да ги платат сметките и толку... тоа е нашата убава земја.
незнам дали е за тука прашањето..ако не е слободно премстете го се однесува конкретно на минималната плата кај нас фамозните 8050ден,во последно време наголемо се шушка дека ќе има покачување на минималната плата,односно дека ќе изнесува 10 700ден,шо јас чисто се сомневам ама ај...надежта последна умира ама сепак умира муабетот ми беше,да не има некој конкретни информации за ова работа?од јас некни лично слушнав на вестите дека во текот на ова недела ќе има седница помеѓу Спирчо министерот и Синдикатот (најверојатно главниот синдикат појма немам и јас) и ќе се одредвала минималната плата за 2013...имате нешто слушнато за ова?
Да се разбереме, како прво минимална плата од 8050ден нето е за одредени гранки во индустрија како што е чевларска, текстилна инд и тоа важеше лани во 2012...си има убаво напишано за кои приходни шифри на дејност важи. Државниот завод за статистика на 27 февруари 2013 објави дека просечната бруто плата во Република Македонија за 2012 година изнесува 30.669 денари. Пресметката на минималната плата е јасна и едноставна. Ваквата јасна и едноставна пресметка го дава износот на минималната плата за 2013 година: 30.669 х 39,6% = 12.145 денари (минимална плата во бруто износ). Применувајќи позната методологија го добиваме нето износот на минималната плата: 7.940 денари. Согласно со претходната пресметка, привилегираната минимална бруто плата за дејностите 13, 14 и 15 изнесува 10.348 денари и од неа изведената нето плата изнесува 6.217 денари. (додека лани беше нели 8050ден.)
Tрудот ич, ама ич не се плака во нашата држава. Кај нас главно се платени државните службеници, просветните работници кои цело лето уживаатаат и се на платен список, додека по конфекциите НЕМА ОДМОР А ПЛАТА НИКАКВА . Тоа ли е реано некои дома уживаат и плата 20 000 30 000 илљади ,а други се отепуваат од работа од 6 до 6 навечер.Ако тоа е реално ....
^ Споредувате баби и жаби. Едните студирале, завршиле факултет, имале измеѓу екстра трошоци и напор, додека другите можеби работеле и заработувале уште од 18 години, така да не се баш соодветно мерило за споредба. Можеш да споредиш плата на професори во приватно и државно, плата на конфекции во Битола и Штип, плата на банкар во Тутунска и Стопанска, ама не можеш да измешаш различни дејности во иста равенка - нема да ти е релевантна.
Има и со факултет по нашите конфекции, лично познавам неколку.Таму ги третираат со потсмев. Како не и вреде факултетот и мора да работи.Ама тие мора да работат нешто зошто како што и самите велете имале трошоци.
Не дека потценувам некој, но дали ти сметаш дека работа со триесеттина деца (најмалце) днево е полесна од штракање на машина 8 часа?
Не осум убаво напишав 12 часа и викенди и празници.И тие се нечии мајки, сопруги,сестри. А по колку часа работиш ти дневно ако не тајна иколку имаш неделно неделно и колку е твојата плата...