Плата под просекот од Завод за статистика, работев околу 10 саати дневно, ама без саботи. + 1:30 превоз по метежот во Скопје. И не е точно ова што го пишуваш, познавам луѓе кои работат во конфекции со нормални смени, ама во право си, и сабота. И пак ќе кажам, воопшто не е лесно да работиш со луѓе, посебно со деца. Некои наставници имаат работа и со стотици деца на ден. И вистина во конфекција има луѓе кои работат со факултети, но работата која ја извршуваат не бара факултетски образувана личност и затоа платата е пониска.
Воглавно не, ама ако стварно вреди човек ќе си најде работа што му одговара. Барем така мислам. А за дискусијата погоре, точно е дека вработените во конфекциите обично се пониско квалификувани од вработените во просвета, ама вториве не се изложени на суровиот однос на газдите, на астрономските норми, на работни викенди и така натаму. Професорот не работи повеќе од 6 часа дневно. Професорот има сигурна плата и редовно платени придонеси...
Тоа во поголемите градови, никој не верува што се случува тука кај нас.Еве пред малку на некои им заврши смената.Не ја потценувам просветната професија бескрајно сум и благодарна на моите наставнички.Признавам дека е тешко да се работи со деца, посебно во овие времиња кога некои не видуваат мајка и татко . Тоа ми е целта,да се сфати дека не треба да се работи по 12 часа дневно за бедни 8 000.Како тогаш твоите ученици ке ги напишат домашните задачи, кој ке и помогне ..ако се помали мислам до четврто оделение.
Вака доколку прашањето се однесува за работниците од најнискиот дел од хиерархијата ќе кажам не. Но доколку се работи за повисоките слоеви тогаш е едно релативно да, бидејки тоа зависи од тебе колку ќе знаеш да се избориш и да стигнеш што повисоко во хиерархијата во фирмата. Но, во секој случај патот до горе не е лесен треба да се соочиш со многу предизвици, многу работи кои мораш да ги проголташ во секој случај има разлика помеѓу она како се платени мажите а како жените иако извршуваат исти работи. Плус жените се изложени на секојдневен мобинг, сексуално вознемирување не само од повисоките слоеви туку и од колегите кои се по функција рамни на твојата. Бидејки мажите не се подготвени на тебе да гледаат како колега туку скоро секогаш те гледаат како тврдина која на овој или оној начин треба да ја освојат. Но доколку тоа не им успее се трудат со разни подметнувања да те дискредитираат и девалвираат. Да се вратам на работничките права, како мислите да се изборат за своите права кога секогаш има некој кој е доушник на раководството и однапред можат да ги осуетат секое кревање на гласот со откази, казни и слични притисоци. Немањето вистинско синдикално здружување кое не само да те потикне на штрајк непослушност туку и потоа да те заштити од последиците. А, и секогаш постојат луге кои би ја работеле твојата работа и за пониска плата. Така да генерално недоволно е платен работничкиот труд.
Онака како што треба.Секојдневно.Не дозволувајки да се нарушат работничките права.Со ангажирање на трудови инспекции кои за тоа земаат плата и МОРА ДА ИНТЕНВЕНИРААТ АКО БИДАТ ПОВИКАНИ.Со казни за газдите кои не придржуваат до правилниците за работни односи.Кога еднаш ке му се опне повисока казна за прекувремена работа или ке му се затвори фирма, друг ке се запраша дали да го стори истото. Со подршка од власта која за сега не е доволно засегната за овој проблем .Со вистинска синдикална организација.
Мислам дека трудот не се плаќа доволно. Еве на пример, чистачките цел ден се валкаат и прпелкаат во гнасотии, а добиваат мала плата, тоа не е во ред!
Сами сме си криви, си молчиме , трпеме па штом сме овци нека не стрижат.Нема барања за повисоки плати и кој ке ни ги даде и когаааааааааааа.
Колку треба да заработува чистачка, кога банкари кои прават анализи за милионски суми во евра земаат плата од 300 до околу 600 евра во повеќето наши банки... Тоа е, таква ни е земјата.
Или некој те излажал дека е банкат а има 300 евра плата или е лош аналитичар. Едноставно не е точно ова што го кажуваш бидејки ми е познато кои плати ги имаат во банкарскиот сектор особено оние од погорните слоеви не зборувам тука за шалтерски работници и чистачки, ма да и нивните плати не се баш мали во споредба со останатите.
Прокредит, Уни, Шпаркасе, Централна кооперативна сите имаат од 300 до 400 евра најмногу до +100 евра со тек на годините, новите вработени во Стопанска земаат по 20.000, Комерцијална и Тутунска околу 35.000, ТТК уште пониски, Стопанска банка битола исто има подобри плати, ете кои се платите во банките. Точно е и дека има добри плати, ама тие ги земаат менаџерите
Трудот во Македонија се плаќа реално или скоро реално само во поголемите фирми. Малите фирми т.е ситните газди не го плаќаат доволно трудот на своите вработени - целата заработка сакаат да си ја земат само за себе, немајки никаков обзир кон своите вработени. За жал многу поголем е бројот на вработени кои што се пријавени на минималец и земаат многу ниски плати... Истовремено тие исти вработени секојдневно треба да глумат среќници што работат немајќи друго решение... За жал тоа е реалноста во Македонија.