Која нијанса од Ревлонот одговара со МФ фејсфинити 75 и Боржуа АирМат 03, ако не се лажам @Sexybaby86 ги употребуваше двете
@kala21 180, jas taa ja koristev. Inaku, od MF ja koristam 60, ama sega 75 ke ja zemam, nekako 60 mi e malku belicka. A od Bourjois, da, br. 3 ja koristev. 180-kata super ke ti odgovara P.S. od mob sum, se izvinuvam za lat.
Јас ги употребував овие двете што ги спомнав погоре,додека беше попустот во Дм мислев пак да ја земам МФ ама решив за Н.Г. да се почастам со Ревлон нели ред е да се купи нешто Фала
Јас да дадам сега една кратка рецензија и да си прашам повторно за совет. Изгледа дека сум една од ретките на која не им се погодила, но ете јас веќе избрзав и ја купив хахах. Ја земав 150 buff и во однос на нијансата совршено ми одговара, меѓутоа згрешив што ја земав таа за комбинирана кожа (обично ми е таква кожата,но поради студот ми е посува сега). Кога ги пробав двете ми се допаѓаше текстурата на оваа повеќе,а и нијансата ми изгледаше подобро. Ги испробав на виличната коска што ми беше грешка бидејќи немав баш увид како изгледаат на деловите од лицето што ми се посуви, па затоа денес по првото носење (само со крема како подлога) ми се појави проблем. Прво не е баш lightwear како што пишува, јас се чувствував како да имам гипс на лицето.Во текот на првите три часа ми стоеше како што беше нанесена, но сепак со мало истакнување на сувите делови. Кога се вратив дома по 4 часа забележав дека на делови од брадата,околу носот,над усните ми се избришала, се познаваа некои точки, изразени пори, cakey изглед на поголемиот дел од лицето. Еден збор- катастрофа! Со никоја пудра не ми се случило ова, па ни со Manhattan која е исто потешка. Затоа ќе ве замолам да ми дадете совет околу крема за лице, прајмер, пудра во прав, што и да користите со што би можело да се поправи барем малку ефектов.
@kala21 Тоа и им е недостаток за пудрите ревлон, 220 е светла (барем сега за мене а ја користам 75ката на макс фактор) а следната после нејзе достапна во Македонија е 320 true beige и стварно е темна, а измеѓу нијансите ги нема во Македонија. За нас со среден тен нема друго решение освен да се земе потемна па да се меша со потемна па така да се добие некоја нијанса што одговара. Значи доколку не ти одговара 220 единствено решение ти е да ја мешаш со некоја потемна поевтина пудра.
@kala21 i @M.laDy нијансата 300 ја имате на ибеј , пудрата е иста цена како и во Мк и ги имате сите нијанси
Ја имам 320 одамна купено и си стои цела може веќе и е поминат рокот премногу е темна,немам време деновиве ќе одам пак следната недела веројатно и ќе ги разгледам подобро.Фала за одговоритеЌе ви пишам
@koritsaki Јас знам и имам нарачано друга од ревлон ама заборавив да спомнам за ибеј. Таму има избор и за тие со среден тен
I jas sega ja koristam 75 od maxfactor facefiniti i sega sakam od revlon da zemam,koja nijansa odgovara?
Девојки јас имам комбинирана кожа, мрсна ми е кај носот, челото и брадата, а образите ми се нормални. Ќе ми одговара оваа на Ревлон за мрсна кожа?
Таман се спремав да ја купам деновиве Ревлонов Ја има веке со пумпица во продажба или сега ке ја донесат