На свадба сум наредниов викенд па не можам да чекам, а останав без пудра и не знам сега какви се нашите нијанси. На слепо ќе купувам по се изгледа.
odi vo kosmo imas testeri tamu proveri dali ja ima, jas mislam gi ima ovie nijansi , a vo zegin e poevtina pudrata. Mislam deka vo mk gi nema 110 ivory i 200 nude
Ревлонот ми е убава пудра и добро ми седи на лице. Трајна е и според мене со солидна покривност. Ми се пресликува на телефон и алишта и добро го запомнив мислењето на БиоДевојка во една од темите каде го потврди истото. По грешка ја зедов пудрата за комбинирана кожа па сеа да ја дотрошам и ќе ја земам таа за сува. Ме интересира само дали нијансите се исти или треба пак да пробувам тестери?
Во врска со тоа што се копира на облека и јас го имам приметено тоа поготово ако не нанесам пудра одозгора, но ок а што се однесува со нијансите да различни се тие за сува со тие за мрсна кожа. Еве и слика N/D - normal/dry C/O - combination/oily
@Bloom19 Доколку сакаш баш Ревлон а ти се светли овие кај нас, тогаш мешај ја со некоја потемна. Јас така правев пошто овие кај нас што ги има ми се светли/ темни. Инаку од 220 иде 320 и е многу темна.
Фала ти многуу! Јас ја имам 180 за комбинирана кожа па според сликава 150 за сува би ми одговарала затоа што таа другата ми е темна малку. Имам проблем затоа што не можам да си го погодам подтонот, секоја пудра различно ми седи на лице, или многу темна или многу розе, никако совршена пудра за сува кожа со жолт подтон да најдам...
На акција се во Космо пудриве, по 600 и нешто денари се. Ја земав 320 нијансата за нормална/сува кожа, ја имав истата од Америка купено и кога дојдов дома... малку се разочарав, не се исти. Оваа тука е потемна... Ќе ја мешам со некоја посветла и така. Едит - Еве да видите. Лево е купена од Америка, десно од овде.
Здраво девојки. Сега користам Borjuis Healthy Mix течна пудра, a имам масна/проблематична кожа. Има средно прекривање и затоа сакам да ја купам Revlon Colorstay пудрата, но не знам дали да ја земам таа што е за масна кожа, или пак за норамлна до сува кожа. Ова го прашувам бидејќи имам проширени пори и пудрите кои се наменети за масна кожа ми ги истакнуваат порите, а тие што се за сува кожа, као LOreal True mach и сл. ми ги покриваат. Чудно, нели? Кој тип би ми го препорачале вие?
Одамна ја меркам Revlon 150 и бев одлучена за неа, после долго користење на Catrice Hd 010. Но случајно погледнав рецензии и за Max Factor Facefinity. Што мислите која од овие две е подобра? Во поглед на покривност, издржливост во текот на денот и сл. Знам дека двете оксидираат
Ревлон не оксидира, Фејсфинити многу малку. Мене не ми одговараше таа од МФ, имам пишувано многу пати дека ниту нијансата ми беше ок, ниту самата пудра. Со другата немав таков проблем.
И јас се мислев за нијансата, додека за Ревлон знам дека ќе ми одговара. Уште да ми кажете дали убаво се нанесува со бјути блендер, или со четка за лице мора ?
Со блендер, со четка и со прсти Со четка дава најголема покривност па за навечер ја нанесувам така, преку ден блендер или во брзање знам да се зашлапам со прсти.
И јас исто, @Ginger^. Ама најчесто со четка, само со тапкање. Многу малку ми е доволно, не се познава како маска, а сепак тенот е изедначен и лицето е свежо, не зацементирано и оптеретено. Фејсфинити ми се правеше cakey, не легнуваше убаво на лице, едноставно не беше пудра за мене.
И двете ги имам,Ревлонот е за мене подобра,поубаво ми лежи на лице,МФ ко многу густа ми изгледаше,некако неубава текстура.