Ревлон Колорстеј доби ново пакување неодамна (мал редизајн на шишето), па затоа веројатно ја нема старата верзија. Белким ќе продолжат да ја увезуваат како и досега, најдобра пудра на сите времиња ми е.
Не ми одговара ни мене таа од МФ и ич не ја сакам, немаше ни добра нијанса за мене и ја баталив. Ревлон си е Ревлон, белким не е сменета формулата нешто многу, тоа повеќе ме секира. Ќе пишам утре.
Се надевам не. Оти и мене совршена ми е. Не знам оти ја сменив. Читав позитивни коментари за МФ и ајде. А и нијансата ми лежи. Ама ми ги истакнува ептен сувите делови. Плус магично ми испарува од лицето по само неколку часа. Од друга страна ,додека ми е свежа нанесена дава баш убав природен изглед на лицето и не е тешка. Ама Ревлон си е Ревлон, не ја менувам повеќе. И скоро на пола е со цена кога е на акција.
Мене за едно половина час по нанесувањето ми "испливува" на површина пудрата од МФ и ептен лошо изгледа, како растечена торта, а не ни ставам нешто многу пудра. Затоа си кажав, никогаш повеќе пудра од Макс Фактор. Инаку не ја најдов Ревлон во најблискиот Зегин, поточно ја немаше мојата нијанса. Таа е цената и до утре е на попуст. После ако не ме мрзи ќе отидам до друг Зегин, ако не ќе чекам друга акција.
Знам некој беше загрижен дали новата Ревлон се разликува нешто од старата. Ја земав истата нијанса (220 за комбинирана) и малку е потемна(минимално). Освен тоа, нема друга разлика.
Да не е пожолта од претходно. Каде би можеле да се најдат тестери од новата ревлон. Јас користам 180 ама за нијанса ми е светла а сакам пожолт подтон да има. Може со новава ќе ми се погоди.
Нее, не е пожолта. Не знам колку може да се забележи разликата на сликата, ама деф не удира на жолто.
Новиот Ревлон е сеуште 549ден во Зегин(проверено во провинција ја земав денес) за кој не стигнал да си го купи. Препакувањево жива смешка, сменета бојата на капачето и бојата на фонтот на шишето Само формулата да не ја уништат, 7/8години сум претплатена на неа.
Девојки помош, бев во три Зегин аптеки и барав РЕВЛОН за сува кожа, аптекарките одма ме прашуваат која нијанса им викам дајте ми тестери да видам, прв пат купувам, и никаде нема, им викам дајте ми да ги видам е не можело така на компјутер проверувале по нијанси дали ги имале по број или име и не можат да ми дадат. И така пак си завршив со Bourjois а пак ми се перути делот меѓу веѓите иако ставам и хидратантна крема. како да знам која нијанса да ја купам и каде да најдам тестери?