Или во космо или во бисер има една парфимерија, во редот кај што е пеко. Јас така ја открив пудрава и девојката што работи таму многу услужлива, одма се заангажира да ми најде соодвето и пудра нијанса и совети еден куп за други работи ми даде.
Ја ја земав истата нијанса што ја имав купено од Cosmo, ама од Зегин ми беше многу пожолта.. Исто така и побрзо ми оскидираше. Се разликуваа во квалитет. Инаку, во Cosmo ми кажаа дека веќе нема да ја добиваат пудрата, ја имаат на попуст до исцрпување на количините. Ем поевтина е. Помини и провери дали има уште.
Дали некој кој што ја користел ревлон и катрис HD 010 може да ми каже која нијанса на ревлон одговара на истата? Сакам да прашам компарациски, дали ревлон е попрекривна од катрис, ваши искуства? Од каде ја зимате и цена. Ви благодарам многу однапред.
Ревлон ја купувам од Шатци, 750 денари е. Не е попокривна од Катрис, полесна е, но солидно покрива. За нијанса би ти одговарала 110.