1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Редукција/намалување на гради

Дискусија во 'Тело' започната од Kimiko, 6 ноември 2020.

  1. Kimiko

    Kimiko Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.

    Носам 32G градник по UK големини (70H по нашки), и цел живот имам проблеми со болки во вратот, грбот, тешко ми е да стојам исправена, често се исфрлам под градите итн.

    Пред некој месец налетав на еден сабредит за редукција на гради и се изнагледав успешни приказни за девојки кои (буквално) си го олеснале животот и откако истражив повеќе на темата решив да го направам истото.

    Барав пластични хирузи кај нас кои што прават редукција на гради колку што можам да видам има само три:
    Дали некој од вас има искуство со оваа процедура кај нас, или со било каква реконструкција на гради кај овие доктори?
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    Разговарав со мајка ми на оваа тема и ми го спомна доктор Пеев на пластична хирургија. Но, го пребарав на форумов и освен за операции на нос, ништо друго не прочитав за него. Ги пребарав и приватните клиники, но многу е скапа операцијата. Дали некоја девојка има искуство на оваа тема, или некоја нивна блиска личност да правела ваква операција да ми препорача квалитетен хирург на државно?
     
  3. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Има доктор од Словенија што доага во Систина .рaспрашј се др Амадеј .има инстаграм @dr.amadej

    Можеш на клиника накај 60.000 ден .е само немој кај Туџарова
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2020
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    @TrinityNeo Ти благодарам. А знаеш ли дали е можно здравство да ја покрие сумата или барем дел, зошто не ја правам од естетски причини, најпрво од здравствени ми е, ми се направи мала грпка на грбот од тежината, понекогаш дури и болка осеќам, не дај боже па да потрчам, страшно е. Најнормални активности ми се проблем за извршување. А освен Туџарова знаеш некој друг доктор да ми препорачаш?
     
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Др.Амадеј од Словенија
    https://instagram.com/dr.amadej?igshid=bc7xyrl70u48
    Како што ти кажа претходно членката, на доста девојки од кај нас им има правено корекција.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    @joyful Да, да но јас мислев за доктор на државно. Тоа ми беше и прашањето, кои доктори освен Туџарова се добри на клиника. :)
     
  7. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам, а и не верувам дека е ова операција што би ја покрил фондот.
    Еве нека пише некој ако имал вакво искуство или работи на пластична хирургија.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    190.935
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова го прави некој кај нас, оти се работи за прилично тешка и комплицирана операција. Одбери солиден стручњак, немој да биде кој било, не жали пари.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    @Annath За по приватните клиники знам дека има, ми се чини за во Жан Митрев читав и ја имаа објаснето целата постапка многу убаво. Има и во Ремедика и Систина, од Систина општо не сум задоволна за други работи, а Ремедика ми се добри, може да се распрашам и за таму. Зошто на државно еве членкава погоре пишала дека е 1000 евра, а негде имав прочитано дека на приватно е 2000, така што во право си, подобро да се соберат пари и квалитетно да ме оперираат, отколку да платам 1000 и после 300 компликации ако не чини...
     
  10. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Ако не дај боже имаш нешто лошо .или фиброаденом иде на државно .е сега ваква кореекција намалување искрена да бидам може на државно ама знаеш како иде тоа ....и тоа на ноќно дежурство се лежи 1 евентуално 2 ноќи .болки така така .дрен ќе стои 3 дена .а конците сами паѓаат .пак ке речам прашај во Систина не треба да помине 2000 Евра ама убаво убаво да се договорите да не испадне 2600 на крај
     
    На angela.kostova и blueeparadise им се допаѓа ова.
  11. Marija88!

    Marija88! Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Туџарова никако!! Касап невиден, неписмена тотално. Не знае што работи жената. Ревизија на лиценцата и треба!
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали после доење ви се вратиле градите во нормала?
    Имав стварно прекрасни гради подигнати и баш ми беа таман ни големи ни мали.
    Сега ми се големи дека дојам и воопшто не ми се допаѓаат:(
     
    На Arjanit2021 и Bibce_ им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    190.935
    Пол:
    Женски
    Се враќаат, да, после доење. Ама факт е дека никогаш нема да бидат исти. Доела, не доела, градите се менуваат од самата бременост.
     
  14. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Не мора да ми бидат стегнати ко порано само се молам да ми омалат зошто вака ич не ми се свиѓаат.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    190.935
    Пол:
    Женски
    Ќе се смалат. Ама обликот нема да ти биде како порано. Може вежби да помогнат.
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    Девојки, може на некоја ќе и биде од корист информацијава. Денес бев кај доктор Игор Пеев на Пластична и прво ми рече дека е 1500 евра операцијата ама откако ме погледна рече дека се работи за гигантомастија и дека фондот покрива се, на кратко ми објасни како се прави операцијата, ми рече ако сакам може се да извади зошто сигурно ми е веќе смачено :D, ми рече операцијата би била некаде после Нова Година. Ептен се израдував така што еве за некоја што има ист ваков проблем, може ќе и помогне ова :)
     
  17. CeciLeR

    CeciLeR Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Interesna tema, i jas imam problemi so grbot od golemi gradi, imam razmisluvano i jas da gi namalam, ama momentalno doev vtoro dete, do pred nekoe vreme, mislam deka da se stabiliziram i jas bi otisla da se rasprasuvam.. sakav da te prasam kako otide kaj Peev , kade zakaza? I sto e toa gigantomastija?
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Ај со среќа и лесен помин да имаш. :l:
    Кога ќе се оправиш дали ќе може да споделиш искуство за некој што размислува да ја прави операција.
    Јас не би ја правела сега зошто имам мали гради, ама можно е да ја направам кога ќе бидам постара.
    Еве ти линк да дознаеш повеќе.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    9.820
    Допаѓања:
    29.660
    Пол:
    Женски
    Кој има за редукција, нека даде навака :rofl:
    Другарка една сака да си ги намали, баш се зезавме кај нејзе кога ќе вадат кај мене да ставаат.Иам дефицит
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    5.744
    Фала ти. :) Инаку, ваква операција не се препорачува доколку стварно не е опходна, ако имаш мали гради немаш потреба воопшто да размислуваш на тоа. Јас би одела на C корпа сега, D ми е веќе преголемо. :D Само да дојде моментот и да помине се во ред ќе пишам како било се. :)
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.