Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Редуцирање на сообраќајни несреќи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Feminka22, 23 јануари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќе погиниме од бирократија.

    Поарно да не зборам, оти ќе ми се крени сафрата, а утре па исто ќе биди.
     
    На prashinka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    F8309E5B-7CEB-4809-AF7A-00105999A275.jpeg
    Дали Шварци ќе одговара, баш ме интересира кога зборуваме кај нас за ‘големите’ кои поминуваат лесно, дали е така и во светот.
     
    На prashinka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Валјда ке плате сигурно е во некоја стабилна држава каде нема тате и бате.
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Или не` чита некој или се паметни луѓево.Ама браво шо се шири по Фејсбук ова: Epa za toa treba po eden ili dvajca policajci da stojat na sekoja raskrsnica sto e prometna (bukvalno) i site sto ne gi pocituvaat pravilata da bidat kazneti i da nema vrski za da se ukine taa kazna!!!!! Da mora da se plakat kazni oti ovoj narod nema kako poinaku da ja nauci lekcijata. Samo po dzebot ako bidat udreni e samo togas moze ke im dojde pametot.

    викам ја може да успееме... ајде луѓе аман
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Според мене чаре се евентуално лежечки полицаец. Како иначе би натерал будала да не вози пребрзо? Секако и систем радар-снимка со казна на адреса не е на одмет, ама мислам дека пак ќе има будали што ќе шибаат, а сè додека има опција за шибање, ќе има несреќи и жртви. Има многу што не ги заболе ако утепаат некој, не па ли дали ќе добијат казна за плаќање.
    Искрено не очекувам некоја посебна промена, немам доверба ни во цајкани, не па ли во народот. Кои црни родители ќе воспитувале деца на култура и самосвест кога тоа родителите им се примитивци заостанати. Па читни само по фб коментари како се зборува...
    Нема надеж, можда сум песимист, ама па со причина.
     
    На Гладиоли и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Па нека стават лежачки полицајци колку шо може почесто. И јас да сум и јас би намалила ко знам дека има лежачки нема да поминам со 50
     
    На Cosmic Girl и Гладиоли им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Само репање по џеб!
    Ништо друго не помага.
    И то, казната да биди процентуално од примањата и да му летни прилична сума пари на прекршителот.

    Никој не верува на цајкани, затоа и е муабетот да се завтоматизираат процесите кои може.
    Нема цајкан, ој разбери се со софтверот.
    Одма ќе го скратиш човечкиот фактор, кој што е всушност најфаличен.
    Софтвер ниту разбира, ниту го интересира мито и услуга.
    Т+Т=Т и толку!
     
    На Гладиоли и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Абе има будали што буквално не се замараат ако платат казна. На крај на краиштата, што фајде од парична казна ако шибајќи утепа некој? Со чести лежечки цајкани на булевари како Партизанска и да сака, нема да може да шиба.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Нахнадно ќе си има додатни казни ако изгази некого
    Основните правила ако казнуваат со тешки пари, да видиш како ќе се замислуваат дали да возат брзо, или не; дали да врзат појас, или не; дали да поминат на црвено, или не итн...
     
  10. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Абе има и ќе има мајкини синови. Познавам таков и вели шо ми е гајле оти ќе ме сопре полиција тато ќе ја скине казната.. а јас си платив 10 евра за неносење маска. Тоа е тоа...
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Па то збораме де.
    Ако нема полицаец во 'игра', нема кој да им ја скине казната.
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    8.433
    Пол:
    Женски
    Нека носи полицаецот камера и нека снима додека го сопира и го казнува. Прват вака некогаш, и го предупредуваат од прва дека разговорот се снима. Така изречените казни нема шанса да не ги плати, неможе да се извлече ни на суд ни со врски ни со ништо. Не знам зошто тоа не е пракса секаде и секогаш. Ни во МВР да работи татко му нема да може да му ја скине казната зошто никој не е будала да ризикува работно место за некој друг. И ова го знам зошто имаше еднаш случај каде што на свои колеги полицајци вака со камера им пишаа казна и си ја платија.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.639
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 убава иницијатива ама малку преамбициозна за нашата држава во која владее најпознатиот слоган :" знаеш ли ти кој сум јас".

    И ѕо арна ѕема за млади деца да си трошат време:!:.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    8.433
    Пол:
    Женски
    А дали смее на таа возраст да вози таква кола? Нели имаше ограничување колку коњски сили смее да вози до одредена возраст?
    Страшно е подолго време за жал. Мора да се подобри сообраќајната култура кај нас. Тоа од нас почнува прво, а после продолжува и со редовни полициски контроли и казнување.
    Еден мој пријател од Словенија викаше дека не само што имаат казни големи туку и дека едни со други се пратат и се опоменуваат, срам да ти е да направиш нешто. Еднаш ја чекал жена му да излезе со упалена кола, дека ладно било, комшијата од зграда проаѓал во моменто и му рекол, што чекаш со запалена кола, го загадуваш воздухот. Вика а камо ли да исфрлам ѓубре надвор од кола на улица, одма ќе ми се пуштат. Не дека немаат прекршоци и кај нив, имаат многу пијани возачи и сообраќајки и тие, ама си го ценат она што мајка природа им го дала и си го чуваат. Кај нас да му кажеш ќе ти се сврти, ќе те опцуе, ќе ти се развика да си гледаш работа. И нормално луѓето престануваат да укажуваат. Испаѓа насилниците победуваат. Во автобус секој ден слушам кавга заради неносење маска. Стално некој не носи, стално е опоменуван и стално се кара со тој што му укажува. Дрскост до максимум. Абе тоа е правило за сите патници, и треба да се почитува. А личните убедувања остај си ги надвор или не се вози ако толку не сакаш маска да носиш. Значи ако им се дозволува да си пројдат ќе си се обидуваат и понатака.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Епа коа ќе почнат сите со ,,баш ми е гајле кој си”
    Подруго ќе е.Мене ич гајле не ми е кој е кој.Немам врски во МВР ама сигурна сум во себе и гајле ми е кој чиво дете или внук е.
    А темава не треба да е за трошење време него за прогрес
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  17. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodenpecat.mk/foto-pregazen-mazh-pred-mostot-goce-delchev-vo-skopje/

    Сево ова не е во ред , никој не превзема ништо ама ниту медимиве не помагаат , пред половина час нова жртва и уште се испотепаа порталиве кој прв да објави слика од починатиот , што позумирана и што пооткриено да е телото .... срамота !!!!

    Почит едни кон други кога немаме што останува понатака
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Реков
    Дајте да составиме што сакаме да се смени и да се прати до Даниела, Спасовсми, Град Скопје, МВР
    Место да се караме по другине теми.
    Ако не, секој по една палка у кола
    И правда во свои раце
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.639
    Пол:
    Женски
    А бе феминке уште си млада, ај за некоја година означи ме и пиши дали е нешто сменето.Оваа состојба на повеќето им одговара.Јас кога бев ко тебе не ни застануваа на пешачки и не џабе К15 имаат скеч на пешачки имаш предност само кога си во брза помош:|. Жално ,но реално:!:.
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    6.948
    Пол:
    Машки
    Бравоооооо, за нас само ДИКТАТУРА па да се свести овај народ !!
    IMG_20220126_165035.jpg
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.