Таму кај што фрла стави му од тие корпите кружни (од материјал) што се. Ќе ги гаѓа како кош и решен проблем. Повеќе корист од нејзе ќе имаш во соба, неголи горе кај пералната.
У склоп на темава Ке правам кујна Трета у мојот брак На што да обратам пажња? Некои потребни долапки ? Што би ми било потребно искористливо
Во долни елементи фиоки место вратнички. Мене тоа ми е незаменливо, многу нерви ми штеди и многу подобро ми е за организација.
Добивам на пример ова Спојлер: Простор Не тарашкам по шкавчиња да го најдам тенџерето што е позади- се ми е на дофат. Една фиока лажици, вилушки, втора тенџериња, трета маталки, пластични садови. Во другите имам потреби за хигиена, кеси за отпад, се мање више прегледно. Скапи се, ама мене ми се незаменливи.
И јас планирам фиоки да ставам здравје ако ја реновирам кујната. Мислам дека се попрактични и повеќе може да се складира во нив. Со фиоки може попаметно да се испланира просторот, дефинитивно. Ич не ми се допаѓа сегашната искористеност на просторот во мојата кујна, знам како би ја направила, само да почекам уште некоја година да наполни 20 години откако е направена, да ја сменам, иако да кажам е релативно нова и сочувана, оти, прво не готвам многу, почесто за викенди, второ, ја одржувам и чувам максимално. Ама си покажува траги од времето.
@ALISA0000 Биљарка убаво ти пишала. Фиоките се апсолутно незаменливи. Затоа е и поскапо, но е апсолутно погрешно место за да се заштеди. Не знам како си со простор. За мене ќоше за јадење во кујна ми е топ избор. Помислата секој оброк да разнесувам чинии натаму наваму, ме одбивала од секогаш.
Мислам дека долни елементи никогаш нема доволно во мала кујна, пошто едно ти е садопер и корпа за ѓубре, друго ти е машина за садови, и рерна ако е долу како кај мене, па и не останува многу простор. Затоа остатокот во фиоки е оптимално.
80 е е еден механизам за една фиока И до 80см ширина можело Јас имам 10 м долен дел така да место имам многу затоа и неморам да одам со фиоки
Со тој што ќе ти ја прави ќе направите план. Ќе си испланираш во која ќе бидат тенџериња, во која тави, чинии итн. Спрема тоа што ќе има внатре ќе бидат различна длабочина.
Не мора да се една во друга, кај мене не се. Длабоки колку што е длабината на самата кујна, 60 см, или така. Високи колку сакаш, сакаш 2 повисоки или 3 од кои горната помала. Зависи колку простор имаш како должина на кујна.
Ако не ти е мака да се веднеш и да буричкаш клекната, не мораш де, никој не рече дека мораш Ние со кујни од 3,5 м не можеме да замислиме 10м, што простор е тоа, од 3 страни ли ја замислуваш, во П? Ама и така, јас не би се веднела Голема длабина е 60см, стално нешто ќе биде во втор ред и непрегледно. Мијалник 60 или 80 см, рерна 60, машина за садови 60, ти остануваат 8 метри. И фрижидер ако е во тие 10, значи ти остануваат 7м и нешто. 3 елементи со фиоки да ги направиш, 3+2+2 фиоки на пример, другите со вратнички, ќе си го олесниш животот.