Таму кај што фрла стави му од тие корпите кружни (од материјал) што се. Ќе ги гаѓа како кош и решен проблем. Повеќе корист од нејзе ќе имаш во соба, неголи горе кај пералната.
У склоп на темава Ке правам кујна Трета у мојот брак На што да обратам пажња? Некои потребни долапки ? Што би ми било потребно искористливо
Во долни елементи фиоки место вратнички. Мене тоа ми е незаменливо, многу нерви ми штеди и многу подобро ми е за организација.
Добивам на пример ова Спојлер: Простор Не тарашкам по шкавчиња да го најдам тенџерето што е позади- се ми е на дофат. Една фиока лажици, вилушки, втора тенџериња, трета маталки, пластични садови. Во другите имам потреби за хигиена, кеси за отпад, се мање више прегледно. Скапи се, ама мене ми се незаменливи.
И јас планирам фиоки да ставам здравје ако ја реновирам кујната. Мислам дека се попрактични и повеќе може да се складира во нив. Со фиоки може попаметно да се испланира просторот, дефинитивно. Ич не ми се допаѓа сегашната искористеност на просторот во мојата кујна, знам како би ја направила, само да почекам уште некоја година да наполни 20 години откако е направена, да ја сменам, иако да кажам е релативно нова и сочувана, оти, прво не готвам многу, почесто за викенди, второ, ја одржувам и чувам максимално. Ама си покажува траги од времето.
@ALISA0000 Биљарка убаво ти пишала. Фиоките се апсолутно незаменливи. Затоа е и поскапо, но е апсолутно погрешно место за да се заштеди. Не знам како си со простор. За мене ќоше за јадење во кујна ми е топ избор. Помислата секој оброк да разнесувам чинии натаму наваму, ме одбивала од секогаш.
Мислам дека долни елементи никогаш нема доволно во мала кујна, пошто едно ти е садопер и корпа за ѓубре, друго ти е машина за садови, и рерна ако е долу како кај мене, па и не останува многу простор. Затоа остатокот во фиоки е оптимално.
80 е е еден механизам за една фиока И до 80см ширина можело Јас имам 10 м долен дел така да место имам многу затоа и неморам да одам со фиоки
Со тој што ќе ти ја прави ќе направите план. Ќе си испланираш во која ќе бидат тенџериња, во која тави, чинии итн. Спрема тоа што ќе има внатре ќе бидат различна длабочина.
Не мора да се една во друга, кај мене не се. Длабоки колку што е длабината на самата кујна, 60 см, или така. Високи колку сакаш, сакаш 2 повисоки или 3 од кои горната помала. Зависи колку простор имаш како должина на кујна.
Ако не ти е мака да се веднеш и да буричкаш клекната, не мораш де, никој не рече дека мораш Ние со кујни од 3,5 м не можеме да замислиме 10м, што простор е тоа, од 3 страни ли ја замислуваш, во П? Ама и така, јас не би се веднела Голема длабина е 60см, стално нешто ќе биде во втор ред и непрегледно. Мијалник 60 или 80 см, рерна 60, машина за садови 60, ти остануваат 8 метри. И фрижидер ако е во тие 10, значи ти остануваат 7м и нешто. 3 елементи со фиоки да ги направиш, 3+2+2 фиоки на пример, другите со вратнички, ќе си го олесниш животот.
И јас имам место, не знам точно колку е, ама има, можеби некои 7-8 метри долен дел...ама лошо е испланиран, има отворени делови што не ми се допаѓаат, земаат простор без потреба. Кујната беше нова кога дојдов тука, не сакав многу да чепкам. Тоа што можев средив, ама генерално, не ми е баш по мерак како е направен планот. Ама за некоја година и' се спремам.
Те разбирам целосно и верувај – многу од нас се во истата ситуација. Ако нешто не наоѓаш , значи дека тоа нешто нема свое место. Не знам за што станува збор . Кај мене беа клучеви и портмоне . Се додека не им најдов место на чување . Тоа е најчесто во ходник во еден мал сад . Овде оставам се , клучеви од кола , од куќа, работа и слично . И најчесто тука стои се, кога треба да излезам не се брзам и не барам кое кај стои . Најчесто функционира. Не секогаш , некогаш пак сум во фаза на трчање и барање .. и ме фаќа нервоза . Почни со ставање ред на одредени зони. Одреди еден дел , пример една фиока во која се остава се буквално . Извади се , расчисти , кое е непотребно, фрли , направи повеќе зони . Со организери . Можат да бидат обични кутии . Во една нека стојат пенкала , друга батерии , и други ствари . Размисли каде ти стојат лековите , каде може да им се најде место . Да се подалеку од деца. Да стојат во некоја повисока фиока . Секој ден направи си план , немора да трае долго , која зона ќе ја средуваш. Давај задачи на сите членови . Децата нека земат играчките да ги средат . Итн. Кај мене големата вчера ја среди трпезариската маса во дневна, после во кујната исто трпезариската маса . И намести садови во машина . За нејзе малку работа за мене заврши голема работа . Кажи каде е најчесто проблемот , што се нема ред. Ќе најдеме практично решение
Корпи за алишта имам на секој спрат . По една во двете бањи , помеѓу собите на децата . Вака нешто само во крем боја . Поделени се со преграда , за бели или црни , шарени ..итн . Најчесто не се гледаат каде фрлаат , па се е во едно . Се вади преградата инаку и можеш да ги однесеш до машина .
Сакам што е можно поминималистички уредени ентериери и естетски повеќе ми се свиѓа а и за чистење е поедноставно. Нема некои не знам какви трикови, ако не се средува по малку секојдневно за брзо станува неуредно и колку повеќе се одложува толку потешко за чистење е. Откако купив корпи за алишта исто многу посредено ми е и се ослободува доста простор.*
Ти мене по другарска линија ме викна, ама јас воопшто не сакам да поминувам време во расчистување низ дома. Да моментално по професија сум со широко прифатенениот поим ,,домаќинка,, иако јас не се идентификувам толку со тоа. Повеќе во фокусот ми е грижа и развој на дете, отколку домот. Ама ама ама, не беше од секогаш така и имаше време кога средување на домот и чистењето ми правеа задоволство, се додека еден ден не сфатив дека тоа е работа која што освен 5мин задоволство да испиеш кафе во чисто, не нуди никава сатисфакција. Ќе се отепаш секој ден од бришење и миење и на крај па пола саат не се познава. Така што сега имам нова девиза, на убаво време надвор. Уствари секогаш надвор кога може. Шетање во природа, низ дуќани, среќавање со луѓе, надвор. Не сакам да сум роб на куќата. Низ годините и поради честите преселби, ние редуциравме многу ствари. Кај мене нема ни еден украс за низ домот, се е со намена. Два пати во годината се расчистува облека и многу се фрла. Од дете чувам само до година ипол облека, и неа треба да ја подарам се друго е расчистено. Најбитно од се е да има свое место. Кога се си има место, нема толкав хаос. Враќање на свое место најбрзо што може. Дури и кога се движам наоколу и забележувам сме извадиле нешто, одма враќање на свое место. За тие што имаат услови веројатно робот правосмукалка е голема помош, кај мене не е изводливо сега. Всушност кај мене ништо не е изводливо сега оти ќерка ми е во години кај што многу расфрла и не разбира сама да расчисти, колку и да и објаснувам. И тоа е во ред. Си го прифатив дека е фаза и ќе трае неколку години и не ми пречи. Напротив убаво ми е. Јас никогаш не сум ја оставила неа со тв вклучен и да земам да бришам прашина. Ако се заигра ок, ако не па ок. Ќе пораснат. Или па да трчам како луда да средам дома, да направам ручек, да успијам дете. Може ако бев помлада и во дваесети години ќе го правев, сега ми е битно да е дете нахрането и да имам сила јас со неа да си играм и да сум трпелива со неа. А нормално на крај од денот и со маж да сврзам два збора. Ќе се среди, еднаш во неделата сигурно, повеќе и не мора. Сакав да речам и до приоритети е. Така ако земам се по нејзе да раскревам јас ќе паднам мртва уморна. Она вади алишта од фиоки, се крие низ плакари, со намастени раце од јадење фаќа по кујна, врата, ѕидови, готви со мене заедно, си принесува да јаде сама, трча постојано низ дома, дипли алишта со мене и омилено и е кога се е е средено и сортирано, да го расфрла на земја. Така што, замислете си како ми е средено дома . И сега еве ја чекам да стане, да ми се насмевне и да почне акција, наместо да станам од кревет и да средувам алишта. А совет. Минимализам. Се што не се употребило долго време, нема ни да се употреби. Не купување премногу производи и храна, туку онолку колку што е потребно. Средување одма штом видиш. Ако вчера сум средила бања, сме се истуширале, миеле заби, додела сум таму денес, за 1мин бришам со влажни марамчиња за домот што се, набрзина се. Од тие за прашина што се свифер, со нив подот во бањата набрзина влакна да соберам. После вечерата да соберам кујна и ѓубре, се мете ходник оти кај нас таму секогаш песок има. Друго кога се стигне, тогаш.