Ред и организација во домот

Дискусија во 'Дом' започната од MacenceEna, 11 февруари 2026.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    45.776
    Пол:
    Женски
    @јolene по другарска база те викнав , не за друго .

    Сите сме домаќинки , сите што се дома, сите што работат ,после работа се домаќинки . Тоа е :envy:
    Сега пред работа јас да средам домаќински работи . Бев да исфрлам стакло , се собраа три корпи.
    Се водам (денес) по овој метод . Тоа што можеш да го направиш на пример одма. Направи го . Бев исфрлив стаклото .
    Сега ја накрцав колана со флаши за враќање. 4 гајби , три полни вреќи со пластика . Сметаат пред гаража.
    После да наместам машина за перење , да спружам и ајмо на работа .
     
  2. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Добро а каде чувате шминки, четки, парфеми и такви работи. Јас лично немам многу место во спална за маса со огледало па шминки чувам во купатило. Можеби некогаш кога ќе имам нов стан или куќа ќе организирам се поубаво.
     
    На ani23, eliesaab, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    45.776
    Пол:
    Женски
    Порано во станот имав маса со огледало и се ми стоеше таму за шминкање .
    Сега спалната е само за спиење , многу е темна и не ми се допаѓа таму да се спремам . Во купатило покрај прозорот имам табуретка, на прозорот има место за сите шминки и таму се спремам сабајле. Сите работи кои секојдневно ги користам стојат во организери .сите четки , сунѓерчиња за шминкање . Креми и слично исто стои таму . Имам вакво слично Screenshot_20260213-095438.png

    Инаку вчера случајно видов кај една инфлуенсерка дека користи ваква корпа Screenshot_20260213-095340.png за сите секојдневни работи , део , четка за коса , спреј и слично и дека тоа и стои во шкафче и секое сабајле го вади и знае дека сите работи што и се потребни стојат тука , нема потреба да бара .. тоа е дефинитивно нешто за мене.
    Зашто најчесто сите секојдневни работи ми се на различни места и во брзање стално барам нешто .
     
    На bertold, Трагедијаупмм, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.447
    @MacenceEna овие се ептен практични.
    Јас имам во бањата, на масата од умивалникот, такво на спрат, се врти.
    При скин рутина од повеќе чекори е мега практично. Многу собира, се ти е на дофат, и го вртиш за секој нареден чекор.
     
    На bertold, SummerGirl и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    45.776
    Пол:
    Женски
    @danichap такво на спрат за вртење имам и јас во бања . Креми, лосиони стојат на него
    Сега кога размислувам на тоа , сваќам дека имаме премногу производи . Шампони , од децава , од мене исто . И дека сите се раштркани низ цела бања .
    Синко може има преку 5 шампони . Големата и јас што исти користиме . Преку 3 вида..

    Значи проблемот може е што имаме премногу. Купуваме и кога не треба .

    Наредна цел е да се види што се има , да се престане со купување . Да си потроши се и тек после да се купи ново .
     
    На bertold, Трагедијаупмм, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    И каде ви стои тоа на вртење? Во бања ама каде точно?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.447
    Вака е кај мене.
    IMG_8890.jpeg Доле се ми е сортирани во корпи. По потреба само корпа вадам, да не буричкам.
     
    На LocoCroco, bertold, Suze18992 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    203.428
    Мене ме интересираат две работи.
    Такво на вртење за во кујна дали има некој и дали е стварно нафатно?
    И како редите чинии во фиоки, каков организер @danichap ? Безвезе ми стојат во горни елементи, едно на друго наредени.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.447
    Имам, во ќош од горен елемент. Маслата, балсамико и сл. разни врсти што имам, таму ставам.
    Ептен е практично.
    За чинии имав ама го извадив. Складно ги наредив според големина, да одговара.
     
    На bertold и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.783
    Допаѓања:
    6.837
    @Biljarkata За во кујна овие од Икеа се многу практични, се искористува просторот максимално
    IMG_6405.jpeg IMG_6406.jpeg


    Иначе сега кујната ја направивме со најголем дел фиоки, само еден елемент со вратнички и пак се ми е таму бидејќи нели така сме навикнати, никако да ме однесе патот накај Икеа да земам од организерите за фиоки што им се. Ќе видам дали и колку ќе ми се покаже во функционалност.

    За козметика имам фиока под умивалник и ми е за таа намена, ги редам во вакви организери (сликава е од нет).
    IMG_6408.jpeg

    Мал ми е елементот и просторот околу умивалникот и немам место да ми стојат над, иако мислам дека би ми било попрактично. Да имав место би земала ваков организер (последно во Синсеј го гледав), отворените организери не се за мене бидејќи ќе ги испокршам пола серуми.

    IMG_6407.jpeg
     
    На Mumoftwo30, BubamaraM, bookslover и 3 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.447
    @Autumn Love имам и јас такво затворено ама ми се покажа многу непрактично.
    Баш оти е затворено човек е ограничен со висината на паковањата. Поради заштеда на простор мора да се исправени, налегнати зафаќаат место. А кога се исправени си ептен ограничен поради капакот, нема да ги собере.
    На крај човек пак мора со отворен простор да работи. Делува волуменозно, ама многу малку собираат.
     
    На bertold, MacenceEna и Autumn Love им се допаѓа ова.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    4.538
    Пол:
    Женски
    Браво бе , алал да ви е.
    Јас се организирам во шкаф или фиока со организери кои се од кутиче било какво и било каква форма.
    Не купувам посебни организери како што видов погоре освен ако не е на видно место ( шминка за во бања итн итн),.
    Во фриидер имам наредено кутии коцка од сладолед и внатре ставам мандарини, морков, јаболка инт итн. Секоја полица во фрижидер се знае кој е за што е, од таму се зима и од таму се враќа. Плус имам купено пластични се што се закачуваат на полица од фрижидер и внатре чувам путер, паштети и сл и не ми зафаќаат простор на полица.
    Сите плакари ми се по порачка правени со мој цртеж како што да има. Во детска има два дела кој се споени со средишен дел за тв и под него фиоки две големи. Во фиоките имаат организер ги земав ефтино од 3 дела се, за чорапи ситни коцки, има два со поинаква форма.
    Едниот дел има два рафта големи и сукало за кошули, фустани и и сл. И до него има дел со рафотови со посебна врата за летни. Има 6-7 , Има дел за пижами посебен :) Исто и со втората половина за другото дете.
    Плакарот во спална е така на 3 дела, лево на сопругот десно секако за жената ( becouse the woman is always right :)). средишниот дел има поголем простор оставен за јоргани ќебиња итн.и два рафта за заедники работи кој ја го користам :D .
    Сакам да кажам дека мн планирање треба за да биде успешно и да не изгледа хаос. Не им давам прилика на никој во куќата да се пожали дека нема место во плакар па мора на стол :) имаат и еден рафт оставен за раб кои можеби ќе ги облече и утре покрај денес да не висат на стол.
    Кујната посебна приказна :D Се е искористено максимум. Мапа им треба :D
     
    На bertold, јolene, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  13. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Кај мене во кујна има една фиока што нема ред. Ама хаос невиден. Таму стојат пластични чаши во 6 бои, пластични чинии исто во 6 бои, други чинии, шишиња и се со треба за прибор за детето стои во таа фиока што за жал неможам да ја преместам на повисоко место да не ја отвара малиот и да прави хаос. Зима 1 чаша, а другите 5 лебдат во фиока.
    Баш ме интересира дали само јас имам таква фиока. За тие со деца посебно.
     
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.713
    Пол:
    Женски
    Додека бев девојче ,па и без деца се беше цакум пакум абе накриво салфетка немаше...
    Е после родииив ,родив едно прекрасно девојче со манири и енергија на момче.
    Дополнитело немам простор за нејзина соба паа дневната ми е узурпирана со детски пластичи или дрвени играчки а спалната со меки :drunk:
    Организација !?
    Шо е тоа :D
    Јас ќе ја средам кујната она ја превртила дневната средувам таму оревртила во спална |(
    И со време се навикнуваш на хаосот затоа шо другиот избор е да тепаш а не сакаш :D
    Гледам да нема трошки /прашини /пајажини. А останатото нека се здрави и живи :l::rofl:
     
    На Suze18992, SummerGirl, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    12.767
    Пол:
    Женски
    А зошто да ја местиш?
    Јас напротив тие фиоки кај што се отворени за неа да си буричка, се со такви ствари, пластични прибори, кутивчиња, ствари што не се кршат.
    Кога јас средувам машина за садови она си средува низ нејзините фиоки садови. Шо има врска што е хаос.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    5.228
    Јас намерно и ги ставив нејзините работи во долна фиока да може да си ги дофаќа. И реално што и да и треба сега сама си зема без да не станува нас. Ептен ептен практично ми е и многу ми помага. Имам кутија со детските вилушки, лажички, ножиња, и другиот дел е поделен, дел со чаши и шишиња и дел со чинии. Мојата е 4г, си ги враќа на место, знае дека е тоа “нејзино” и интересно и е. Ако е помало дај му време, ќе се научи дека си е негова фиока и ќе си ги реди сам. Сега веќе и ги тргам пластиките полека и и ставам керамика и стакло. И најдобро ако имаш премногу прибор и не го користите често крени го во кутија некаде, ќе ти се ослободи место и полесно ќе средуваш. Имам и такви големи кутии каде го кревам приборот што не го користи вклучувајќи го и бебешкиот што и беше (шишиња, цуцли, силиконски лигавчиња, тањири, прибор, чаши и сл.).

    Во однос на организерите за козметика, јас во ниеден не се пронајдов. Го имам тој затворениот од погоре, нормално дека не собира се, ама убаво собира, и откако ќе го наредам 5 дена е среден, било кој организер ми е премал. Сега имам плиток плакар во купатило и наредени ми се на полици, селектирани во кутии и помали организери.

    @ALISA0000 праша за кујна и фиоки? Мене 2 метри ми е кујната со фиоки. Ок се ама маж ми вика не требаше да се волку широки, стално си сметаме ако има уште некој во кујна само се буткаме за фиока да отвориме. За тави, вангли и сл габаритни садови, попрактично ми е едно плакарче со вратичка и полици на извлекување, мислам дека повеќе собира и не си толку ограничен како кај фиоките.
     
    На јolene и LeNora им се допаѓа ова.
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    5.079
    Јас исто ги чувам во купатило, имам огледало што се отвара како плакарче, со три вратнички и собира доста внатре. Плус има и осветлување на него, така да е доста практично за шминкање. Полиците внатре лесно се вадат, ако сакаш некои повисоки производи да ставиш внатре. И плус под лавабото имам елемент, со две фиоки, во едната имам организатор и таму се помалите работи (резервни четки за заби, ролери за масажа на лице и слично), а во поголемата долната ми стојат фен, четки за коса и слично, исто така во кутивчиња селектирани.

    IMG_5056.jpeg IMG_5055.jpeg

    Друго што ми текна и што ми е од помош, имам две корпи за алишта, со тоа што едната е поделена на две, фактички три доаѓаат. Едната ми е во малото купатило, кај што ми се и машините и само алишта од децата има во неа и ми е практично, бидејќи ги перам посебно нивните алишта од нашите и одма претурам во машина, без да губам време со барање и делење алишта. А другите две се во големото купатило и се корпи, ама како платнени и се вадат цели и лесно се преносливи до машините. Нив ги селектирам, бидејќи се каша попара измешани, ама корпите се практични, бидејќи не морам наваму натаму да пренесувам во пластични корпи алишта.
     
    На bertold, јolene и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Ах еве тема за мене, јас сум ептен замината со организацијата во домот и не сакам ништо да ми штрчи. Е сега со 10 месечно бебе кое сака да игра, во дневната ми стои игрална и во неа дел од играчките, другите ги чувам во плетени корпи со капак да не се гледаат, па ги ротирам кога гледам дека нешто и се здосадува. На тој хаос ќе треба да се навикнам. Во моментов најхаотична ми е детската соба, не ја користиме баш па само така ми се остварени поклони играчки и гардероба што не е за сега. Тој дел мора да го средам оти нерви немам кога гледам дека не е се на свое место. Најбрзо хаос станува во дневна и кујна, најмногу користени простории.
    Веќе неколку месеци сум насочена кон семи минимализам или поточно се што имаме да биде со цел и работи кои ни служаат, па така можам да кажам слободно дека имам многу повеќе олеснување во делот на чистење. Некогаш кога немам многу време местам тајмер 10 мин за дневна и средувам се за тоа време, реално немам многу работи за средување па со се тоа да усисам, наместам постелнина, да избришам масичка и комода доволно е.
    Исто почнав пред неколку месеци со project pan и сета козметика што ја купував од креми, шампони и сл почнав да ја користам едно по едно до крај и се насочив на тоа да не купувам само за да пробам или што сум видела по интернет и така ми се ослободи доста простор. Ако купам нешто тоа е нешто што реално користам, а не затоа што сум видела во некое видео на нет. Се ослободив од многу гардероба која реално не ја носев. Трикот според мене е да не трупаме непотребни работи, така полесно се доаѓа на свое место и да мислам дека е битно секоја работа во домот да има свое место. Сега ние со деца што сме мора да се навикнеме на тоа дека ќе има еден ќош со играчки ама тоа е составен дел од животот.
    И имам еден супер добра идеја ја пронајдов на нет пред некое време ја практикувам и одлично функционира, а тоа е шпатула систем. На шпатули вие ќе си одредете број кај мене се некаде околу 25 на секоја има по една задача пример: чистење рерна + микробранова, фрижидер, прозорци, полица со книги, чистење кревет ... Вие си пишувате по ваш избор и секој ден си влечете шпатула па го завршувате тоа. Така не мора да правите се одеднаш, не е ни битно дали ќе можете сите да ги поминете во месецот но е добро за мотивација и плус за кратко време завршувате "поголема работа" што можеби би ја одложувале.
     
    На bertold, eliesaab, Autumn Love и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    45.776
    Пол:
    Женски
    @LeNora ова со шпатулите е добра идеја.
    Јас имам пред многу години купено планер секојдневен , неделен , месечен за средување . Секојдневниот е со мали задачи . Пример денес исчисти го телефонот од дупли слики . Нареден ден друга задача и слично. Ова со отстранување слики го практикувам кога имам термин и се чека долго па тоа време во користам за тоа .

    Со помош на chatgpt еве еден предизвик

    30-дневен предизвик за расчистување (30 Tage Ausmist Challenge)
    Фрижидер и замрзнувач
    Сезонска декорација
    Чорапи и долна облека
    Јакни и зимски додатоци
    Постелнина и пешкири
    Кујнски фиоки
    Под мијалникот и кујнски апарати
    Ноќна масичка и под креветот
    Накит и очила
    Чевларник
    Гардероба
    Производи за бања и нега
    Автомобил
    Кујнски шкафови
    Храна и зачини
    Средства за перење и чистење
    Книги, DVD-а, CD-а и игри
    Телефон
    Детски играчки
    Детска облека
    Горна облека и додатоци
    Долна облека и фустани/панталони
    Писма и документи
    Биро
    Електроника и кабли
    Хоби и материјали за креативност
    Медицински шкаф
    Остава / просторија за складирање
    Подрум
    Гаража
    За

    Задача за секој ден , може на некој ќе му помогне .

    Немора да е секој ден ама ако се започне со неколку задачи ќе се осети многу промена .

    Со ова се занимавам веќе неколку години , кога почна Короната. Кога бев дома и имав многу време . И тазе преселена . Сакав да ставам ред .
     
    На bertold, TutiFuti, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    6.017
    Не знам дали ми е место да пишам, пошто сѐ уште немам деца, а и технички не живеам со дечко ми, иако многу време поминува кај мене, ама си велам да пишам, пошто од 0 го средував и планирав станов, имајќи предвид баш како да се организирани работите, и дека во иднина можеби и некое време ќе треба тука да живеам со дете :).

    Претходно живеев во гарсониера од 25 м2, и можам да кажам дека оттаму научив истовремено и како максимално да се искористи просторот, пошто премногу работи собираше, ама и што треба да биде поинаку :D. На пример, имав биро кое беше со еден куп отворени полици и над него и под него, па оди бриши прашина пола саат+ само таму. Сега живеам во двособен стан од 57 м2, и можам да кажам дека скоро исто време ми треба да исчистам тука како во гарсониерата, ете толку имав работа во 2.5 пати помал простор :D:D

    Генерално сум човек што чува работи, и општо, тешко ми е да фрлам здрави работи, ама одвреме-навреме се трудам да фрлам или да се ослободам од нешто што навистина не би го користела. Инаку, прашината ми е смртен непријател, па сѐ испозатворив сега сегде. Затоа, многу ми беше важно максимално да се добие на простор за складирање, ем за да не се натрупувам работи, па да се прави хаос, ем да не ми стојат надвор, да ги префаќам при чистење, и да ми се прави дополнително работа.. Има нешто и во тоа што викате колку повеќе простор, толку повеќе ќе купуваш, трупаш, ама ете, не сум до толку минималист :D.

    Во дневната имам само едно високо шкафче со полици, и тоа ги искористив од шо ми беше страв да не изгледа многу монотоно сѐ затворено :D:D. Уште не знам што ќе ставам на полиците, ама ситнурии и комплицирани украси нема шанси, нешто што полесно се брише :D:D:D. Ги затвораат сега доста со стакло, ама ми беше страв да не ми се отвори работа, иако технички и вака имаш работа, бришеш прашина... Нешто вака:
    Screenshot_20260214_132617.jpg
    Колку и да ми изгледаат преубаво лебдечките комоди, како на сликава, јас направив комода висока 60 цм, на цокле долу, за да имам место каде да складирам друштвени игри, сложувалки, канцелариски прибор.. Планирам да ставам и биро во дневната, ама мислев нешто поминималистичко, баш поради траумите со отворените полици, па ми треба простор каде да чувам работи што инаку би ги чувала на биро :D:D:D.

    Спалната ми е долга, а тесна, па сѐ околу креветот го направив шкаф, нешто вака, само подлабоко, за да можам да обесувам:
    Screenshot_20260214_133924.jpg
    Самиот кревет ми е ем подигнат, ем со простор за складирање под него. Доброто е што душекот само се потпира врз креветот, не е вграден со самиот кревет, па лесно може да се смени натаму. Сѐ што можев во шкафовите го направив да е со обесување, да не мора да диплам ништо :D.
    Многу имав желба да имам некаков вид на тоалетна маса, и општо, катче каде што ќе чувам шминки, ама единствениот слободен простор ми беше под прозорец, а до него врата. И рандом ми излезе на пинтерест, па направив нешто вакво (не е скроз исто):
    Screenshot_20260214_140306.jpg
    Screenshot_20260214_140721.jpg
    Под капакот со огледалото не направив прегради од иверици, туку е целосно отворено, како на втората слика, пошто прво, кој ќе ги чисти тие ќошиња, а второ некако поголема слобода имаш да си организираш како сакаш, што ако нешто не го бери итн.. Уште не ми се средени шминките, гледав некои организери од Тему, во овој стил:
    Screenshot_20260214_140940.jpg
    Ама ќе видам, најбитно ми е кај организерите да се чистат лесно :D. Од тој аспект, обични пластични кутивчиња без прегради се најлесни :).

    Исто, бев решена да не ставам никаде теписи, затоа што имав многу глуп тепих претходно, што буквално 40 минути ми требаше да го исмукам, ама ми дојде сиромашно, па на крај ставив многу низок тепих в дневна, една патека в кујна и две патеки в спална, никако бушави или со вдлабнатини како цветови и сл..

    Друго нешто што сфатив е колку многу можеш да добиеш за складирање дури и со тенки шкафови. Кај мене претсобјето е минијатурно, 160х200 цм, од касата на вратата лево имаше буквално само 24 цм, десно 27 цм. Значи, бери само еден и единствен длабок шкаф, 80 цм широк, одма пред вратата откако ќе ја отвориш навнатре, каде што најгоре има 2 подлабоки полици, па дел за обесување палта, и долу имам 3 полици за правосмукалка, парочистач и сл. Арно ама, ги искористив и тие 24 цм за затворени шкафови за складирање чевли. Дел се на обични полици, свртени вака внатре во шкафот:
    Screenshot_20260214_142543.jpg
    Дел се во вакви фиоки (бери со два реда во таа длабочина):
    Screenshot_20260214_142504.jpg
    Иако, можам да кажам дека не знам сега колку препорачувам мајстор да ви ги прави овие фиоки, пошто не се штелуваат баш, и може процепот меѓу фиоките да дојде различен, овие се подобри кога се купени од салон.. Или евентуално сите чевли да се чуваат како на претходната слика, во класични шкафови..

    На другата страна од вратата пак, ставив мало шкафче за да има каде да оставиш нешто (телефон, шише и сл) кога ќе влезеш, а во шкафчето чувам торби за пазарење, бои и мириси за чевли, селотејп, метро, некое ситно штрафцигерче за при рака, и такви слични ситнурии што нема каде да ги чуваш..

    Исто, овие сите плитки шкафови се висечки, т.е. не одат до земја, за да има простор за оставање чевли (слично како на една од претходните слики), особено ако ти доаѓаат гости :).
    Може звучи како многу да сум го затворила просторот со шкафови, ама многу е комотно и слободно за движење, затоа што грото шкафови се наоѓаат зад вратата, и како вградени испаѓаат :D.

    Ај да го пуштам мислењево, па во наредно мислење да допишам за кујната и вц-то, како најискористени зони :D. Секако нема да можам да продолжам да ставам слики во ова мислење :).
     
    На bertold, senjorita-v, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.