Мислев дека темава нема да биде земена за озбилно ама искрено ми се допаѓа се повеќе и повеќе , посебно некои членки со мислењата , членки кои до сега ги немам сретнато низ темиве. Gefällt mir sehr @pdb123 многу ми се допадна твојта прва идеја со телевизорот и комодата . Ми даде идеја за промена во мојот дневен простор. Прво се мислев за дневната горе на спрат што се користи како игрална . Која патем ќе биде дневна за децата, за големите . Каде ќе се собираат со друштво. Ама попаметно е да се качи овој намештај горе тоест тоа црните комоди и да земеме нешто во овој стил. Баш по мој вкус . Би сакала да пишам повеќе ама треба да се спремам, времето ми бега .. Пишувајте повеќе, баш е фино да се читаат вашите идеи и примери.
Ова е одлична листа за да се почне од некаде. Генерално ние Македонците си го имаме тој ген на собирање, е сега кога и да почнеш со расчистување тоа е процес кој трае, најпрво фрлаш нешто за што не си апсолутно никако врзан, после доаѓа делот кај што сакаш да фрлиш ама си викаш ова е здраво, ова може ќе ми се најде, ова не сум сигурна и само се трупа. Јас за гардероба моја имам еден дел во плакарот "можеби" и си давам рок од неколку месеци или додека трае сезоната и ако не облечам ништо од тоа технички не е нешто што би го носела па не го чувам повеќе. За ова со документи еднаш годишно секако поминувам низ нив и низ упатства и гаранции од апарати - кога прв пат почнав со тоа сфатив колку место заземаат работи што не ни требат упатства на 10 јазици, реално чувам само на македонски или на англиски, гаранции од работи кои веќе и не ги имаме или им истекла гаранција не чувам повеќе, медицински белешки, крвни слики од пред неколку години, не сум повеќе архива Ако се мисли некој од каде да почне ова со документи ви е добар старт.
Што се однесува до кујната - претходно имав многу тесна и мала кујна и ми се чини како и да се свртев немав место. Особено ме нервираше што немав простор за работа, па кога дојде да се прави тука кујната, прво и најосновно ми беше да добијам повеќе површина за работа, па ја направив во П . Наместо да објаснувам кое кај ми се наоѓа, еве една скица за долниот дел: Спојлер: Скица на кујна Значи, најлево е шпоретот, па мијалник со делот за цедење свртен кон ќошот, па машината за садови, вагонетката, столб со рерна и микробранова и фрижидер. Знам архитекти препорачуваат барем 1 метар простор меѓу едната и другата страна, ама толку е просторот, мораше или така, или само на Г . Ама искрено, 80 цм воопшто не е малку, можат двајца да се разминат, а во најлош случај, еден може да стои од надворешната страна на шанкот . Рерната ми е поткачена, што се коси со моментот дека сакам повеќе простор за работа, пошто губиш работна површина, ама некако попрактично ми изгледаше така.. Не ја ставив рамно со работната плоча, туку подолу, пошто ставив и микробранова, ќе ми дојдеше многу високо и незгодно за користење. Мислев да не е чудно дека не е во линија, ама гледав примери од кујни и сфатив дека се прави и така. Секако џабе сѐ во линија, ако се мачиш после при употреба.. Под рерната имам 2 фиоки, под шпоретот 3. Под мијалникот и шанкот ми се шкафови со вратнички. Е сега, за слепиот ќош кај мијалникот, има разноразни механизми, ама се поскапи, па не ставив ништо, тоа е. Сега-засега ми стои по некоја кутија, ама натаму ќе видиме, може ќе ми истекне нешто. Во најлош случај ставаш работи што ретко ги користиш . Другиот ќош кај шанкот пак, се отвора со една вратничка однадвор, и таму сега-засега чувам работи како свеќи, ранери и сл.. Знам дека обично тој простор го прават со стаклена врата, лед сијалици внатре и алкохоли и сл изложени, ама не сум па тој тип, не пијам многу алкохол, па зошто да го трошам тој простор за складирање само за украс . „Мана“ (зависи како гледаш) на фиоките под шпорет, е тоа што се многу широки, 74 цм, па кога дојде да барам организер за најгорната фиока каде што чувам прибор, не можев баш да најдам - повеќето организери се за ширина на фиока од максимум 60 цм внатре. Мислам во Новомак има и поголеми, ама треба да се провери. Не знаев дека така било, инаку можеби вагонетката ќе ја ставев под шпоретот, како што си доаѓа природно. Јас одев со помислата да добијам што е можно пошироки фиоки . Ама не ми смета и таму што е вагонетката, реално само да се свртам и пуштам рака ја достигам, на увид гледам сѐ. Ако беше под шпорет, може и потесен ќе ми беше просторот... И така на крај, мораше нешто вака да комбинирам од Тему: Спојлер: Организери в кујна @ALISA0000 прашуваше како предлози за кујната, па еве попатно ќе кажувам што мислам дека е корисно. Значи, прво е подобро да си најдеш организер, па спрема тоа да дефинираш ширина на фиока за прибор за јадење. Друго, ако сакаш во некоја фиока да ставаш повеќе прибор како кутлачи и сл, малку подлабока фиока треба (мојата е 8 цм висока внатре). Трето, нешто што никогаш немаше да ми текне, ама сега да сум, би ја направила фиоката да е на целосно извлекување (да нема скриен дел), иако тој механизам е поскап. Пошто инаку, гледаш сега морам обратно да ги ставам лажиците и сл за да се гледа што земам, инаку ќе ги гледам само дршките, или да се наведнувам на секое да видам . Или ќе требаше тој хоризонталниот дел што е најдолу да го ставам на другата страна, ама па тогаш немаше воопшто да се гледа што има таму, ќе беше во скриениот дел на фиоката . Друго исто што би препорачала е што е можно поголем мијалник. Да, повеќето работи се мијат в машина, ама пак нешто ќе мора на рака, пример, тефлонски тави, плехови од рерна, пошто побрзо се оштетува нелепливиот слој ако се мијат редовно во машина, барем така прочитав.. Јас одев максимум што можев, и отворот ми е 44х40 цм, ама да можев, уште поголем ќе земев, пошто не можам да го легнам плехот од рерна, па и во ширина ми е ко кнап за раководење . Од друга страна, ова па и ми е поттик да не купувам такви работи за да не мора да мијам на рака . Не сум имала кружен мијалник, ама дечко ми има, и воопшто не го сака, понепрактичен му е, потесен е, ти фали просторот кај ќошевите. И исто, тука во Скопје никогаш не би зела мијалник со остри, коцкести ивици, кој ќе чисти после тоа . А исто, попрактично е и што е можно подлабок мијалник, да прска помалку надвор од него... Што се однесува до фиоки, кај дечко ми има така фиока во фиока, и мене искрено ми е понепрактично. Ме нервира што за да земам некоја лажица треба 2 фиоки да отворам . Инаку, вака во видеа за дизајн на кујни и јас стално слушам дека подобро е да имаш што е можно повеќе фиоки долу за да не копаш во длабочина. Технички со фиоките губиш малку од просторот, пошто имаш корпус, па пак иверици за фиоките, во длабочина фиоката не оди скроз до крај до лесонитот, има луфта, а и во висина губиш заради механизмиве на меко затворање. На пример, лицето на фиоката ми е 15 цм, а внатре ми остануваат 8 цм во длабочина. Менува доста и како ќе го решиш отворањето. На пример, ако користиш гола профил, ќе изгубиш и повеќе во висина. Ама па фиоки се попрактични за користење, па особено ако имаш голема кујна, веројатно нема ни да го осетиш тоа. Другата длабока фиока што ја имам под шпоретот првично ми беше замислена за чинии, па се премислив, па сега сум уште во процес на реорганизирање, не ме осудувајте што е вакво Спојлер Планот ми е да ги тргнам тавите (сите или скоро сите), и наместо тоа да наместам тенџериња, за да не сметаат вака рачки. Всушност, поентата и ми беше да ви го покажам овој организер од Тему, што е наменет баш за тенџериња и капаци од тенџериња, може и сте го виделе. Технички, во зависност од ширината на фиоката, може да се стават и 2 вакви, едно до едно, дури и свртени кон нас. Истото важи и за чинии. Само пак би рекла, позгодно е така ако фиоката се извлекува докрај, за да не е незгодно да се извади нешто од најназад. И мислам исто требаат подобри механизми, што носат поголема тежина за да издржат така.. Инаку, оваа фиока е абнормално длабока, не се ни прават толкави, пошто како што кажав, беше планирана првично за чинии, па се водев по тоа колкави се најголемите чинии + да остане луфта. Е пошто не испадна така, мораше некако да пренаменам, ми се најде па ете за други работи, и ми се допаѓа па и тоа што вертикално собира лажици и такви слични работи што не знам искрено како да ги организирам поинаку, сите се со чудна форма Друго нешто што е многу корисно е да се испланира да можеш истовремено да отвориш и машина за садови и фиоките/шкафчињата каде што чуваш прибор, чинии, тенџериња и сл, за од машина директно да ги редиш на нивното место, а не да ги вадиш прво на работната плоча, па после да ги носиш едно по едно до своето место. Кај мене непланирано испадна така . Друго нешто што можам да кажам е да се користат различни механизми за понезгодни места. Пример, кај мене вратата под мијалникот се отвора надесно, кон машината (сакав налево, пологично ми е, ама не можеше мајсторот никако да ме сфати што барам, па ај нвм). И сега, знаејќи дека имам лево слеп ќош, ќе сакаш да буричкаш таму, а и тука е сифонот, па можеби некогаш нешто ќе треба да се работи, значи треба простор, многу е позгодно вратата да се отвора повеќе од 100-110°, како што се класичните механизми. Има механизми со агол на отворање од 150°, па и повеќе, и е многу корисно за некои ситуации, за комоција во потесни простори. На некои места мораше да се стават и механизми што во затворена положба механизмот зазема 180°, а кога ќе отвориш, 270°. Еве како таков механизам со поголем агол ми се најде горе во висечките елементи: Ќошот на висечките елементи ми е ваков тип: Спојлер Е сега, не знам дали сте виделе, и дали секаде така ги правеле порано, ама кај моите на пример, тука десно кај механизмот уствари ставале парче иверица за на него да се држи механизмот и да може да функционира во тој агол на отворање до 100-110°, пошто тука вратничката и корпусот не се под прав агол. И сега, пошто ставив механизам со поголем агол, не мораше да се става такво парче иверица, механизмот си е заштрафен за страницата десно, баш како на сликата. Реално за ќошеви и горе и долу има премногу опции, се изнагледав и тогаш, ама во конкретниот случај, овие најмногу ми одговараа. За тие што не сакат ваков кос ќош, најчесто мислам одат исто со мал слеп ќош горе, т.е. едниот шкаф оти до крај, или евентуално со онаква вратничка што се прекршува.. За чиниите најпрактично ми е вертикално да се редат на решетки, а има и организери од Тему, ама не се баш тој стил. Гледам обично ги ставаат во горните висечки елементи, има и поскапи механизми во Солопром и сл. Јас ги ставив чиниите на горните полици под шанкот, пошто и онака ми е потесен/поплиток, на решетки што ги најде татко ми од некаде (500 ден беше една решетка): Спојлер: Решетки за чинии Може и ќе порачам од Тему ваков тип, ама за подлабоки чинии, малку поинаку изгледаат. ... Што се однесува до вц-то, прво би рекла дека многу работи не знаев дека можам да побарам да се сменат во изградба, така што не го судете распоредот на туш, машините за перење и сушење, невграденото казанче, и општо, глупата позиција на шолјата итн. Дали можеа многу работи да се подобри, да, ама тоа е што е, сега гледаме само организација, т.е. мебел . Цело време одев со мисла ок, во секоја соба да се чуваат работите што се користат за во таа соба. И така сфатив дека всушност има мнооогу работи што одговара да се чуваат во вц, да не земаат простор на други места.. И ако мислевте дека изнаставав еден куп шкафови, погодивте . Ко за новоградба, вц-то е релативно комотно, околу 5 м2 е, 1.6х3 м, па има простор, иако повеќето шкафови ми се висечки. Еве скица: Спојлер: Скица од вц Тушот е со завеса, затоа што ми изгледа како најпрактично и најлесно за одржување. Кај мијалникот, под мијалник имам висечко шкафче со вратнички каде што чувам тоалетна хартија, а планирам да докупам и некој организер од Тему, има како на 2 спрата, баш за простори под мијалник. Таму би чувала фен, чешел и сл работи. Под тоа шкафче најдов совршено кнап столче за да се поткачам ако ми треба нешто од погоре, да ми е при рака. Инаку, во вециња со многу помалку простор, мислам дека многу повеќе се исплаќа шкафче на ногарки, добиваш повеќе простор за складирање, иако поубаво изгледа висечко, и полесно е за чистење.. Над мијалник исто имам шкафче со вратнички со огледала, каде едната вратничка е поголема, другата помала, за да не ти дојде спојот на вратничките точно на средина, каде што се гледаш. Мала е ширината, инаку можеби ќе ставев и 3 вратнички. Тука под вратничките со огледала има и отворена полица за да си оставиш нешто. Во тоа шкафче чувам работи како пасти за заби, чепкалки за уши, конци за заби, water flosser и додатоците што доаѓаат со нив, mouth wash и сл. Над шкафчето имам сијалица, пошто е полесно за заменување отколку сите варијанти со лед ленти и сл.. А најдобро би било да има сијалица лево и десно од шкафчето, ама нема кај мене простор. Над сушара имам подлабок шкаф со 3 полици за крпи. На највисоката полица можам да го ставам и калориферот кога ќе се стопли времето, и сл такви работи. Размислував доста каде да ставам корпа за алишта, пошто единствено слободно место е десно до шолјата, ама ми беше многу глупо кога ќе влегуваш, како директно в корпа да влегуваш. Па, купив од оние корпите во Базаро: Спојлер: Корпи од Базаро И многу ми користи тоа што од старт ги селектирам алиштата, дури и планирам да прикупам корпи за над машината за перење, имам простор меѓу неа и болјерот . Технички, има и поголеми корпи од овие, колку цела машина, ама поплитки. Ама па ако ги наместиш една врз друга, некако непрактично ми е за фрлање алишта, испаѓа треба да ја крениш едната, за да фрлиш во таа под неа, затоа и ги одбрав овие. За жал, сега во моментот ги нема овие корпи во Базаро, ама би требало да ги донесат. Над шолјата исто ставив 2 плитки шкафчиња, демек едно за мене, едно за дечко ми . Го мислев многу овој дел тука, пошто не ми е вградено казанче, и како несиметрично дојде во однос на шолјата, ама па до шолјата има корпа, држачот за тоалетна, калориферот стои таму, ете нешто пополнува . Ич не жалам, затоа што одма го наполнив мојот дел со туфери, работи за депилирање, работи за менструација, козметика... Дури и во другото шкафче зафатив една полица со резерви од шампони, течен сапун за раце и сл, ме нервира кога „неочекувано“ ќе се потроши нешто и немам при рака, затоа си чувам по една резерва само.. Што се однесува до козметика и сл, купувам само тоа што го користам, не купувам да речеш нешто колку да го пробам, ме фаќа стрес дека ќе му помине рокот и нема да го потрошам. Ама како што велев и претходно, повеќе не ја потценувам моќта на плитки шкафчиња, особено за вака мали работи, преееемногу собираат. И остана уште еден шкаф - до машината за перење. Во тој ќош всушност и малку ми штрчи столб, па секако не можев да ја залепам машината до ѕидот, ми остануваше како дупка од 25 цм. Таму направив висок шкаф на ногарки, колку вратата, околу 2 метри, а долг колку што можеше за да се отвора непречено вратата (50 цм). И искрено, кога ја отвораш вратата, тој шкаф не се ни гледа, иако е толкав, воопшто не смета, секако ќе беше без врска празен простор. Шкафот го поделив на 2 дела, еден дел над машина за да се отвора од кај пошироката страна, позгодно е за земање работи така, а еден дел до машина, што се отвора од истата страна што се отвора машината. Горниот дел го наполнив со еден куп детергенти, крпчиња за чистење, поделени во обични пластични организери, а во долниот дел имам организер со секакви четки, торби што се за перење на патики и сл, и прашок за перење, омекнувач, отстранувач на флеки, сега најново и таблети против бигор за машината . Искрено, најголема разлика во просторот осетив со шкафот под мијалник, пошто инвеститорот имаше ставено чизма, овие сите други шкафови пополнуваат празен простор, што и онака за ништо не би се користел. Си купив и ваква корпа што ми е препрактична, зафаќа премалку место и стои прибрана до сушарата; ја користам како замена за леген - во неа перам рачно, или носам алишта од машина за перење до сушара, или од сушара в спална: Спојлер Не ми се верува колку се изнапишав, во последниве година-две ова ми е најбитна тема, која сум ја разглабала цело време, па сега си ја истурив душата тука . Фала ви на сите што ме прочитавте .
Исти сме. Без посебна соба за дете, буквално се гушам од нејзини работи на сите страни. Само купувам работи за складирање и организери и чуда и пак е хаос низ цела куќа. Посебно пак и зимава кога и јакни, палта, додатна облека се вади постојано. Реално ми фали таа една соба за дете да се разредиме конечно. Ама надежно за брзо ќе биде. Работи јас фрлам често, маж е од тие на кои се може да му се најде, баш никогаш не се нашло. Реално имам многу нешта и за фрлање ама полека пролетно ќе биде. Ми се допадна листата погоре објавена. Може да ја прилагодам на наши потреби.
Колку што ми фали соба за неа обратно пропорционално нема да ја има за скоро пааа... ќе си биде вака уште долго Искрено ние претеруваме со играчки ,имаше период кај шо секој ден се купуваше макар смоки со играчка ,80 % во подрум и ги однесов и пак газам нешто
Препорачајте некои организери за шолји за кафе? Неодамна правев чистка и дел отидоа во кутии во подрум, ама и овие што останаа не се малку на број, па сакам да ги реорганизирам. Можеби ќе заврши работа некој додаток да се добие дополнителна "полица" за да се доискористи просторот во елементот по цела висина. Се плашам само да не ми се испокршат некако, ама што знам. Дајте некоја идеја.
Јас гледав исто нешто вака на тему. Инаку на темава имам многу да напишам, па да најдам малку време и ќе пишам.
Зависи дали имаш место за ваква од погоре споменатите сталажи . Или нешто во тој стил . Ако мислиш да додадеш додатна полица во шкафот и тоа е добра идеја . Ама зависи колку место ќе остане помеѓу двете полици . Да се стават и вадат шољите без проблем . Мене две шољи за кафе ми стојат врз каде машината. Таман за првите две кафиња на сабајле . Планирам навистина тие шољи за кафе , чај што сум ги купила , добила, а не ги користам да ги исфрлам .
@bookslover не ми вршат работа овие од сликиве за жал. Немам толку место во висина колку што се високи полициве, веќе има една поделба внатре. Имам една полица во тој висечки елемент и има висина ама не толку. Би трпело уште една полица, две ми е многу. Вакво со ратан дрвено слично ко на првата слика имам на работната површина во кујна. На него си држам мелници за бибер и сол, лажичиња скроз мали ко за мешање шеќер, теглички со кафе, шеќер, тегличка со дрвени лажици што ги користам. Генерално работи што сакам да ми се стално на дофат и супер ми е. Закачалки страв ми е да ставам, ќе се искршат сигурно. Не ми е баш безбедно. Некоја полица мислев ко оние за садови да редиш доле и горе. Ама се плашам да не се лизгаат шолјите при отворање и затворање на елементот. На вакво нешто мислам: Не ми личат на многу безбедни вака на прв поглед, па ако некоја има нека сподели како се покажале. @MacenceEna и мене две шолјички мали ми стојат на машината, ама не ми се пие баш од нив сабајле кога си правам кафе. Шолја бирам строго по расположение. Малку ми е количински, па си земам некоја XXL да се напијам ко човек. Све што имам а не користам спастрив на страна и не ми стојат во кујна. Ама си имам некои ептен драги и плус мерак ми е во различни да си пијам, па им барам решение. Плус и маж ми е фан на шолји и се насобраа доста, ама тоа е. Ќе им бараме решение сега.
Ај да ви кажам,може на некој ке му се најде како идеја.Организација за во кујна се пластични чаши,хартиени ,танирчиња исто пластика и хартија за еднократна употреба,и вилушки и лажици,употреби и фрли.За фамилија од 4 ова функционира перфект.Само 1 да земе чаша за вода тоа е минимум 3 пати на ден.Обележани ми се со маркер црвен и со име за денот.Ако израчунам машина+таблети+струја + ставј па вади тоа е многу.Првен имаше побуна,ама пошто никој не помага ова е опција за преживување.Чорапи купувам само исти 5 пара пример,и секогаш имам пар со било која да ја спојам.Облека стрикно што не се пегла,таков материјал,пери и дипли.Ретко уклучувам пегла.Хаос се ствара од премногу ствари,минимализам е измислен за да си едноставам.Гледав куп видеа на тема организација.Овие помагала што ги сликите и не се баш помош туку ствар плус,И јас мислев така кога почнував дека ќе ми требаат 10 корпи за организација,ама губење време.Ова го кажувам како бивши хордер-собирач на работи,дупликати,спомени.Е книги и цвеќиња имам повеќе од што треба,исто и шминки и козметика.
А каде ја чувате малата облека од децата што нели може ќе се најде за второто? Или со облеката нека е тука може ќе ослабнам Јас од малиот не се, ама така поубаво, позачувано ставам во вакум и врз плакар во спална оти немам никаде место. Некогаш когс чр де загледам ми е гризно ама немам друга идеја.
Исто, вакум ќеси и во плакар најгоре. За облеката “може ќе ослабам”, ако две сезони поминат, а ја не ослабнувам него идам нагоре - ја донирам . @Mishela кај мене шољите се вака, на организерот страна наназад што го имам постирано. Исто сум колекционер на шољи и имам според расположение, сезона, мали, големи, за чај, млеко, кафе (и на крај пак од една пијам), голем дел фрлив оти ми зафаќаа цел еден елемент од кујна, а тоа што оставив наредив во два реда. Ако имаш длабочина на елементот, висина не ти треба многу (колку две шољи), ептен е практично.
Јас од ќерка ми чувам многу малку, ја чувам под спалната, кај мене се крева и има место одоздола. Е сега порано тука имаше постелнини што не ги користев и алишта мали е тоа исфрлив се и сега има само нејзини. Мои чувам само неколку класични парчиња што не излегуваат од мода. Порано чував повеќе, сега си викам ако ослабам ќе си купам ново. Најдобро ти е под кревет или ако можеш во плакарот кај кебињата да пробаш да ги здиплиш како коцка, а вакум вреќата да ја ставиш вертикално, за да не ти боде очи над плакарот.
Планот ми беше да и направам кутија каде што ќе и чувам некои значајни алишта по 1-2 во годината, како што расти. Е нели планот како план, па ова ми е убаво, па она ми е убаво, завршивме со купишта пластични кутии исто над плакар. И исто изгледа хаос. На тема второ дете кога почнав да размислувам што со алиштата, може нема ни да се исти пол, а немам којзнае колку неутрални парчиња. Може ќе се комплетно различна сезона, од едното зимски, другото летно пример и да не се погоди да чинат, бар додека се помали. Така да водена од ова почнав се повеќе и повеќе да донирам. Ај што не сме ни решени за второ, туку и да има второ и тоа ќе собери еден куп и само трупање. Тоа што е оштетено фрлам.
Здраво девојки @MacenceEna фала ти на темава, баш во вистинско време Супер идеи сте споделиле а богами и опфатни-целсони дискусии и анализи Е сега ми треба помош, имам еден дел во собата на ќерка ми кој треба да е плакар (и никако маж ми да направи и мислев дама што можам да склопам) ама е мнги мало местото и под косина. На едната страна највисоката точка е 170 а најниската е 120, должината е 100 , ширина има 80 см..му доаѓа како трапез .. како да го смилам?? некои наткасни со фиоки да ставам, дел за закачалки и секкао ќе биде отворен нема да има врата да се затвара (има еден мал дел што смета).. мислев големо огледало што ќе може да с епоместува.. Ајде што мислите??
До 120 цм висина можеш и плакар со лизгачки врати да ставиш. Над него полици пола затворени пола отворени. Или еден дел од 60цм со 120 цм да биде со врата и внатре да има простор за облека (таму закачалки) . Тој да е на едната страна (каде што можеби може да се отвори врата) и од страните да имаш комбинација од отворени и затворени полици. Полиците да продолжат на повисоките делови до горе. Или нешто вакво на пример:
Ептен ти фала, ич не ми текна на оваа идеја.. баш ќе пишам како ќе излезе. Секако ќе мора да с енаправи најскоро и најитно, преполн е плакарот кај големиот во соба.
Ме збуни, должина и ширина нели е исто? Во едно метро простор, па и не можеш многу да сместиш. Ако вратите се класика 50см , би му дошло како 2 елементи од тие што ги постирала Џојка. Или види идеи овде, https://www.shelterness.com/smart-attic-closet-ideas/ Јас би одела или со дел фиоки 50см, до висина 100 барем, дел за обесување, на 120. Ама длабината на просторот не ја разбрав, ако е 80, многу е тоа
Нешто измеѓу , ќе видиме.. еве како што си ми ја пратила сликата, еден ред од фиоки доле (лево на високиот ѕид) горе полица а во чело за закачување да дојде.. незнам што ќе излезе ама во глава го имамм веќе
Со задоволство Знаев дека темава ќе се најде на некој од нас . Проширна е темава. Можеме да опфатиме повеќе полиња ,средување, расчистување . Ставање ред .. итн . Што ви е по ќејф.