НОВА ТЕМА: РЕД ВО ДНЕВНА СОБА Девојки, како одржувате ред во дневната соба со леснотија? Јас сум тип на човек, што не трпи неред. Ама еве упорно се трудам да седам и да не правам ништо . Цел ден работам како мравка . Вредна.. Сметам дека треба да си дадам момент на одмарање, каде оставам се како што е.. да го навикнам мозокот . Знам дека не е голема работа да земам да раскренам ама некогаш и немора одма да го направам тоа . Чекам да биде ручекот готов и да јадам . Па после ќе средам . Спојлер: Неред Мислам не е нешто екстремно растурено , ама по мој терк треба да е се на свое место . Малку нозе во вис и после тајмер ќе ставам , 15 мин и толку
Каде има неред овде @MacenceEna? Ако мислиш на 3 чаши и лименка врз клуб маса, скалата со која мериме неред ни е доста различна . Супер тема инаку, низ годините сфаќам дека само минимализам мене ме "спашава". Како дете мајка ми беше прилично "домакински" тип, до толку што трауми скоро добив од будење секоја сабота рано утро 7 - 8 со звук прво направосмукалка, нон - стоп некакво тропање, стално нешто ука-бука да се намести нешто. Одеше на работа и се преработуваше и дома со маж кој започна и самиот да домакинише тек на старост. За жена за чистење да се вика, нон стоп се наоѓаа мани ова не чинело, она не чинело." Забрането" и беше во соба да ни влегува и преместува. И моето чистење-местење "нормално" не го достигнуваше тоа ниво. Кога идеше на гости со маж ми генералки праевме претходно јадни. И така јас од мала знаев дека не сакам да бидам роб на куќа, и се сама најдобро секогаш да правам по дома. Повеќе сакам да платам некому за чистење, јас порадо на работа би ги работела тие сати ионака кост/бенефит е таму поголем. Маж ми е скроз за сите работи изверзиран, па делиме обврски углавном со тоа што јас доста патувам и преспивам и надвор од дома; а ќерка ми, е ќерка ми е како јас на нејзини години, па немам нерв да се жалам. Иначе Карчер си купив делукс неодамна, као за помалку хемикалии да користиме, штета што не доаѓа заедно со мерак за честа употреба во пакет Робот правосмукалка ни смука, а од мачката дека е со долги влакнa, секој ден има што да се смука. Не можам сеуште спомени и украси од патувања да се решам да фрлам, инаку се спротивно од хордер сум, тоа само за облека. Сума сумарум, минимализам, платена помош, маж фер играч и желба да не се опседнувам со зрно прашина како што сум имала прилика да видам се sweet spot за мене. Ниту имам пајажини ни гнасотилаци низ дома, ама не сме ни ко во аптека или хируршка скала. Просек златен.
Ена, се гледа дека сакаш се да ти е цакум пакум, оти ова за мене не е неред мислам ок ми е ВНИМАНИЕ! TLTR За да има некаков ред во домот,клучно е да биде минималистички опремен. Претешко е тоа да се постигне во дом што се собирал 15-20 години. Еве ние почнуваме од нула и планот ми е што помалку мебел и тракатанци да имам. Дневната, трпезаријата и кујната ми се заедно, т.е. ќе бидат. Во дневната само гарнитура ,клуб масичка, вграден камин и закачен на зид ТВ. За тепих и завеси размислувам уште, не користам веќе 15 години. А ќе имаме рафстори. Така може отпаѓаат завеси, а и подот ако биде онака како што сум замислила, и теписи нема да има. Значи робот правосмукалка ќе заврши работа сам. Макар што во игра е и централна правосмукалка. Трпезариската ќе се состои само од голема трпезариска маса и столови. Кујната одделена само со остров. Мислам дека таа ќе ми биде само за украс, зашто до неа ,во оставата ќе монтирам уште една помала, за секојдневно готвење. Е тука планирам да спастрам се што ми е од посатки,миксери, апарати, модли......сеуште не знам точно како. Во фиоки сигурно. Исто и продуктите за готвење, секој во посебен сад со капак. Вака нешто Овие се достапни на Амазон за 30-40 евра, 24 различни бокса. Исто и чипсови, мусли, чоколатца...... преубаво и прегледно, нема кесички отворени па со штипка затворени се под линија Исто многу ми се допаѓа, видов негде на јутуб, фиока само за зачини. Прејако Уште сега се радувам што во купатилото ќе имам "шахта" за валканата облека, ќе паѓа дирекно во одделот кај машините за перење. Воедно тоа ми беше најголем проблем, мкнење корпи со валкана облека до долу, па враќање празна корпа горе во купатило, па сум заборавила да ја вратам, па се останало на под.... тоа децава. Во вешерајот ќе бидат само машините за перење и сушење алишта и едно тесно а високо затворено плакарче за прашаците и омекнувачите и за џогерите. Друго што ме радува е што децава ќе добијат секоја своја соба. Со плакари само со закачалки , да не се дипли ништо. И вакви за панталони Фиокар за долен веш и такво со прегради за чорапи Имаат и сега и презадоволна сум како им стојат спастрени и прегледни. Е сега би ми требало совет, идеја како да уредам соба плакар. Прилично е мала. 2.8х 2. Висина 2.60 Спојлер лево е балконската врата, долу со испрекинати линии лизгачка врата. Во разговор со пријателка што има ваков плакар, вели отворен ко од икеа се прашат алиштата многу. Затворен плакар и замирисувале алиштата. Сите идеи се добредојдени. Сите бескорисни работи, јас ги спакував во прозирни ,пластични кутии. Исто и сезонските украси,велигден,божиќ, летно и есенско деко. Засега ми стојат во просторија што не ја користиме, а после ќе ги префрлам на таван. Прегледно, заштитено од прашина и достапно.
Ќе ти се прашат алиштата и во отворен плакар и во затворен. Секако се собира прашина. Зависи нели и од местоположбата на домот, дали е во градско подрачје, природа итн... Јас би ставила отворени полици во ваков соба / плакар (мој неостварен сон инаку ) и многу фиоки. За прашината / умирисувањето, клучно е добра вентилација.
Мене ме интересира (пак јас за кујната) постои ли нешто како стаклени кутии за храна, како овие погоре, ама да не се пластични? Можда многу барам, ама не можам во пластика да чувам.
Слично на венецијан ролетни, само што се пошироки и се монтираат надворешно Спојлер Ќе одам најверојатно со отворен модел, пошо вратите и осветлувањето на ваков плакар беа поскапи од корпусот Гугл вели дека постои Спојлер и тоа во Möbelix
Последно што видов имаше стаклени во Action.. мали и големи . А за рокот можеш да запишуваш со креда пенкало . Јас во нив чувам ориз. Со креда е запишано која сорта ориз и време на готвење
Отворен плакар , со место за закачување на облека . Ќе имаш поголема прегледност. Повеќе ќе имаш ред и фиоки со такви организери од погоре . Тоа што го мислев погоре , не е дека сум тешка педантерија . Него некогаш целиот тој хаос , не е само во тој дел на клуб маса него пошто во цела дневна ме нервира . Ама почнувам да практикувам средување со тајмер. 15 мин . Да се раскрене , да се стави во машина и слично . Обврски им делам на сите членови по дома . Од најмало до најстаро. Еве сега е делумно средено, се вратив од јога час . Да спружам машина и се туширам . Зашто нозе ми вибрираат. И настинувам плус.
Самолепливи ливчиња, бел фластер и пишиш со маркер или ако сакаш да ти се ко од пинтерест има на тему едни мали принтери . Јас сите житарици, тестенини, брашна во вакви тегли ги чувам (ако некој бара во Мк ги имаше пред некој ден во Рамстор), и у глобала тоа брзо трошиме, па не ставам рок.
Јас имам метод- лепам такво проѕирно џепче од пликоа, и во џепчето пикам етикетата пресечена од опаковката. Ама обично брзо се троши тоа што се троши, ориз, леќа, грав, овес... Ќе го проверам баш, тие од Икеа не ми фаќаат око. Сега и мобеликс да сурфам...
@Kasiopaja221 кај мене сите плакари за алишта се со врати, ниту прашина фаќаат ниту има мирис. Во подрум(ама чист, функционален простор) тие плакари се без врати и чувам обувки. Има тон прашина секогаш. Јас никогаш не би се решила на пакс без врата. Сега конструирав онлајн на сајтот нов пакс за во собата на големата, и тој со врати секако ќе биде. Тие за панталони беа екстремно непрактични, ги извадив од секаде. Не знам дали до мене е, што имам многу алишта, ама никогаш веќе такво.
Не си само ти. Или дефинитивно и ние имаме премногу облека. Поедноставно ми е на пример закачалки за 3 пара пантолони , отколку цело такво за 10. Или во истиот простор, 30 би наредила Имав плакар со лизгачки врати, живци искинав пошто се полнеше прашина. Го заменив за пакс со нормални врати. Имам друг исто со нормални врати, никогаш ништо не се замирисало.
Вчера и купив обични нови закачалки на ќерка. Нареди по едно парче на една закачалка и заврши работа. Јас имам многу малку простор и многу многу облека и морам да оптимизирам кошули, пантолони, сако- се на една закачалка. Ако тргне ќеркава секое парче да го реди на закачалка, 7 метри плакар нема да и стасаат. По модата сме фамилијарно, ептен
Панталоните ми се на обични закачалки, собира многу повеќе. Немам ваква закачалка за со три оти имам две шипки една врз друго, не знам дали ќе има во должина доволно простор. На горната ми се сакоа, на долната ми се панталоните, за подобар увид при комбинирање. Фармерките само ги здиплив, кај кошули те, на карши од првиве. Тие кои редовно ги носам се над кошулите, за полесни на дофат да се. Тие кои поретко ги носам под кошулите, повторно поради подобар увид при комбинирање. Пред планирање на собата плакар мора првен со електричарот план да се направи. Потоа, според тие кој колку и какви алишта има ќе се планира внатрешниот распоред да се знае точно каде ќе стојат фустани на пример, дека треба простор во должина итн. Спојлер Да не редам плус слики. Но како што кажав, според потребите и тоа колку парчиња од кој вид на облека го правев внатрешниот распоред. Маички, блузи, спортска облека…се е на обични рафтови. На закачалки ми е вечерна, елегантна, и овие. Да немав врата екстремно ќе ми пречеа несовршено нареденитњ закачалки, несовршено здиплените алишта ако не се под конец итн. Сега само затвараме врата и ништо не ми пречи .
Прашината никогаш не сум ја поврзала со типот на врата ама ми има логика сега. Во домот на моите сите плакари со нормални врати, ронка прашина немаше внатре. Во мојов дом сега, нели за простор, за модерно, за не знам што, сите плакари со лизгачки врати се. Обавезно е долу со прашина и на шината и на најдолната полица.