Некоја да каже искуство со закачалки за пантолони, имав едни пластични беа. Не ми се допаѓаа многу ама само тие успеав да ги најдам порано и се испокршија. Сега сакам да земам неколку нови, мислам дека гледав во Синсеј некоја да има земано од таму да каже дали се добри? Јас да си кажам дека си почнав со "пролетно" чистење имам голема кујна па почнав од неа, да ја средам прво неа, да прередам и исчистам се. Почнувам со работи што не се гледаат, со бебе мало мора да си планирам на време.
Баш ќе земам од Синсеј таква закачалка деновиве, па ќе пишам. Прогрес статус-почнав со чистење на кујната, зедов таква поличка од Икеа, сега имам 2 реда за шољи, ваљда ќе биде доста. Прашање- што ставате во елементот кајшто чувате зејтин, да не биде стално мрсно и гнасно под него? Ништо не ми текнува, а многу ме нервира.
Пластика мала, како оние од сирење да речеме, иначе и мене ме нервира така да ми е мрсно и рашлакано од зејтинот. Има вакви како на сликата, и се залетав да купам, ама која е поентата, пак капе во средина, и си ставив пластика. Ама да си ја миете редовно, зошто и таа ќе ви се замириса за 3 дена. Неискористена глупост: Во што го чувам сега со оцет заедно, без капакот секако:
Абе и јас го чувам во капак од тегла, ама пак е безвезе. Мислев некое научно фантастично решение да не постои.
Ете тоа првото, ама ич не е научно, ниту пак практично решение, има дупка во средината, и пак џабе си го ставил зејтинот во него.
Ваква кутија имам, ми стои до шпоретот Оцет, масло (сончогледово, маслиново), балзамико, сите такви течности ги чувам во ова, при рака ги имам постојано.
Што ми препорачувате за чување обувки? Пример оние што се складирани за друга сезона, оние што не се носат секојдневно, оние што сакам да ги немам ама немам сила уште да ги фрлам? Имам премногу што ми стојат во кутии,ама толку непрегледно ми е, пред некој ден душата ми испадна додека најдов тоа што барам. И криво ми е што чувам обувки од големава и остануваат неискористени од помалава пошо........непрегледно. Сега сакам да земам некои шкафови за чевли по можност прозирни да гледам што има и да ги ставам на таван. Ми излегуваат реклами од Тему, па оттаму идејата. Вакво нешто Кажувајте идеи ако имате, морам што побрзо да го решам "проблемов"
Препорачајте ми нешто каде шо можам да ги чувам ташните. Немам место во шкафовите. Или па некаде да ги закачам? Ама прашина ќе собираат.
Кутии од икеа? Skubb или така нешто. Ама искуство немам и скептична сум, особено за чевли од мм, дека голем број. Чувам во оригиналната кутија, или има слика од чевлите оригинално или лепам/ пишувам што е. @Adidas888 ташните што не ги носам, пошто менувам сезонски и според потреба ми се сите во една голема картонска кутија со капак. И чевли и јакни и ташни и капи, шалови, се во плакарот во ходник.
Јас се си носам, а во ходникот немам место за плакар. Така да, отпаѓа идеата со плакар во ходникот и кутиите . Немам место, џабе. Нешто за надвор од плакар ми треба.
Billy библиотеката од Икеа, реди ги по полиците. Е ќе фаќаат прашина за жал, ама па и не е толку страшно, што знам. Штосно изгледа. Јас во спална имам ваква. Порано имав книги ама мала ми е за нив сега и ја пренаменив во полица за парфеми и некои ствари што често ми требаат, мали ташнички, накит и слични работи, таму си ги редам.
Ммм, да, ова најфункционално ми стои . Уште ако можам да најдам нешто со кое ќе можам да го затворам супер ќе биде, а ако не - сите ташни надвор пред балкон ќе си ги најдам фрлени од ќерка ми
Мислам дека има и верзија пола-пола. Во долниот дел има две вратички, а нагоре се полици. А и ова го гледав, баш е симпатично. Разгледај што имаат, ќе се најде нешто секако.
Еднаш налетав на темата, многу ми се виде интересна. Кога ќе имам време на тенане ќе ја исчитам, а може и нешто ќе применам . Важно, лајк
Били може да се купи и со вратниска исто ко на сликата што е подолу. Не е некој квалитет ама па тесна е 40цм, плитка 25цм, сегде би требало да ја собере. Мислам и пониски има, само со затворена вратничка...еве...106цм Што вика мм, треба во икеа да те вработат, секоја една глупост што ја имаат ја знаеш напамет. #ова не е реклама, Икеа не ме плаќа Е...друга ефтина (и економична во простор) варијанта се пластичните чевларници, 2 идат за околу 20евра...гуглај trones ikea, не можам да додадам слика на едитирано мислење.