Не ми врши ова работа, Биљо , шо ќе стаам во него, 2 ташни? А пластичните чевларници ги иам, надвор пред врата ми стојат за обувките на маж ми. Оти погоди шо - немаме место за неговите па надвор си седат . Сега нешто почнаа да ми сметат и неговите алишта, мора и за нив да најдам чааре, да си ослободам место за моиве.
Jас чевлите за различни сезони ги симнувам и качувам во визба, а тековните ги чувам во "мрежасти" фиоки од икеа во гардероберот, 4 големи фиоки една врз друга ко сардини во лименка настегани. Во кутии ако ги чувам повеќе место ќе зафаќаат, најнежните само имаат вреќички за нив да не се изгребат или тријат со другите, останатото "пери носи" 10+ тина рала патики неколку пара чизми, неколку чевли, штикла слабо, ако ми требаат тие се симнувам во визба. За чантите и јас немам решение најдено, ги имав овие држачите за нив ама не ми беше практично, закачени некако тешки ми беа ставање вадење, а не се сите за да стојат сами исправени погодни, ослободив 2 најголеми полици во втор гардеробер, и таму која исправена која една врз друга, , а кога ќе затворам лизгачката врата, не приметувам несиметрии, рачки, ланци, бои. Во држачите за ташни ставив крпи разни големини шалови заролани, постелнина заролана, некако попрактично ми е, оти секако не ми стасуваа а и полесни се вака, им ги заменив местата, прекривки дебели вакум и во пластични кутии во визба. Најкриво ми е што немам доволно место за книгите, се е пополнето и од нив во визба носам прочитаното. Плус стручните, плус стручни часописи од кои сакам по нешто да сочувам, крцат од тежина е шкафот за книги, а и на маж ми се тука, не му е мило ако ги "настегам" неговите, за моите да се " разбашкарат"
Да ви споделам неколку совети за чистење што ги применувам, а може ќе ви се најдат. Како што кажав во некое мислење погоре почнав со чистење на кујната па ќе споделам некои трикови што сум ги нашла по интернет и кои ги применувам. Дрвените лажици ги ставам во длабоко тенџере со вода да зовријат и го оставам да вријаат 15 минути после ги вадам ги мијам со сјај и ги оставам да се сушат. Суви ги премачкувам со маслиново масло. Стаклената плотна за готвење ја чистам после секое готвење со сјај и оцет оставам да делува некое време чистам и после 10 години кај мене е сеуште како нова. Исто решетката од рерната ја чистам само со жешка вода и сјај и сите месни точки по неа излегуваат одма, предходно чистев и со магично но само со сјај и жешка вода излегуваат одма па сега чистам така. Имам бела кујна од сјаен медијапан и неа ја бришам со едно капаче белило (варикина) и една мала лажичка прашок за перење растворени во жешка вода. Бришам со бела памучна крпа и вади буквално се. Може да напишете и вие ваши трикови па да си олесниме во чистењето. Во моментов барам нешто вакво за да ги средам даските за сервирање Спојлер: Организатор
@LeNora За чување даски можеш вакво нешто од ИКЕА . Во него чував книги од синко . Ама може да се користи за повеќе работи. За чистење неможам детално да пишувам . Време немам . Оставам на вашите идеи. Може ќе се најде некоја и ќе си олесниме чистење. Оваа недела треба да спремам гостинска соба за девојче од 12 години . Па да направам чистка . Да средам треба и горната дневна, која е распослана со колички .. нит време нит желба имам .
Го гледав и ова само треба да видам димензии за да стојат стабилно. Ова ми е и поубаво дека дрво баш ќе си одговара.
Леле, ти ли бараше закачалки? Ги видов тие во Синсеј, како кадифени демек, ама такви уствари имам и не сум задоволна, брзо се кршат. Значи вакви -Не.
Исто и јас имам такви трауми од дете,па сега некој да ме рече домаќинка како увреда ги сфаќам.Мразам чистење ,дека ме критикувале толку и се треселе дома на секој гостин ,најавен или не.Точно минимализам му е спас,зашто помош и немам нешто . За жена да ми дојде за чистење,без проблем од нокти,фризер и облека ке скратам и ќе поработам нешто плус,отколку викенд да поминам со генералка.
Тегла ти е опција. мали големи и средни. Зачини оригано, сув магоднос и такви зачини чувам јас во мали тегленца од кашички од децава. ама од најмалите.
@ani23 еднаш месечно да доаѓа жена , е само да исчисти бањи, да пребрише и слично . Немаме дома батлер, слугинки кои секојдневно средуваат за нас . Свекрва ми имаше жена која доаѓаше да и чисто . Да помине со правосмукалка, да пребрише подови, брише прашина . Сакаше да ми ја предаде на мене . Ама нејзиното чистење е она бејзик, истото што роботите денес го прават за мене . Смукаат и џогираат секој ден . За секојдневен ред е овде тема . Колку и да го мразиме зборот домаќинки, сите водиме домаќинства. Имаме домови. Гледаме да ставиме немој стандарден ред . Со помалку работи дома, има помалку работа . Факт . Затоа треба најпрво да се ослободиме од сите непотребните работи . Да средиме шкафови , да исфрлиме непотребна облека , да средиме шкафови со чевли и ташни . Инаку , мислам дека е време за пролетно деко и велигденски работи . Имам цела кутија ,ма и повеќе со пролетни , декорации . Стаклени со корк капак има во Action. Јас вака го чувам оризот
Еднаш во месец е малку да доѓа жена ,3 пати во месец е потаман.Лично мене ми е приоритет бањата и вецето.После гости и пред обавезно поминувам мислам перфект,и секогаш ми е чист овој дел од домот.Ова со тегливе стаклени е убаво на изглед ама непрактично,бидејќи немаш увид во датум на траење на производот.Само сол може да чувам вака ,другово нема смисла.Го имам гледано на видеа ,само за сликање е арно и убаво.Тековно одржување на кујна е со чаши за еднократна употреба исто и тањирчиња,употреби и фрли.Од мали ги викам пиратски чаши,така деца се научија ,стакло ретко.Еве за некој добра идеја да прочита и да се снајде во некое време кога можеби и здравствено не е добро и да функционира.Ова мислам дека е 100 % моја идеја и можам да ја патентирам,ме спасила многу .
На темата стаклени садови за храна ги има во многу продавници оние со бамбусов капак, јас купив последно од Стокомак стаклени со пластичен капак, убаво затворат. И јас чувам во стакло попрактично ми е и попрегледно. За датумите мене долу на дното на секој сад имам напишано датум и залепено, можете на обична хартија со селотејп, можете на оние цени за во продавница што се пишувате датум лепите и тоа е тоа.