1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Режим за топење маснотии

Дискусија во 'Фитнес' започната од StefChef, 11 јуни 2013.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ааа супер, тогаш одам јас да правам тема за тоа дека ториите на Ајнштај и Њутн не се точни- па планирам да студирам физика, а на нет има милион безвезални статии во моја корист, нема врска тоа што теориите се докажано точни уште од пред 500 год, па светот оди напред според др. StefChef битни се “најновите“ истражувања, статии кои се темелат на едно големо ништо


    Ок другар ми здосади веќе да се пречкам со тебе, ако сакаш да дискутираме ќе дискутираме но со факти кои се стабилни,потврдени во било која пишана литература(макар било тоа и дневен весник-барем има автор) а не со истражувања или проекти спроведени на 100 души во САД, без потпис и користена литература,може??
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ни јас не планирам да се докажувам ни да се расправам.
    Ќе речам дека метаболизмот е комплексна работа не е само да земеш одреден витамин,минерал и ќе слабееш така лесно.
    Секоја литература се базира на истражување спроведено од научници кој одвоиле време да направат нешто добро за општеството,да најдат пат и да го подржат со факти.
    Науката напредува и треба да се следи.
    А зад секое истражување стои одредена институција.
    Особено во фитнесот,пред 5 години беше вежбај кардио сега е вежбај интензивно.
    Секој си има свој избор,јас верувам дека без исхраната да ја средиш,нема ништо да направиш во долг период.
    За млечни производи.
    http://www.nhs.uk/news/2010/09September/Pages/milk-dairy-weight-loss.aspx
    За витамин Ц и дека подобрува топењето на мастите.
    Витамин Ц не го забрзува метаболизмот такво нешто не постои,но бидејќи е кофактор во создавање на карнитин,која е амино-киселина битна за транспортирање на масните клетки во енергија,ја подобрува оксидацијата на мастите.
    Тоа не значи дека го забрзува метаболизмот,туку помага во одредени случаеви,ако имаш дефицит од витамин Ц.
    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1564400/?tool=pubmed
     
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Другар како што ти рековме не линкови стави пишана литература со автор, а за тоа дека за слабеење треба да вежбаш и да си ја средиш исхраната го знае и баба, всушност јас пред месец дека благодарение на тоа ослабев 10 кг, само не е прашањето во тоа, прашањето е во твоите статии кои ни ги нудиш како веродостоен извор, а не се 100% точни
     
  4. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Ако ти си студент на нутриционизам јас сум на медицински општа медицина го имам изучено целиот метаболизам од нормално до патолошко и упорно те гледам си тврдиш и си тераш по свое па земи прочитај за витамините почнувајќи од хемиска структура до биохемиско функции и нивен метаболизам па дури ако треба и нивниот недостаток што предивикува. Си читнал некое книгиче од 50тина 100тина страни и се знаеш. Си напишал за витамин Б (играат улога во метаболизирање на протеините,јаглехидратите и мастите). Што е тоа витамин Б? Кажи ни објасни ни такво нешто витамин Б не постои , се прашувам дали и воопшто знаеш нешто за витаминиве. Се напишал следново Ќе речам дека метаболизмот е комплексна работа не е само да земеш одреден витамин,минерал и ќе слабееш така лесно никој не рече дека ако земеш некој витамин ќе слабееш но факт е дека помага. Се е меѓусебно поврзано во метаболизмот едното без другото неможе да функционира. Мој совет до тебе е ако сакаш да се занимаваш со ова прво детално треба да работиш на темава. За почеток земи од некоја стручна литература почни со протеини нивната градба од молекул па да комплексно соединенија врските помеѓу нив, реакциите значи буквално се, така и за масти и јаглехидрати. Одкога ке го поминеш и разработиш тоа премини на витамините и ензимите да не ги заборавиме и хетеромакромолекулите па дури потоа премини на нивниот метаболизам заклучно процесот на лимунска киселина и така натаму да не должам. И уште нешто, ако учиш нитриционизам не значи дека другиве навта пијат неможеш се да знаеш секогаш има некој што прочитал и знае повеќе.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добро што сте запнале да си ги мерите црпките?
    Човекот најдобронамерна намера имаше, а вие почнавте да се докажувате на научна база.
    Ајде оладете малку.

    Режим за топење маснотии според мојов билдер дома е секој ден да јадиш во точно одредено време, пилешко варено или на скара убавезно во исхрана, ориз исто така, туна, варени јајца, салати, овошје, а за ужинка не е лошо од виталиа што се житарки.
    Вода се подразбира, пола саат пред доручек пола литар било добро да се пие.
    Јогурт барем две чаши денот исто така е добро.


    Јас имам едно прашање за алкохолот, се карам со овој дома постојано дали вино може да се конзумира додека си на некаков каков-било режим?(барем за викенди :) )
     
    На UbavkaBube и erzebet.00 им се допаѓа ова.
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Благодарам за критиката и тука сме за да дискутираме и да ја гледаме целосната слика и да ви објаснам како да го постигнете телото што го посакувате,наредно ми е тоа разликата помеѓу топење масти и слабеење и зашто секогаш треба да ја задржите мускулната маса и да се тргнете од не ефективни диети.
    Тоа е се прифатено на почеток сум,не можам се да знам,не реков дека се знам туку ми беше чудно и сите знаеме дека треба да се фокусираме на фактите а не на статии од интернет.
    За витамините Б тоа се витамини кој долго се мислеле дека е еден,па потоа како се истражувале се дознале дека се многу повеќе.
    Важни за организмот и за одржување за метаболизмот се Витамин Б1,Б2,Б3,Б5,Б6,Б7,Б9,Б12.
    Витамините Б исто така се растворливи во вода исто како и Витаминот Ц,додека витамините А,Д,Е,К се растворливи во масти.
    Ги има во житариците,месото,јајцата,млечните производи.
    Сега да не навлегувам во детали.
    За протеините имам многу добра книга прочитано ќе ја линкувам тука.
    http://www.bodyrecomposition.com/the-protein-book
    Која е за истражување за протеините и колку дневно се препорачува,препорачувам секој да ја купи и да ја прочита,има многу добри работи за активниот човек.
    Се е добро ако не се претера и е умерено нели.
    Погрешно ме разбра фрекфенцијата на оброци за мене не е битна,битен е соодносот на макро нутриентите и калорискиот внес.
    На крајот на денот тоа е битно да го внесеш соодносот на макро нутриенти (јаглехидрати,масти,протеини) во дадените проценти и да се внесат калориите.
    Што е до алкохолот пак ќе речам исто и како кафето ако се пие во умерени количини виното може да биде здраво.
    Виното содржи растреновол мислам дека се викаше која е компонента што има анти aging дејства.
    Ако го конзумираш во калорискиот внес не гледам зашто да не конзумираш.
     
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    eee па мислам конечно почнавме да се разбравме бе другар :clap: :clap:
     
    На DAngel и StefChef им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Абе Стеф се тоа добро,ама ако се ставаш на режим добро е да не си прескокнуваш ниту оброци, ниту да ти се во нерамномерни интервали распоредени истите. Затоа е и режим, од броење калории, количина и време.
    Така да соодносите со тие чудата што ги нарече, све е тоа добро, само секој нема време да пази на секој залак.
    Мислам и за да слабееш,а воедно и да имаш добро тело,а не свиснато треба да му посветиш внимание и време,а денес ретко кој го има и сите бараме послесни начини.
    И пари исто.
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Парите се најважни во овој спорт.
    Храната за мене кошта од 4000-10000 денари месечно.
    За оброците имам едно добро видео направено а тоа е дека треба да се фокусира на големата слика на калориите внесени и макро соодносите.
    http://www.leangains.com/2011/04/critique-of-issn-position-stand-on-meal.html
    Increasing meal frequency does not appear to favorably change body composition in sedentary populations.
    If protein levels are adequate, increasing meal frequency during periods of hypoenergetic dieting may preserve lean body mass in athletic populations.
    Increased meal frequency appears to have a positive effect on various blood markers of health, particularly LDL cholesterol, total cholesterol, and insulin.
    Increased meal frequency does not appear to significantly enhance diet induced thermogenesis, total energy expenditure or resting metabolic rate.
    Increasing meal frequency appears to help decrease hunger and improve appetite control.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ^ Е тука те чекав
    A што кога не можеш да си дозволиш да се рафрлаш и да го планираш секој оброк посебно?
    Еве, викаш од догодина ќе почнеш да студираш, дали мислиш дека ќе успееш да најдеш 8 часа за сон за време на колоквиумска?
    Мислиш ли дека ќе можеш да истераш семестар без стрес, затоа што стресот и те како влијае на исхраната, на сонот, на метаболизамот... па, на се, всушност...
    Се тоа е убаво, ама светот не е идеален...
    Теориите влијаат само во идеален свет. За се друго тука е праксата. Секој организам е различен, секој треба да си најде што му одговара и да се држи до тоа.
    Еве, зборам за мене. Колку и да се здрави јајцата - јас смеам да ги јадам во мноооогу мали количини. Ептен некогаш ако каснам едно.
    Некој не смее да пие млеко, друг пак нешто трето...
    Секој човек е различна приказна и секој треба да најде што му одговара нему.
     
    На Divinebutterfly и kikikikirika им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Е баш ова ДАнгел што го кажува го имам искусено.

    Кога бев бруцош купив еден прашок од икс фирма и со убедување дека тоа не е нешто скапо оти и онака трошам по 60 денари за доручек, па подобро да пијам прашок отколку бурек да јадам. Второ, имав во близина човек кој стварно се стопи од истиот прашок и кој ми се фалеше оти му дава енергија.

    Ама мене сосем спротивно :o

    Прво- НЕ ПОСТОИ хемиски произведен витамин кој е подобар од природниот од самата причина што витаминот е многу комплексен и се создава на многу комплексен начин за истиот да биде копиран. Така, искусните нутриционисти, лекари, биохемичари и општо луѓе од таа област Витаминот С купен од аптека го именуваат со аскорбинска киселина. Не дека аскорбинската киселина не врши работа ама тоа не е витамин С. Велиме витаминот С е добар за слабеење, добар за крвта, за детоксикација, ама од кај да сме сигурни која е таа компонента во него што е активна за даден случај? Таа тематика уште се истражува.

    Второ (што е поврзано со првото)- Додека пиев прашок. Цената негова беше околу 65 денари. Ако на тоа додадам уште 20 денари за млеко или сок за прашокот, ете ми 85. За 85 денари јас секое сабајле ке го јадам најубавото овошје без разлика од годишното време.

    Трето- Имам слаб желудник. Ако не внесам храна ме боли. Така и тогаш. Прашок пиев во 2 напладне (за доручек тогаш станував) и едвај издржував додека ми дојде време за ручек. Не дека не заситува некое време, ама ме боли мене желудникот ако не ми работи.

    Четврто- Топењето на масти си бара активност најмногу. Ако сакаш и секој ден јади по пола прасе шо се вика ако спортуваш активно нема да имаш гајле.
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Како што реков оброците за мене не се важни битни се калориите и твојата цел.
    Сакаш да ослабнеш јади помаку(креирај дефицит),сакаш да добиеш повеќе мускулна маса јади повеќе.
    За стресот јас сум го осетил и бев приморан да го тргнам режимот дур не станам на нозе.
    Бев преполн со клиенти имав 10 во еден месец,а не стигнав да си го испланирам мојот.
    И така почнав да јадам повеќе отколку што треба,но во денот пешачев едно 10 км,само од одење затоа што сите сакаат да ослабнат па им правиш друштво нели.
    Сега да идеме на главното за оброците и како те афектираат,според мене 3-5 оброка се доволни и нема потреба ако не јадеш на секои 2-3 часа,тоа е мит.
    А за планирањето на оброците секогаш можеш да ги подготвиш пред да легнеш,еден ориз се прави за 20 мин,ако знаеш како.
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Имам неколку забелешки:

    1. Ако јадеш повеќе (класично) ќе качиш сало на прво место. За мускул не е само да јадеш туку обавезно е и вежбање и квалитетна храна со повеќе протеин а помалку маснотии. Ова мора да се напомне инаку е неточна претходната реченица.

    2. Излегува дека твојот систем на самиот себе не ти делувал и си го напуштил додека си бил под стрес? Како мислиш да тренираш други или и нив ќе им кажеш додека се под стрес (а кој не е?) да не вежбаат?

    3. Може да се видат фотки од десетте клиенти или од тренингот?

    4. Иако се рекламираш како персонален тренер ти самиот учиш главно од нет и самиот немаш контрола врз апетитот па си почнал да јадеш повеќе него што треба? Како ќе мотивираш други кога самиот не се контролираш?

    5. Доволен е и еден обемен и балансиран оброк ако успееш да го навикнеш организмот а веќе со два оброка може супер квалитетно да се живее и вежба, може и повеќе (оброци) но не се неопходни за добро здравје и убава фигура.

    И полека со тоа рекламирањето, самиот имаш кажано дека грешиш и си нашол дупки (во знаењето) а настапуваш како да си им личен тренер на Мадона и на Бијонсе а реално вежбаш околу две години што е премалку за да тврдиш дека имаш не знам какво искуство. Смееш да грешиш на себе ама кога ќе почнеш да грешиш на други што тогаш?

    Треба да се има усул и во рекламирање и во себерекламирање а највеќе да се кажуваат навистина точни и проверени информации а не онака денес едно утре друго како што ти посочија на друг форум дечки со многу поголемо вежбачко искуство од тебе а работите што ти ги посочив не само јас, секој со малку искуство ќе ги примети :)
     
    На Divinebutterfly, DAngel, feminium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Е тука е големата цака.
    За да бидеш тренер добар освен на другите,треба да си добар и со самиот себе.
    Како успеав да го надминам тоа,па со тоа што си се ставив како клиент.
    Си пишав име и презиме и ја направив програмата како за клиент.
    Така успеав и станав добар тренер на себе.
    Тоа е решено и идеме напред.
    Што е до 10-те клиенти тоа ми беше пробна група и бесплатна програма што ја давав за 21 ден.
    Сакав да добијам искуство па поканував разни луѓе.
    Не ми беше поентата маркетинг,поентата ми беше да видам како ќе се справам со толку многу луѓе.
    Тоа е сега за сега,иде дел 2 ќе почекате тука балансирам одмор и работа :)
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Стеф, едно прашање. Прочитав некаде дека ако си на режим на топење маснотии никако не смееш да конзумираш свежи брокули, карфиол и зелка, исто така јагоди, праски и ленено семе. Знаеш ли зошто е тоа така? Ај за сојата, кикириките и алкохолот не ми е чудно... Ама за овие првите ми е...
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Кој го рекол тоа ај жити се и нема причина зашто да не се јаде зеленчук кога се топи масти.
    Баш напротив освен што се ниско-калорични те заситуваат за подолг период.
    Зеленчукот е најдобрата работа за диета.
    Многу луѓе не успеваат со режимот затоа што се јадат али зеленчук не.
    Плус се полни со антиоксиданси Ц,А,К и помагаат при борба на ракот.
    Од зеленчук тешко дека ќе се здебелиш,во споредба со чоколадца,путер од кикирики...
    100 грама Зелка има 6 грама јаглехидрати нешто протеини или 30 калории.
    100 грама чоколадо има 55 грама јаглехидрати,25-30 грама масти и малку протеини + многу шеќер.
    Мастите не се проблемот во оваа равенка проблем се премногу прости шеќери што те тераат да јадеш повеќе.
    Но како што реков се во умерено е добро :)
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ааааа, еве зошто :D

    There are two general categories of foods that have been associated with disrupted thyroid hormone production in humans: soybean-related foods and cruciferous vegetables. In addition, there are a few other foods not included in these categories - such as peaches, strawberries and millet - that also contain goitrogens.
    :D
    Уствари сега гледам дека објаснувањето го пишувало и во таа книшката, само не сум погледнала убаво :D Ова се однесува само на свежи производи затоа што гоитрогените се уништуваат со готвење, а воглавно и повеќе на оние што имаат проблем со тироидната и задржување на течности. :)
    Еве линче за тие што сакаат да прочитаат кои други зеленчуци спаѓаат во оваа група http://www.whfoods.com/genpage.php?tname=george&dbid=47
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Страдаш ли од хипотиродоизам?
    Practical tips

    Although for many people goitrogens do not seem to pose a health concern, certain individuals who have thyroid problems may be advised by their healthcare practitioner to limit excessive consumption of foods that contain these compounds. As cooking seems to help to inactivate the goitrogenic compounds found in food, it seems reasonable to conclude that for individuals with deficient thyroid hormone production, steaming of cruciferous vegetables like broccoli makes good sense, as does consumption of tofu in cooked versus raw form.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па ок, пишав дека сфатив отпосле за што се работи. :) Mожеби јас не страдам, ама има луѓе на форумот што страдаат :!: Секој со своите маки Стеф, не може исхраната да ни биде иста на сите :

    И мислам дека ако сум оставила линк, сигурно сум прочитала што пишува на страната |(
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Јас не реков дека не си ја прочитала,има работи што си ги мис интерпретирала.
    Прво било кога и да се ставиш на режим,метаболизмот ќе се забави тоа е факт.
    Секогаш телото ќе сака да складира него да топи масти.
    Кога си на режим нивото на тироидна жлезда опаѓа,но сепак не за многу и затоа кога правам режими за исхрана,зависи од телесните масти на телото,давам и ден каде што се полниш со јаглехидрати.
    Тоа ќе даде два бенефита,едно ќе ги наполни резервите на гликоген во телото и второ ќе го забрза метаболизмот со тоа што ќе ги подигне хормоните инсулин,тироидните хормони,лептин и грелин ќе се вратат во нормала.
    Ако некој сака да прочита повеќе за тоа ја препорачувам книгата The Flexible Dieting.
    http://www.bodyrecomposition.com/a-guide-to-flexible-dieting