1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Режим за топење маснотии

Дискусија во 'Фитнес' започната од StefChef, 11 јуни 2013.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абе јас убаво сум си интерпретирала, ама на кој како му одговара, нели ;)

    Како прво, сојата содржи фитинска киселина, која ја блокира абсорпцијата на минералите. (Е соја сосот не содржи, т.е. ферментираните производи од соја не содржат).
    Како што кажа ти, кога си на режим нивото на штитната жлезда секако опаѓа, ама овие зеленчуци и овошја плус допринесуваат нејзината работа да се намали уште повеќе.
    Праските, јагодите, кикириките и уште некои други предизвикуваат отекување на штитната жлезда.
    А зеленчуците од фамилијата Brassicaceae (или Cruciferae) - зелка, карфиол, блокула и останатите на нив слични содржат високи нивоа на исотиоцијанати, кои ја нарушуваат нормалната комуникација на клетките во штитната жлезда. Со готвење се деактивираат две третини од овие супстанци. Ама ова е нож со 2 острици, затоа што истите тие се моќни антиоксиданси кои се борат против ракот. Затоа е многу битно да ги имаме во исхраната, па со нивно готвење го елиминираме тој проблем. А луѓето кои имаат проблеми со штитната жлезда би требало многу редко да ги конзумираат.
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Дозволени храни:
    Јаглехидрати ви се потребни за енергија и за одржување на телото во најнормална функција.
    Сите овие храни можете да ги замените во одреден сооднос. Што ќе биде подоле пишан.
    Кафеав ориз или бел.
    Компир (варен,печен)
    Житарици(овес,пченица,јачмен,булгур) без шеќер
    Зеленчук неограничени количини
    Мешунки (леќа,грав,грашок,боранија,соја,наут)
    Сладок компир
    Сезонско овошје 3-6 порции дневно

    2.Протеини
    Протеините се есенцијални макро нутриенти потребни за одржување на мускулатурата.
    Без протеини телото не може да функционира и ќе почне да се јаде себеси.
    Основен извор на протеини по квалитет ви се:
    1.Јајце
    2.Пилешко,мисиркино
    3.Риба (пастрмка,ослич,панга,лосос,туна,скуша)
    4.Урда,младо сирење и сите ниско-маслени сирења под 5 % масти
    5.Телешко,свинско,јагнешко сите исекотини од животното што се со низок % на масти прашај го месарот за повеќе.
    6.Соја,киноа,хељда,протеински лебови(опционални)
    7.Меса што треба да се избегнуваат сите останати и тоа:
    Свински ребра,пилешки крилца и сите работи што не ги правиш дома,освен пилешки стек со зеленчук и ориз.

    Мастите се органски соединенија кој се потребни за одржување на хормоните во телото и виталните функции на човекот.
    Без омега 3 масни киселини телото не може да преживее и затоа ти ги препорачувам овие исхрани:
    1.Ленено семе/масло
    2.Маслиново масло (1 лажица)
    3.Масло од репка (Кам маркет)
    4.Рибино масло
    5.Кокосово масло
    6.Сите семки (сончоглед,кикирики,тиква) во ограничени количини 1 лажица по оброк.
    7.Масти што треба да ги избегнувате и да се лимитираат.
    Од сите процесирани храни транс масти.
    Путер,маргарин,свинска маст.

    Како изгледа една исхрана:
    1800 калории за девојка што е 3-5 часа активна неделно.

    Режим за исхрана како ти изгледа:
    1 оброк ви е :
    Ниско маслен јогурт/млеко 500 мл со 50 гр овесни снегулки и 1 лажица ленено семе.
    Ужина ти е 1 банана/јаболка

    2 оброк ви е 4 белки,1 јајце и салата по ваш избор
    Ако не можеш да го направиш овој оброк и немаш што да јадеш во моментот би ти препорачал да си ги зготвиш секоја вечер предвреме оброците или да купиш соја за грицкање ако ти се јаде и тоа ти е еден оброк.

    3 оброк после вежбање (оброк за опоравок) 500 мл јогурт,1 банана и 100 грама протеински леб ако имате блендер екстра ако не столчете го до крај.
    Исто важи и ако не вежбате но наместо банана додадете зеленчук и наместо јогурт пилешко,туна и направете си сендвич.

    4 оброк ви е зеленчук, со риба,урда (идеал шипка или здравје радово,младо сирење или 50 грама соја шницли варени или трошки).

    Со што можат овие храни да се заменат?

    Овесни снегулки можеш со ориз 200 грама варен да го замениш
    300 грама компир
    Во секој оброк прво зеленчук неограничено

    Опционално

    Ако немате доволно време за готвење можете да си направите еден шејк од овошје и протеин од сурутка.

    1 дозерка протеин ти е еден оброк
    4-6 парчиња овошје банана,јаболка,круша,сезонско

    Се надевам дека ви помогнав,а за девојките што имаат помалку калории намалете од исхраната за 10-20 % зависи до вашите Дневни потреби.
     
    На hypnotized му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Stef ova e dieta koja sama si ja izmisliv pa ako moze da ja razgledash i da mi gi kazesh greshkite :) fala
    За доручек јадам 2
    овошки од ист или
    различен вид .Јас
    доручекот го јадам во
    11 саат .
    *Послем 3 саати од доручекот односно по
    мое во 13 е ужина.За
    ужина јадам благо или
    солено односно ако
    избереш благо тоа мозе
    да биде 4 наполитанки,2
    крембанани,2 реда
    чоколадо,4 медени
    срца,200 грама
    пудинг,2 топки
    сладолед,2 мачмалоу и др. , а ако избереш
    солено можеш да
    изедеш 50 грама
    смоки,чипс,пуканки и
    др.
    *Откако ке ја изедам узината пијам 1 литар
    вода тоа може ама и
    немора
    *Послем 2 саати од
    узината доага ручекот
    за ручек треба да изедеш парче месо или
    јајца со нешто мелчно +
    2 кришки црн леб или 1
    кришка бел леб.По мое
    ручекот е во 15 саат
    *Во 19 саат односно послем 4 саати од
    ручекот е вечера ,за
    вечера јадам зеленчук .
    *Послем 2 сати од
    вечерата пак јадеш
    благо можеш да изедеш пола од тоа што го
    набројав погоре
    односно2
    наполитанки,1
    крембнана,1 ред
    чоколадо,2 медени срца ,100 грама
    пудинг,1 топка
    сладолед,1 мачмалоу и
    др. *Послем 1 саат од
    благото пијам 1 литар
    вода
    *Ако во текот на денот
    ми се јаде мозе да
    изедем лубеница,динја,краставица
    или домат
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Јадеш премногу празна храна.
    Ако го јадеш ова што ми го наброја,јас не знам како очекуваш да ослабнеш.
    Како што пишав по горе во режимот за исхрана,кои храни се дозволени кои не.
    И во секој оброк преферирај сирова храна не она (raw food) туку што помалку процесирана храна.
    Секој оброк треба да има 2 шаки зеленчук,1 шака протеин бело месо,риба,урда,белки,1 шака скроб(јаглехидрати) и како ужинка да се зема овошје (сезонско овошје).
    Преферирам 20 % од исхраната да е од прости шеќери(фруктоза,сахароза,лактоза) но не волку премногу благо,затоа што јаглехидратите се добри ако се комбинираат со протеини,ако се комбинираат со масти како што е во твојот случај,инсулинот ги става тие масти во адипозно ткиво(масти).
    1 чекор е да се тргнеш и да лимитараш благи и индустриска храна.
    2 чекор е да направиш добар план за исхрана погоре пишав како
    3 чекор е да внесуваш доволно протеини
    4 чекор е да бидеш активна и да додадеш тренинг со тежини + кардио тренинг
    5 чекор е да се едуцираш и да си го направиш како животен стил.
    6 чекор е да почнеш да следиш што јадеш и да си најдеш што функционира за тебе.
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
  6. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Veruval ti ili ne jas so ovoj rezim oslabuvam po 600,700 grama dnevno :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Imam baven metaboliza ,za sal vo w.c odam dva pati nedelnoxse dujam I imam gasovi
    Momentalno dojam I nemozam da koristam apcinja ke mi pomogne li nekoj da mi napise sto da jadam
    Momentalno ne doruckuvam,rucam obilno a ne veceram ili veceram taratur I nemozam ni kg da simnam ni vo w.c da odam :(
     
  8. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    I jas go imam toj problem zatoa doruckuvam ovesni trici so jogurt i lazica leneno seme probaj mozebi i tebe ke ti koristi inace koristev i caj mislam deka se vikase alkalaks i toj deluva ama so cesto koristenje gubi od dejstvo
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Симона, прво треба да откриеш од која храна имаш гасови и под итно да ја исфрлиш од исхраната.

    За подобрена перисталтика на цревата ќе јадеш продукти богати со диетални влакна и повеќе зеленчук (свеж е најубаво) и што помалку бело брашно, бел шеќер и млечни производи од варено кравјо млеко.

    Пример за солиден доручек:

    Овесни снегулки од цело зрно (има во Тинекс и Кам)
    20 до 30 мелени свежи бадеми натопени 12 часа во вода
    Рендано јаболко или неколку свежи сливи (или мешано ама да не претераш)

    Се промешува со вода и се консумира (убав вкус има). Јас не користам млеко во исхраната но ако имаш многу голема желба можеш да додадеш неколку лажици јогурт (иако не препорачувам).

    Смокви, сливи и кајсии се познати дека имаат доста диетални влакна и дека протеруваат.

    Бел леб и сите тестенини од бело брашно и сѐ од бел шеќер е забрането! Смееш да користиш ислучиво интегрално брашно и овошје. Овошјето треба да е свежо а не варено, варено овошје нема скоро никаква хранлива вредност.

    Барем два пати во денот треба да имаш оброк со свеж зеленчук.

    Во принцип готвена храна стега додека свежа протерува односно регулира. Што повеќе конзервирани храни толку потешко цревата си ја работат работата.

    Ако има уште нешто нејасно прашај :) .
     
    На Annath, gothchick, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    A zosto jogurt ne e preporaclivo?
    Blago ne jadam mnogu edna resana da receme vo mesecot,vo ovosje uzivam bez toa nemozam praski,jabolko,kajsii,lubenica se jadam
    Jadam gotvena hrana grav,oriz,kompir,svinsko,pilesko
    Zelencuk,salata so obrokot obavezno
    Lugeto okolu mene jadat mnogu poveke a se poslabi :(
    Pred da rodam bev 58 kg trcav,ne piev gazirano,leb ne upotrebuvav,blago nikogas sega na ova samo + mi e beliot leb I sto ne se dvizam dovolno
    Sega imam 72, za visinata do 65 mi odgovara kako da gi vratam?
    Momentalno dojam probuvam pomalku da jadam ama tesko mi e pamet mi se vrti
    So prvoto za 2 godini se vrativ vo forma imav 63 ,sega pak isto...treba da se boram so visokot
    [mod-kirilica:27sj36ew][/mod-kirilica:27sj36ew]
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ама прашање е што губиш вода,мускули,коски,гликоген,масти?
    Тоа што ти го правиш е нож со две острици.
    Се ослонуваш на вагата која не е индикатор за здравје и не кажува колку вистински тежиш.
    Во еден ден можам со правилна манипулација на електролитите да изгубам и да добијам 5 кг + или -.
    Тоа што ти правиш е убаво на краток временски период.
    Не верувам дека ќе издржиш на долг рок и дека ќе го прочиташ првото мислење мое.
    http://forum.femina.mk/fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/
    Зборот диета за мене е начин на живот,кога се работи за исхраната,тој треба да е здрав,долг и да дава резултати,а како краен резултат е огледалото.
    Ригорозни режими и диети земени од интернет нудат задоволување на краток временски период,каде што ќе изгубиш килограми а дел од тие килограми се погоди што мускули и вода.
    За да согороиш 1 кг сало ти е потребен дефицит од 7000-8000 калории неделно.
    Препорачано е за да не направиш шок на организмот да губиш по 0.5 кг неделно,повеќе од тоа и станува стресно на организмот.
    Тоа не важи за луѓе што имаат премногу да изгубат,затоа што немаат избор.
    Тоа што е најдобро е да составиш план за исхрана,базиран од моите препораки,да бидеш активна личност (да не правиш само кардио вежби) и трето е да имаш доволен одмор и помалку стрес.
    Спиењето 8 часа е најбитно затоа што ако не спиеш 8 часа стануваш лептин отпорен или во превод цело време чувстуваш потреба за храна.
    Се надевам дека ќе разбереш што сакам да ти кажам,сакам да ти дадам решение и пат за во иднина,а не краток и брз одговор што после ќе ти се врати дупло повеќе од претходно.
    Метаболизмот не е врзан со столицата.
    80 % од дневните калориски потреби се за се одржат виталните функции на организмот (дишење,тргнување на токсините итн) и само 20% се користат за одржување на мастите и мускулите.
    Тоа што ти имаш проблем со констипацијата(столицата) е тоа што не внесуваш доволно диетални влакна,кој ги има во не процесираната храна(житарици,кафеав ориз,мешунки,семки).
    Ти моментално не внесуваш доволно диетални влакна а тие се прочистувачи и одржувачи на флората на твојот дигестивен систем.
    Плус ако имаш стресен начин на живот и јадеш храна излишена од нутриенти не внесуваш ни доволно витамини и минерали кој ќе ти помагаат за твојот проблем.
    Прочитај го првото мислење ќе ти стане јасно од кај да ги земеш тие работи.
    Знам како е да си мајка и да немаш време да си одвоиш време за себе.
    Тоа го има и братучетка ми проблем и тоа што се случува кај повеќето мајки е не контролирано јадење + неактивноста и тоа е комбинација за да не видиш резултати.
    Што е решение е да почнеш да си најдеш време за вежбање 3 часа неделно,дали тоа ќе биде пешачење со бебето или ќе вежбаш дома,тоа е твој избор.
    Најди време и ќе видите резултати.
    Математиката е проста колку внесуаш и колку трошиш,тоа ќе се одрази на себе.
    Што е до јогуртот и млечните производи,тоа се најдобар извор на протеини,витамин Д и калциум.
    Секој вегетаријанец се откажува од месо,али затоа не се откажува од сирењето.
    И нема никакви лоши ефекти од млечните производи,тоа е мит.
    Особено ако доаѓа од некој како Др.Велков,експерт за сирова храна...
     
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Neznaev deka majkite imale problem so nekontrolirano jadenje :^)
    Jas ne go imam toj problem,imam baven metaboliza I umorna sum od domasni obvrski do 15 h ne sednuvam sekoj den gotvenje ,perenje,cistenje I deca cuvanje eve I malo mi e bebeto uste doagaat luge za pivojnica skoro sekoj den
    Navecer edvaj imam dusa da se istusiram I da si legnam vcera sakav da trcam nemozev
    Imam oslabeno 4 kg od minatiot mesec se merev denes :D
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Честито за килограмите изгубени и ти пожелувам да продолжиш напред со истото темпо.
    Тоа што сакав да ти кажам е дека треба да си го планираш времето,а за метаболизмот не ти е забавен,туку не ја јадеш правилната храна и немаш добар план за исхрана.
    Како што пишав јади повеќе зеленчук и непроцесирана храна.
    Активноста исто на 2-3 саати неделно.
    Ти избираш каква сакаш.
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Девојки сакам да ви понудам на сите тука секој што ќе сака 3 месеци гратис програма со личен тренер.
    Условот е една слика пред и потоа.
    Имам искуство со 10 клиенти досега,собирам уште.
    Добивате личен тренер,посебна исхрана,посебен план за вежбање.
    Без разлика каква и да е целта :).
    Јас ви носам резултати.
    Тие што се заинтересирани нека ми пишат пп.
    Имајте убава вечер.
     
  15. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Јас сакам совет :) Пред 3 недели започнав активно да трчам 6 пати неделно. Оваа недела успеав да истрчам континуирано 6 км за 50 минути (спора сум де, ама упорна) :D Висока сум 167 цм, тежам 57 кг. Целта ми е да го стопам салцево што го имам на стомакот и да го затегнам (после трчањето, правам стомачни обавезно и веќе си го осеќам стомакот потврд) ама сакам да симнам уште 2 кила, па ако може некој краток совет за тоа каква треба да ми биде исхраната за да имам енергија да трчам 5-6 км (и што да јадам пред, а што после тренинг), а да не постигнам контра ефект и да се здебелам, зашто после подолго трчање сум гладна како волк :D Фала многу.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Прирачник за јадење.
    http://www.precisionnutrition.com/calorie-control-guide
    Кардиото ќе го намалиш на 4 пати неделно.
    3 пати неделно ќе вежбаш тренинг со сопствена тежина.
    Чучањ,исчекор напред,склекови,веслање,разбој.
    Стомакот ќе исчезне после одредено време :)
     
  17. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Веќе два месеци цели како се хранам здраво, јадам само за ручек 2 кришки црн леб, не јадам благо, јадам салати и обично за ручек варени јајца, риба и компири, ориз и стек и сличи работи, пијам зелен чај, еден месец одев на аеробик, а еве веќе втор месец ми е како одам во теретана можеби 4 пати неделно, што значи 3ти месец ми е како активно вежбам, но со килажата ништо, ниту едно килце не ослабнав за 2-3 месеци. Си имав 63 кила кога почнав и си викам ајде ке биде, ајде и еве тазе вчера мерена 62,5 :o жалосно е ;( Незнам кај грешам, а би сакала до 58 да дојдам, тоа ми е идеалната тежина. Хелп :?:
     
  18. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Не очајувај продолжи со тоа темпо килограмите лесно не се симнуваат :)
     
  19. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас имам едно прашање. Сакам да го зацврстам делот кај стомакот посебно долниот, не сум дебела се хранам најздраво што можам само не сум воопшто физички активна заради тоа што немав време досега. Летово го имам цело време на светот па секој совет ми е добредојден :)
     
  20. badgirl14

    badgirl14 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Само редовно утринско трчање. :P