Многу фактори има во тоа и зависи колку вода има. Генерално препорачувам секогаш да ја мериш во сува мера.
Во врска со топењето масти во пределот на стомакот, што е најбитно ? Вежбам на орбитрек по 30-40 мин. пијам зелен чај, правам вежби за стомак, внимавам и на исхрана.. Ми го препорачаа и шејкот од HERBA LIFE, сеуште го немам пробано.. а и проблем е кај мене што брзо се дебелам, а потешко можам да ослабам 171 сум висока а имам 60 кг. би сакала да дојдам до 55.. Некој совет..
Прочитај пак од почеток што е битно за слабеење. Калориски дефицит и макро соодносот на протеини масти и јаглехидрати. И не купувај суплементи за да ослабнеш препаратите за слабеење се не ефективни,како калориски дефицит. И ако земеш ќе делува повеќе плацебо отколку реалност. Така да следи калории и биди трпелива.
Имам едно прашање , значи вака , вежбам речиси интензивно , 5 пати во неделата ,кардио тренинг плус вежбање со тегови и стомачни секако , внимавам на исхрана на начин со кој сакам да ги стопам мастите , но бидејќи сакам да го забрзам тој процес на топење би сакала да пробам со Л-карнитин . Па сакам да ми дадеш мислење во смисол , позитивни и негативни страни . Ти благодарам однапред . Поздрав
Користев Л-карнитин минатата година немаше некој ефект. Не можеш да го забрзаш топењето на масти со Л-Карнитин. Тоа што ти препорачувам е да следиш калории и да бидеш трпелива. 20-25 % од дневните потреби. Калкулирај овде. http://www.atletiks.mk/vesti/ostanato/104-kalkulator-na-kalorii
И ја сакам ако може да ми се состави некој режим за јадење,оти сама не знам секогаш кикснувам.Сакам пределот околу стомакот да го ослабам,обмут ми е околу 93 а сакам барем до 85 да стигнам.Вежбам минимум 4 пати неделно некогаш и повеќе,најчесто вежби за обликување на телото стомачни,за задник,нозе.А со броење на калории тешко ми оди имам пробано али не ми успева.Фала однапред.
Јас можам да ти направам ако си заинтересирана пиши ми на атлетикс страната. Единствено нешто што барам е пофалба или слика пред и потоа. Контактирај ме овде. http://www.facebook.com/ZevsFitness Истото важи и за девојки што сакаат да се променат,значи барам дисциплина,послушност и да бидат доволно стрпеливи да се видат резултатите 3-6 месеци.
StefChef... еднаш ти пишав во делот Броење калории ама не ми одговори...Сега пак те прашувам овде ( се извинувам кон другите што овде пишувам за ова) .по твојот калкулатор мене ми требаат 1600 калории. Кога би се водела според тоа калориски дефицит значи ја би требала 1100 и 1200 калории да внесувам дневно..Ајде би те замолила како ти би ги распоредил оброците во денот односно сакам да ми дадеш еден пример за комплет дневно мени за ден кога нема физичка активност и ден со физичка активност. Еден пример кога би се обратила кај тебе за помош...фала однапред
Зашто да комплицираш работи. Едноставно направи го на почеток,да се воведеш. Ако ти требаат 1200 калории што е премалку,зголеми ја активноста за да можеш да внесуваш да речеме 1800 калории. Така можеш да ги распоредиш оброците со што ќе можеш да се заситиш доволно. Прво на приоритет ти се протеините,зашто бавно се апсорбираат и не чувстуваш глад подолго време. Препорачан внес на протеини е 1.5-2 грама на секој кг мускулна маса,не цела тежина. Тоа е затоа што ако индивидуата(особено жените) имаат повеќе % масти,нема потреба од внесување повеќе протеини. Јас со моите клиенти им давам листа на храни и 2 месеци ги учам,како треба да јадат. Им давам да јадат не ограничено,прва на листата им се протеините и зеленчукот во секој оброк. Пред вежбање и после, треба да внесуваат и комплексни јаглехидрати и протеини,зашто тогаш на телото највеќе им треба. Другото е не битно,значи битно е да се внесува повеќе зеленчук и протеини и да се јаде на секои 3 саати. Ако те интересира кој сооднос го кажувам,тоа се зависи до многу фактори и до колку се дневните потреби. На почетокот убаво е објаснето.
Фала на одговорот ама вртиш као киша око крагуевца ја ти пишав и мислев ќе добијам пример за тоа што да јадам насабајле по станувањето кога и што да ми биде ужинката, кога ручекот , кога наредната ужинка нели па и вечерата. Знам што си пишувал за соодносот со ова соодносот со тоа...ма да воглавно и тоа што го пишува и сегде ама бидејќи зборуваш и кажуваш дека си постручен од останатите на форумот затоа те прашав и за постручно мени пример како би требало да изгледа...ама нема врска
Па храната јас не ја делам на добра или лоша. Гледам од тие храни што сум ги пишал да ги конзумирам,пример за доручек добар ти е. 5 белки,2 шаки овесни снегулки,банана и цимет за вкус. Го ставаш во микробранова и чекаш 2-3 минути да се зготви и тоа е оброкот. А тоа што јас викам исто како другите ти потврдува дека,знаењето е исто,само треба да си кретивен и да знаеш како да јадеш. Јас овде давам совет,а за специјална исхрана според твоите потреби,нормално дека барам нешто за возврат.
Телото не познава сезони или време. Битно му е да те одржува во живот. Ако ти имаш план и цел,нема сезона. Сум трчал на -15 и на 45 степени и секогаш сум наоѓал време. Треба да дефинираш цел и да работиш на тоа. Топење масти е лесно,градење тело е потешка работа
Имам 18 год. и еве 2 години се трудам да ги отстранам мастите. Пробував секакви диети, имаше резултати, но потоа се враќа изгубената тежина. Висока сум 1.65 имам 58 кг. што е ок. Но, проблемот ми се МАСНИТЕ НАСЛАГИ на стомакот, нешто како гума. Не можам и не можам да го отстранам. Можеби не сум успеала бидејќи за краток период се откажувам. Но, сепак да не ве замарам ногу бидејќи цел тевтер можам да изнапишам во врска со моите наслаги, колку само ме нервираат Значи до вчера пробував разни диети или ке си речам ке се хранам здраво, да .. се хранев здраво но свесував мн калории иако беа здрави.. Од денес почнав да бројам калории.. Денес внесив 1300 калории и вежбав 15тина мин.. Но, имам еден ПРЕголем проблем па би те замолила да ми дадеш совет кој ке можам да го применам. Значи, не можам без благо, нема никакви шанси. Може ќе издржам на пр. 1 недела без благо, но потоа во еден ден јадам за цела недела што не сум јадела. Значи се ама баш се можам да почитувам, но да не јадам благо - не можам. Денес се ми беше ок во исхраната: овошје,зеленчук,пилешко месо, ориз,сирење малку.. но за жал тука е и благото (каде без него).. Изедов 2 бананки и алва 2 подебелки парчиња Сакам да ми одговориш: „ Дали ако внесувам секој ден благо (отприлика како денес) ќе има добри резултати, т.е. дали ќе работи процесот “топење масти“, со физичка активност околу 30 мин.? “ Ако ми дадеш негативен одговор, значи нема лек за мене..
Ќе ти одговорам просто можеш да ослабнеш и со благо но во умерена количина. Енергетскиот баланс секогаш диктира дали ќе слабееш или ќе ставиш на себе. Ако си во калориски дефицит ќе слабееш,ако си во калориски суфицит нормално дека ќе накачиш. Прочитај овде што сакам да ти кажам. http://www.atletiks.mk/ishrana/dieti/290-tvinki-diet Првото прашање е дали има резултати тоа што го правиш сега моментално? Ако има продолжи понатаму и кога ќе има проблеми ќе ти одговорам зашто е тоа така. Сега ќе ти кажам како јас правам со моите клиенти и од искуство и јас имам нагон да јадам благо и тоа го правам 1-2 пати недлено. Тоа се вика оброк на мамење и не се рачуна во калории. Земаш оброк што сакаш да јадеш нормално тоа е еден или 2 оброка неделно и вториот фактор е дека треба да зголемиш активност. Кардио дозата е 20 минути трчање 3 пати и тоа го правиш дур не видиш дека телото се адаптирало. После додаваш уште една сесија и така се додека не видиш дека телото не се адаптирало,ако треба и некоја сесија интервално вежбање но не премногу 2 пати неделно. Проблемот со шеќерот е дека ако земеш 1-наш шансата е голема дека ќе се прејадеш на него,но ако направиш структурирано да јадеш некој оброк за мамење,нема да имаш некој големи проблеми со слабеењето. Затоа имаш 2 решениа едно е да зголемиш активност и да додадеш 1-2 оброци. И другото е да продолжиш тоа што го правиш и да го скратиш благото.
Денес ми е втор ден откако почнав да бројам колку калории внесувам. Значи не ми се верува колку калории само содржат некои продукти, не бев свесна за тоа, благодарение на тебе и на твоите совети мислам дека тргнувам по вистински пат. Значи 1 ишлер има 100 калории, а јас пред тоа по 10тина такви си јадев дневно.. значи сум внесувала 1000 калории само од нив, ами каде се појадокот, ручекот, вечерата кои ги внесував, газираните пијалоци? И самата се чудам, сега дури ми е јасно од каде израснало салцево. Ќе пробам да го контролирам апетитот и да внесувам не повеќе од 1500 калории дневно. За две три недели ќе ти пишам повторно, бидејќи секако дека ќе излезе некој проблем.. Денес внесив 1560 калории, од утре па натаму ќе гледам да бидат помалку.. Инаку фала ти за советите мислам дека ќе имаат долготраен ефект ако ги почитувам. До пред една недела држев разни диети. Не верував во нив, ми беше мн добро познат јо-јо ефектот, но ме измами онаа УН диета. Да, се слабее, но откако ја прекинав си дојдов пак на истото. И си реков ако не успее оваа диета веќе нема да спомнам ни Д од Диета!! Затоа луѓе нека не ме мамат да држете диети и разни глупости, само броење на калориите му е мајката. Не сум 100 % сигурна, но уште ова го немам пробано, ќе видам како ќе оди и ќе ви пишам. Стефче извини но имам уште едно прашање.. „Денес изедов 1 пирошка (од поголемите,не малечка), ја ставив во тефтерот дека има 300 калории, да не скратив некоја калорија?“
Зависи колку те сакал пекарот. Ако те сакал повеќе ставил повеќе масло(свинска маст). Ако си ја правела самата,можеби си ставила помалку. Јас гледам на работите што не знам вака,споредувам повеќе извори и наоѓам средна вредност. И гледам ако сум утнал работа после 1 недела не ја јадам таа храна. Иначе да скриените калории од газираните сокови,природни сокови и сите работи што имаат прости шеќери не се препорачуваат при слабеење. Шеќерот стимулира допамин и рефлексот за награда,па стимулативно ќе сакаш да јадеш повеќе. И плус малите работи како што кажа прават големи разлики. Само една лажица шеќер што има 20 калории секој ден по 30 дена тоа се заштеда од 600 калории. Не се многу,но ако пресметаш по 365 дена добиваш голема бројка