http://forum.femina.mk/members/tibia.106162/ пред вежбање јаглехидрат после вежбање протеин тоа е општо правило. Е сега комбинации а и зависи што сакаш да потигнеш, слабеење или зацвртување. Ако сакаш јас имам план од искусен боди-билдер кој ми го напиша кога сакав да зацврнам телото но не е за слабеење. Исто така мислам дека не е добро така да изолирач само нозе да вежбаш нон стоп туку комбинирано. Јас сум вежбала еден ден нозе и стомак, еден ден грб и стомак итн. Мислам дека најдобро е да побараш совет од некој во тератаната мора да има инструктор или слично кога веќе толку се посветуваш. VladeMila чоколадо пред вежбање не би рекла. Пред вежбање банана, малтекс, мед.
Јас почнав со строга диета, т.е. на здрава исхрана сум. Јадам само здрава храна. Планирам да ослабам пак за еден месец 10 кила како претходниот пат што ослабев. Тајната е во топачот на масти и орбитрекот.
Калориски дефицит. 2000 калории реф. вредност во денот за одржување. -500 1500 треба да внесуваш во денот. Се што е над 2000 е суфицит и оди во резервна енергија т.е сало. Исфрлање на сите кондиторски производи.
Секој производ има од позади состав и нутритивна вредност на 100гр. Ако чипс има 600 калории на 100гр, а тој има 200гр и ти го издеш целиот ќе внесиш 1200 калории од чипсот. А башка и друга храна што ќе јадиш зошто чипсот нема да те засити зошто не дава ситост ама си ги внесла тие калории таа енергија од нив и плус другата храна шо ќе ја јадиш брзо и лесно се трупаат безпотребни калории. За овошки и зеленчук, за месо, за риба на нет ќе пишиш пример cucumber nutrition or calories и ќе ти излези ама одббери за 100гр. И така ќе си ги бројш потребните калории. На секоја паковка ти пишува колку има на 100гр kcal. *Чипсот нее здрав и е празна енергија т.е калорија. Го зедов само за пример како да бројш. Јади месо, риба, млечни производи и зеленчук и овошје ама умеремо со овошјето. А кондиторски производи како чипс, чоколади, торти, салами, паштети исфрлај.