Резервирање online

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Zaljubena111, 29 ноември 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Колку сте запознаени со резервирањето и плаќањето онлине? Дали вашите одмори ги резервирате вие самите или целосно и се доверувате на туристичката агенција.
    Во светот 70% се резервира онлине и тоа неколку месеци порано. Минатото лето си резервирав и отидовме на одмор многу ефтино. Целата реализација ја остварив преку http://www.booking.com.
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Со напредокот на интернет едукацијата кај нас, напреднато е и користењето на онлајн резервациските системи и луѓето се почесто се решаваат да си резервираат сами. Постојат повеќе веб страни кои нудат опции за онлајн резервации, долги години опстојуваат и се достојни за верување.

    До сега сама (за мене лично) не сум си организирала одмор ниту пак било какво патување од причина што повеќе сакам да ми средат на готово, но не значи дека не би користела. Имам дури и преголемо искуство со овие онлајн резервации и знам дека некогаш може многу да се заштеди ако се начека убава понуда неколку месеци однапред.

    Страна за проверка на хотели и мислења од лица кои престојувале:
    http://www.tripadvisor.com/

    Страни за резервирање хотели/авионски карти онлајн (освен гореспоменатата):
    http://www.venere.com
    http://www.expedia.com
    http://www.hotel.info
    http://www.hrs.com

    Предноста кај онлајн резервациите е тоа што доколку однапред го имате испланирано периодот за патување и имате средства да платите веднаш може да начекате одлични цени, но во 90% од случаите доколку дојде до ненадејни промени не се дозволени откажувања без пенали, односно задолжување.
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Досега само авионски карти сум резервирала и плаќала онлине, а хотели и сместување, не. Многу поевтино е кога однапред знаеш се, всушност и така правев, знаев дека на тој датум мора да летам и месец дена однапред си резервирав.
    Секоја година гледаме да сами си организираме одмор ама наредната 2012 изгледа ќе е навистина така (веќе е зацртана дестинацијата). Несакам одмор на веќе видени и извикани места и само тоа што нудат агенциите.
    Наредно лето ќе е мое лето ;) па ќе ви пишувам после колку сум се зезнала :D :D :D или добро поминала :D
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hие скоро секогаш резервираме онлајн и за хотели,и за летови,до сега не сме имале никаков проблем,последно не зафркнаа пред 1 месец кога летавме во друг град т.е штрајкуваа,па моравме да останеме 1-2 дена плус,па сега не изненадија со бесплатни летови до New Zealand или некаде во Aвстралија :D
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Само за авионска карта и хотелски сместувања од фирмата, и до сега немало никаков проблем.
    За одмор си планирам сама на која дестинација ќе завршиме :)
     
  6. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Дали некој има искуство со www.edreams.com ? Ми се деси да ми хакнат трансакција и од сеа сум малце попретпазлива ..
     
  7. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    ме интересира дали кога резервирате онлине тоа значи дека и веднаш треба да ја платите сумата или сумата може да се плати дополнително. Поконкретно сакам да патувам со wizzAIr и има да се плати со банковен налог, па незнам како точно оди целата постапка
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Мене ме интересира конкретно за цениве во Венеција. Некако многу ми се гледа само за еден викенд. Еве линк од booking.com, тие се или нешто грешка сум пребарала јас? И ако има некој искуство со резервирање онлајн за Венеција да сподели :)
    http://www.booking.com/flexiblesr.en-us ... al=weekend
     
  9. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Може ли некој да ми објасни на кој начин плаќате кога резервирате на букинг? И некоја др слична страна да препорачате? Преку какви картички плаќате и постои ли можност пр само да резервирам онлајн а да платам таму директно? Или не би ми резервирале така :D
     
  10. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
  11. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Женски
    и јас прво најдов хотел на booking.com ама ај си реков да им пишам е-маил директно на хотелот и добив цена поевтина за 40 евра од таа на booking (за одмор во грција) :)
     
  12. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Здраво, некој кој има искуство со www.booking.com за резервирање на хотел да кажи нешто повеќе, сигурна е странава ? Сакам да резервирам за во лето ама незнам немам никогаш резервирано преку интернет и малку ми е страв незнам дали е сигурна.
     
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    На моиве пријатели веќе 3 години одат по ред во Грција и тоа во хотели преку странава и немале досега никакви проблеми. Тетка ми исто така минатата година беше преку странава и супер било, како што си виделе на слики така и таму ги пречекало. Немало никакви проблеми, па ради тоа и оваа година ќе одат пак преку тоа. Што значи сигурно е. :)
     
    На Ivy18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Јас гледав за во Турција, а при резервирање се плаќа или после, и мора со кредитна картичка ?
    Фала ти многу за информациите. :)
     
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    И сестра ми гледаше баш за во Турција, ама рекоа рано им било :D Незнам како оди плаќањето, да не те излажам. Мислам дека кај некои се плаќа пред да отидеш, а кај некои кога ќе стигнеш таму. Ама да не си лупетам, не сум сигурна што и како оди работата околу тоа. :)
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Апсолутно е сигурна страната, но морам да нагласам дека е воглавно поскапа од другите online страни за резервација. Јас имам резервирано и преку неа, и преку hotels4u, и преку две германски, и супер сум задоволна. Зависно од хотелот, и условите во резервацијата, некаде веднаш ги наплаќаат средствата од картичката, а некаде само ги резервираат, па потоа на лице место или се активира резервацијата или се плаќа на друг начин (и после 15 дена резервацијата се брише).
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Дали некој/а има искуство со резервација преку страницата www.kusadasihotels.com ?
    Опција ни е сами да си резервираме и да одиме со сопствен превоз, бидејќи цените се прилично поевтини вака, отколку преку агенцииве. Ни фатија око неколку хотелчиња, па ако имате искуство со оваа страна, добредојдено е да го споделите. Можеби малку е рано со оглед на тоа дека сакаме да резервираме хотел за во септември, ама сакаме да го искористиме попустот за рана резервација.

    Anyone? :)
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.776
    Пол:
    Женски
    А да пробаш со booking? Мислам дека ти е најсигурно така, барем јас секојпат сум била задоволна.
     
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.258
    Пол:
    Женски
    Ние дома најчесто преку booking си резервираме онлајн.Првиот пат бевме многу скептични што како ќе испадне, ама искуството испадна сосема добро.Требаше да одиме за Софија, и бидејќи резервиравме доста порано, начекавме многу ниски смешна цени на собите во одличен луксузен хотел.Доста читав коментари од луѓето пред да резервираме, и скоро сите беа задоволни.Хотелот беше прекрасен, резервацијата беше успешна, кога завршивме со престојот си плативме во кеш и се си беше како тоа што го ветува страницата.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Подобра опција ни нудат овие од kusadasihotels.com, затоа прашувам за нив. Преку букинг немам опција алл ин за хотелов за кој што сме заинтересирани, па затоа. Фала за одговорот, ќе видам директно со управата на хотелот :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.