Драги феминки, Ве разбирам комплетно за вашето придржување, а воедно и пишување кој што јаде и кој ден ја држи диетата на Обединетите нации, но би сакала во оваа тема да се задржиме на резултатите колку симнати килограми имате за месец дена, два, три... Тоа е многу повеќе мотивирачко отколку кој што јаде во текот на денот. Тоа е пропишано во самата диета. Со сета моја почит, благодарам.
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА Јас пак мислам дека темава е вишок штом веќе има тема за УН диета. Не верувам дека модераторите ќе ја остават и оваа. А и горе-доле намената е иста, не гледам зашто да се пишуваат исти работи во различни теми, место најпрактично на едно место.
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА Мила јас мислам дека темава е одлична. Тука секоја феминка, која ја држи/ла дитетата да може само да ги пише резултатите, значи колку кг и за колку време. Темата на Ун веке е непрегледна и има преголем бр на страни и многу објаснувања. Овде е конкретно само за резултати.
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА И мене ми се допаѓа. Јас ја држев оваа диета пред 2-3 години и за 60 дена намалив 7 кг од кои подоцна не се придржував на правилото „овошје за појадок“ и вратив 3 кг. Сега последната година ептен намалив со активност и зголемив со јадење и се здебелив многу. Планирам да почнам фитнес + УН.
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА Супер е темата, конечно не ке мора да се чита кој ден на кого му е и колку ја ушмрљал диетата. Јас ја имам држено ПРАВАТА УН диета (не дека не е оваа истата, ама некако сите нешто си надаваат) пред 9-10 год и ослабев 8 кг за 1 месец. Не ги вратив лесно.
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА Секоја чест за темава! Иначе сметам дека треба да остане, зашто оваа е за постигнатите резултати од УН диетата, а не за совети и сл. како што е другата.. па така дк кога сме веќе кај резултати, јас ослабнав ни помалку ни повеќе туку цели 42кг за 7 месеци! (иако се држи 3 месеци, јас ја држев 7, затоашто ми беше неопходна).... што е огромен успех, се надевам дека ќе мотивирам некого на когошто му е итно слабеење и дека ќе го следи мојот пример и дека за исвесен период на мое огромно задоволство ќе ни се пофали за постигнатиот успех токму од оваа диета! Позз до сите некогашни, сегашни но и идни УН диеталци и диеталки!
САМО РЕЗУЛТАТИ ОД УН-ДИЕТА luci22 Соколку кг почна и колку си висока ако не е тајна? Темава е супер.Одкако ќе завршам со диетата ќе пишам колку сум ослабнала
еве и јас да охрабрам некога и самата себе си... пред 8години од 90кг со држење на UN 5месеци намалив 25кг и стигнав до 65кг,потоа строго внимавав на исхрана и за дополнителни 6месеци стигнав до 58кг најниска килажа што сум ја имала досега ,но не ја одржав за 2години си вратив 22кг и до ден денес мака мачам да си спуштам.пред 4години со некој облик на UN диета спуштив 10кг но пак ги вратив .мразам што не сум доследна.а диетава е феноменална и од денес пак ја почнав и пишувајте да се мотивираме меѓусебно со постигнатите резултати.бтњ темава е суперррр .
Двапати по 15 кила,еднаш пред 8 години и вторпат пред 4 години.Само оваа диета ми беше спас после бременост
Кај мене оваа диета не делува. Можеби ќе звучи чудно ама јас за 3 месеци симнав само 5 кг. И сите ми велат дека не сум ја држела како што треба, да не сум јадела нешто на страна. Ма немам потреба да лажам. Се придржував според диетата и тоа 100%. А имам многу за симнување.
Јас мислам заради тоа што мене лично не ми одговараше, навикнат ми е организмот на протеини, мене ден не ми поминува без месо, павлака/јогурт, млеко а тука 3 дена имаш шеќери а само еден протеини, тоа е и причината што толку споро се слабее, јади ти и компири и месо заедно ама без леб и после тоа ништо пак ќе ослабнеш побргу.
Еве ја мојата приказна. Кога после Нова Година отидов на шопинг во Софија изгледав страшно, што од стрес што од празници се поправив ужасно, подебела во живот не сум била, катастрофа. Отидов на шопинг и купив тесни фармерки, едвај ги закопчував, пред нешто помалку од 3 месеци. За 3 месеци УН и многу вежбање постигнав резултати кои не се за УАУ, али со оглед на тоа што не се држев строго до диетата, јадев повеќе и мешав, знаев и да згрешам, се осеќам како голем победник. Сликите ќе кажат сами Еве ме пред 3 месеци, слон, ма свиња е мал збор! Еве ме после 3 месеци Се надевам ќе ви биде доволен поттик на тие што се мислите да почнете со мене заедно Јас ќе продолжувам УН одржување, уште 3 месеци до она што сакам да го постигнам
Јас од 68кг паднав на 58. Вратив 3кг за 3месеци и еве ја почнав пак ама не толку сериозно неможам дасе воздржам да не ја прекршам. Ме интересира дали турбо ун има побрзи и поефикасни резултати од обичната ун?