Самиот концепт на диетата е да се промени метаболизмот, и мора да се држи без прекршување 90 дена плус 90 дена да се појадува овошје. Пред 3 години ја држев и понатаму си продолжив да појадувам овошје какво сакам и колку сакам до пладне, а за ручек не мешам месо компир,ориз,тестенина... Некогаш нормално отстапувам, зависи од денот, но промената на метаболизмот ми трае уште и после нова бременост многу брзо си се вратив во нормала. Кога ја држев бев 80 и некое кило, 9 месеци по прв пораѓај во кој качив над 30 кила и после 5 месеци од држењето на диетата во недела дена и дојодов до 59. Денес сум 60, после 2 деца дури послаба од девојка кога бев 64
Јас сум 14 дена пред крај на ун. Почетна килажа 107 последно мерење 95кг. До сега значи -12, мислам дека до крај ќе бидат -15 ама ќе видиме. Инаку планирам уште еден циклус од 90 дена да направам.
Почетна килажа 73.5 , овие денови после 2 и пол месеци имам 63 кг. Со вежбање и пешачење но и прекршување
јас ја држев пред 10 год и за еден месец ослабев 13 кг и ја прекинав , планирам од утре да ја држам заедно со кардио вежби и имам многу за слабеење инаку когаги видов коментарите за ун дека некој си јаде банани , парче леб , пица со печурки и сл . значи сосема неточно некои ја држат , банана , грозје се забрранети овошки во ун диетата , за јаглехидрати се јаде макарони , шпагети само со кечап и толку , има мн остапки али ајде да сме живи и здрави
Значи првиот циклус од 90 дена го завршив со -15 кг. Имаше моменти на слабост ама добро па Велигден беше, па први Мај. Добро е но можеше и подобро. Направив пауза од два дена и сега го почнав вториот круг од 90 дена. Па се надевам дека ќе ја постигнам крајната цел.
Zdravo devojki.Jas pred 1 godina ja drzev UN dietata i za 50 dena oslabev 10 kg.Na pocetokot epten se pridrzuvav kon dietata a potoa pravev otstapki.Otkako ja prekinav dietata prodolziv da vnimavam so ishranata i oslabev uste 3 kg. I den dens variram so 1-2 kg .
Бидејки Ун диетата е мегупознатите диети , исто така многу популарна на форумов , во диетата се напоменува губење од 18-25 кг за 90 дена . Кој е вашиот резултат?
До сега имам изгубено 8кг и 12 см во обем. Денес ми е 45 ден. Искрено и со 15 изгубени кила ќе бидам пресреќна а 18-25 тоа за мене ќе биде премија Јас сум задоволна од диетава и презадоволна од досегашниот резултат. Веќе влегувам во алиштата што ги носев пред бременоста
Срцка на ФБ има група ун диета и таму има мноогу жени, девојки кои секојдневно објавуваат која до каде е , што јаделе , си даваат подршка, а и споделуваат слики Пред и Потоа, навистина прекрасна група, поразлична од другите фб групи каде се караат и оговараат жените, групата ми е мерак да ја читам и планирам од 14 ти да се придружам и јас да ја почнам, членките се прекрасни , придружи се
Почнав со диетава и за нецел месец се откажав(иначе ослабев 5кг. и не ми се вратија) сега малце претерувам со благо, но од утре почнувам пак!!
Девојки ајде кажуваајте резултати ми треба мотвација. Во бременоста се поправив 10кг, а симнав само 7.