Реинкарнација, буквално значи „повторно да се родиш во тело“. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени - инкарнации.(Информации превземени од Википедија) Што мислите вие за оваа тема?Верувате ли во реинкарнација?Јас неможам да кажам со сигурност да или не,можеби повеќе одговорот ми бил не,но сепак оставам простор за размислување...
Интересна тема. Немав некое посебно изградено мислење за реинкарнацијата и темата не ми беше многу блиска. Пред година две ми ги донесоа книгите на тибетскиот лама, неговата автобигорафија во три дела. Е колку работи научив таму, никаде немаше да ги научам. Особено интересен дел беше овој за реинкарнацијата. Пример ги објаснуваат сите оние деца гении, кој на 4 или 5 годишна возраст се веќе научници, сликари, тн.деца чуда, со поимот инкарнации. Наводно овие деца знаењето го носат со себе ,кое е стекнато во претходниот живот како дел од тоа “јас“ кое никогаш не умира. Имаше и други интересни работи за ова, ама сега не ми текнуваат, па кога ќе се потсетам ќе ги напишам. Не можам да кажам дека верувам 100%, ама има дел од мене што верува во вакви работи.
И мене не ми е нешто блиска темава,ниту сум размислувала нешто посебно за неа.Вчера читав по форумов некои рубрики па дојдов до еден дел каде parisherionstars има постирано еден интересен текст.Во текстот зборува за...- едно момче кое уште од млади години имало огромен талент за сликање. Но момчето постојано сликало само една слика. Огромна соба, уредена во величествен стил кој потсеќал на раскошот на руските дворци од владеењето на Катерина велика, во која има само пијано и прекрасна девојка со долга руса коса како седи до пијаното, и гледа низ огромните прозорци. Родителите долго време не можеле да си ја објаснат случката, мислејќи дека нивниот син црта нешто што гледал на телевизија, но момчето упорно тврдело дека тоа не е вистина, притоа кажувајки детали од својот претходен живот-но исклучиво зборувајќи на руски-јазик кој им бил тотално непознат на неговите родители, а и на сите оние кои контактирале со момчето. По одредено време детето ја кажало и точната локација на случката која постојано ја цртало. Родителите направиле огромни напори да отидат на местото, но кога успеале во својата цел, биле запрепастани од откритието. Во дворецот постоела идентична сала само со пијано на средина но неможеле да најдат ништо поврзано со мистериозната девојка. Момчето се шетало низ дворецот како да го поминало целиот свој живот таму додека не застанало пред сликата на русата девојка која всушност во претходниот живот била неговата мајка. Податоците подоцна пронајдени велеле дека момчето било нејзиниот син кој починал на 5-6 години (времето кога момчето почнало да ги црта сликите) и која од жал се самоубила по една година.Несреќните мајка и син живееле околу 200 години пред раѓањето на ова момче...(оригиналниот пост на parisheroinstars се наоѓа во темата после смртта)... Темата ја поставив бидејќи интересно ми е кога читам за мистерии и необјаснети работи па така ќе го слушнеме мислењето и на другите форумџики,а можеби ќе имаат и нешто интересно за постирање.
верувам во реинкарнацијата сепак тие таленти и она што го нарекуваме дежа ву, не е туку така може на некој му е чудно сето ова... но тоа, некој си верува, некој не. секој индивидуално
Јас верувам. Имам прочитано на фб за 1 детенце што во претходниот живот било пилот и покрај тоа што во овој живот не учел за тоа, тој ги знаел сите делови од авионот. Ја нашле и сестра му од претходниот живот која сеуште била жива и кога разговарале насамо детето и кажало мн работи што само он и сестра му ги знаеле,и старата признала дека и е брат. Потоа кажаа дека починал во некоја авионска несреќа во претходниот живот.
Лелее интересни случки. Јас искрено верувам во инкарнации. Кога умре човек мислам дека душата оди некаде, се раѓа во нов човек.. Кој ти знае
За сите што имаат можност нека ја прочитаат "Many lives,many masters" by Dr.Brian Weiss, Докторов го опишал лекувањето на една пациентка негова,која цел живот страдала од фобии не знаејќи на што се должат тие стравови од многу банални работи.Овој преку хипнотизација дошол до фрапантни откритија.Значи ова е вистинска приказна,барем како таква е објавена.Книгата е само на англиски јазик,нема македонски превод.Ако иматер прилика прочитајте ја,ако ништо друго интересна е ... Не знам искрено дали верувам или не,разумот некако ми се коси со таа филозофија,ама пак ќе речам не тврдам со раце во оган дека нема шанси да нема такво нешто
Леле ептен интересна темава.. јас имам слушано дека не за џабе не привлекувал некој спорт или нешто специфично.. или сме талентирани за нешо уште од мали.. Којзнае.. валјда има нешо стварно.
Ако до сега не сте верувале во реинкарнација или за тој феномен не сте имале мислење, тогаш оваа приказна секако прочитајте ја. Тоа е приказна која се доловува и истата може да заврши на филмското платно.James Leininger, 11 годишно момче од Lafayette во Louisiana, минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација. Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на се’ од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 Март 1945 година. Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна, бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудовидени. Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston. Кога ја наполнил втората година, детето почлнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт. На своите родители тогаш по прв пат им објаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила моторот на авионот и дека животот му завршил во морето. Неговиот татко Bruce, од првин бил скептичен спрема реинкарнацијата, потоа почнал да истражува и го однел синот кај преостанатите живи војници кои служеле на тој брод. И останал без зборови. Откога малиот James ги видел своите стари воени другари, оние кои ги познавал ги поздравил по име. Но, тоа шокантно откритие не е крај на приказната. Родителите на детето ја пронашле и Anna Barron, сестрата на James Huston. Старицата брзо заклучила дека детето е нејзиниот покоен брат. “Тоа дете ми раскажа многу разни детали од нашето детство што одма заклучив дека тој навистина е мојот брат. На пример, тој се сети на нашите портрети кои ги нацрта нашата мајка, а за тие слики никој не знаеше освен ние двајцата - раскажа стариацата. Приказната за ова дете неодамна е објавена во книгата "Soul Survirov", а како што изгледа наскоро ќе заврши на филмско платно.
Ете, пинк ме претркала, јас сега ја прочитав статијата, буквално се наежив и останав Незнам што да мислам, посебно никогаш не сум имала некој став во врска со ова ниту пак сум размислувала. Ама сега незнам, ќе почнам да истражувам, можеби ќе налетам на интересни податоци
Интересно ми е за читање многу ова, приказни секогаш ќе има, но нема да има докази. Ова реинкарнацијава постоела или не е многу паметна работа според мене. Зошто? Се верува дека зависно од тоа како ќе го живее тој човек животот, зависи и што ќе се случи со неговата душа нели. Е сега некои веруваат дека ако во овој живот живеат лош живот, на пример убиваат, крадат, лажат, дека во другиот живот кога ќе се реинкарнираат ќе бидат баш тие крадени и лажени, па и убиени. Постоела или не, е многу паметна работа ќе речам уште еднаш. И затоа сум голем скептик кога научниците трагаат по одговори за реикарнацијата, верата, настанокот на светот и сл. Затоа што мислам дека во светов има поставено некој баланс, и дека луѓето како што стареат потсвесно се плашат од таа "виша енергија", се плашат од вратки, од тоа да се сврти тркалото.. Доколку некој докаже дека на светов не постои ништо друго освен самите ние, дека и реинкарнацијата и сите останати неразјаснети појави се чиста фикција мислам дека ќе се случи едно безредие! Секој ќе прави како што сака, на никој нема да му биде страв од она што горе го наведов... Моментално има такви луѓе, но сепак светот е во некој баланс... Но сметам дека доколку се докаже дека не постои, светов на многу полошо ќе тргне. Затоа нека си верува тој што си верува, тој што не верува нека си остани неверен Тома. Јас лично не верувам, верувам само во Бог.
Па факт е дека телото е материја, а душата е енергија, а енергијата не може да исчезне. Нема причина зашто да не верувам
Се верува дека детето до четвртата година се сеќава на некои моменти од претходниот живот... Имав другар чии брат ни раскажуваше на 3 години како он бил војник кога бил голем и детално ни објаснуваше што носел па што правеле да не ти се верува.. А од каде би знаело три годишно дете за такво нешто? Исто и тетка ми (која е најмала у фамилија) викала дека она јадела мекици за мајка ми кога се родила и за братучед и најголем а за помалиот не се сеќавала. И им кажувала кај седела точно во станот кај баба ми и дедо ми на мекици кога била... И тие измислени пријатели децата што си ги имаат и тие може да се некое сеќавање на претходниот живот...
Не знам дали да верувам или не но, можеби сите имаме некои остатоци од она што сме биле во претходниот живот...кој знае .....само нагаѓам
верувам во ова многу. имаше и на опра некои работи поврзано со ова. Луше како зборуваат јазици што не ги учеле, се сеќаваат работи што не им се случиле ... и знам имаше некој доктор им правеше хипноза и можеа да се сетат на претходните животи. исто во времето на нацистите било мноу распространето ова мислење. Као демек сите од ариевската раса се реинкарнација на "вишите непознати".
Одлично кажано! Со оглед на најновите достигнувања во медицината, со најновите апарати човекот може да се одржи во живот. Зошто тогаш не сме бесмртни? Има апарати за одржување на секој дел од телото но залудно е. Телото ќе си остане како материја, но душата како енергија си заминува, но не ја снемува! Основно правилно е дека енергијата само преминува од еден вид во друг, а никогаш не исчезнува. Сосема добра поткрепа за истата таа енергија да се вдахне во нова материја, односно ново тело, зар не?
Реинкарнацијата си има своја логика. Религиозно, будистите веруваат во неа. Да ве потсетам на филмот "Малиот Буда", во кој се раскажува за дете за кое тврделе дека е реинкарнација на Буда. Истакнатите психолози денес пробуваат да ги пробијат фактитие и мислењата за оваа појава, со што користат метод т.н. хипноза. Оваа метода започнале да ја користат со цел најпрво да откријат од каде потекнува стравот на пациентот. Некој психолог, откако го хипнотизирал пациентот, започнал да го враќа во сеќавањата на времето кога бил дете. Хипнотизираниот пациент зборувал и раскажувал за периоди кога бил на пример, 6 месечно бебе, 2 месечно..започнал да се враќа на времето и чувствата кога бил фетус. По некое време почнал да раскажува и нешто друго, кога бил на старост. Како живеел друг живот, како умирал... Ова ми го раскажуваше една пријателка која е доста упатена во овие работи и доста има читано..Па малку ме подзамисли, дури и ми ги зацврсти верувањата во оваа појава. Од духовен аспект, (според будистичко верување) реинкарнацијата претставува духовно надоградување на личноста и искупување на грешките од минатиот живот. Нешто слично како Пеколот на Данте. Секој нареден живот е повиско ниво. На највисокото стои Бог, а со секој нареден живот се доближуваш кон него.
Јас верувам во реинкарнација, верувам дека мојот дух порано бил некој и дека и по мене истиот преминува.