Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
  2. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Мене едно ме збунува...
    Како христијански верници веруваат во реинкарнација? 8-|
    Нели е тоа спротивно на она што го проповеда Христијанството, рај и пекол? :?:

    Да не бидам оф топик
    Да, верувам во реинкарнација.
    Верувам дека во последните моменти од животот се прави "краток пресек" на сите добри и лоши работи што сме ги направиле за време на истиот и врз основа на тоа кармата настапува на сцена со тоа што се одлучува за време на тој живот во што сме заслужиле да се реинкарнираме.
    Според ова верување, човечкото тело е трето по ред "најсовршени" реинкарнации, по ПолуБог и Бог.
     
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Сметам дека реинкарнацијата, како и другите абсурдни верувања кои се поврзани со повторно раѓање и задгорбен живот се само смешен плод на човековиот патетичен стремеж и тенденција да одбива да поверува дека не е бесмртен и дека еден ден едноставно ќе престане да постои, а се околу него ќе продолжи да функционира како пред, така и по неговото постоење.

    Само затоа што homo sapiens успеал да развие свест, когнации, морал и повисок степен на интелигенција од останатите живи суштества на оваа планета, тоа сепак не му дава право да се величи до комичен степен каде што мисли дека претставува нешто толку посебно, што за него важат други закони на физика и биологија.

    Ваквите банални верувања и идеи ги поврзувам со длабокото и за жал сериозно психолошко негирање на т.н. Mortality salience, односно свесноста на човекот дека неговата смрт е неизбежна.

    Според стандарната дефиниција за реинкарнацијата:

    " Reincarnation is the philosophical or religious concept that an aspect of a living being starts a new life in a different physical body or form after each biological death. "

    ... едноставно не можам да пронајдам никаква логика околу функционирањето, како и целта на оваа апсурдно верување...Дури и во самата дефиниција е наведено дека реинкарнацијата претставува филозофски или религиозен концепт - што не претставува цврст научно докажан факт, туку е само идеа, односно концептуализација извлечена од некој смешен плод на човекова фантазија и верување или пак страв.

    Исто така ме интересира зошто воопшто "душата" треба да се врати во друга форма или тело на Земја? Зарем ова не се коси со подеднакво смешното верување за одењето во рајот или пеколот после смртта... Биолошката смрт настапува само еднаш и тоа е и крајот на животот.

    Претпоставувам дека во сржта на човекот и самото негово постоење е да одбива да го прифати фактот дека е смртник. Но од друга страна разбирам дека никој не сака да умре знаејќи дека неговото постоење немало никакво значење. Затоа е многу полесно да се верува во лажна надеж проткајана во бајки отколку во суровата реалност...
     
    На www123, zorana*, Dekorado и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Да правиме разлика! Тоа е во спротивност со она што го проповеда црковното христијанство кое настанало низ вековите како смеса на разни пагански традиции и религиозни спекулации на теолозите. Тоа црковно христијанство меѓутоа освен верувањето во Христос и нема многу допирни точки со изворното христијанство - учењето на Исус од Назарет. Верувањето во вечниот пекол било вметнато подоцна за да се пополни празнината која настанала при отфрлање на знаењето за предегзистенција на душата при еден од црковните тнр. вселенски собири.
    Христос наместо тоа предупредувал за законот на сеење и жнеење т.е законот на причина и последица, кој во некои култури се нарекува карма. Тој им го покажувал и покажува патот на сите луѓе и души преку Беседата на гората за да се вратат во изворната Татковина, во духовниот космос.

    Да не беше тоа така, би зборувал ли Исус (во една споредба запишана и во библиските Евангелија) за многуте станови кои чекаат празни во Небесното Царство?

    Понекогаш се вели дека реинкарнацијата е учење од источните религии, но тоа би било слично како да се каже дека струјата е Теслино учење или дека Америка е Колумбовско учење. Тие нешта постоеле и постојат, можеби со друго име, поинаку објаснети - независно од луѓето што ги откриле. Така е и со реинкарнацијата, таа постоела и постои, а тоа што преку интуитивен пат или преку визија и објава ја спознале поединци во одредени култури, не значи дека таа е некаков нивен ексклузивитет.

    Првите христијани знаеле за можноста дека душата по смртта на телото може да дојде во ново тело. Денешните вистински христијани исто така знаат за тоа, но за разлика од источните учења како на пр. хиндуизмот и будизмот тие знаат дека човековата душа не може да се враќа во животински, растителни или дури минерални форми ниту пак може да се стопи во безличниот светлосен етер. Христовата жртва на крстот ја има отстрането трајно таквата опасност.

    За ова повеќе може да се прочита во Хрисовите објави до луѓето на денешницата. (во изд. на Универзален живот).
    Од науката знаеме дека ниту енергија не се губи... каде оди тогаш енергијата на свеста и сето она што го обележувало некогашниот човек, жена, дете?
    Дали треба да се врати или не, тоа секоја душа го одлучува самата за себе. Мотивите можат да бидат најразлични... некоја душа сака да се прочисти и напредува побргу низ краткотијата на земските години, друга сака да се освети некому, трета сака да продолжи да живее како човек бидејќи претходните животи не ги искористила за духовен развој и духовно будење (имено дека Земјата не е нашата изворна татковина, туку само попатна станица) туку силно се идентификувала со своето тело, сетила и желби па во отадестраното не се снаоѓа и се чувствува како странец. Или пак силно се има наврзано за некои световни идеи и представи - било да се верски, политички или научни па сака да ги види или дури придонесе истите да се реализираат во овој свет.
    Но има и такви (светли) души кои се отелотворуваат за да им служат несебично на луѓето како и тие постепено би се разбудиле духовно и би го тргнале патот кон Бога, вистинското дома. Такви биле на пр. вистинските божји пророци кои овозможувале божјиот светлосен говор да биде забележлив за физичките уши на луѓето кои ја загубиле комуникацијата со Бога и божественото во себе.

    Важно е да се знае дека душите никој не ги присилува ниту им забранува да одат во инкарнација или повторно да се враќаат т.е. да се реинкарнираат - секако, доколку за дотичната душа постојат соодветни услови во дадениот момент. Но целта не би требало да биде да се тежнее кон постојано реинкарнирање туку напротив, излегување од тој „маѓепсан„ круг на повторно раѓање и умирање низ животи честопати исполнети со страдање.
    Имај во предвид дека тоа оди и во обратна насока! Тоа може да биде одраз и на една површност, одбивање да се погледне подлабоко, од онаа страна на материјата. Имено, голем број луѓе длабоко во себе не сакаат да ја прифатат одговорноста за своите постапки и да станат господарина својот живот и судбина, па во пристапот дека наводно со овој живот ионака завршува сè, ја „мијат„ и зашеметуваат својата совест.
     
    На MemoryOfUniverse му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ако има реинкарнација, ја во минатитот живот сум била црна мачка со зелени очи.
     
    На Dekorado, Dark light ◇> и КикиМаус им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Енергијата не се губи... сигурно мислиш на правилото дека енергијата не може да биде уништена.
    Иако науката вели дека енергијата не може да биде ниту создадена, ниту пак уништена, сепак ова не е целосниот природен закон.
    Имено, целосниот закон гласи: Енергијата не може да биде ниту создадена, ниту пак уништена, АМА може да биде трансформирана од една форма во друга.

    И ова правило се применува буквално насекаде во универзумот.
    На пример, иако луѓето го користат терминот произведување на електрична енергија, таа во пракса не може да се направи, односно да се создаде.
    Напротив, во нуклеарна или пак во термо централа, електричната енергија претставува ништо друго освен претворена топлинска енергија, односно во овој случај имаме трансформација на формата.

    Според овој пример кој го наведов, би можело да се каже дека нешто слично се случува и кога умираме.
    Имено, по нашата смрт ние се распаѓаме со помош на бактерии и други слични организми, односно за нив стануваме извор на енергија.
    Во полето на физиката, овде настапува еквивалентноста меѓу масата и енергијата и истата е манифестирана преку формула за која верувам дека на сите ви е мошне позната:

    [​IMG]

    Како што врз мртвото тело дејствуваат одредени хемикалии, тогаш дел од енергијата која се наоѓала во нашето тело може да биде изгубена во форма на топлина.

    Ова претставува закон кој е присутен буквално насекаде во универзумот, односно енергијата е константно конвертирана од една форма во друга, т.е. подлежи на трансформација.
    Поради овој факт и вкупната енергија на универзумот останува константна.

    Причината поради што ова не е возможно е бидејќи за воопшто да постои душата, таа мора да има свесност која ќе треба да биде целосно одвоена од нашето физичко тело - а тоа не е така.
    Всушност свесноста на човекот можам да ја дефинирам, на основно ниво, како серија на атоми и електрони кои есенцијално ни ги даваат нашиот ум.

    Законите на универзумот не дозволуваат овие честички да оперираат после нашето физичко непостоење.

    Тврдењата дека некоја форма на свест продолжува да остои откако нашите тела умираат и се распаѓаат во нивните конститутивни атоми се соочуваат со една голема пречка, а тоа е дека законите на физиката кои се присутни во основата на секојденвниот живот се комплетно разбрани и во тие закони нема никаков начин со кој ќе се дозволи информациите складирани во нашите мозоци да истраат откако ќе умреме.
    Како доказ за ова посочува кон теоријата за квантно поле.

    Во едноставни термини, оваа теорија го прикажува верувањето дека постои едно поле за секој тип на честичка.

    На пример, сите фотони во универзумот се на едно ниво, и сите електрони исто така имаат свое поле, и за секој друг тип на честичка исто така.

    По религиозните верувања, доколку задгробниот живот би продолжел во некој капацитет по смртта, тестовите на квантното поле би испуштале ,, духовни честички ,, и ,,духовни сили ,,.

    Ако навистина не постои ништо друго освен атомите и познатите сили, тогаш е многу јасно дека не постои никаква шанса душата да постои по смртта на нашето физичко тело.

    Можеби твоето и моето гледиште се контрадикторни, ама важната работа овде е да се увиди кое гледиште има поголема логика, веројатност и блискост до вистината.
    Според законите на физиката, животот навистина завршува со биолошката смрт, и тоа од сите аспекти: енергија, свесноста, електричните импулси во нервиот систем кој се распаѓа, телото и органите...

    Сепак, иако имаме различни ставови, секој може да верува во она што сака. Ова е само мое објаснување и перспектива на нештата.
     
    На Dekorado и MemoryOfUniverse им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Да, но тоа е трансформација на телото, на телесната енергија.
    Таа е одвоена од телото и може да егзистира независно од него. Нервниот систем и хемијските процеси се само медиум таа свесност да се изрази себе си во материјата како човек или некое друго живо суштество. Илустрација ради, слично како што возачот може да егзистира независно од возилото.
    Не сите религии имаат исто објаснување за животот по смртта на телото, ниту пак сите религии веруваат во задгробен живот. Како и да е, проблемот е што со материјални тестови се обидува да се утврди она што е нематеријално, и згора на тоа сето тоа да се толкува низ човечкиот интелект кој пак е мошне ограничен како алатка на свеста ислужи само за привремено снаоѓање во материјата. Духовните нешта се сфаќаат со внатрешното, народски кажано со срцето.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Но и мозокот спаѓа во дел од телото, а од мозокот потекнува човечката свест.
    Кога срцето престанува да пренесува крв низ целото тело, вклучивајќи го и мозокот, истиот не може да работи.
    Освен тоа, во постот ги споменав и електричните импулси во нервиот систем.
    Она кое некои луѓе го опишуваат како "прелетување на животот" во блисок момент со смртта, е само еден процес на комуникација меѓу невроните - автоматски посочувајќи на фактот дека свесноста исчезнува во моментот кога мозокот умира, односно престанува да работи.

    А зошто се одвојува? Може ова да се објасни со некоја од природните закони?
    Свесноста на човекот, која би требало да е основен елемент на душата за таа да постои, би се опишала како серија на атоми и електрони кои есенцијално ни ги даваат нашиот ум. Ама истите овие честички не можат да оперираат по нашето физичко постоење (биолошката смрт) бидејќи потекнуваат од нашиот мозок, а штом со смртта мозокот престанува да функционира, автоматски исчезнува и свеста.
    Не постои никаков доказ дека во квантното поле постојат т.н. "духовни честички"...

    Тоа е точно, како јудаизмот на пример, меѓутоа главните религии како христијанството и исламот веруваат во задгробен живот и имаат огромно влијание врз мислењето и гледиштата во поглед на животот и смртта.

    Како што сум се искажувала и во претходни мислења, луѓето се премногу емотивни и приврзани суштества според мене, кои секогаш се обидуваат да пронајдат некоја поголема смисла на нивното постоење.
    Јас го толкувам духовното, односно духовните нешта како чиста психологија во потсвеста на човекот...
     
    На MemoryOfUniverse му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    На тема: „Реинкарнација и христијанство - Исус подучувал за реинкарнацијата како нова шанса а не како цел„
    (на хрватски јазик)

     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Зашто е темата за реинкарнација во "другата наука"?
    Посоодветно е да е во религија. Сепак е концепт прифатен од будизмот и од некои други религии.
     
    На WildMk и daylight им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.248
    Пол:
    Женски
    Јас неколку пати применив техники на регресија и секогаш ми излегуваше дека сум била богат Европеец од 19. век.
    Истиот човек го гледав, од детство, преку младост, до стари години.
     
    На Cosmic Girl и MemoryOfUniverse им се допаѓа ова.
  12. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Ај донт лајк дис шит !
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во ова. Верувам во вечен живот после смртта.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    И јас имам пробано past life regression и тоа неколку пати. Најдов некои добри видеа каде те водат гласовни инструкции на Јутуб и ги користев.
    Можеби е само фантазија ама многу ми беше интересно. Секогаш различни луѓе и различни периоди.
    Во една бев благородничка од 17 ти век од Австрија, се видов во оние фустани со корсети на денот кога брат ми ( кој истиот и денес ми е брат) ме запознал со мојот сопруг. Не сме живееле до старост заедно, ваљда сум била вдовица. Но имав семејство со деца и внуци во кое сум била матријарх. И сум сакала уметнички дела и слики сум била матрон на уметници. Моментот на смрт ми бил во постела опкружена со своите деца, најверојатно дошле да се поздрават за последен пат. И моментот на излегување од телото го памтев, без болката од претходно ама со сета љубов кон блиските.
    Еднаш бев младо момче Индијанец од северна Америка кој умрел како последица на напад на рис при лов. Дојдов изгризан по рамото и рацете во селото и умирав во трески и болки. Врачот се обидуваше да ме оздраве а јас умирав со чувство на вина и мислев дека животното ме нападнало затоа што нешто сум згрешила на вишите сили и преку него ме казниле. Си го чув името и си ја видов како на мапа локацијата на селото. После ова пребарав на интернет, најдов кои племиња живееле на таа територија и најдов листа на лични имиња кои ги имале нивните членови и го најдов и тоа што го видов
     
    На Elf, La-loca и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Поентата на учењето за реинкарнација не е кој сè сме биле во минатите животи, туку кој сме денес сè уште од сето тоа.

    Правилното знаење за реинкарнацијата е спознанието дека и покрај влијанието на разните луѓе кои ги среќаваме во текот на нашите животи, во крајна линија ние преку нашите ставови и одлуки сме создатели на нашата среќа или судбина.

    Поинаку кажано, што од сето тоа останало „залепено„ односно ненадминато како наша карактерна црта која постои и денес, во овој сегашен живот?

    На пр. дали сме сè уште склони да ги потценуваме луѓето околу себе? Дали сме сè уште завидливи? Непромислени? Дали сè уште се бавиме со грешни активности како лов и риболов или истите ги одобруваме и поддржуваме? Дали сè уште се идентификуваме со нашето тело и нација подготгвени да одобруваме или заговараме војни и сплетки во име на одбрана на истите? Дали сè уште им робуваме на нашите сетила или сме учиме да овладуваме со нив? Затоа што тоа се работите кои можат одлучувачки да влијаат на нашиот сегашен но и нашиот евентуален иден живот.
     
    Последна измена: 24 јуни 2022
    На Elf и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. Dark light ◇>

    Dark light ◇> Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Diva ili domasna ?
     
  17. Dark light ◇>

    Dark light ◇> Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Od kaj ja znaes poentata na ucenjeto od nekoj ucitel star mora da si reinkarnacija
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Од книгиве:

    S407en-wheredidicomefrome.jpg reinkarnacija.jpg
     
  19. Dark light ◇>

    Dark light ◇> Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
  20. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Не верувам во реинкарнација.
    Верувам во Воскресение.
     
    На Dark light ◇> му/ѝ се допаѓа ова.