1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. laurus nobilis

    laurus nobilis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Може да споделиш видеа преку кои си се водела за регресијата? Ти успеа од прва или неколку пати се обидуваше? Јас имам порано пробувано, но стално заспивам или едноставно ништо не ми доаѓа како визија. Може треба повеќе да се опуштам.
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    7.707
    Пол:
    Женски
    Ова е добро. Малку е побрзо ако сакаш да не заспиеш :D


    Има и други, поспори, ама не можам да ги најдам.
    Инаку да, од прва ми успеа. Ама бара време и да си сама, без дистракции.
     
    На Elf и laurus nobilis им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    7.707
    Пол:
    Женски
    Кој сака да проба медитација за past life regression еве една која ја води Jamie Butler. Јас ја пробав, добра е:
     
  4. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Добро, и која е целта на сето ова? Која е целта да се прераѓаме за да исплаќаме карма? И што после тоа, што откако ќе ја исчистиме нашата душа или развиеме до највисок степен?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Како што вели поднасловот на една емисија, реинкарнацијата не е цел туку шанса! Дали и како некој таа шанса ќе ја употреби или скраја да е, злоупотреби е слобода на избор. Но изборот повлекува добри, помалце добри или лоши последици - на пр. натамошно вплеткување во законот на причина и последица (кармата).
    Душата никој не ѝ забранува ниту присилува (освен ако не се продала на темнината) да се реинкарнира.
    Но извесен број души согледуваат дека во краткотијата на овоземните години многу побргу можат да се прочистат и напредуваат отколку во астралните светови (царствата на бестелесните души) затоа што таму тие процеси траат многу подолго и се многу потешки бидејќи душите таму немаат тело кое дејствува како своевиден браник (бафер). Додека е душата отелотворена т.е додека е во инкарнација таа може да му пренесе на телото дел од својот товар, а на телото пак може да му се даде поддршка на пр. со медикаменти, да се движи низ просторот (на пр. прошетки во природата) или да се обиде да го преуредува како му одговара( да се школува, да работи, да заработи, да се пресели, преуреди стан и сл.).
    Во царствата на душите кои се наоѓаат вон Небото (Апсолутноста) душите се директно изложени на последиците од сопствените мисли, зборови и постапки сторени кон другите (тука спаѓа и односот кон животните и природата) доколку тие се состоеле од намерно задавање душевна или физичка болка на другите, тогаш тие енергии се рефлектираат во клеточната структура на самата душа и таа на своето душевно тело чувствува што предизвикала како штета. Болката престанува само доколку задобие простување и им прости исто така на другите.

    За разлика од тоа, во телото душата може да го поправа погрешно стореното, без притоа да има потреба да знае за деталите на минатото, едноставно така што ќе се труди во своето секојдневите да ги препознава своите сегашни негативни карактерни црти (кон кого и каде како човек греши денес) и да живее според повисоките духовни небесни начела (она што не сакаш другите да ти го прават, не им го прави ниту ти ним).
    На тој начин постепено ја брише својата карма без да мора истата да ја искуси на своја кожа, или пак тоа ќе биде само во делумна и ублажена форма.
    Тогаш душата може да се врати во вистинската, изворна татковина каде што нема страдање. Материјалниот космос, човештвото и страдањата се последица на нашето заминување од Небото кое се случило многу многу оддамна. Помеѓу тие два света постои светот на бестелесните души кои немаат тело но сè уште не се целосно совршени за да се вратат во Небото. Таму, во небесната татковина духовните битија како дел од една хармонична фамилија имаат безгранични можности во вклучување и проширување на вистинското Создавање во вечен мир и радост.
     
    На Ace Cetvrti му/ѝ се допаѓа ова.
  6. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    :wasntme: hm , vo toa carstvo na dusite nemaat tela no mozat na drugite da predizvikaat psihicka i FIZICKA bolka? pa duri i na zivotnite i prirodata? bez fizicko telo kako e mozna fizicka bolka? i kako e mozno da postoi priroda i zivotni ako nema fizicki tela, oblici sto i da e? neli sama velis bestelesni dusi?! :^)
    koj i da ti kazal ova dali bil tamu ili ti si bila ne znam ,te izlazal, nevozmozno e
    a vo taa nebesna tatkovina imat tela tie duhovni bitija ? imaat svoj zivot ili sto i da e, svoj izbor ili se onaka duhcinja site povrzani i srekni veseli mirni si dremat bez nikakva cel ?
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Станува збор за душевна болка која може да биде многу поинтензивна од физичката. Душата е составена од духовни честички. Преку погрешното однесување доаѓа до засенчување на истите, божјите струи не можат да течат во нив и низ нив со нормален интензитет и тоа предизвикува страдање.
    Не, туку она што на земјава т.е. овдестраното - луѓето им го сториле на животните и природата, тоа се рефлектира во нивните душевни тела во отадестраното. Народски кажано: што некој дробел, тоа ќе срка.
    Тие имаат духовна форма, со наши човечки зборови би сме рекле дека имаат духовни тела. Бидејќи тие тела немаат полови органи, во некои духовни книги се нарекуваат машки и женски принципи, или битија кои имаат машка или женска енергија.
    Секое зрело духовно битие има потполно развиена слободна волја и слобода на движење. Тоа е соучесник во божественото создавање кое е во вечно проширување и разновидни активности. Станува збор за цел духовен космос со ѕвезди, системи, минерали, растенија, животни... Тоа што ние го гледаме на планетата Земја но и низ материјалниот космос (планети и ѕвезди) е само искривен одраз, бледа копија на она што постои во небесните светови.
    Сите ние сме биле таму и одиме кон таму само што не се сеќаваме и не сме свесни за тоа.
    Но постоеле и постојат луѓе кои имаат свесен и јасен увид зад онаа страна на материјата, во - за физичките очи, невидливи светови. На пр. пророците, визионерите и мистичарите. Тие известувале за она што го слушнале и виделе, така на пр. порано пророкот Исаија, Јован Богослов, Хилдегард Бингенска, Џордано Бруно, Емануел Сведенборг, Јакоб Лорбер и тн. денес Божјата пророчица Габриеле од Германија.
     
    Последна измена: 19 јануари 2024
  8. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Зошто сме заминале од Небото? Дали е тоа поврзано со приказната за Адам и Ева кога биле протерани од Еденската градина откако каснале од јаболкото?

    И дали душата кога ќе го напушти земското тело/кога ќе се врати во изворната, вистинска татковина се сеќава на сите претходни животи на Земјата?

    И на крајот пак ми се појавува прашањето: зошто сето ова? Како сме се создале? Зошто и како Бог не создал, која е причината?
     
    Последна измена: 19 јануари 2024
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Исто така ме интересира дали се знае како изгледаат душите? Како комуницираат меѓу себе во тој свет?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Тоа е долга приказна, но накратко некои битија сакале да бидат Бог, што е невозможно. Ние сме изворно создадени како божествени битија, но не сме Бог самиот. Нашиот однос е сличен како дете - родител.
    Исус направил споредба раскажувајќи ја приказната за изгубениот син.
    Божјите деца меѓутоа имаат целосно развиена слободна волја. Бидејќи слободата е еден од божјите атрибути, Бог ја почитува слободата на своите деца. Тие сакале да имаат свое создавање по свој терк. Слично како во приказната за изгубениот син, Бог им го дал нивното наследство (енергија) да се испробаат во своите идеи и самите се уверат во лудоста на своите намери.

    Бидејќи според духовниот закон сличностите се привлекуваат, различностите се одбиваат, така она што не било во склад со божествените вибрации предизвикало турбуленции кои сосема постепено (низ многубројни милиарди години) довеле до настанок на материјалниот космос а подоцна до планетата Земја и материјалните тела. Тоа значи дека делови од небесните планети се отцепиле и постепено се обвиткувале со сè погруба и погруба вибрација предизвикана од отпаднатите битија.

    Митот за Адам и Ева е само крајно упростена и непотполна симболична приказна за она што се случило некогаш многу одамна. Бог никого не протерал, туку дел од божјите деца по свој избор заминале, се отцепиле од вистинското дома.

    Бидејќи без Бога нема вистинска и трајна среќа по некое време почнале и првите болки, страдања. Секој сакал во новото сатанско царство да биде најголем (да биде Бог) да господари манипулативно со другите, да ги крие своите вистински намери - што пак довело до настанок на мислите. Некои битија сфатиле дека згрешиле, но не умееле повеќе да се вратат бидејќи ги истрошиле своите сили (наследство) и премногу веќе биле заплеткани во мрежата на сопствените заблуди. Бидејќи Бог подеднакво ги љуби сите свои деца, тој испраќал гласници на светлината (на земјава ги знаеме како Божјите пророци) во сите времиња кои го покажувале патот кон дома но и ги опоменувале другите на преобраќање.
    Тоа значи дека постојат и битија кои привремено заминале подоцна со цел да им помогнат на првите постепено да се вратат.
    Да, но тие за чистото духовно битије такаречи немаат никакво значење. Во Христовата објава наменета за луѓето на денешницата, Ова е Мојата Реч Алфа и Омега беше кажано дека при враќањето на душите во изворната татковина, Бог нема да ги прашува каде бевте, што правевте, единствено нешто што битно е дека тие се вратиле (како во приказната од евангелијата: мојот син беше изгубен но сега е најден).
    Како што е објаснето во божествените објави (на пр. Лиобани - Јас раскажувам, слушаш ли?) Бог создавал од несебична љубов и тоа се одвивало преку духовна еволуција. Божјите етерични струи првин добиле форма на духовни минерали, тие потоа постепено се развивале кон духовни растенија кои потоа се развиле во духовни животни, а тие во тнр. битија на природата (во народот познати како џуџиња и самовили) а потоа тие еволуирале во духовни битија - ќерки и синови Божји. Мерено со земно време тоа се одвивало низ незамисливо долги периоди.
    Мошне слично како и ние луѓето. Меѓутоа таму нема шминкање, односно прикажување на себе си (карактерот) поинаку отколку што некој навистина е. Материјалниот посед душата не може да го земе со себе. Наместо тоа, багажот кој душата го зема со себе во отадестранто се нејзните искрени мотиви, желби, силни убедувања, склоности, копнежи... Но тука треба да се каже дека секоја душа по напуштањето на телото има впечаток и најсвежо сеќавање за она каква што била од штотуку напуштената инкарнација. Така на пр. душите кои смртта ги затекнала додека биле сèуште во детско тело, на оној свет привремено ја задржуваат детската свест и другите ги доживуваат некое време како деца. Ангелите водичи и ангелите учители им помагаат да ја надминат таа состојба на свест по некое време.
    Во астралните светови (световите вон Небото, каде душите сèуште се несовршени) комуницираат преку телепатија, но впечатокот кои тие меѓусебе го имаат е исто како тука на земјава како да разговараат. Мошне слично како ние луѓето, со тоа што непознавањето на овоземните странски јазици таму не е никаква пречка. Разликата е што таму мислите и намерите стануваат видливи. Нема криење зад маски од типот едно да се збори а друго всшност да се мисли. Секому е јасно што другиот соопштува. Дали со тоа ќе другите ќе се согласуваат или не, тоа може да биде друга приказна.
    Во небесните светови тоа оди на уште повисоко ниво - комуникацијата се одвива преку чувства.
     
    Последна измена: 19 јануари 2024
    На Ace Cetvrti му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Фала за одговорите!
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Темата на мојата омилена песна (финска) е реинкарнација. Кога ја слушнав пред точно 10 години, во јануари 2014, не го ни знаев текстот; ме освои моќната музика и ритамот. Има некој смирувачки и весел темперамент песнава и го крева духот.



    Англиски превод на текстот:

    I remember as I once arrived from a star
    to be among the other ancient children, at the rotation of Terra
    I remember details of my previous lives
    and queues at the gates of the underworld
    I remember the brightness

    I’ve been born as a blacksmith, created many things,
    done many unforgivable things
    I’ve been a nun, and like Don Juan
    a beggar, and a general of the army
    I remember the brightness

    This time I’m gonna shift the mountains
    change everything, redraw the directions
    I’m passing off the karma, break myself into freedom
    and doing everything for love
    I remember the brightness

    I’ve seen everything
    I remember the brightness
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    ne izvrtuvaj, ti imase napisano bestelisni se no cuvstvuvaat psihicka i FIZICKA bolka
    pa isto mu doaga tie "duhovni bitia " se isto bestelesni (vo slucaj da postojat) pa sto znam kakva sloboda volja imaat , kaj bi se dvizele
    ne nit sum bila nit ke bidam, rado bi da si sum vecno so fizicko telo ama nema :)
    vo red sfativ toa e od nekoja kniga, a vo knigi mozes svasta da izmalupas, jas ne bi se vodela i slepo veruvala na nekoja si kniga i necii fantazii
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Во ред е да се согласиш или не се согласиш со нечие мислење, но само поради тоа што не го разбираш туѓиот став, не е фер да велиш дека се извртува. Имено, никаде беше напишано такво нешто. Ако има, тогаш повели, цитирај го конкретниот пасус со маркирање и копчето за цитат.
    Да, можеби некој може да изналупа во книгите сèнешто, но и тоа ти што го велиш може да биде само твоја фантазија.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    ne znam da citiram eve tuka kopirav tvoi zborovi FIZICKA BOLKA a tie bestelesni ?

    (ova sebtvoi zborovi) Во царствата на душите кои се наоѓаат вон Небото (Апсолутноста) душите се директно изложени на последиците од сопствените мисли, зборови и постапки сторени кон другите (тука спаѓа и односот кон животните и природата) доколку тие се состоеле од намерно задавање душевна или физичка болка на другите, тогаш тие енергии се рефлектираат во клеточната структура на самата душа и таа на своето душевно тело чувствува што предизвикала како штета. Болката престанува само доколку задобие простување и им прости исто така на другите.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Не си разбрала. Убаво си пишува доколку тие се состоеле од намерно задавање на душевна или физичка болка на другите! Минато време - значи додека душата била во инкарнација т.е. додека била отелотворена.

    Еве поинаку кажано за да биде појасно: лошите работи што човек ги правел кон другите луѓе и животни на Земјата, тоа како енергија се лепи за душата. Во царствата на душите тие енергии душата ги чувствува на своето душевно тело (значи таму душата нема физичко тело, oттаму и болката не е физичка).
     
  17. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Верувам. 100%. И не ме прашувајте зошто, едноставно знам. Мене ми е непоимливо да не постои.

    Физиката вели: Енергијата не може да се уништи, само го менува обликот.

    Треба нешто повеќе од ова?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    337
    Јас само во ова некако верувам или сакам да верувам. :D Полесно ми е да се тешам дека ова не е крајот. Дури во глава си имам желба каде следно сакам да се родам. По можност на друга планета, освен таму ако не е полошо. :D Агностик сум инаку, религиите ги доживувам како фолклор некако. Можеби и ова со реинканацава е глупост, измишљотина, не знам.