Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    4.365
    Каква алтернатива нуди тнр. христијанство? Зарем не е баш лошо вечно да се мачиш горејќи во пеколот, далеку дааалеку од Бога? Или - зависно која варијанта на христијанството ја прифаќаш, да те снема еднаш за секогаш, во двата случаја без можност за поправка? Би прифатил/-а такво нешто од Бога?!

    Да не ме разбереш погрешно, не велам дека ти треба да веруваш во реинкарнација ако не сакаш, само велам дека тоа треба да се осветли, согледа од повеќе агли и подлабоко, не сите сфаќања за повторното раѓање се исти, ниту се сите хинду-будистички.
    Тоа би значело дека се тргнува од претпоставката дека на тие лоши места е вечно така, но историјата покажува низа промени.
    Кој гарантира дека ако се родиш во иднина некаде во САД или Германија, Шведска и тн. дека таму ќе владеат истите животни услови кои владеат денес?

    Душата пред сè ги бира родителите и се раѓа таму каде што се родителите (особено мајката нели, бидејќи таа раѓа), но тоа не значи дека на нејзиниот овоземен животен пат до крај ќе остане на истата географска локација. Душата при тоа не ги бира родителите на тепка, туку според можностите кои произлегуваат од нејзината вибрација односно душевно зрачење и зрачењето на генетскиот материјал кои родителите го имаат. Тоа се луѓе со кои таа душа или има нешто за расчистување поради гревовите од минатото, или можеби имаат заедничка мисија, или пак нудат одредени околности кои се поволни за патот на душата која сака да постигне одредена цел, сега дали таа ќе биде благородна или себична, тоа е до слободната волја на поединецот. Различни души се инкарнираат од различни побуди, некои се правилни, некои се погрешни и арчење на скапоцено време. Сите души имаат од Бога добиено советници и водичи, некои души тие совети ги прифаќаат и напредуваат, некои не и стагнираат или уште повеќе тонат низ она што е опишано симболично како долина на солзите.
    Хиндуизмот и будизмот нудат воглавно (дека и таму има многу школи, правци) површно, застарено и примитивно сфаќање на реинкарнацијата. До тие источни учења не стигнало сознанието за Христовата спасителска жртва на крстот, кога Неговата сила станала потпирачка и водечка енергија во сите души. На истокот сè уште мислат дека е можно отелотворување во животни и растенија, како и во неизбежноста на растворањето на Создавањето Божјо во некаква безлична енергија (вечниот Браман).

    Но реинкарнацијата сфатена во христијански контекст нуди една многу оптимистичка димензија: таа не е цел сама по себе, ниту се одвива по некаков вечен автоматизам, туку таа е само шанса (и тоа само привремена!) која душата може а и не мора да ја прифати на своето патешествие назад во вечната Таткова куќа - Царството Небесно од каде некогаш одамна заминала. Ние како души сме вечни бидејќи сме љубени синови и ќерки Божји, Христос нашиот спасител нè повикува и води кон нашата вистинска Татковина. Во краткотијата на земните години душата може побрзо да отфрли дури предвремено да надмине накалемени гревови и потоа да нема потреба од натамошни отелотворувања туку олеснето и забрзано да напредува кон Небото.
    Да не беше тоа така, Исус од Назарет не би ја дал споредбата за загубениот син кој на крајот сепак се враќа кај татка си дома и настанува голема гозба, ниту би рекол дека има многу празни станови во Небото кои оди да ни ги подготви.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    25.441
    Понекад си помислувам дека се реинкарнираме, но не на планетава туку некаде на друго место во универзумот, еден вид на бескраен loop на постоење во некаква форма, штом завршиш со постоење на едно место, почнуваш да постоиш на друго. Зошто би постоеле само на планетава кога планетава е дел од универзумот, односно живемее во универзумот, што да не постоиме во разни форми било каде во него.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    454
    What about вечно во рајот блиску до Бога? ;)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    4.365
    Одлично! Впрочем, тоа и е целта. Штом имаш резервација немаш гајле... А другите? Да речеме твоите блиски и драги родители, роднини, пријатели, колешки и колеги од факултет, работа?
     
  5. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    454
    Не е боље neverending suffering не знам заш си се убедил дека е подобро да се реинкарнираш без престан.
    Пре би избрала да изгорим у пеколот :D
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    4.365
    :o А каде пишав дека реинкарнирањето било без престан? Читај повнимателно.
    Во пеколот не изгоруваш, туку гориш вечно мачејќи се, тоа е токму „neverending suffering„ како што пиша.
     
    Последна измена: 14 септември 2025