1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно телото е материја, душата енергија, впрочем и двете се енергија.Но, тоа што го одржува во живот телото е душата, инаку не би функционирало, а не би рекла дека телото останува.Енергијата преминува од еден во друг вид, не исчезнува, бидејки се што постои е енергија.

    Според мене хипнозата не е релевантна за утврдување на реинкарнацијата, затоа што не може човек да биде хипнотизиран, ако има голема свесност.Скептик сум за постоењето на реинкарнација, мислам дека нема реинкарнација.Примерот со детето кое ете веројатно претставува доказ за постоењето на реинкарнација, не ми е сигурен.Зошто пак истакнатите психолози сметаат дека хипнозата е релевантен доказ за тоа? Најверојатно е дека не би можеле со сигурност да го утврдат тоа, а не би рекла дека воопшто ќе се открие ова некогаш дали има или нема реинкранација.
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Верувам во реинкарнација, донекаде. Така и полесно се соочуваме со фактот дека еден ден и нас ќе ни дојде крајот, ќе нé нема.

    Кога физика ти била класна, на памет ќе го знаеш и законот на преминување на енергијата со се равенки и цртежи. Значи, телото содржи енергија што не може да се уништи, нема крај и само преминува во друга фаза, во друг вид.
    Според кармата, секој на крајот го добива тоа што го заслужува. Истото е и со реинкарнацијата, сé што се случува во овој живот е како резултат на работите што си ги правел во претходниот живот.
    Ако човекот во овој живот прави добри работи, во наредниот живот му следува повисок степен на совршеност.
    Значи, ако бидам добра во овој живот и им помагам на луѓето, во наредниот ќе бидам принцезичка. :wasntme:

    Од друга страна пак, што ќе ми се уште 10 животи ако не се сеќавам на претходните?
     
    На Emilija97mk, La diabla, Draginja и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Незнам дали да верувам или не,но ете стории како оваа за детето од статијата на претходната страница ми остава простор за да не ја отфрлам сосема можноста дека можеби и сепак постои реинкарнација,или пак можеби некој само сака слава и статии низ весници :?:
    Сакам да читам вакви стории,интересно ми е,и чудно,а од друга страна некако не ми е верно баш..Штознам,чудно е сето ова со детето и неговото познавање на работи со кои не се има сретнато,имам читано и други слични приказни,ако ги најдам пак,ќе ги ставам во темава.
     
  5. dessert66

    dessert66 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ima edna tehnika ,se vika Regresija (vrakanje),preku koja se vrakas vo minatite zivoti.
    Jas licno go imam toa praveno i epten e dobro,se koristi i za terapevtski celi ,pozz
    eve vi audio primeri ,slusajte i uzivajte :)
    http://www.regresija-hipnoza.com/regres ... raudio.htm
     
    На barbie1511 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Ај вака сега...постојат работи што мене не ми се јасни. Еве едно прашање до тие што веруваат во реинкарнација:

    На планетата Земја живеат околу 7 милјарди луѓе. Некаде прочитав факт е дека тоа се повеќе отколку што некогаш се родиле и умреле :?: Од каде се реинкарнирале "вишокот", (ако постои реинкарнација) ?!?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Будистите веруваат во вечен круг на реинкарнација и сметаат дека многу ретко човекот по смртта повторно се раѓа како човек, што реално би значело дека наместо да се зголемуваат бројките на светската популација, која во моментот изнесува 7 милијарди (а пак ете и да ги земеме за реални проценките на Обединетите нации дека до крајот на овој век ќе не има 10 милијарди жители), движењето на популацијата всушност би требало да оди во надолна линија, наспроти бројките: животински и растителен свет (дури и да одиме во таква крајност да тука ги вклучиме и сите постоечки лишаи, печурки, бактерии, алги... - како наша евентуална идна дестинација или можеби наше претходно престојувалиште :D http://www.currentresults.com/Environme ... pecies.php)
    Да речеме дека од овој аспект, ваквото верување на будистите само по себе ја побива теоријата за реинкарнација, бидејќи светската популација денес бележи повеќе родени одошто вкупно починати од почетокот на човештвото, што де факто говори за недостиг на „души“ од починати луѓе, кои да се инкарнираат во новородени човечки тела.
    Но ние реално имаме проблеми да прецизираме нешто што постои и е опипливо, видливо, пак да не говориме за некакво докажување на постоењето на нешто духовно. Ако тргнеме од тоа дека ние како држава имаме проблеми со статистичките податоци (избирачки списоци, каде починати гласаат), што да кажеме за останатите како нас. Имено и ОН не располагаат со прецизни податоци, токму поради фактот што постојат држави кои не спроведуваат редовни пописи на населението и не доставуваат извештаи за движењето на популацијата на нивна територија - типичен пример ти е прогласувањето на 7 милијардитиот жител на планетата.
    Настрана ваквите „аргументи“, според некои од размислувањата, кои ги поткрепуваат верувањата дека реинкарнација постои, „душата“ не задолжително се инкарнира веднаш по смртта на телото. Така, може да помине 1 ден од смртта на телото или 1000 години за таа да се инкарнира. Од друга страна се вели дека и души од пеколот се реинкарнираат, како и некои анѓели или души од рајот, кои по извесен период од стотици или илјадници години се враќаат во тела на луѓе. Освен тоа, поради своите гревови, душата на човекот може да се реинкарнира во животно или во растение и оваа душа исто така потоа (по подолго патување) се инкарнира во тело на човек.Пак и колку повеќе животни, птици јадеме, толку повеќе луѓе се раѓаат, т.е душата на овие животни и птици се враќа во тела на луѓе (не постои унифицирано објаснување, бидејќи постојат и Њу Ејџ движења кои исто така говорат за реинкарнација).
    Пример во хиндуизмот, душата, односно „Божествената суштина“ се набљудува како генератор на секоја инкарнација и се признава индивидуалност на секоја „душа“, т.е его. Таа - душата одлучува дали ќе се инкарнира повторно, зависно од нејзината желба да ужива во сите земни задоволства, а кои се возможни само додека има тело(инаку не сите земни задоволства се набљудуваат како грешни). „Душата“ според нив, ќе го заврши кругот на инкарнирање и ќе биде „ослободена“, откако ќе достигне одреден степен на свесност/знаење, т.е ќе ја спознае вистинската природа на постоењето и ќе разбере дека таа е вечна, а не телото/егото (истото до некаде се поклопува со западните гледишта за реинкарнација). Во тој контекст, порастот на популацијата во последните два века, во хиндуизмот е појаснето со тоа дека, оваа ера ќе настане крајот на светот и ја означуваат како последната за човештвото-светот каков го познаваме. Имено, хиндуистите на последните два века од постоењето на човештвото гледаат како на период на гревови, лаги, измами, нечесност, изразен материјализам итн. Па од таму, зголемениот наталитет го појаснуваат со зголемен број на реинкарнации, споредено со минатото, бидејќи согласно нивното верување во своеволно инкарнирање на душата, сега таа(душата) има далеку поголема желба да ужива во земните задоволства/гревови, што не и дава можност да достигне „ослободување“, т.е да го прекинат инкарнирањето.
    Буда говори дека „кога еден човек умира, друг се раѓа, исто како што пламенот од свеќата која се гаси може да запали друга свеќа“(сто е спротивно на она дека душата може да се инкарнира по извесно време. Друго, будистите за разлика од хиндуистите, не веруваат во индивидуалноста на душата. Според нив, сите сме дел од една поголема „божествена свест“, а нашето чувство за постоење е само илузија дека сме самостојни, одделени од останатите. Објаснувањето нивно е дека: како што брановите од океанот се само времен феномен предизвикан од ветрот и струите и нашата личност подеднакво транзитира и “постои“. По смртта, таа се апсорбира назад во „божествената свест“, на ист начин како што и бранот на крајот ќе биде проголтан од океанот. А, нешто слично до некаде има и во кабалиситчкото објаснување на реинкарнацијата, во делот за нивното објаснување за „големата душа„ на Адам, која поради неговиот грев се распрснала на повеќе души, кои потоа се инкарнирале во други тела со единствена цел, да ги поправат грешките на Адам за да станат дел од единствената „универзална душа“.
    Некои говорат за тоа дека една душа може да насели две или повеќе тела, како и можноста едно тело да биде населено од повеќе души.
    За паралелни трансфери на една иста душа, односно нејзино едновремено мулти-инкарнирање во повеќе тела пишува Дик Сутпен, кој го истражувал наталитетот и морталитетот во одредени историски периоди и преку хипноза се обидувал да ја докаже поврзаноста меѓу индивидуи од различни држави, како и процесот на „враќање“ на душата(хипнозата ми е малку шуби-дуби). Според неговата теорија, за разлика од минатото, кога имало помалку тела (понизок наталитет од сега) и кога една душа се инкарнирала во едно тело, сега, поради порастот на наталитетот, односно бројот на родени тела,создадениот дефицит на души, кои треба да му ја дадат таа „животна енергија“ на телото поттикнал потреба од засилување/зголемување на една душа, која се инкарнира паралелно во повеќе тела, давајќи им ја потребната животна енергија(без душа, телото е само тело - Бог во тоа тело не вдахнал живот; пример, мртороденчињата) . Тој ја разгледува и можноста нова претходно неинкарнирана душа да влезе во телото и на основа на тоа прави проценки низ колку инкарнации минале останатите „стари“ души (крајно шуби-дуби се неговите процентуални пресметки, но тој се води од тоа дека душите на луѓето од одредени периоди се меѓусебно поврзани, па вели ако да речеме 10 отсто од популацијата во периодот од... до... се нови души, останатите души значи минале низ да речеме 9 животи итн.
    А, инаку за поврзаноста на сите души се говори и во каббалистичките погледни на реинкарнација, како и во будеизмот).
    Пример според Каббала, Адам поседувал „универзална душа“, која вклучувала аспекти од сите Божји суштества и сите души на човештвото, обединети во една, бидејќи Бог ги повикал сите животни и анѓели за да му дадат дел од себе си, како со тоа тој би бил рефлексија на целиот универзум и бил во врска со сите Божји суштества. Откако Адам го изел забранетото овошје, тој, правејќи грев ги „повредил“(направил грешни) сите души кои биле дел од него, поради што неговата „обединета душа“ се поделила на илјадници искри/души, кои потоа се облекле(инкарнирале) во секое човечко суштество, кое потоа се родило и живее и денес.
    На основа на истото, рабин Шаин бен Атар вели дека токму затоа, првите генерации луѓе по Адам и оние кои се родиле веднаш по нив живееле по илјадници години. Нејсе првите генерации луѓе, во своите тела имале поголема душа, која вклучувала повеќе души, поради што им било потребно повеќе време за да го поправат она што било потребно да се поправи, за да нивната душа потоа достигне повторно обединување со „универзалната“, душата што ја имал Адам. Според рабинот, секогаш кога овие луѓе не ги користеле своите долги животи за целта поради која нивната душа се реинкарнирала, нивните души се фрагментирале на помали души и се инкарнирале во „помали“ луѓе со цел да се олесни нивната задача(инаку рабинот говори за генерациите од Големата Поплава). Истото рабинот го посочува како „намалување на духовниот развој на луѓето“, кој бил и причина за скусување на животниот век на човекот на 70 до 80 години живот. Инаку во Каббала се говори за друга форма на реинкарнација, која може да настане додека човекот е се уште жив - Ибур(бременост) реинкарнација. Според ваквото верување, човекот може да „забремени“ со нова „повисока“ душа додека е жив. Истото се нуди како објаснување за драстичните промени низ кои понекогаш поминуваат луѓето, кога одненадеж го менуваат својот начин живот или размислување за некои работи. Според ова објаснување за реинкарнацијата, тоа настанува во моментот кога личноста/душата е подготвена за духовен напредок. Тука се споменуваат пет имиња на душата, секоја од која означува повисоко ниво на духовен развој. Според Зохар http://en.wikipedia.org/wiki/Zohar во текот на животот на човекот тој добива четири повисоки нива на душа- кога се раѓа добива nefesh душа, додека по заслуги ги добива прво: ruach, потоа: neshamah и на крајот: chayah. Петата “повисока“ душа: yechidah се вели дека никој досега не ја заслужил, единствено Адам требало да ја добие, но бидејќи згрешил јадејќи го забранетото јаболко, тој не ја добил.

    Инаку оние кои се занимаваат со истражување на реинкарнацијата велат дека новородените тела на секоја генерација на души, наликуваат на онолку тела, колку една душа соблекла. Еми, :wasntme: ху ноус?!
     
    На Acka22 и interesna им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Одговорот е многу прост ако размислиш малце... Од помош може да биде ако се прашаш од која претпоставка тргнуваш. ;)
    Примерот со зголемување на светското население за мене напротив, токму оди во прилог дека постои реинкарнација. Ако не дојдеш сама до одговорот, ќе напишам во наредниот пост.

    Јас верувам цврсто во постоењето на реинкарнација и тоа во христијански контекст, но не верувам во можноста човечките души да се инкарнираат во животински и растителни тела.

    Инаку тоа со приказната од воведниот пост може да биде така а не мора, но ако се вртиме околу такви приказни тогаш сме ја промашиле поентата на вистинското знаење за реинкарнацијата и нејзината смисла.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се извинувам,што ќе се вмешам во дискусијава,може ли да ми кажеш како тоа реинкарнација во христијански контекст? :)
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Извинето ;) . Имено, да се гледа низ призма на Христовото учење кое меѓу другото вели што човек сее тоа тој и ќе жнее. Ако оваа законитост се набљудува во контекст на реинкарнацијата тогаш добива на смисла, и ние дознаваме зошто некој има животен пат исполнет со добро здравје и успеси друг со маки и болести. Кога би се отфрлила реинкарнацијата Исусовите зборови би немале смисла бидејќи секојдневно сме сведоци како лошите момци/женски живеат супер до крајот на животот.

    Исто така, во христијански контекст значи: да се земе в предвид Христовата жртва на крстот која не го поништила сатанскиот закон на сеидба и жетва т.е. законот на причина и последица(значи Исус не нè ослободил од нашите гревови), туку го запрела падот и во сите души ја вградила Христовата спасителска искра која трајно ја отстранила дотогашната опасност да душите поради своето постојано оддалечување од Бога и светите закони(на пр. Десетте Заповеди, Беседата на Гората) да почнат да се реинкарнираат во животни, билки и минерали за на крај се растворат во безличниот етер. Само со Христова помош и живот според вечните божествени закони човек може трајно да го напушти магичниот круг на повторно раѓање и умирање, за потоа се упати во нашата изворна вечна Татковина.

    Реинкарнацијата е една од последиците која настанала при падот на ангелите, еден настан од космички размери кој се одиграл пред многу милијарди години. Но таа може и да се набљудува како милост на животот - можност низ краткотијата на земските години душата да ги предаде на телото своите оптоварувања(гревови) и истите многу побрзо да ги отплати или дури благовремено да ги неутрализира. Воедно низ разни животни ситуации да напредува во животната школа на Земјата, за што пак во царството на душите би и требало многу подолго време. Но оваа шанса е истовремено и ризик да се направат нови и нови, дури уште потешки оптеретувања веќе според слободната волја на човекот.

    Според објаснувањата(примени како објава низ божјата пророчица за денешното време - Габриеле) кои јас ги имам прифатено, не е поентата како човек да се сеќаваш на изминатите, ниту да имаш уште многу животи на Земјата. Токму спротиво од тоа. Материјалнииот космос а со него и Земјата не се нашата вистинска татковина, туку една привремена но одлична животна школа за развојот на нашите души кои со Христова помош но и наш слободен, доброволен избор, треба да се вратат во духовниот космос т.е. во Царството Небесно.

    Нашиот сегашен живот е збир на доброто и лошото кое сме го посеале т.е. впишале во нашата сопствена душа(симболично книгата на животот) од нашите претходни животи. Тоа е еден голем комплекс од чувства, мисли, зборови и постапки. На пр. ако ние во минатиот живот сме оставиле нешто нерасчистено(на пр. во меѓучовечките односи не сме простиле, или не сме замолиле искрено за прошка) тогаш тоа негативното како „тежок багаж„ се донесува во овој или некој од наредните животи, и повторно ќе ги имаме истите или слични ситуации, средби со истите луѓе со кои имаме нешто за расчистување, но и нешто позитивно за развивање. Од ова произлегува меѓу другото и дека и војните се бесмислени.

    Ние и без да се сеќаваме на минатите животи ако на проблемите им пристапиме со примена на божествените закони за кои Исус нè поучи(на пр. она што сакате другите да ви го прават, правете им го и вие на другите, како и онаш то не сакаш тебе да ти се прави не го прави ниту ти на друг) доведуваме до расчистување на многу нешта за кои и не мораме да бидеме свесни секогаш.

    Нашето вчера е нашето денес. Нашето денес може да стане нашето утре. А какво ќе биде тоа, колку и да делува на моменти чудно, секој самиот го одредува, но при тоа треба да го има предвид правилото: што сееш, тоа и ќе жнееш.

    Сеќавањето на претходните животи само би правело додатен психички товар и би ни ги одземало силите да живееме сега и тука. Во таа смисла, разновидните ментални техники и хипнози за ѕиркање во минатите животи можат да бидат многу опасни и штетни.
     
    На Anacid и Draginja им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот :) можеби има логика во тоа,за последнава реченица точно е за лошите момци, односно луѓето што прават лошо, од една страна дали пак е тоа супер, не би рекла,туку напротив има и такви случаеви каде животот им бил во хаос и на крај лошо завршиле, знам сум видела и тоа.Релативно е, кога би се гледало од религиски аспект, а според верувањето, тоа е индивидуално. Пред некое време имав ваква претпоставка, за некого кој бил олицетворение само на доброто.Сепак, мислам дека ова е нешто што е само мистерија, дали има или нема, не може да се потврди, па останува повторно на индивидуалната определба во однос на нештата, а ќе отиде и до таму што би се основало на еден заклучок - ако човек верува во нешто дека го има, тоа нешто ќе го има и обратно.Реков дека сум скептик во врска со ова, па така и ќе си останам :D но во потполност те разбирам за ова што го кажа, затоа и реков дека можеби има логика.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Има една изрека, вели: „Божјите мелници мелат полека(...но сигурно).
    Лошата сеидба во нивата на животот може да дојде до израз и во овој живот или во наредниот или во некој од наредните, или пак во царствата на бестелесните души каде заминуваме после смртта. Тоа зависи од повеќе фактори. Илустрација ради, во природата кога се засадува некоја семка или растение, веќе според видот може да никне побргу или поспоро. Во денешново време тоа растојание помеѓу причината и последицата, генерално земено сè повеќе се скратува, како за поединецот така и за човештвото, па така за некои работи веќе нема да има време до нареден живот.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Во контекст на христијанството не може во никој случај да се говори за било какво признавање на постоење на реинкарнацијата. Макар што по интернетов ќе сретнете секакви будалаштини напишани со објаснувања дека претходно црквата признавала постоење на реинкарнација, дури и такви дека и во Библијата- индиректно се говори за реинкарнација...
    Официјално, нашата религија и црква и воопшто во христијанството како целина - нема такво нешто како реинкарнација, или карма! Ако такво нешто постоеше, ќе беше запишано било каде и ќе беше едно од основните учења во христијанството, кои самиот Исус би ги пренел на своите ученици, а тие потоа на останатите.
    Нашата душа, по смртта на нашето тело заминува во рајот или во адот, не се инкарнира во друго тело.
    Делот:
    не може да се толкува од аспект на карма, уште помалку реинкарнација. Тоа е сосема погрешно толкување и извитоперување на зборови. Кај нас, да(!) постои тоа, што човек сее тоа тој и ќе жнее., вклучително и пренесување на гревовите од таткото на синот... (Серафима имаше постирано една приказна што ја имаше и на МТВ, мислам дека во темата со Необјасниви случки), но реинкарнацијата и кармата, немаат никаква врска со крвното сродство и таквото наше гледиште за пренесување на гревовите и искупување од гревовите. Сосема различна доктрина имаат овие религии кои говорат за карма и реинкарнација, различен поглед за “душата“.
     
    На angelce1, Theodora и Serafima им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Тоа не постои во учењето на официјалните цркви како што се на пр. православна и католичка, но реинкарнацијата беше и е составен дел од Христовото учење и првите заедници основани од самите апостоли. Црквата која го извитопери Исусовото учење го има отфрлено учењето за реинкарнацијата како еретичко, а оние кои во истата веруваа и ја подучуваа ги проколна(анатемиса) на еден од тнр. вселенските собири. :x
    Во празнината која настана(како одговор на прашањето: од каде доаѓаме, зошто сме тука и каде одиме?) ја внесе заканувачката порака која вели:
    Во ваквото морничаво учење милоста Божја е целосно исклучена. Целта на непријателот Божји била и е, преку учењето за вечната проколнатост да ги држи народите во страв а со тоа да може да ги манипулира и енергетски искористува. :(

    Меѓутоа низ историјата многу вистински христијани знаеле за повторното раѓање како на пр. Ориген, или кај нас на балканот Богомилите.
    Исус е многу прецизен: „што човек сее тоа тој и ќе жнее!„ Не вели што таткото ќе сее, синот ќе жнее. Зошто некој би отплаќал за нечиј туѓ грев? Тоа би било спротивно на Божјата праведност!!!
    Напротив токму вистинското односно правилното знаење за реинкарнација дава објаснување како може во едно семејство или дури народ последицата од гревот да биде пренесувана, затоа што некогаш, во некој претходен живот тие биле учесници во создавањето на тој грев(на пр. убиство, грабеж, искористување на други, војна и тн.). Поради дејствувањето на законот на сеење и жнеење(карма-законот) и од нив создадените причини односно лошото посеано семе, тие најдоцна во некоја натамошна инкарнација ќе бидат доведени повторно заедно за да го расчистат тоа што некогаш го сториле а кое што сега се јавува во облик на последица(некакво страдање, болест, зафатеност од некоја природна катастрофа и тн.).
    При тоа синот на сегашниот татко може да бил самиот свој пра-дедо или чукун дедо.

    Имено се што човек прави не само што се складира во неговата подсвест, туку тоа ја одбележува неговата душа но и неговиот генетски материјал. Тие гени можат да биде магнет за инкарнирање на души со слични гревови, но и слични позитивни страни, па така тие можат да станат семејство но со променети улоги. Доколу гревот претходно не бил исчистен преку простување, молење за прошка и поправање, еден ден кога гревот ќе созрее во отелотворената душа во гените се активира негативниот потенцијал. За последица тоа може да има болести, судбински удари и страдања. Поради тоа целото семејство или негов дел може да страда во некоја форма, но тоа е секогаш поради заедничкиот грев кој бил магнет тие души да се најдат навидум случајно, заедно на Земјата.

    Има повеќе религии кои говорат за реинкарнацијата, меѓу кои хиндуизмот и будизмот, но нивните знаења за истата се непотполни и делумно погрешни(на пр. веруваат во можноста на реинкарнирање во растенија и животни, или стопување со „ништавилото„) бидејќи се потпираат на информации од времиња пред Исусовата жртва на крстот кога пак се случиле незамисливо огромни космички промени, и откога Христос стана спасител на сите луѓе и души.
    Денес, во времето на големите промени, Христос повторно го обзанунва учењето за реинкарнацијата и другите духовни меѓузависности низ објави преку пророчката реч.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :D На која основа одлучи дека токму ова е заканувачко и дека поради тоа Божјата милост е исклучена, а говориш за гревови и плаќање на своите гревови додека си жив, вклучително и враќање на твојата душа за да ги доисплати гревовите од претходниот живот... та каде е тогаш Божјата милост да твојата душа конечно достигне некаков вечен спокој?!
    Според тебе значи целата филозофија околу постоењето Рајот и Пеколот и одењето на душата соодветно на стореното, кажаното... е измислица и закана на црквата да ги држи покорени народите!?
    Причината поради која, многу од нештата во религијата биле и се прогласуваат за еретички е погрешното толкување, главно проблеми со преводи кои ги правеле од старите книги. Како што ќе налеташ на мислења дека душата на пророкот Илија се инкарнирала во телото на Јован Крстител, пак тој продолжил со мисијата на Илија кој требало да го подготви патот за доаѓањето на Исус. Ама таму во преводите, се изгубиле во разликата меѓу душа и дух ;) .
    А, за другите религии, го имаш мојот пост две страници наназад ;)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сите религии или било какви учења, имаат различен одговор за тоа дали постои реинкарнација или не, меѓутоа би требало да се земе во предвид фактот дека ниедно од нив не е сигурно дека е така како што говорат, што останува на тоа дека „можеби има или нема“ реинкарнација.А што е исто и нели веќе општопозната мисла за постоењето на задгробен живот „ тој што умрел, не се вратил за да каже дали има нешто или не“, ете сега и тоа што се случува со клиничката смрт, незнам од кога е тоа така почнато, но на светов тие луѓе кои го доживеале тоа, велат поинаку од религиските одговори за задгробниот живот, односно дека нема рај или пекол, понатаму целава работа оди и до таму што се пишуваат книги.Спомнав во друга тема, слична на оваа, дека хипнозата не ми е сигурен доказ за постоењето на минат живот, кажав и зошто, ако човек има висока свесност, не може некој да го хипнотизира, еве и да се смета дека со хипноза се добива одговор на овие работи, од каде е сигурно тоа дека пациентот тоа што го кажува е вистина,можеби е плод на негова фантазија за која можеби и не говорел јавно, па сега со хипнозата да се тврди дека тоа е точно.Што значи, од каде јас би знаела дали има или нема? Врз основа на што? На нешто што е неосновано, без доказ? Пример, не може еден адвокат да води случај против некого, за кој истиот нема никакви против аргументи или пример некој сака некого да го пријави во полиција поради напад, а незнае кој го нападнал, како ќе пријави? Исто би било и со ова, отсекогаш имало и ќе има само теории, ништо друго.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Па ако остануваш век векој во пеколот значи нема милост... Колку неправедно, замисли некој нешто згрешил, се мачи во пеколот, во меѓувреме се покајува а и ближниот кон кого се огрешил исто му простил, но тој продолжува да се мачи и измачува оти ете наводно Господ го создал пеколот за век векој.

    Тоа е многу пологично отколку да одиш во пеколот затоа што не си бил редовен на тнр. св. причест како што учи црквата, или да страдаш поради некоја божја тајна и промисла, или да мислиш дека си изгубен во морето случајности. И конечно, отплаќаш поради самиот себе а не поради гревот од приказната за Адам и Ева или некој друг или трет.

    Освен тоа душата никој не ја тера да се реинкарнира, тоа таа го прави по свој сопствен избор. Таа може да остане во царството на душите, но таму важат поинакви и најчесто далеку потешки правила на игра.

    Милоста е во Христа, дневната енергија и во остварувањето на божјите закони, како што се на пример во Христовата Проповед на Гората. Преку нив човек и без да знае за привремено скриеното минато на својата душа, може многу нешто благовремено да исчисти и промени пред да станат активни последиците од некогашните причини(гревови). Но дали и кога тоа ќе биде сторено, зависи од слободната одлука на секој поединец. Во Бога нема присила.

    Не е тоа според мене туку историјата тоа го покажала. Црковниот култ во спрега со световните властодршци отсекогаш ги влечела луѓето за нос. Со тоа и самите цркви си имаат направено голем грев. Не случајно имаме непризнавања на црква(МПЦ), омраза кон тнр. христијански запад која доаѓа од дел муслиманските земји, наезда на источни учења кои го поткопуваат и онака веќе разединетото христијанство и тн. Ако го вклучиме законот на сеење и жнеење сосе правилното познавање на реинкарнацијата работите стануваат многу појасни.

    Но што е духовната причина која стои зад тоа? Тоа е телепатското влијание на мрачните бестелесни битија кои се бореле и се борат со разни методи да го сотрат божественото кое луѓето сака да ги крепи, помага и на крај да ги прибере повторно во вистинското дома, во Небесното царсво од каде некогаш одамна сите излегле.
    Да, навистина постојат такви сфаќања но јас не верувам во тоа. Од Христовата објава „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ дознаваме дека во Јован било инкарнирано засебно битие од она кое било во Илија, но и двајцата се Божји пророци кои дошле од Небесното царство со мисија во служба на Бога.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Зар има и такви телепатски влијанија на мрачни бестелесни битија?! Ова дури по запашувачко ми делува од само еден ѓавол. Пошто исто ко што логиката е дека „постоењето на пеколот“, црквата го измислила за да ги држи народите покорени, бидејќи тоа грешникот да се пече за навека во казанот на сатаната не е Божја правда. Ами мене логиката ми вели дека неукоста и неписменоста, грешните мисли, дела и зборови, неговата трула душа и налудничав ум, некој сака да си ги оправда и замаскира, и не Бог, а самиот човек, црквата, пак затоа штом погреши оп, бев телепатски овладеан од едно бестелесно мрачно битие!!! Зар Бог би дозволил да во светот кој тој го создал шетаат бестелесни мрачни битија или да тие имаат влијание над неговите созданија? Или пак Тој им дал слободна волја да делуваат според тоа, што(?) тие сметаат за праведно или едноставно ќе се водат од своите потреби, желби и интереси, пак на основа на тоа, Тој потоа да им се суди да речеме на Судниот ден ко што е Библијата? Или и тоа нема врска е измислено за да се заплашува народот?
    Или кога веќе сме кај логиката на христијанското учење, која е тогаш логика во приказната дека Адам е создаден од глина? Пак глината не е крв и коски, не е срце, бубрези, мозок вени, капилари..... а, ти ете дури и го отфрлаш дело дека душата човечка може да се инкарнира во растение, животно и обратно, зависно од заслугите, а за што говорат хиндуистите и будистите.
    Или која е воопшто логиката да Ева е создадено од реброто на Адам?! Како побогу! Оти во овој случај најлогички е да се каже: Дарвин рулз!!!
    Или, како што говориш за „светот на душите“ и „поинакви, потешки правила“ кои владеат таму, тогаш, какви правила владеат во Космосот, за оние од НАСА, кои патуваат низ свемирот и истражуваат дали има живот на другите планети?! Какви правила владеат врз вонземјаните или како сакаш наречи ги суштествата, кои можеби постојат таму некаде?!
    Какви правила важат за оние кои му се молат на Алах, атеистите, за хиндуистите, будистите и евреите кои ја признаваат Каббала, бидејќи тие не сосема го разбрале христовото учење за реинкарнација, или воопшто за сите, чијашто душа на овој свет ги отфрла теориите за реинкарнација, значи таа оди во тој свет на души, каде важат потешки правила или им се објаснува сето тоа откако телото ќе почине?! Им се вели имате избор идеш ваму или идеш таму?
    Драго ми е што ете тој дел баш сте го расчистиле сте му нашле логика, оти токму тоа и беше едно од главните точки од кои се водат оние кои праповедаат за реинкарнација во христијанството, пак делот од Библијата дека Јован Крстител ќе продолжи „со духот и енергијата“ на пророкот Илија го сфатиле ко „со инкарнирана душа на пророкот Илија“. И не мислам бестелесни мрачни битија ги овладеале да го говорат тоа, а чисто, читале не дочитале, разбрале ама не сфатиле.
    А, нели би било егоизам, тоа што душата твоја и моја има потреба да речеме да верува дека по овој живот постои и следен во кој ќе имамe шанса да, ете јас(!) се искупам од сите гревови сторени во овој живот, или пак, да уживам во се’, во што не успеав да уживам во овој живот сега, бидејќи „Универзумот“ не бил многу благосклон кон мене и моите потреби, и тоа најверојатно поради некои мои гревови сторени во претходното тело?!
    Баш хиндуистите го велат тоа дека душата се инкарнира се додека со поинакви зборови е ненаситна- сака да ужива во земните задоволства, кои може да ги ужива само додека се инкарнира во друго тело, а со тоа не постигнува духовен развој.... а таквиот развој е постигнат кога таа, душата ќе сфати дека нема потреба од инкарнирање, од уживање во земните задоволства. Таа е вечна и треба да биде ослободна да достигне мокша(moksha) од продолжителниот круг на страдање, во кој има циклус на повторување на смртта и реинкарнација или повторно раѓање....... или ко што се прецизира во Кабалата да сe обедини со Универзалната/големата (божествената) душа која ги вклучува сите души.
    Да де, хиндуистите тоа го велат дека душата никој не ја тера, сама одлучува. Но, не ти го разбирам овој дел за „потешките правила“ од објаснувањето за реинкарнацијата, пошто не го имам сретнато по другиве религии пак веројатно тоа е тој(!) посебен дел од христијанско толкување на реинкарнацијата, па ако може да го објасниш да не останеме недоразбрани. Кои се тие други правила во светот на душите, а кои се многу потешки од овие тука?! Кој ги запишал, каде се?!
    Што ако јас постојано во неколку животи по ред сум добар човек. Мојата душа останува чиста. Сум достигнала духовен развој. Што се случува со мојата душа, ако одлучам сакам мир веќе, нејќам да се инкарнирам, бидејќи враќањето на земјата ми носи постојано едни исти болки со раѓање, исти болки со детство, пубертет, смрт.... исти борби за преживување во овој свет.
    И што доколку во минатиот живот сум била добра личност, верник, а пак во овој живот со оглед на тоа што јас не се сеќавам до каде сум стигнала со својот духовен развој, се случи да бидам лоша... и?
    Делот кој ете го отфрлаш од приказната за гревот на Адам кој требале да го отплаќаат генерациите по него, претпоставувам зборуваш за објаснувањето според Кабала ,не? Пак ете тоа можеби пребуквално го разбираш, додека за се друго имаш широки погледи и логика. Како би опишал човек кому би му било дадено да ужива во рајски задоволства, но му било речено едно нешто: не чепкај таму! Епа тоа што другите го отплаќале неговиот грев можда значи дека тие сега живееле и живееме во свет поинаков од тогаш, кога постоеле Адам и Ева. Светот се изменил и мораме да се прилагодуваме на измените, што се последица на гревовите на некои прд нас, како на пример глобалното затоплување. Пак твојата и моја задача, мисијата на оние по Адам било да не го повторат истото што и овој другиот. Или пример, дополнително да не продолжиме да придонесуваме за влошување на состојбата со климатските промени, а наместо тоа да мислиме за решенија, оти што направиме, тоа ќе остане за децата по нас.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Првин, не е Бог тој кој го создаде светот и материјалниот космос. Тие се последица на тнр. „пад на ангелите„, отпаѓањето од изворната татковина во духовниот универзум кога дел од тамошните битија посакале да станат Бог самиот, што пак е невозможно, и сакале да имаат свое царство. Бог секому дал слободна волја па така и на отпаднатите битија им дозволил да го напуштат царството небесно. Тој тоа го дозволил за да им даде можност самите да се опробаат во своите намери и преку тоа дојдат до себеосознавање дека прават грешка. Низ многу милијарди години преку огрубување на фината духовна вибрација сосема постепено се создала материјата како последица на падот. Подоцна, постепено настанало и човечкото тело. Дел од отпаднатите битија меѓутоа увиделе дека без Бога нема вечна среќа и посакале да се вратат. Бог им излегол во пресрет праќајќи разни гласници на светлината низ сите епохи. Најважниот и најголемиот од нив бил Христос, прво создадениот син Божји и со-владетелот на Небесата, кој се отелотвори(инкарнира) како Исус од Назарет пред околу 2000 години, и кој што направи одлучувачка и неповратна пресврница во падот и со тоа стана спасител и избавител на сите луѓе и души.
    Второ, бестелесните души и демоните немаат тек така влијание врз било кого туку само врз оние луѓе кои живеат спротивно на божјите закони на вечната љубов. Такви за жал во минатото и сегашноста, имало многу меѓу световните и верски властодршци. Работите се одвиваат според духовниот закон кој вели: сличностите се привлекуваат. И трето, да сите тие како и луѓето имаат слободна волја што и како ќе мислат, зборуваат и прават.

    Тоа е симболично кажано. Во глината или земјата содржани се хемијски состојки кои ги има во Земјата и водата. Во преносна смисла човековото тело му доаѓа како да е од земја направено, но не дека е буквално тоа така. Адам и Ева не се дословно првите луѓе, туку првите битија кои се здобиле со потполно материјално човечко тело кое било способно да се размножува преку сексуални односи.

    За сите важи истиот повик: престани самиот себе си да си создаваш проблеми и товари, посвети се кон остварување на божјите законитости за да кога според природните закони ќе созрее времето да се напушти физичкото тело, да можеме да се вратиме во својата изворна татковина, Царството Небесно, каде нема страдање, туку вечна радост, хармонија и спокој.

    Ако некој црвсто се врзал за некоја релгијска или политичка догма во текот на својот овоземен живот,после смртта на телото таа престојува во оние рамништа каде што има души слични по убедување и желби на нејзините. Од таму тие можат да влијаат повторно врз оние луѓе кои живеат на слична вибрација како и тие самите, тоа значи оние кои слично мислат, зборуваат и постапуваат како нив.

    Душата никој не ја присилува да верува во нешто или не, таа самата мора да одбере. На располагање секогаш и стојат ангелите-учители но тие даваат совети само ако душата доброволно и искрено го побара тоа од нив. Тие можат да ја поучат и на другите духовни закони како на душата би можело да и стане подобро, независно како човек на која религија и припаѓала. Тие исто така на душата и го објаснуваат она „за„ и „против„ едно натамошно отелотворување. Душите тие поуки можат но и не мораат да ги земат во обѕир, но последиците и во двата случаја се нивна одговорност.

    Ако правилно се искористи времето во духовната школа наречена Земја, така што човек се труди постепено се повеќе да живее според божјите закони тогаш тоа не е егоизам, затоа што тоа ја вклучува тука љубовта кон ближните и нашите со-созданија: животните, растенијата и минералните царства. Размислувањата од типoт: „сега ќе грешам, ќе газам преку другите, што ми е гајле ќе отплаќам во некој од наредните животи„ воопшто не е мудро. И, да, тоа веќе е егоизам! И тоа е проблемот... многу души се реинкарнираат од себични интереси, поради што други луѓе и природата страдаат, што пак за последица има дека и тие самите еден ден ќе страдаат. И така тоа може да се врти во „магичен„ круг. Но можноста за реинкарнирање нема да трае вечно, напротив! Се ближи времето кога на Земјата ќе можат да се инкарнираат уште само посветли души. Тогаш постепено ќе настане царството на Мирот и на Земјата, чиј духовен владетел е Христос.

    Додека душата престојува во човечкото тело, таа може дел од своите оптоварувања(гревови) да му предаде на телото, што за последица може да има на пр. разни нелагодности, болести, депресии и тн. На тој начин дусата си олеснува бидејќи „двајца можат да носат полесно отколку еден„. Душата во краткотијата на земските години може многу повеќе да отплати но и научи отколку во отадестраното. Освен тоа во на Земјата не важи само отплаќање, туку и можноста за докажување -поправање на стореното, како и правовремено препознавање на грешното и негово отстранување пред да се појават последиците. На Земјата душата преку своето тело може привремено и да избега од своите проблеми но и да ги реши на полесен начин. На пр. ќе си пушти музика, ќе појде на чист воздух, ќе се обиде да смени друштво и тн. па колку толку ќе си олесни ил ќе собере сила за новиот ден и тн. Додека во световите каде живеат бестелесните души, тие можности ги нема. Таму важи само правилото „што си дробел, тоа си го сркаш„. Душата сето она што им го предизвикала како човек на другите луѓе, но и на животните и природата, сега самата го доживува тоа на своето душевно тело во сите аспекти. На пр. некој некому неправедно го одзел имотот. Тој ќе ги гледа и чувствува сите последици кои поради тоа на оштетениот и неговата околина му се случиле поради тоа дело. Овој процес во отадестраните светови трае многу подолго, под околности може да трае со милениуми и еони.
    Од друга страна, постои и придобивка: душите во астралните светови не можат да се оптоваруваат понатака. Можат или да стагнираат или со чистење да напредуваат понатака. За разлика од тоа, човекот на земјата може и да стагнирам и да падне подлабоко но и да напредува драстично повеќе и побрзо. На земјата исто така можеме да учиме еден од друг, да правиме споредби со другите бидејќи има секакви луѓе, со најразлични менталитети и духовни степени на свест. Во астралните сфери, душите престојуваат најголем дел од времето само помеѓу себе си сличните и оттаму не можат така лесно да земаат примери за подобар начин на размислување и постапување.

    Ова не се некои правила кои седнал некој да ги запише од што немал друга работа, тоа се едноставно последици од некогашното отпаѓање од Бога, едноставно такви услови се создале.

    Како прво ако ние сме успеале да развиеме толку висок духовен развој, тогаш нас повеќе нема да ни биде привлечна Земјината духовна гравитација, Ние тогаш спознаваме дека овој свет не е нашето вистинско дома туку само попатна но важна станица до вечната Татковина. Една таква светла душа ниту има желба ниту потреба да се реинкарнира.

    Меморијата за претходните животи, намерно привремено се прекрива, бидејќи многу луѓе не би имале сила и надеж да се соочат со сегашноста кога би се сеќавале што се правеле и збореле. А живеењето сега и тука е еден од клучните моменти за успешен духовен развој а со тоа и подобар живот. Во таа смисла многу е погрешно и опасно да со разни ментални техники се чепка во минатите животи.

    Ако ти во претходната инкарнација си напреднала духовно, тогаш неможе во оваа да си драстично различна, на пр. измамник или пијаница или платен убиец. Оваа може да биде само полесна со многу помалце шанси да паднеш назад. Но сепак, секоја нова инкарнација освен шанса значи и можен ризик.
    Значи поентата е дека изградениот карактер (или не дај Боже разградениот) останува ист и врз него потоа може уште повеќе да се гради ако се сака.

    Не. Објаснувањата кои ги пренесувам тука се произлезени од Христовите објави дадени преку пророкот за денешно време, Габриеле од Вирцбург. Никој ништо од никого не превземал. Вистината е една, но во различни времиња луѓето од различни подрачја спознавале различни нејзини аспекти. Затоа поединечни елементи се повторуваат и во различни религии. Но денес, за првпат на човештвото му се објавува од самиот извор целата вистина која тоа може низ писмо и збор да го сфати. Дали тоа некој ќе го прифати или отфрли, тоа е веќе нејзина/негова слободна одлука. :)
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Истиот случај јас го гледав на Јутјуб детето не само што ја најде сестрата туку и го открил името на својот пријател и копилот со кој тој најчесто летал а кој вистина постоел во тоа време под исто име и презиме.

    Ахх да докторот кој е бивш свештеник, се отпопил за да стане докотор, беше гостин во Опра шоу и секако идеа и прилози од паценти кои по пат на регресија се соочија со своите минати животи, многу беше језиво да се гледаат нивните реакции и емоции кои ги доживуваа за време на терапијата, една од нив имала необјаснет страв од губење на семејството, секогаш кога и да ги погледне децата имала чувство дека ќе ги изгуби, некој ќе ја одвои од нив, чувството ја будело и ноќе дури. Потоа испадна дека жената во минатиот живот била некоја благородничка која за време на својот пораѓај имала компликаци од кои умрела и последните моменти пред да умре ги поминала со бебето. :?:

    Интересни случки и интересна тема, јас лично верувам во реинкарнација, знам дека христијанството не го поддржува ова верување, но јас лично неможам да прифатам дека еден живот живее човекот и дека со смртта завршува се. :shake:
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.