Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Еве една интересна случка за читкање и уживање. ;)


    Холивудската ѕвезда им се придружила на оние што тврдат дека живееле и порано.
    Холивудската филмска ѕвезда Глен Форд во 1978 година доживеал голем шок – дознал за својот трет живот. Додека бил под хипноза, тој со одушевување зборувал за својот поранешен живот на каубој во Колорадо. Подоцна, на друга сеанса, се сеќавал дека бил учител по пијано во Елгин во Шкотска.
    Преслушувањето на лентите од двете сеанси го изненадило и самиот Форд. Уште повеќе се воодушевил кога истражувачите нашле докази дека и двете негови „инкарнации“ вистина постоеле – точно во времето што го навел артистот. „Сето ова ме збунува“, рекол Форд. „Тоа е во спротивност со моето верско убедување. Јас сум набожен човек и се гордеам со тоа, но сега ми е се измешано“.

    Форд не е првиот човек што дал докази за реинкарнацијата. Будистите веруваат дека човекот минува низ цела низа животи, човечки и животински, пред да го достигне блаженството на нирваната – губењето на индивидуалноста и спојување со врховниот дух. Форд е еден од најдобро документираните случаи на живот по смртта.
    Првата хипнотичка сеанса артистот ја имал во својот дом на Беверли Хилс, Калифорнија. Во својата шеесет и прва година јасно зборувал за својот минат живот на каубојот Чарли Бил на ранчот на Чарли Гуднајт и дека бил убиен од заседа. Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес отишле во Колорадо и откриле податоци за двајцата, за Бил и за Гуднајт.

    Втората сеанса, исто така снимена на лента, биле одржана во универзитетот. Овој пат, еднакво сликовито, Форд зборувал за животот на Чарлс Стјуарт и рекол: „Ги подучував на пијано татевите синови, како што би ги нарекле разгалените деца во денешно време“. Форд под хипноза свирел на пијано, иако подоцна признал: „Не знам да свирам ниту една нота“.

    Кога истражувачите од Калифорнискиот универзитет го посетиле Елгин, го нашле на гробот на Чарлс Стјуарт кој умрел во 1840 година. На Форд му ја покажале фотографијата на гробот. „Тоа многу ме потресе“, рекол. „Веднаш почувствував дека сум бил погребан таму.“
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    И каква е користа од тоа што холивудската ѕвезда сето тоа го дознала?

    Кај ваквите „приказни„ честопати сите сакаат да биле нешто убаво, интересно, познато... но каква корист од тоа кога тоа веќе не е сегашноста? Освен тоа треба да се земе в предвид дејствувањето на законот на причина и последица т.е. што сееш, тоа и ќе жнееш. На пр. што ако сте биле во минатиот живот на пр. Александар Македонски? Свесни ли сме со колку крв се валкани рацете на таквите?

    А во целата случка на актерот со минатиот каубојски живот, гледано подлабоко од еден повиско духовно-божествен аспект, сосема е небитно кој и кога го убил од заседа. Поважно е прашањето А зошто му се случило тоа? Бидејќи ако знаеме за реинкарнацијата тоа значи дека нема случајности. Кому тој од себични причини некогаш подготвил заседа та да го снашло истото или слично? Дали научил нешто од таа судбина? На пр. да се покајал и да го променил начинот на размислување и однесување? Дали им простил на сторителите? Ако не, порано или подоцна повторно ќе се најдат во некоја проблематична ситуација сè додека не си простат еден на друг.

    Добро поминал ако само се потресол. Не треба да се чепка во минатите животи преку разни ментални техники бидејќи тоа може да биде многу опасно по душевното здравје на човекот. Имено постои опасност предвремено да се ословат работи за кои човекот не е подготвен да се соочи, а тоа има тогаш многу повеќе негативни последици отколку кога би се оставило минатото да мирува во слоевите на душата.

    Кај реинкарнацијата не се битни размислувањата кој и каде сме биле во изминатите животи, туку да сфатиме дека среќата и судбината лежат во наши раце. Имено лошо со лошо, добро со добро се враќа, честопати уште во текот на овој живот. Ако се трудиме да живееме сè повеќе според духовните закони кои ги имаме во Исусовата Беседа на гората или на пр. во Божјите десет заповеди тогаш нашата душа станува посветла а нашите животи поубави, посреќни и подобри бидејќи постепено се учиме да сееме вистински добра сеидба во нивата на животот, низ што спонтано се отстранува негативната и без да се сеќаваме дека сме ја посеале во некој минат живот.
     
    На Fallin-ForHisSmile му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Едно не ми е јасно, еве да речеме дека има минат живот, како човек може да се сеќава на истиот?Не би можела да тврдам нешто за кое не сум ни сигурна дека постои.Лошо со лошо се враќа, добро со добро, но, реалноста е нешто друго, правиш добро, со лошо се враќа, а што би излегло дека сосем правилно би било ако човек прави лошо, со добро му се враќа и обратно.Но тоа најмалку сметам дека има врска со реинкарнација.Човек не може да биде свесен за нешто што не направил.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Во правило не може и не би требало, бидејчи меморијата како прво е складирана во мозок кој веќе се распаднал, а второ во обвивките на душата кои како што објаснив не слчуајно се затскриени.

    Токму тоа укажува на реинкарнацијата. Времето на созревање на добрата или лошата сеидба може да биде различно. На пр. една или неколку инкарнации.

    Семето од јаболкото што ќе се засади не никнува преку ноќ од денес за утре во јаболкница, туку му е потребно време на созревање. Така е и со нашите мисли, зборови и постапки кои можат да бидат правилни или погрешни и соодветно на тоа да донесат добар или лош плод. Но како што јаболкницата од примерот, може предвремено да се искорне, така тоа може да се прави и со нашите грешки(гревови) пред да ни се вратат како последица. При тоа не мора да се сеќаваме во детали кога и како тоа се случило, туку збиднувањата во текот на денот, навидум случајни средби со пријатни и помалце пријатни или дури непријатни луѓе, разни ситуации и настани кои не допираат се тие кои ни укажуваат дека треба нешто да се намири, исправи или расчисти. Доколку се водиме според Исусовото златно правило: „Правете им го на другите она што сакате вам да ви го прават!„ тогаш тоа можеме и успешно да го разрешиме.
    На пр. случајно сме замолени од непознат минувач на улица да му кажеме правец каде се наоѓа нешто... можно е да ние со истиот уште во минатиот живот сме се сретнале на некое друго место во нешто поинаква или слична ситуација но од некои себични причини сме одбиле да му помогнеме иако сме можеле. Сега ни се дава шанса тоа да се намири. Ако ние во сегашната ситуација соодветно нашите можности му помогнеме така што му го кажеме правецот, тогаш тоа станува расчистено и без двајцата да сме свесни за тоа. Ова беше банален но реално можен пример. Животот, секако носи и далеку посложени работи.
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Верувам во реинкарнација.
    Не знам зошто, ама мислам дека не сите луѓе се реинкарнираат.
    Одредени дарби што се забележуваат кај одредена личност која ги стекнала истите уште од млади години е пример на реинкарнација.
    Имам читано и слушано многу случки од овој тип.

    Приказната за 11 годишното момче кое тврди дека во минатиот живот бил пилот е мошне интересна. Мислам дека според тоа се сними доументарец ако не се лажам...
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Се реинкарнираат само оние дупи кои сеуште имаат нешто за расчистување на Земјата но и оние кои се дојдени со некаков налог односно мисија а за чие извршување се евентуално потребни повеќе отелотворувања.

    Кој сака да дознае повеќе за повторното раѓање може да го прочита текстов кој е извадок од книгата „Реинкарнација : дар на милоста за живот - каде патува мојата душа?„ која е во подготовка на македонски јазик.

    http://www.universelles-leben.org/cms/hr/mi-o-nama/poruka-istine/reinkarnacija.html

    [​IMG]
     
  7. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Малку ми е чудно ова :^) се реинкарнираат само оние луѓе кои имаат нешто за расчистување на земјата и оние кои се дојдени со некаков налог/мисиија.А што кога сите луѓе ќе се “изучат“ на правилното кога ќе нема човек што нема расчистено нешто на земјата, тогаш земјата ќе стане празана?
    Инаку јас верувам во реинкарнација,минати животи дури понекогаш тоа е причината за кои си ги објаснувам работите кои ми се случуваат во животот.Може сум била лоша кон некој па сега е време да ги смениме улогите. :D И обратно секако. Може е малку смешно ама јас мислам дека се се случува со причина. :)
     
  8. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Не сакаше тоа да каже ,работата е дека се враќаат луѓето во некаква реинкарнација доколку ја немаат довршено својата мислија(цел)..Светот нема да остане празен зошто секоја секунда се раѓа нов живот(секој со своја цел)..Верувам во реинкарнација..
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ако постои реинкарнација, поради расчитувањето на некои работи, би рекла сметки, тогаш која е целта ако човек во животот никогаш не згреши, како ќе знае што е правилно, а што не, ако не направи грешка, како ќе научи? Па макар и да би потсвесно знаел нешто од неговиот претходен живот во кој правел грешки, па сега во другиов не прави ниту една грешка.Кога би се зел во предвид фактот дека човек не знае предвреме некои работи, што значи дека не може никакви сметки да расчистува, поради евентуално постоење на претходен живот.Значи кога би размислувала за ваква тема, веројатно ако би постоела реинкарнацијата, тогаш би значела сосем нешто друго или пак зошто би имало реинкарнација? Што дека би имало преминување од едно тело, во друго? Скоро ништо незнам за реинкарнација, единствено само знам дека значи преминување од едно тело во друго, друг живот, само размислувам.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Daylight си врши проповеди во името на нејзината секта - прехристијани or something, а сите вие православни верници не се однесувајте ко да ви се помешани топчињата, нема што да верувате во реинкарнација, кога нашата вера не ја признава. Дајте бе луѓе, повеќе запознајте се барем со основните начела, ќе ви понуди секој што ќе налета неколку ласкави идеички и шарени книгички и ќе спомене името на Исус притоа и веднаш верувале во реинкарнација... Толку да се немало дистанца, а да се поседувало наивност е despicable :x ...
     
    На Serafima и bittersweet им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Точно, нашата вера не ја признава реинкарнацијата, што не значи дека човек не би требало за се да е информиран или пак за истото да дискутира, сепак се работи за индивидуален избор, а најмалку за наивност.
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Едно е да се информираш само поради с(п)ознание и никогаш нема да го осудам знаењето како мотивација, сосема друго е да се настапува со конкретен ,,јас верувам во реинкарнација,, став како што имаше од страна на неколку форумџики, епа тука нема избор, нашата религија е јасна и децидна по однос на ова прашање т.е. ја отфрла реинкарнацијата во целост. Изборот е дали ќе ја прифатиш религијата, доколку веќе свесно го сториш тоа, сето она што наголемо отстапува од неа, ако го адаптираш и акумулираш како правилно :!: навлегуваш во зоната на сектите, така да оние посочени изјави според мене се доказ на недоволна информираност и изманипулираност предизвикана од истата, која најчесто е случај кај наивните.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    :D Секако дека не... Тогаш на Земјата ќе се инкарнираат оние души кои од истата ќе направат значително подобро место за живот отколку сега, планета каде што човекот живее во единство и мир со животинското царство и со природните елементи. Земјата населена од такви отелотворени души нема да содржи војни, болести и природни катастрофи бидејќи луѓето нема што повеќе да отплаќаат и расчистуваат. Но еден ден бројот на човечки жители навистина ќе се намали драстично, тогаш кога душата на Земјата( :!: да, и планетите имаат еден вид „душа„) ќе треба да се ослободи од својата материјална обвивка. Но тоа е даааалеку од денес, кој знае, можеби најбргу за неколку десетици илјади а можеби и за милиони години.
    Ако веќе нешто научила, нема потреба наново да го учи. Во линкот што го постирав најди го пасусот кој започува со зборовите „Izvorno, duša je bila ....„ ако го прочиташ тој дел, работите можеби ќе бидат појасни за прашањата што ги наведе.

    Реинкарнацијата дава шанса (но и ризик) за побврз духовен развој на душата. Целта е еден ден таа да се врати во изворната татковина, или како што се вели во религиите, Небесното Царство. Но таму може да влезе само ако и самата станала небесна, односно слободна од негативните човечки црти како што се омраза, завист, наврзаност на имот и луѓе, желба за освета и тн. Таа тоа може да го оствари и без да се реинкарнира но во тој случај тој процес трае даелку подолго и потешко.
    Theodora, те молам не ја уништувај темата со навреди од типот „нејзината секта„ и сл. јас тебе и оние кои не веруваат во реинкарнација не ги нареков со такви погрдни зборови :worried: . Јас не проповедам туку го пренесувам она што сум го прочитал и прифатил на оваа тема. Ако ти мислиш дека верувањето во реинкарнација се коси со твојата вера или сфаќања или сметаш дека тоа е глупост, тогаш тоа е твое право на мислење, можеш да си го кажеш и да се дистанцираш во иднина од оваа тема. Остави нè нас другите на мира да прашуваме и одговараме според она кое го знаеме за повторното раѓање.
     
    На Draginja и SimonaTino им се допаѓа ова.
  14. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Да не се однесува на мене ова ''Veruvam vo reinkarnacija''?
     
  15. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    http://www.femina.mk/out/?id=30faf70eef ... raudio.htm странава ја најдов овде ставена од rainboww има еден дел само регресија и накратко е опишано како да се вратите во претходниот живот на почеток е објаснето значи да се релаксирате и да се опуштите потоа да го замислите вашиот дом во 3 годични времиња каква е природата тогаш потоа има да изброите од 1 до 10 и натаму ке прочитате јас пробав со годишниве времиња замислив се незнам како да ви опишам што ми се случи и наеднаш ги отворив очите се исплашив ако проба некој ве молам нека пише да ми каже ...
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Преку реинкарнацијата човекот може сам себе си да биде предок. Оние кои немаат доволно духовно знаење понекогаш зборуваат за тнр.„проклетство„ или „гревови„ на предците, а всушност се работи за нешто кое што самите го предизвикале а благовремено не го исчистиле со Христова помош преку молење за прошка, простување и поправање на стореното.

    Повеќе за ова може да се прочита во извадокот од книгата „Неговото Око - Божјото книговодство: микрокосмос во макрокосмосот„

    линк: http://www.rijec.com.hr/Knjiznica/Čitajte-knjigu-NJEGOVO-OKO-Bozje-knjigovodstvo.html

    [​IMG]
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    На македонски се појави книгата која ги пренесува информациите за реинкарнација добиени од највисоките духовни светови, книгата (изд. Универзален Живот) се вика

    Она што требаше да ви биде премолчено:
    Реинкарнација - дар од милоста на животот - каде патува мојата душа?

    [​IMG]
     
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не знам дали ова било претходно постирано во темава бидејќи има премногу мислења, во секој случај еве линк http://mystodonia.com/misticni-fenomeni ... i-misterii
    Јас се повеќе почнувам да верувам во реинкарнација, дури имам и сопствена теорија што се стои зад овие необјасниви феномени.
    Исто неодамна гледав видео за мало дете од кое ги знае сите авиони и верува дека живеел и претходно и бил пилот, загинал во некоја војна или така нешто. Не се сеќавам точно, но тоа што го видов беше доста убедливо.

    ЕДИТ: Сега кога се навраќам назад на мислењата гледам дека за ова што го пастирав има дел споменето, но сакам да прокоментирам и за ова мислење
    Не знам зошто толкава ограниченост? Треба ли да веруваме само во она што ни налага нашата вера и да бидеме слепи и глуви пред се друго? Јас со ова дефинитивно не се согласувам. Мислам дека треба да оставиме мал простор за работите во кои одбиваме да веруваме, или за работите со кои одбиваме да се запознаеме. Зошто да се држиме само до една маркирана насока, точно означена патека и да одиме право по неа не гледајќи лево или десно, не слушајќи никакви звуци од страна? Можеби нешто од тоа во што ние одбиваме да веруваме ќе се покаже како веројатно, или дури и вистинито... некогаш. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Ако е точно тоа дека те привлекува нешто затоа што во минатото си бил добар во тоа,значи јас сум била најмрзливиот човек што бил роден некогаш. :lol: Мене освен спиење,јадење и шетање ништо не ме привлекува,никаков спорт,никакво цртање.. :?: Ок,само пишување - значи сум била мрзелив писател. :lol:
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    А како може човек да биде сигурен дека постои реинкарнација? :wasntme:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.