1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реинкарнација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anima, 12 септември 2010.

  1. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    во ова денешно време на интернет комуницирање сите сме поврзани на некој начин, нели е тоа чудно?
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Изворно, сите ние како духовни битија сме поврзани едни со други, бидејќи имаме еден заеднички енергетски пра-извор, Бог. Но во каква констелација сме поставени за време на нашиот престој на Земјава, тоа не е случајно. Воедно треба да се прави разлика помеѓу наврзаност и по-врзаност.

    Интернетот, телефонијата и другигите технички средства се само вештачки несовршен надоместок на нашата заборавена духовна комуникација и способности кои сме ги изгубиле при отпаѓањето од небесните светови. Веќе според тоа за какви намени ги користиме тие технологии и средства, може да дојде до нови негативни оптеретувања или позитивни разрешувања.
     
    На Shortie и PeperutkiVoMene им се допаѓа ова.
  3. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    да, сакав да кажам луѓето денес се исповрзани повеќе помеѓу себе преку интернетот и медумите, така не било во минатото. Во можност сме да шириме пријателства какви луѓето порано не можеле да замислат. Преку интернет најдов пријатели од другиот крај на светот, се допишуваме и ги прашувам тоа што сакам да знам за нивните земји и култури но не чувствувам некаква поврзаност и наклонетост кон нив, ниту имам чувство дека се знаеме од други животи. Така само површно се допишуваме. Многу луѓе со кои лично се познавам или ми се во семејството исто така не ги чувствувам блиски, само површно разговараме. Која е разликата помеѓу поврзаност и наврзаност? Ако сме сите едно тогаш зошто одредени луѓе ги сакаме и ни се допаѓаат а други не? Со едни се согласуваме убаво со други лошо?
    ме интересираат сознанија за уметностите, за љубовта и за се друго што го прави човекот да се чувствува убаво, дали тоа е некаков мост кон друг свет
    ако не ти е тешко да пишуваш.
     
    Последна измена: 30 јуни 2015
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Според духовните објави наврзаноста е она што го прави човека неслободен и долгорочно гледано создава различни неволји доколку благовремено не се разреши. Наврзаност може да постои кон имот, углед, моќ, идеологии, и тн. Кога некој некому ја наметнува својата волја, со мали или големи уцени, макар низ перфидни манипулации а другиот тоа го дозволува иако спознал дека тоа не е негов животен пат, тогаш тие се наврзани еден на друг. Доколку некој си земе за право да посегне врз туѓ живот а жртвата не е подготвена да прости тогаш тие стануваат кармички наврзани еден на друг и порано или подоцна во некоја ситуација ќе мораат повторно да се сретнат за да ги расчистат негативностите. Тоа може да се случи во текот на некој од следните животи, или пак во чистилишните сфери (тнр. астрални светови) каде живет бестелесните несовршени души.

    Наврзаност постои и кога очекуваме нешто од некого да направи за нас иако тоа сме способни самите да го направиме. Во Христовата објава Беседа на Гората(изд. Универзален живот) објаснето е дека ова не важи во поглед на професијата што доброволно сме одбрале да ја работиме и соодветните работни задачи кои произлегуваат од тоа, а за соодветна награда како на пр. плата и сл. Значи во тој случај претпоставените имаат право да очекуваат од работникот исполнување на работните задачи, а работникот има право да очекува плата, бенефиции и сл. соодветно договорот.

    Во Духот Божји постои поврзаност. Таа упатува на слобода и заедништво исполнето со несебична љубов. Во поврзаноста нема присила и човечко очекување, туку соработка, толеранција, и сл. Христос во своите објави објаснува декла Животот според божествените законитости (кои всушност соодветствуваат на нашата изворна духовна состојба) кои ги наоѓаме во Десетте заповеди и Исусовата Беседа на гората водат постепено кон разрешување на кармичките наврзаности и создавање на духовна по-врзаност со целото постоење.
    Ние сме изворно гледано едно, но повеќето од нас не живеат во својата изворна состојба како пред падот. Кога нешто или некој ни пречи и не вади од такт, тоа не е случајно. Тоа сака нешто да ни каже. Тоа не мора да значи автоматски дека ние таа личност во минатиот живот сме ја ваделе од такт, па сега ни се враќа. Туку тоа во прв ред би значело дека ние во некоја форма ја имаме истата или сличната особина која сега можеме да ја препознаеме и ја исчистиме т.е. промениме кон позитивно. Имено, луѓето околу нас не можеме да ги смениме - единствено себе си можеме вистински да се менуваме. Доколку тоа се трудиме да го правиме со Христова помош, ние несвесно и без да знаеме за деталите на нашите минати животи, можеме да разрешиме многу кармички врзаности без да мораме да ги истрадаме.

    При тоа треба да се прави разлика помеѓу несогласување во смисла на кавга, и несогласување во смисла разлика на ставови. На пр. ние можеме да не се согласуваме околу тоа дали постои и како функционира реинкарнацијата, но тоа можеме едни на други културно да си го кажеме и да му дозволиме на ближниот да си продолжи да верува во она што тој доброволно ќе одбере. Во тој случај ние и понатака можеме да останеме пријателски поврзани, на пр. да си речеме „Здраво„ :)
    Во која смисла?

    Уметноста на пример може да биде израз на нешто убаво што човекот искрено го чувствува и тогаш тоа би можело да им пренесе радост на оние кои се отворени за тоа. Но од друга страна во уметноста можеме да го истакнуваме своето его, своето ниско „јас„(ова е чест случај во шоу-бизнисот но и во другите сфери на животот како што се политиката, науката, инстиуционализираната религија и тн.). Тогаш, зависно од тоа кој колку е подложен на сличното, ќе има соодветни плодови и преку тоа да настанат исто така заплеткувања и наврзаности кои можат да водат кон страдање.
     
    Последна измена: 30 јуни 2015
    На toke-a и PeperutkiVoMene им се допаѓа ова.
  5. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам на исцрпниот одговор daylight, интересни ставови изнесе и ми се допаѓаат :) сакав да се исправам кај делот „Преку интернет најдов пријатели од другиот крај на светот, се допишуваме и ги прашувам тоа што сакам да знам за нивните земји и култури но не чувствувам некаква поврзаност и наклонетост кон нив, ниту имам чувство дека се знаеме од други животи.“
    сакав да кажам не чувствувам при-врзаност и блискост кон нив, инаку логички е дека сме по-врзани преку комуникацијата, и самата реков дека мислам сите можеме да се по-врземе во денешно време.
    мислам на уметност, не на шоу-бизнис. Се согласувам дека шоубизнисот ја уништува уметноста, денес сите повеќе сакаат да знаат за изведувачот отколку за она што го сработил и тоа е погрешно. Но јас мислам на делата, на убавата музика, убавата фотографија, танц, слика, филм и сето останато. Сакам да знам како гледа на љубовта ова учење за реинкарнација, од каде потекнуваат овие работи кои прават човекот да се чувствува поубаво и колку го доближуваат до духовното. Работи како што се љубов, уметност и така натаму. Понатаму, не ми е јасно зошто луѓето се раѓаат нееднакви по некои карактеристики како физички, здравствени, финансиски. Извини ако ти додевам, можеш да ми одговориш кога ќе имаш време :) не можам да најдам соговорник а сакам да разговарам на овие прашања и ме радува што ја сретнав темата.
     
    Последна измена: 1 јули 2015
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Имам пишувано во врска со ова на претходните страни (стр.2 па натака) на темава и мислењата во тема Карма (во подфорумот Психологија).
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Хахаха ме насмеа ептен стрипов :rofl:

    Лично иако верувам во реинкарнација, не верувам во можноста човечките души да се реинкарнираат како животни - според моите духовни убедувања човечка душа може да се реинкарнира само како човек. Но смешкава со стрипов ептен им е добра!

    Reincarnation_1994_960pixels1.png
     
    На sjdgo, okcenzi и angelche16 им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во тоа, а и сум сигурна дека ова не ми е прв живот.
     
    На MG3, MemoryOfUniverse и Juccy им се допаѓа ова.
  9. Tw<3

    Tw<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    I Origins топ филм, секој кој го нема гледано му го препорачувам, се работи за љубов помеѓу двајца млади, девојката умира во несреќа со лифт и потоа по 8 години најдуваат девојче кое се верува дека во него се реинкарнирала душата на девојката. Случката кога девојчето ќе се исплаши од лифтот е најинтересно, поточно несреќата на девојката се случи во лифт. Интересем филм. Од мене 10
     
    На Acka22, rose60 и Draginja им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не верувам во реинкарнација (иако би било супер-интересно да постоеше)
    Секој човек што се раѓа е посебно битие.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Верувам во реинкарнација , баш вчера некаде по нетов читав статија за тоа . Мислам , интересно во цела статија беше што мало дете се сеќава на се од предходниот живот дури и на авионската несреќа во која го загубил животот ( подетално за тоа во текстот подолу ) .
    Јас верувам во реинкарнација .а еве и детево го докажува сето тоа кое велат дека е реално James Leininger :nod:
    11 - годишно момче од Lafayette во Louisiana, во минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
    Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на сè од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 март 1945 година.
    Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна ,бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудоневидени.
    Откога го напуштил киндербет, James Leininger ја искажал големата фасцинација за авионите.
    Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston.
    Кога ја наполнил втората година, детето почнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.
    На своите родители тогаш по прв пат им одјаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила во моторот и дека животот му завршил во морето
    Неговиот татко Bruce, од првин бил скептичен спрема реинкарнацијата, потоа се дал на истражување и го однел синот кај преостанатите живи војници кои служеле на тој брод. И останал без зборови.
    Откога малиот James ги видел своите стари воени другари, оние кои ги познавал ги поздравил по име.
    Но ,тоа шокантно откритие не е крај на приказната. Родителите на детето ја пронашле и Anna Barron, сестрата на James Huston. Старицата брзо заклучила дека детето - е нејзиниот покоен брат.
    „Тоа дете ми раскажа многу разни детали од нашето детство што одма заклучив дека тој навистина е мојот брат. На пример, тој се сети на нашите портрети кои ги нацрта нашата мајка, а за тие слики никој не знаеше освен ние двајцата„ - раскажа старицата.
    Текстот е преземен од црнобело форумот
     
    На MemoryOfUniverse и rose60 им се допаѓа ова.
  12. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    И јас верувам во реинкарнација. Имам чувство дека сакам коњ да јавам и да се мечувам сакам многу мечеви, исто така не можам да сфатам зошто имам страв од банки, ми е страв во банка да влезам, или да располагам со многу пари имам необјаснет страв. Кога треба да одам во банка, а ретко одам целата се препотувам. Имам необјаснет страв од банки. Тоа е верувам некое искуство од претходниот живот. Имам одено кај човек што ми го виде претходниот живот. Сум живеела во 1890 година и околу мене виде многу луѓе собрани како нешто да сум им објаснувала и дека ме убиле во заседа-возејќи се во кочија во шума, ме измачувале многу пред да сум умрела. Тоа било некаде во Северна Франција и тогаш сум била машко. Имам чувство од претходниот живот. Го осеќам. Поздрав
     
    На MG3, toke-a и rose60 им се допаѓа ова.
  13. toke-a

    toke-a Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во реинкарнација и пред некое време дознав интересна теорија која е поврзана со хомосексуалците и трансџендерите...се мисли дека тоа е резултат на реинкарнација..у смисол ако во повеќе предходни животи си бил машко(си бил и женско,ама повеќе пати машко),а во моменталната тридимензионалност си женско, голема е веројатноста да бидеш по машкаста дури и да не се осеќаш како себеси додека не го ослободиш вистинското од тебе и обратно.
    Добра теорија,ама сепак,само теорија е. :)
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    На Acka22 и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Samara Morgan

    Samara Morgan Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
  16. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Koj covek ti go kaza toa?
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Баш преѓе зборував на темава, не од аспект дали верувам или не, туку од аспект што ако сум 100% сигурна дека е вистина. Јас лично би била многу демотивирана, знаејќи дека ќе живеам со доволно и тоа нема да остани долго после мојата смрт, особено не со мене. При тешки проблеми, а можеби и не многу тешки, не би се двоумела да посегнам по сопствениот живот за да почнам од ново. Доколку можам да ги помнам моите претходни животи, често ќе се споредувам со некоја друга јас која би ми ја намалувало самодовербата.
    Дали верувам или не - неутрална сум, а и не посветувам доволно внимание на темава за да оформам било каков став.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Тоа би бил површен пристап кон реинкарнацијата кој би се базирал врз непотполно знаење за истата и поради тоа може да биде опасен.

    Во информациите објавени од духовно-божествениот свет на оваа тема, по смисла кажано е следното:

    Кога се зборува за реинкарнацијата секогаш треба да се вклучи и законот на причина и последица (што човек сее, тоа и ќе жнее). Тогаш човекот би знаел дека проблемите со коишто се соочува во овој живот не се случајност туку се базираат врз погрешни шеми на размислување, зборување и постапување било во овој или во некој од претходните животи.

    Самоубиството би била огромна додатна грешка, бидејќи душата си ги зема сите свои мани (од кои произлегле евентуалните проблеми) понатака со себе (на оној свет) со таа разлика што таму нема повеќе начин да ги реши. Тогаш тоа може да биде причина таа да тендира кон следно отелотворување но исполнето со уште повеќе потешкотии.

    Значи, ако некому не му се допаѓа состојбата во овој живот, тој/таа треба да се праша себе си зошто е тоа така и да испита во кои области може и треба да се потруди за да ја подобри својата состојба а тоа да не биде на штета на другите. Оној кој побара искрено од Бога помош и сила себе си да се менува кон подобро, тој и ќе ја добие во различни облици, бидејќи секој човек изворно гледано е син и ќерка Божја, а Бог не ги остава своите деца сами. Иако на прв поглед во овој свет привидно тоа ни изгледа дека не е така, сепак во крајна линија секој е ковач на својата судбина или среќа.

    Реинкарнацијата не е желботека ниту игра на среќа, туку еден вид на космичка животна школа низ која душата може да се развива, прочистува и усовршува многу побргу отколку во царството на бестелесните несовршени души а со цел да се врати во изворните совршени светови каде нема страдање и болка. Но токму поради тоа што секоја душа има и слободна волја, таа може да стагнира, или дури да ја протрати својата инкарнација и си натовари уште повеќе проблеми (на пр. преку насилство, искористување на другите и сл.) кои еден ден ќе мора да ги реши.

    Човек и без да биде свесен за претходните животи, доколку се труди да живее според божествените закони (ги наоѓаме во Беседа на Гората и Десетте Заповеди) на несебична љубов и мир со ближните и природата може многу нешто да поправи и со тоа да си креира посветла иднина, и тоа уште во текот на овој живот.
     
    Последна измена: 24 април 2017
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Вчера го гледав I origins.
    Се работи за двајца млади кои се сакаат. Девојката загинува во лифт.
    Тој е доктор и верува само во наука поткрепена со факти и докази. По 7 години се случуваат некои работи кои решава да ги истражи.
    Ми се допадна делот од разговорот каде една жена која му помага во истражувањето му вели:

    Priya Varma: You know a scientist once asked the Dalai Lama, "What would you do if something scientific disproved your religious beliefs?" And he said, after much thought, "I would look at all the papers. I'd take a look at all the research and really try to understand things. And in the end, if it was clear that the scientific evidence disproved my spiritual beliefs, I would change my beliefs."
    Ian: That's a good answer.
    Priya Varma: Ian... what would you do if something spiritual disproved your scientific beliefs?

    За тие што не разбираат англиски значи разговоров го почнува жената која му помага во истражувањето на докторот Иан, а се однесува на тоа како еден научник го прашал Dalai Lama, што ќе направи ако некое научно откритие ги урне неговите верски верувања. А тој по многу размислување рекол:
    -Јас ќе погледнам во сите документи. Би погледнал во сите истражувања и навистина би се обидел да ги разберам нештата. И на крајот ако научните докази ги разоткриваат моите верувања, јас ќе ги променам моите верувања.
    Ian: -Тоа е добар одговор.
    На тоа жената го прашала..
    Priya Varma: Иан што ќе направиш ако нешто духовно ги разоткрие твоите научни верувања?
     
    Последна измена: 25 април 2017
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Да се раѓам по неколку пати и одново и одново да бидам кул мало дете :inlove: Јас сакам да постои реинкарнација, ама не постои. Надвор од памет е целата таа теорија.