Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) [2000]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 10 февруари 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Тоа дека Аронофски премногу го сакам како режисер, знаат веќе и врапчињата. Наспроти неговиот комерцијално најпопуларен филм кој моментално се прикажува и гледа ширум светот, сметам дека треба да се отвори уште една тема за уште едно негово ремек дело -
    [​IMG]

    РЕКВИЕМ ЗА ЕДЕН СОН (REQUIEM FOR A DREAM).
    Филм снимен во 2000 врз основа на истоимениот роман напишан од Hubert Selby Jr. Секој кој барем малку е запознаен со неговите дела или ја читал Last Exit to Brooklyn веќе знае дека може да очекува тежок, тмурен и во никаков случај шарен или пуфлест филм. Реквием за еден сон удира силен шамар. Освестува. Шокира. Остава без зборови. Трогнува. Не учи. Drugs are bad! Yes they are!
    И додека ги гледаме овие 4 личности секој со својата зависност како си го живеат сонот, истовремено Аронофски ни ја покажува најцрната, најодвратната страна на едно наркоманско подземје. И верувајте не не поштедува.
    4 зависници, 4 сонови. Прашањето е дали после есента и зимата доаѓа секогаш пролетта?
    Во главните улоги се појавуваат Jared Leto, Jennifer Connelly, Ellen Burstyn, Marlon Wayans.

    Еден од моите најомилени и највпечатливи филмови. Музиката е извонредна, и повеќе од тоа. Ви гарантирам дека ако не сте го гледале филмот и ако го погледнете, секако дека таа ќе ви остане во главата и ќе се врти како расипана плоча. Опојна токму како дрогата со која филмот изобилува.

    Доколку сакате филмови кои знаат да ве трогнат суштински, тогаш овој го препорачувам. Доколку не сакате да одморите од суровата реалност, на каква што сме сведоци денес, погледнете го.
    Доколку веќе сте го гледале - ги очекувам вашите воодушевени критики, или разочарувачки мислења ;)
     
    На sparklie, BlackAndWhiteSwan, Anonymous996 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    521
    Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) 2000

    Зборувавме еднаш со еден другар за електронска псај музика и ми ги спомнува тој гмс, некои луѓе кои прават таква музика а јас поима немав кои се. Одам јутуб и ми излегува ова http://www.youtube.com/watch?v=uTFsy-tG0yk&feature=related. Останав :o Они ја преработиле музиката од филмот, после дознав за филмот, дознав и дека има книга ама не можев да ја најдам во библиотека. Го гледав филмот и го ставам на листата 5 најдобри филмови кои сум ги гледала :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) 2000

    Ремек дело. Филмов знае длабоко да навлезе во психата и сега кога и да прочитам или слушнам нешто поврзано со него, ме лазат морници. Го земав од една колешка, случајно кога разгледував филмови во нејзиниот лаптоп, го видов овој и ја прашав што филм е. Таа ми договори дека филмот е „тешка психа“, дека е „забеган“ и дека не ми го препорачува. Одлично, значи баш мој тип на филм :) Многу сакам психолошки филмови, ама вакви кои буквално додека го гледаш си поигрува со твојот мозок.

    А сега, мои импресии од филмов. Додека го гледав бев како хипнотизирана. Буквално филмот си поигрува со мозокот. Многу малку зборување, сите психолошки аспекти од човечкиот ум опишани со слика и звук. Феноменално! На сликовит и морбиден начин се опишани и ефектите на дрогата, т.е. симптомите.
    А музиката нема зборови кои би ја опишале. Таа може само да се слушне, да се доживее...Кога го гледав последниот дел, пролет мислам дека беше, се утепав од плачење... И откако го догледав филмот, се стуткав во едно ќоше и плачев...Не само за судбината на ликовите во филмот, туку плачев од уживање, од возбуденост, од збрканост...Ја обожавам таа состојба на мојот ум, кога сум под големо влијание на некој филм, зашеметеноста, збрканите мисли и слики кои ми поминуваат во главата. Малку се тие филмови што можат да го постигнат овој ефект кај мене. Затоа на режисеров му симнувам капа! Тој успеа доста умешно да го направи тоа.
    http://www.youtube.com/watch?v=SmijKjosplM
     
    На sparklie, rhcpfan, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) 2000

    МајГрл, јас и ти подеднакво сме го доживеале филмов како што гледам ;)
    И јас прв пат кога го гледав останав вкочането да седам на фотељата, и солзи ми течеа без прекин.

    Да не се повторувам со она што го напиша, на кратко - подеднаков ефект имаше филмов и кај мене. А тоа ретко кој може да го постигне. Затоа му симнувам и 3 капи, да ги имав на главава моментално.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.511
    Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) 2000

    Го имам гледано еднаш, појезив и пострашен ми беше од илјада хорори со крвишта и касапења.
    Ова е трауматско искуство, навлегува во психата и подлабоко, го разголува човекот, го разоружува, не е само филм кој ги следи последиците од различни видови на дрога, нуди многу повеќе, нуди различни соништа, изгубени илузии, крстопати, кривини, слепи улички, самоиспитување, верба и сила во себеси.

    Премногу добар филм, вреди да се погледне, опремете се со пуканки и добри живци, и гледајте го по можност сосем сами, без друштво.
    Така ќе го доживеете поубаво.

    Од сценарио, до режија, музика и кастинг, ова е полн погодок.
     
    На sparklie, Neytiri, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) 2000

    Точно така. Се согласувам во целост, само би додала дека главната тема на филмот не е само за ефектите од дрогата. Навлезено е многу подлабоко, во несовршените соништа на ликовите, дека посегнале по дрога во потрага по остварување на соништата, а на крај силно ги треска од земја со јасна порака: дрогата не е начин да се остварат соништата. Ретки се тие кои се задоволни со тоа што го имаат. Ретки се и тие кои што се обидуваат да ги остварат своите соништа на правилен начин. А што уствари е правилно? Кој може да го дефинира? Барем филмов дава до знаење кој не е правилен начин.
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    И покрај тоа што себеси не се декларирам како филмоман, а сите други така ме доживуваат, за овој филм сепак ќе прокоментирам, освен што се согласувам со се погоре кажано, сите коментари се на место, да не се повторувам, ќе додадам дека мене ми го промени погледот на многу нешта, и не ми избледи како другите за една недела, дури мислам и дека инјектираше во мене доза на поголема свеснот за реалниот свет....ме принуди светот да го погледнам од друга, или поточно кажано од неколку перспективи, и можеби да ја искристализирам перцепцијата, за, како јас милувам да кажам...ди адр сајд....
    и да....многу поубаво е да се гледа соло....
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    да, да...зборува за сите можни зависности кои не опфаќаат само наркотици, за соништата кои те прават зависен од друг човек па и од предмет (црвениот фустан) прекрасен е филмот скоро го гледав
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Пирамид :bow: :bow: :bow:

    Јас веќе досадна сум, знам, го имам филмов напишано во повеќе теми, но морам и овде да си ги споделам импресиите.

    За разлика од вас, јас пак ќе кажам мене на филмов не ми капна ниту една солза. Значи буквално како здрвена стоев, не можев ни да јадам ни да пијам наредните 2 дена, како хипнотизирана бев. И до ден денес, кога ќе се спомне тема дрога, мене одма ми се појавува сликата од Џаред Лето, и крвта ми се смрзнува во милионити дел од секундата.

    Најтрагична ми беше судбината на Џенифер Конели, дали дека познавам едно вакво девојче кое на ист начин си го запусти животот, не знам, но луѓе на финалната сцена со неа мислам дека не можев да се мрдам, рацете ми беа статични, сакав да кажам, односно да вриснам нешто но не можев. Од сите судбините се претажни.

    Она што најмногу ми се допадна е на кој начин Аронофски ни ја доловува вистинската ситуација со дрогирашите. Не штеди на експлицитни сцени, кои според мене се толку добро поставени, што боли колку реално го прикажуваат светот на лица кои се дрогираат. Ако некој се најде да даде коментар на филмов "ова не е возможно, како на филм", ќе го нокаутирам! Исто многу ми се допаѓа како Аронофски овде го изоставил расплетот. По логика после кулминацијата следува расплет на настаните, но она што го прави филмот ѓаволско добар е што кога настанува таа кулминација, тогаш филмот завршува. Не те остава да си го одмориш мозокот, туку кога твоите мозочни клетки се најактивни, гледаш The End. И да, исто предобро е претставено што зад секој лик се крие приказна, зошто тој всушност станува зависник. И тогаш сфаќаш дека и најмалите работи можат да те натераат да се скршиш, но дека никогаш не смееш да дозволиш да запливаш во тие води, затоа што брановите ќе те однесат толку длабоко, што нема да можеш да се вратиш.

    Можам јас цел ден да си коментирам за филмов, ама доста е, досадна сум.

    П.С Ве чекам фановиве на Аронофски да ги коментираме и "Пи" и "Фонтана". Пи ми е исто ненормално добар филм, кој да ме праша за препорака него го спомнувам. Ако ги немате изгледано, моја препорака е на вашата листа тие да се најдат следни.

    Една голема гушка до сите фанови на филмов. :hug: :hug:
     
    На JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    Језив филм, дефинитивно...
    Сцената на крајот, со ass-to-ass сексот беше кулминација на еден пропаднат сон. А тоа што сите „заразени“ ликови на крајот се најдоа во лежечки позиции, стуткани како ембриони, беше еден интересен детаљ за тоа како допреа до ниво од каде има само нов почеток, затоа што го допреа дното...
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Спаркс, па ти си била филмоманче! :clap: Е што ми е мерак ;)

    Сосема си во право со кулминацијата, да. Точно е, токму затоа те остава филмот на самиот крај вкочанета. Јас имав чуство знаеш кога некој силно ќе те удри со топка во гради и ти не можеш здив да земеш. Ете токму така се чуствував кога го догледав филмот. Хипнотизирана, шокирана, издишана со топката на Аронофски.
    Би ти ја препорачала и книгата, таа е уште потешка. Селби е подеднакво „луд“ како Аронофски. Јас имав нагон за повраќање читајќи ги неговите книги :x

    Да, признавам и јас сум здодевна. А за Пи и Фонтана исто немам збор, ги обожавам. Можеби требаше цела тема за режисеров да отворам :) Сум го анализирала доста. Неодамна наидов на информација дека Аронофски си ги откупил правата на еден аниме филм, Perfect Blue, од кој по се изгледа црпи инспирација. Иако тој тврди дека сличностите се само случајност. Некои паметни дечки на youtube направиле споредба со неговите филмови каде точно се гледаат сцени кои како да се исечени од оригиналниот филм. На пример - во секој негов филм мора да има сцена во када (употребена во Perfect Blue) ;) И ред други работи. Интересен е за анализирање преку неговите филмови и бескрајно е креативен и оригинален. Ај среќен му утрешен роденден :)

    Еве некои интересни факти кои можат да се најдат и во Requiem for a Dream ;)
    Frequently uses a technique known as the hip-hop montage, which is a sequence of images or actions shown in fast-motion with accompanying sound effects, usually shown to simulate a certain action, such as taking drugs.
    Fade to white for emphasis, a break in the story, or an end of an Act/Section in the story.
    Use of sounds to objects that are not always seen on screen (i.e., a train horn, or slurping liquid).
    Uses a string instrument and techno beat combination for the soundtrack to his films.
    Use of the Snorricam (a camera device that is rigged to the body of the actor).
    Features scores by 'Clint Mansell'.

    Дечки, само една забелешка, можеби не би било лошо понатаму детални описи на сцени да ставаме во спојлери а? Мислам дека може да се најдат сеуште луѓе кои не го гледале филмов.

    Инаку очекувам уште реакции. Знам дека и Хајди го сака режисеров, а колку што знам и Сеси беше воодушевена од филмов ;)
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    28.420
    Пол:
    Женски
    Ми се симна вчера и немав време да го гледам.Но викендов ми е прв на листата.Верувам дека филмот е предобар како што го опишавте,а и досега сите филмови препорачани од Пирамитка сум ги гледала и се одлични, голем филмоман сум и незнам како досега не сум го погледнала овој филм :?: Го погледнувам утре и одма споделувам импресии.
     
    На Phyramide и Springy им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Оваа сцена со разговоров ми е една од потрогателните. Најтрагично е што и двајцата се свесни дека се лажат меѓусебно...Џенифер Конели ми е многу убава во филмов

    http://www.youtube.com/watch?v=EUoVrQ9S8LE


    Исто и од сонот на мајка му на Хери (Џаред Лето) моментот кога се прегрнуваат со син и кога е во црвениот фустан е премногу трогателен, јас се расплакав искрено.
     
  14. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Филмот е врв!
    Два пати го имам гледано (го даваат стално на Alfa Tv) и доживеав бура од најразлични емоции. Браво за Аронофски! :clap:
     
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Филмов го гледав ВО КИНО, кога бев средно..Нешто ко педагошка мерка требаше да биде ваљда пошто сите ушуткани излеговме од кино салата... :rofl: Години и години после тоа сеуште го памтат чувството на ужас што го предизвика во мене, ама и чувството на восхит кон идејата да се прикаже така сликовито разорното дејство на дрогата, на уништените семејни односи, на духот волјата желбите и соништата... Години и години подоцна, уште сум восхитена.
    Вреди да се погледне...Еднаш...
    Јас немам душа да го гледам повторно.
    Мислам дека сум истрауматизирана :wasntme: :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Пирамид да знаеш сега ќе те прашував за книгата, дали ја имаш читано :lol: . Кога ќе бидам слободна, убаво ќе седнам и нема да станам се дури не ја прочитам во еден здив, па ќе ја коментираме :)

    За другите филмови од Аронофски можеме да си отвориме тема, Пи е дури уште подискутабилен од Реквием, овде да се коментира само за филмот. И да навистина, да пишуваме во спојлери, гревота е овде да си го уништиш моментот во филмот.

    Иначе не знам дали имате приметено еден гаф,

    кога одат Џаред и другар му во болницата, докторот што ќе ги пријави, всушност не му помага на Џаред. Тоа е грешка, затоа што раката уште тогаш му беше во критична состојба, ниеден доктор нема да постапи како што постапи овој, да остави пациент уште толку да му се влоши состојбата.

    За ова што ги откупил правата, верувам дека повторно спрема нешто, кое ние секако ќе го дочекаме со полни раце, нели? :) Посакувам од една страна да има повеќе режисери како Аронофски, да не мора нон стоп да изглегуваат таканаречените "романтични комедии", но од друга страна, кој ќе го замени Аронофски?! Уникатен во секој поглед, двајца како тој човек не се раѓаат.

    Мислам дека тој направи најголема кампања за против дрога. Сите други реклами можат вода да му носат на Реквием.
     
    На tessie, JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    Моментално го даваат на Алфа ТВ, само што почна. Ќе го гледам повторно, немам ништо против. :)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    48.294
    Пол:
    Женски
    Ех, да не беше вака касно ќе го гледав. Јас не сум го гледала. Сум слушнала за филмов од пред еден век и не сум седнала да го изгледам :tmi: Ама ќе гледам да биде и тоа што побрзо :)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Леле сеа го начекав и јас мислев и јас да пишам :D нарочно за тоа ја кликнав сеа темава. Кој го нема гледано, нека не пропушта
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    9.109
    My number one! Го имам изгледано повеќе од десетина пати и го обожавам. Филм што никогаш нема да ми стане досаден. Толку бавен и динамичен во исто време. Како лесно можат да се уништат животи, намерно или ненамерно. Од една страна двајца млади што го избираат тој пат, знаејќи што ги чека, од друга страна бабичката што има желба да влезе во црвениот фустан и несвесно станува зависник....и нивните судбини што никого нема да остават рамнодушен. Целиот филм е перфекција.

    Најдоброто - Soundtrack-от. Clint Mansell неможел подобро. Да не беше музикава може и филмов немаше да ми биде прв на листа, ама ваква комбинација ни на сон неможам пак да замислам. Незнам дали е минимализмот што и онака го обожавам, ама еве после 10год сеуште заспивам со албумов и постојано ми врти по дома. Кога го гледам филмов, се ежам на музиката
     
    На sparklie, JuLleE, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.