Го гледав пред некое време... На крај останав вака ! Цел филм морници ме лазеа... Премногу вистинит, премногу тажен и премногу на психа удира! Што е и добро на некој начин. Предобар филм , но не верувам дека имам сила за уште еднаш да го гледам!
Втор на мојата листа на омилени филмови, стои зад „Fight Club“. Да не се повторувам со форумџиките погоре, филмот има фантастична содржина, на еден потресувачки, но неверојатно добар начин е опишана моменталната сурова реалност. Мислам дека треба да го погледне секој тинејџер, за да сфати што би се случило доколку тргне по таков пат. Мала грешка може да чини живот.
Прво нешто што ми паѓа на ум кога ќе се спомене филмов е дека на почеток на секое предавање за борба против дрогата треба да биде пуштен! Ќе повлијае посилно од било кои изкажани зборови и туѓи раскажани приказни. Филмов е суров но добар, добар до тој степен да ми се згрчи желудникот во последните 15 минути...филм кој треба да се гледа!
Ииииииии ме загреавте до немајкаде сега ќе сакам да го гледам, а немам време Сега дури за викендот...ах што ми требаше да ја отворам темава Ќе ви пишам импресии откако ќе го гледам
Го гледав пред некое време и некако...језив е. Љубител сум на вакви филмови, а за овој можам да кажам дека е еден од подобрите! Реален и тажен....
Перфекција од филм. После гледањево на филмов одма некои работи у глава ти се удираат. Сценарио, глумам, музика се се ама баш се ВРВ . Филм кој допира до психа како ниеден друг филм, мислам дека секој треба да го гледа филмов. Сам во тишина без ниедна пауза. за филмов. Немам соодветни зборови да го опишам сето тоа што го мислам за фимов
Ииии како заборавив да го коментирам. Сега дури ми текна кога ја видов темата случајно Прво морам да кажам дека филмот без музиката немаше да биди толку одличен каков што е !! Колку различни нешта можат да те фрлат во рацете на дрогата...какви судбини, од детство до еден фустан Секоја чест на Аронофски Солза не пуштив, но затоа погледот не можев да го тргнам од сопствената рака гледав дали е се во ред до толку што ме трогнаа сите сцени каде што беше покажана до најмала пора раката на Хари. Исто така многу потресна ми беше сцената кога зборуваа на телефон. И трогателен ми беше разговорот на Хари со мајка му...колку само беше осамена Е сега тука морам да си кажам дека Црниот лебед (и него заборавив да го коментирам во соодветната тема ) не ми беше ништо посебно, очекував многу, а добив помалку, додека за Реквием очекував премногу, а добив уште повеќе Аронофски Музиката
Воодушевена сум од филмов, сум го гледала повеќе пати и сега пак би го гледала. Едноставно неможе да ми здосади, премногу е моќен, влијае на психата и те тера да размислуваш за многу работи. Фантастичен е, еден од моите омилени филмови.
Јас не можам да се соземам сеуште. Тешка сум за филмови, ретко кој ме дрмнува од место, ама овој и те како ме мрдна. Се мрданв мислам. Последните сцени не можев да ги гледам, премногу болни, трогателни, сурови. Филмот го изгледав во еден здив, само знам дека се стуткав, ја зедов перницата и ја гушкав, грозејки се од сцените. Болна ми беше сцената кога му ја сечеа раката, сексот на девојката и сцената со мајката. Никој филм ме нема вака пореметено. Да, ме порамети филмот, ептен се соживеав со приказната на ликовите. Не плачев, ама во себе осеќав некој гнев, бес. Тие беа зависници, ама секој од нив имаше приказна, празнина, а дрогата ја поплнуваше таа дупка. До каде може да оди човекот заради сонот. Кастингот е одличен. Музиката е совршенство , се опседнав со неа, а за Аронофски немам коментар. Скорсезе и Аронофски се режисери на кои им симнувам капа и им сум благодарна за вакви ретко добри филмови . Еве сега го симнувам Фонтана. Сакам да гледам добар филм, а со Аронофски немам утка. Филмот мислам дека треба да се воведе како задолжителен во училиштата, подобра кампања од филмот против дрогата не постои.
Е стварно преубав филм. Сеуште не можам да се соземам. Толку реално прикажана болната вистина за наркоманијата. Сепак Аронофски е единствен.Секоја му чест Ме расплака крајниот телефонски разговор на Хари..делот со раката...електро шоковитее.. уффф мислам дека не би имала храброст пак да го гледам.
Јас само што го изгледав филмот. Зошто до сега го немам гледано немам поим. Ама ме запрепасти. Не можам да мрднам. Срцето уште ми бие како лудо од последните сцени. Леле. Музиката мислам дека со денови ќе ми се врти во глава. Морам да си ги средам впечатоците прво.
Јас вчера го спуштив и го изгледав! Знам за филмов едно многу долго време, имам гледано трејлери и ја имам слушано музиката, ама некако не ми се гледаше филмот! Е сега значи филмов, да сум јас некоја, би го давала по средните школи наместо оние глупи презентации за дрогата! Мастер пис дефинитивно каков учинок има дрогата над човекот!..... Не беше толку заради тоа што прави дрогата на човекот, отколку фактот што сите тие имаа еден сон, цел, и сите завршија неславно... последните сцени најемотивни ми беа.....Супер филмче
Го гледав во јануари и многу ми се допадна Нешто поразлично од другите филмови кои завршуваат со хепи енд, а сепак поучен... А музиката е нешто посебно
А јас мислев дека полуд филм од Fight Club нема да најдам. Епа погрешив. Никој филм толку не влијае врз психата како овој. И дава ептен силна порака. За кога и да се спомне дрога одма да ти стане одвратно од кога ќе ти текне на се што се случи во филмот. И до каде можеш да дојдеш. Дрога, НЕ благодарам!! Значи, филмот е предобро нешто, дефинитивно е многу тежок за гледање, после овој не можам да гледам друг психолошки филм сличен на овој.
Aуу и јас го изгледав, ме мавна на психа . депресии ме мавнаа начисто, и песната е многу убава, ама не можам да ја слушам периодов зашто последните сцени ми се вртат во глава Spoiler поготово тоа дилдоно , кога му ја ампутираа раката на дечкото, и мајка му каква стана искрено и не ми беше жал за се што им се случи, зашто сами си го бараа,до некаде со исклучок на мајката, зашто жената не знаеше што ја чека со тие апчиња... Hикој аир не видел од дрогата...
цел живот ќе ме прогонува сликата со дупката во раката при секое земање крв од вена ми се враќа таа сцена нејќу никад во животов пак да го гледам филмот. А е страшно добар за млада популација, да се подучат малце, за да не забегаат по кривите друми
Не сум го гледала филмот ама по сите коментари со сигурност ќе го гледам ме убедивте и одма го спуштам па ќе споделам заклучоци.
Филмов значи под кожа ми влезе ако можи така да се кажи. Предобар филм незнам шо сум чекала до сега за да го гледам Уште си средувам впечатоци. Дефинитивно еден од најдобрите филмови што ги имам гледано.