Убав??далеку од убав,ми остана кнедла во грлото и ми стоеше така неколку дена,од тогаш не гледам филмови со Џенифер Конели,не сакам кога филм ќе ме натера така да се осеќам,дека повеќе сум по комедии.овој многу ме погоди,најтежок филм што сум го гледала,не знам зашто ама се надевав на среќен крај.а поучен тоа да,сите тинејџери треба да го гледаат
Најдобриот филм што некогаш сум го гледала. Додека го гледав постојано се ежев а и ниту еднаш не ми стана досадно. Многу, ама многу добар филм. Ми се допаѓа се, од глума до облека. Плус музиката е прекрасна, Lux Aeterna ја знаев од поодамна, ама не знаев дека е од филмов и кога дознав знаев дека и филмот. Музиката е многу моќна и перфектно се вклопува во филмот. Секогаш би го препорачувала филмов. Плус сум заљубена во Џаред Лето, а он предобро си ја одглуми улогата.
Многу морничав, језив, навлегува длабоко во психата. Дури се потсетувам на филмот ми се подига секое влакно на кожата. Го гледав лани, ама во план сум пак да го гледам. Многу е поучен, има некои сцени што буквално ти е гад да ги гледаш. И дефинитивно треба секој да го погледне. Џаред Лето го обожавам, а овде одлично ја одглуми својата улога.
Само што го гледав и јас. Не знам што е работата што сум пропуштила толку добри филмови ама надокнадувам. Просто сум без зборови за филмот. Арнофски знае да те погоди психички и да не мрднеш од место додека го гледаш филмот. Без здив останав при крајот, толку грозни и морничавни сцени а сепак болно реални. За жал реалноста е таа, ептен на добар начин е прикажана во филмот. Можеби брутален ама сепак тоа за жал, се случува често во животот. Тажни беа приказните на ликовите, баш од правилен агол прикажани. Начинот на кој завршија .. Без зборови сум стварно, тешко да се опише ваков филм. Џаред Лето е стварно преубав, не го имав многу гледано во филмови. Но одлично си ја одигра улогата, Џенифер Конели исто беше добра. Се на се, многу импресивен филм.
дечки а да не знае некој каде би можела(во скопје) да ја набавам книгата... се распрашував низ повеќе книжари и ја немаат
Го симнав филмов зашто според тоа што прочитав критики за него, а и читав за што се работи, го гледав и трејлерот не се сомневам дека ќе биде одличен. Сакам вакви филмови, психолошки е, не? Режисерот на овој филм е режисер и на Black Swan па не се сомневам дека и овој филм ќе биде добар. Посебно ме привлекуваат вакви теми за дрога, така што уште од сега осеќам дека ќе бидам заљубена во филмов.
Само што го изгледав и искрено останав во исто време и воодушевена и згрозена.. целата се тресам, очите ми се полни со солзи, неможам да дишам.. Почетокот е бавен и здодевен барем според мене, ама тоа само наговестува што ќе се случува понатаму, и многу ми е жал што така си ги упропастија животите, а најмногу ме погоди приказната со Мериен и што се направи, и како го лажеше Хари, а толку се сакаа.. Се наежив! Прекрасен филм, предобра глума.. уфф.
Ајде и јас пред некој ден го симнав и решив да го изгледам. Го давале на ТВ но некако не ми привлекол внимание. И искрено не знам што толку воодушевување кога мене не ми остави никаков впечаток. Темата не е нешто што не го знаеме ... Или е за чудење. Значи не темата на филмов него цела продукција, цело сценарио ... глума итн. не ми се допадна, односно не ми остави впечаток да кажам - Еј да, филмов вреди.
Психолошки филм кој треба секој да го гледа Иако го имам гледано уште од 2000та година сепак го имам изгледано премногу пати...хаха како причина за да го гледам се наоѓа и Џаред Лето кој премногу добро го прикажува ликот за кој ослабел 20 кила за да го глуми небитно.. ви го препорачувам Mr.Nobody http://www.imdb.com/title/tt0485947/
Јас пак, гледам дека на поинаков начин сум го доживеала филмот, можеби поради фактот што низ годините сфатив дека исто размислувам и го доживувам светот како Дарен или можеби поради слични сцени доживеани во моето минато и мојата сурова перцепција за реалноста. Филмот ми беше некако тажен, како одмотување на стара филм лента, знаете? Го изгледав како во сон, сцените беа фантастични, Дарен само за тоа е способен. И повторно ќе речам, филмов е горко тажен, зошто е вистинит. Посмртна песна за еден сон. Тажен хумор. Впрочем, art never comes from happiness. A ова е токму тоа. Уменост, во својата најчиста форма.
Точно е тоа дека филмот има ефект што те тера потсвесно да се сеќаваш на некои твои случки од минатото... неописливо е како психолошки делува иако го имам гледано многу пати. И воедно музиката има голема улога во доживувањето на филмот Requiem for a Dream soundtrack е едно маестрално дело.
Иако не успеав да го догледам до крај,бидејќи ми беше премногу болно тоа со раката...Сепак можам да кажам дека филмот е навистина добар,ти го одзема здивот,го гледаш без да трепнеш..Џеред го обожавам <3 А за саундтракот немам коментар,предобар
Морам и јас да го симнам и да го гледам,покрај сите позитивни коментари за филмов.Само уште храброст да соберам.
Среќа што музичево го пуштаа во бајаги сцени, иначе веројатно немаше да го догледам. Предобрар саундтрак, со ништо посебна приказна.
Јас само што го гледав, немам доволно зборови да го опишам филмов, толку суров, реален, тажен, се тресев цела кога заврши (дури и нагони на повраќање ми дојдоа од последните сцени ).Треба секој да го изгледа дефинитивно, иако јас не би го гледала пак.