Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реквием за еден сон (Requiem for a Dream) [2000]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 10 февруари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Го имам гледано повеќе пати ама поодамна, во скоро време не сум го анчекала по тв.На Телма нонстоп го даваа порано.
    Многу реално е прикажано во филмов каков живот тераат зависниците од дрога. На моменти ме плаши филмов, од некои сцени сеуште имам и трауми и кога ќе се спомне дрога секогаш прво нешто што ми паѓа на памет е филмов. Неможам баш на се да се сетам убаво за да продискутирам, треба да го ѕирнам пак.
    Саундракот маестрален.
    Се си мислам дека е дело на некој од револуционерните композитори ко Моцарт, Вивалди, Лизт штознам, па е некоја преработка. Некако неможам да ти поверувам дека таквва копозиција е направена од современ копозитор. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.402
    Пол:
    Женски
    Доста тежок филм за гледање, можеби и најтежок и најнапнат што досега сум гледала, низ цел филм чувство на гадење, одвратност, неверување, мрачни судбини на сите ликови кои завршуваат неславно, а сепак заслужено.
    И треба секој родител кој има дома тинејџер да му го пушти филмот за да ги види последиците и ужасот од консумирање на опојни дроги.
    Цела сторија е прикажана на најсуров можен начин, прикажани се сцени кои тешко избледуваат
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.479
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Женски
    Фазите на зависност се маестрално опишани заедно со психологијата зад семејните односи, критиката кон општеството е моќна; пофалби за режијата и монтажата, инаку не е совршениот филм како што го претставуваат.

    Можеби треба да се гледа на тинејџерска возраст зашто мене сега ни малку не ме вџаши :?: Сите овие работи се познати, ништо ново и искрено, претерана приказна во една фамилија и мајката на наркоман да стане зависник и во ист ден да заглибат. Иако е добра идеја да се вметне навлеченост на пилули следејќи ја паралелно со опасноста од уличните дроги, сепак е неверојатно околу еден човек да се случи се она. И сцената од забавата при крај не е толку застрашувачка, колку ко некое порно, да шокира и да привлече публика.

    Trainspotting ми се допаѓа повеќе.
     
    Последна измена: 6 февруари 2024
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.402
    Пол:
    Женски
    Trainspotting е чил филмче, иронија, црн хумор, сатиричен, ова е веќе нешто друго, мрачни сцени и ликови, хорор.
     
    Последна измена: 7 февруари 2024
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.479
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Женски
    Ели, само ме караш на темите во последно време :(

    Мене не ми беше страшен затоа што преувеличува, намерно се труди да исплаши и да приреди шокови.
    Додека Trainspotting e горчливо-сладок филм со повеќе душа и природност, пореално опишано едно такво друштво, периодот автентично доловен (Реквием и визуелно и инаку е 2000-та, ама книгата и менталитетот на ликовите се од 70-ти) и мислам дека меѓу другото и Реквиемот сака да биде Trainspotting.

    Ни приближно колку во 127 Hours (случајно или не, филм на Дени Бојл) не знам како го издржав, мигрена ме фати :|
     
    Последна измена: 11 февруари 2024
    На elimkd и boomsleng им се допаѓа ова.