Здраво феминки, вака , би сакала да ве прашам дали ви се има случено некогаш да купите некое парче облека и да ви се упопасти уште на првото носење??? мене ми се случи тоа со едни панталони, и сега незнам што да им правам, испукаа по рабовите, и завалаа и се излитија меѓу нозете, сега изгледаат како доодени а всушност се носени само неколку часа?? сакам да ги вратам ама некои познајнички ми велат дека нема да ми ги врати газдарицата, како демек ми биле тесни бла бла бла... ви се има ли и вас нешто слично случено, дали ви ги рекламираа??? фалаа
Веќе кога се отвори ваква тема, да ја искористам приликата По правило, не би требало да се продава производ кој што е со таков квалитет. Но бидејќи тоа не можеме да го промениме, одиме кон останатите опции. Уште пред да се купи, треба да се провери квалитетот бидејќи веќе ако купувате (нека биде примеров конкретно за облека) гардероба, треба малку од малку да се разбирате и од квалитет, а не само од мода! Веќе кога и тоа ќе помине, бидејќи секогаш не можат на прв поглед да се проценат многу од работите, праксата покажала дека се' е до тоа за каква продавница се работи. Во сите западноевропски и американски продавници, најчесто се признаваат кога грешката е евидентно дека е до нив. Ако се чува сметка и етикета, постои голема можност да ја заменат и притоа и да се извинат заради изгубеното време на купувачот. Бидејќи кај нас ништо не е толку едноставно и ништо не оди ниту на цивилизиран, ниту на културен начин, веројатно ќе завршиш со по некој погрден збор и дупло да си ја наплатиш нивната грешка. Ако се работи за продавница од која се познава дека е според некакви стандарди, има некакви шанси за замена или враќање. Ако се работи за помала продавничка, купувачот е оставен на милост и немилост на културата и здравиот разум на продавачот (а изгледите се мали да ги има позитивните карактеристики ако веќе се осмелил да продава стока со слаб квалитет). Според ова, најдобро е да си ја испробаш среќата и културно да им објасниш што се случило. Ако не сторат ништо во врска со тоа, ќе знаеш дека си се обидела. И нормално, ако наидеш и на негативни зборови, настапуваш со најдобриот маркетинг: со пренесување на веста на сите останати кои ги знаеш дека продавницата има облека со лош квалитет. Така самата продавница губи најмногу иако немаш ништо добиено.
gi kupiv pred dve nedeli i ova mi se sluci. problemot e vo toa sto ne mi prifakaat reklamacija bidejki ja nemam fiskalnata oti ne mozam da ja cuvam so nedeli. mmogu mi e zal. da mozam da najdam fiskalna samo da im ja pokazam....
Ако се сеќаваш на дата кога си ги купила пријави во Агенција за заштита на потрошувачи. Под таа шифра, цената и моделот ќе ја најдат смтката на примерокот од фискалната. Не е мала сума за да забаталиш.
За правна помош можеш да пишеш на sovetuvanja@opm.org.mk (ова е Агенција за заштита на потрошувачи) или директно да ги пријавиш во Државен пазарен инспекторат. 5680ден. не е цена за занемарување. Од инспекторатот ќе превземат мерки, сигурна сум. Со среќа
Мене ми се случи со едни чизми, без фискална ми ги сменија и ми дадоа нови, ама во една продавничка, ништо ексклузивно како Бата.пробај, отиди им така. Видиш, добро е што не давам толку пари за чевли кои имаат само име, а не квалитет
Дали некој од вас имал сличен проблем како мојот имено се работи за рекламација на патики Пума купени од Офис Плус, ги носев максимум 1 месец цела десна патика ми се одлепи ама до толку да се гледа петата од внатрешна страна, од Офис ми понудија лепење како опција, што ми е тешка глупост патики да се лепат после месец носење, пријавив и во пазарна добив впечаток дека се на страна на продавачот дека треба да прифатам лепење, уште официјален одговор немам од пазарна ама имам впечаток дека нема да завршам работа со нив, некој да ми даде совет што понатака?
@Зак од Андромеда Биди упорна во пазарна инспекција. Малку се спори ама делуваат Инаку патиките најчесто имаат неколку месеци гаранција од датум на купување и секакво фабричко оштетување не е во ред. Треба да ја имаш оргиналната кутија мислам и секако фискална сметка. Ако ја немаш фискалната, во УЈП се поднесува барање за да ти најдат копија. Ќе им кажеш датум на купување, продавницa и ориентациски времето кога се купени. Не се откажувај во никој случај. Купувачот е секогаш во право
Извадив копија од фискална само ме мачи моментот што пазарна некако ми влече накај продавачот, демек понудил сервис, не сум можела да докажам колку време се носени иако купени во средина на Декември поднесена жалба во Март, со тоа што цела недела чекав за копија од сметка. Ќе видиме со пазарна иако не попуштам во никој случај.
Досаѓај им во Пазарна. Ме чуди како они да те влечат накај продавницата кога во Пазарна се изгорени за пријави само казни да фрлаат
Абе може си има врски човекот во пазарна, си фрлил некое мито и така како се што функционира во државава
Ако дојде до рекламација нека даваат нов производ. Кај нас е жива катастрофа, скинати патики од 100 евра ти велат да ти ги залепат по нецел месец носење. Па камења да риташ еден месец со нив, ако се како што треба нема да се скинат а не само од најобично носење. Во другите земји враќаш и одма на лице место си го добиваш истиот производ.