Леле која!!! Ја барав едно време одамна, ама не успеав да ја најдам Awwwwwww the memories... Ми ја разубави вечерта
Ако ме чита некој што има пристап до телевизиски архиви, го молам да ја прикачи рекламава на македонски Симка чоколадите се прават Од лешници и крави И тоа никогаш не недостига Но, за Симка штом јас чујам Ми текнува на Џандуја И вкусот сладок што останува Симка слатка навика ми станува Симка - ваша слатка навика
Ej, a за Симче? Симка не’ изненади со Симммче Ваше коцкасто Миленичеее Гајле ми е мене за вкусоовитеее Сите њам њам се Сите мои си сеее Дај ги ваму коцкичките Можда изгрешив нешто, ама нема врска. Стварно беа убави рекламите.
Не се сеќавам. Ама се сеќавам на Симче од боровница иии едно со кафеаво полнење , не знам од што беше, само вкусот го помнам и ми се јаде сега Он топик. Од овие што ги прикажуваат сега, најинтересна ми е таа со Бенисио дел Торо за Хајнекен, кога го мешаат со Антонио Бандерас Спојлер Ме нервира оваа на Вип, каде Дани вришти, чудесеен чудесеен свет И онаа за Скопско со „месијата“
Штета. Ристо Самарџиев ја пееше и таа. Единствена реклама со песна што беше супер. Таа со Бенисио дел Торо е најјака. Најглупави реклами евр се тие за влошки Always. Со песна, со безгрижност, со се’. Надреализам.
Рекламава ми е толку некако убавка и симпатична што дури пред песна кога ми се појави не кликнав skip ad, imagine that
Не е ТВ реклама ама, фотографиите и пораката од овој герила маркетинг ме бендисаа, ептем. Why McCann Dropped a Statue of a ‘Fearless Girl’ Next to Wall Street’s Charging Bull Overnight
Има ли некој линк од толку коментираната реклама на Златен даб? Никако да ја начекам на тв. Зошто се дигна толкава фама?
Мене ми се смешни рекламите на Даб Затоа што се трудат да ги спакуваат светски, а на прв поглед се препознава дека не се, наѕира малку отповеќе аматеризам и кич. Ако веќе треба да издвојам една, мој избор е оваа
И јас на тв не сум ја начекала досега, а гледам ни на јутјуб ја нема уште Инаку, фама на интернет се крена заради „развратот“ во рекламата, плус и ја споредуваат со актуелната на Скопско и општо нивните реклами што ги промовираат македонските вредности наспроти стилот на оваа, па ги споредуваат во коментарите и двете пива, и така Мене ми се океј и двете – оваа на Златен даб е онака светски, прилично клише клип без некое значење и креативност, провокативна е ама не ми е нешто преку границите на вулгарно
Комерциjaлна банка, станбен кредит. Преинтересна песничка...“домот ми е таму”. Прв пат ja слушам и гледам. Останува во уво. Визуелно...не знам. Песната ми остана во глава и ем совпага со проектот на Комерциjaлна. Лаjk. O
Дефинитивно одлична! Со одлична порака! Кога само би можели да се слушнеме едни со други За Хајнекен пиво. Најдоброто патем