Да избоксувам нешто , било што ... Еминем ме релаксира ,некои постари хитчиња ,бициклизам... Мачката,исто така , доста ме смирува...
За релаксација потребен ми е пред се мир,да гледам у зелено да слушам убава музика и по некоја масажа нема да е на одмет! може и на плажа..
Мастурбација. ЈК . Џогирање или само шетање надвор - одзема секаква тензија и негативни мисли, читање, пиење чај, замарање некој да ме масира, слушање музика, гледање филмчиња итн.
Има повеќе работи кои ме релаксираат. Ме релаксира слушањето добра музика, а јас да сум си убаво испружена на креветот колку што сум долга и широка и едноставно да зеам во таван. Ме релаксира набљудувањето на ѕвездите и месечината. Ме релаксира ладното нес-кафе испиено во ничие друштво. Добар филм исто така ме релаксира. А најмногу од се во овие топли денови ме релаксира бус ладниот туш.
Моите топ 10 релакасации, досега применувани: 1.Правење креативни работи (изработка на накит, шарање на нокти, цртање..) 2.На морска плажа, каде не е бучно и нема многу луѓе, со книга в раце, коктелче и опкружена со звуците на брановите и летниот топол ветар. 3.Лежење на трева со саканиот под ѕвездено небо. 4.Доручек на балкон. 5.Добро музиче и филм со друштво и пуканки. 6.Возење ролери со слушање музика. 7.Есенски (септемвриски) прошетки во парк и покрај езеро. 8.Топла соба со камин, седиш во фотелја и гледаш како надвор врне снег, притоа си пиеш топло чајче. 9.Топла бања со миризлива купка и свеќи. 10.Хинду музика, пропратена со релаксирачка масажа.
најчесто со филмови се релаксирам, а и со читање. Особено обожавам кога е топло на балкун кога има сонце со книга во раце
добри филмови , музика во зависност од расположението, како и да е релаксирачка за мене. пеење, играње-моите 2 омилени нешта (и не само по дома , туку понекогаш додека сум излезена и со другарки, ги здивувам со моите луди денс-рутини хаха) а не би ми пречела и масажа одвреме-навреме да добијам, иако сите мои најблиски си се навикнати јас да давам масаж-услуги ама ок и тоа не ми смета, затоа што на некој начин додека масирам, ако имам мал стрес или нервоза исчезнува низ моите магични (како што ги нарекуваат моите поблиски "клиенти" хаха) прсти во моментот на масажа
Ме релаксираат многу работи, меѓутоа ќе издвојам неколку. Многу често се релаксирам со читање книга, прекрасно чувсво за мене, се исклучувам од се и комплетно се посветувам и соживувам со тоа што го читм. Се релаксирам на убаво сончево време излезена некаде во граде на кафица со добро друштво, исто така многу добро ми доаѓа когодамна некое патување па колку и да е кратко послем сумкаконов, серелаксирам еве баш како сега за празнико дома семеенручек никој не е работа сите сме си дома. Има уште многу работи кои ме релаксират ама ај доста се и овие.
Најдобра релаксација ми е навечер, после жежок туш, на свежо време, да си седнам на тераса и буквално да блеам некаде ко Спојлер теле во шарена врата . После следи спиење џоа бебенце И ова со масаживе не е лошо, ама со оглед на тоа дека немам кој добро да ме измасира по дома, би требало да одам во некое студио преку ден и само што ќе излезам ќе се дерелаксирам Вака, правец во кревет
Зависи. Некогаш добро спиење, а некогаш читање на добра книга со тивка музика во позадина. Исто ме опушта да сум во друштво на весели луѓе, и се релаксирам кога сум тотално сама дома.
Сакам да бидам сама, да легнам да пуштам музика и никој да не ме вознемирува.. во тој период не сакам никој да ми звони на тел, кога ке си ја наполнам кадата си ставам свекички и тогаш максимално се опуштам и никој неможе да ме изнервира...или кога ке почне некој добар филм со пуканки или чоколада, сакам да одам на места каде што има зеленило, само да седам да дишам свеж воздух, да медитирам