Најчесто се релаксирам со домашна масажа, добар туш, прошетки со друштото , фотографирање, седејќи на тераса навечер...
Ако сум под голема нервоза ништо не ме релаксира, ни музика ни када ни секс ни бутур... А инаку и обично кафе пред тв во фотеља е доволно...
Музика (не мора тивка) читање книги, пишување, фотографирање, медитација. Често знам да седнам така, погледот да ми биде насочен кон некоја точка. Само така да седам и на ништо да не мислам. Мозокот на пасење, и баш на ништо не размислувам. Ги кочам сите извори на мисли и се опуштам во тишината.
Кога сум страшно многу изнервирана. За да се релаксирам сакам да бидам сама да пуштам музика в крај и да уживам!
Најчесто се релаксирам со убаво друштво од понежниот пол,тие најмногу ме релаксираат и уживам,добра музика,вино,романтика,љубов водење и други ситници.
Зависи од моментот...некогаш со филмче...некогаш со муабет...игрица на моб./компјутер....или гледање во празно.
Разговор со дечко ми, некоја чашка алкохол, сериите кои ги гледам, добра книга, одлично кафе, убава храна, балетските претстави во МОБ, дружба со самата себе и секс.
Чаша витамински свеж цеден сок, чаша винце со мезе, серии кога ги гледам легната во кревет под ќебенце, саати муабетење со дечко ми за безвезни работи, моменти со друштвото...
Секогаш кога читам книга, кога правам ситнурии честитики, ланчиња, брошеви многу ме смирува и релаксира, и кога сликам нешто што ја сакам, а многу често во Радишани в дворот знам да си легнам во тревникот, и да уживам во мирот..