Најмногу за релаксирање ми помага слушањето музика или добар кафе-муабет со другарките, а лето се знае излежување на некоја песочна плажа,сонце,море, коктели ммммм
Не ми треба многу.. Затварам завеси пуштам музиче и се релаксирам.. А понекогаш и едно пријателско уво е одлично да можеш да се испукаш и извадиш се од себе!
Црцорењето на "утринските пилиња". Незнам што птици се, ама уживам ова време коа ке ја отворам вратата од терасата, па седната пред компјутер со кафе и цигарче.. нема порелаксирачка атмосфера. ..еве ги и сега црцорат.
Да сум сама, да си пуштам некоја добра музика или да гледам некое филмче то ме релаксира и до мене да има нешто за поткаснување
Единствено нешто кое ме опушта е топла купка, иживање во када, релаксирачка музика, и бавно средување на ноктите лицето и слично ... патем и добрата книга со релаксирачка музика ... преубаво ми годи
Ме релаксираат сите женски работи и нормално, тој Ме опушта топла купка, одење на маникир, читање на чик литература или женско списание (читај: страниците за мода), ме опушта ДОБАР ШОПИНГ (ова прво требаше да го набројам ), посета на фризер... Ме опушта и гледање филм, особено кога тој е до мене. Кога заедно гледаме филм, обавезно заспивам на половина филм додека тој си го догледува, па после се будам и го препрашувам што се случило и како завршил, а тој пустиот раскажува ли раскажува Ау да, најважното ќе го заборавев Спојлер секс
Лаптоп пред мене,музика и зависи од времето ,кога е топло едно ладно сокче ,а преку зима, едно чајче да ме стопли
Секој има потреба од релаксација знаејќи како го поминуваме секојдневието. Сакам да бидам сама,да слушам музика,да си подготвам оброк,да читам книга.Телефонот го ставам на опција нечујно за изолирање од другите.Ничие друштво не ми е потребено.Тие моменти сакам да ги самувам.Медитацијата многу ме опушта и позитивно ми делува на психата.
Јас обично медитирам кога ми е потребно релаксација,и ми успева кога имам концентрација. Друго за релаксирање што правам е: слушање музика,обично легање и размислување,гледање серии(филмови)...
Кога имам потреба за релаксирање слушам музика, некоја релаксирачка, или гледам балет на јутјуб, тоа ме опушта , ми бега мозокот од сите проблеми . Или пак, одам на прошетка каде што ке бидам сама со своите мисли и својот ум .