За мене релаксација е на плажа. На лежалка да си се испружам, никој од страна да не ми вриска и замара, коктелче безалкохолно или цеден сок од портокал да си пијам, да гледам во морето и да уживам. Или на некое планински место (како кај нас Пелистер, таму сум бил и погледот е совршенство), да си легнам негде на трева кај што има широк поглед кон шума и да си гледам и да си одмарам очи. Поубав релакс за мене од тоа нема. Повеќе ги преферирам местата кај што нема многу народ и кај што е мирно, и таму гледам опција за релаксирање. И убав поглед, нели. (плажа или планина)
Најдобро се Релаксирам кога сум дома сам добро музиче или филмче со грицки мицки нешто ладно за пиење и мозок на пасење што би се рекло
Во последно смачено ми е од целиот човечки род, имам огромна желба да одам во некоја куќа во природа да оладам од брзото темпо на живот. И со мене еден ретривер
Со што ја смирувате нервозата или што ве релаксира или смирува после напоред ден на работа, со деца, сите надворешни влијанија кавги, гледање тепачки, сообракајки..итн Мене пример божикен филм и пуканки *Споена дупла тема
Стварно различно. Многу често кога сум под стрес и со обврски до гуша претервам со работи меѓу обврски. Ако имам 15 минути одмор, место да одморам чистам, готвам, читам, гледам видеа. И после работам извесен период и исто. Кога имам за учење и јас, а гледам и другарка ми, практикуваме "stress-cooking" кај шо дур учам паралелно прам благо, во големи количини, разни врсти, за да сузбијам анксиозност. Меѓудругото, многу често мрморам нешто во глава, кога сум во стресен период се сеќавам дека мрморам постојано на секоја минута. И тогаш реално и си дозволвам да си мрморам (тоа ми е како "научена" фраза шо ми помага да се релаксирам), знам дека нема ништо да ми е ако не ја кажам, ама во стресен период неќам да си додавам нахнаден стрес, па се "одвикнувам" кога ќе помини стресорот. Длабоко дишење ми помага исто така. И нормално, често се наоѓам како цртам или гледам серии кога ме притискаат обврски од сите страни, ама то не ми е за сузбивање стрес, туку ми е поќе како избегнување на обврски.
Имам пробано со вино, да правам чистам, да пешачам ... но ништо не ми помага.А мене таква мие работата стресна и секој ден имам стрес незнам што ќе се прави
Најмногу ме смирува и релаксира гласна музика на слушалки. И тоа најчесто слушам live performances. Исто трчањето или прошетката доста знае да ме опушти и да ми ги тргне мислите од проблемите. Разговор со моите, секогаш ми е добредојден.
За релаксација топол туш а потоа чајче или кафе во комбинација со омилената серија. Пешачење во природа на сонце.
Јас едино можам да се релаксирам или опуштам летно време на плажа или зимно време во некој хотел или спа центар. Надвор ладно снегој дождој внатре сауна по гаќи да шеташ. А во реалниот и секојдневен живот.... она ситно со кое МОРА да се задоволиме. Музика списание книги и инстаграм.
Спа центар добро би ме опуштило ) Плажа со добар поглед и коктелче.. Секојдневно музиче, социјални мрежи ..