Во летните денови кога сум нервозна (тоа е премногу честа појава кај мене) си го наполнувам базенот, се бањам и така се релаксирам.
Генерички работи што помагале во нормални ситуации веќе почнаа да не помагаат. Имаат удел, но не како порано. Во последно време се обидов да си направам ново хоби. Кога ќе почне да ми чури главата, почнам да полнам тетратка. Имав неколку ситници, купив уште по нешто и сега кога ќе имам нешто од кое не можам да се смирам, пополнувам страници. Со тоа открив работи кои ги имам заборавено, како на пример - како е да боиш со темперни, како е да си сечиш делови од весници, различно лепење... Ако има некоја смирувачка музика во позадина ми е и уште подобро, а и не мора. Дури и ако има обична музика, поттикнува на играње после релаксирањето. Порано ме смируваше и пишувањето. Кога видов колку ми станал неубав ракописот и тоа почна да ми пречи. Па затоа се префрлив на пишување на компјутер, паралелно со пишување со пенкало.
Поминување време со саканата личност, музика, пешачење, готвење и јадење на омилената храна, чаша (или 2-3) убаво вино, кафе и цигара