1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Релативизирање

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 26 јули 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Релативизирањето во стручна смисла се обработува како логичка грешка, на англиски позната под називот whataboutism - а и во секојдневието е појава често присутна насекаде, од сериозни дискусии до обични муабети.
    Накратко и најпросто кажано, ова подразбира оправдување и минимализирање на штетата од едно зло со присуството на друго, наводно поголемо зло (кое често нема врска со првото и воопшто со темата) - на кое се заклучува (често неточно) дека по дифолт соговорникот воопшто не обрнува внимание.
    Како што реков, ова незрело и иритантно однесување се среќава насекаде - од обични „има и полошо“ оговарачки муабети за луѓе и оправдување на свои постапки со полоши постапки на другите, до минимизирање на лоша работа на политичари, насилство, говор на омраза, па дури и трагедии и природни катастрофи и (не)емпатијата околу истите.

    [​IMG]

    Како гледате вие на оваа појава и колку ви пречи?
     
    На Lella, Joi, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial навистина интересна тема :)

    Првично започната како пропаганда од страната на Советскиот Сојуз, поради упатените критики за времето на "the Cold War", би рекла дека т.н. whataboutism е вистински одраз на лицемерност од типот на аргументот Tu quoque, на начин што инстантно се предизвикува вид на ad hominem заблуда.

    Кај соговорникот што напаѓа со аргумент кој нема поврзаност со разговорот, оваа постапка ја толкувам само како "cheap shot" или "low blow" од негова страна, главно поради фактот што истиот се наоѓа во ситуација која ја нарекувам "verbal hostage" односно во превод "вербален заложник".

    Со други зборови, ова претставува очаен обид да се промени темата на еден разговор со тоа што се сака да се предизвика self evaluation кај другата страна, се со цел да се предизвика сомнеж за тоа дали тој е вреден или достоен да поставува едно обично прашање.

    Искрено, многу ретко ми се случува некој да ми возврати на ваков начин кога поставувам прашање или кога водам едноставен раговор - освен ако не манипулирам и намерно поставувам прашање на некому што знам дека му е слаба точка;

    Но дури и да настане ваква ситуација, воопшто нема да ми пречи бидејќи од психолошки аспект знам точно што се случува во главата на мојот соговорник и сфаќам дека сум ја погодила неговата achilles heel.

    Оттука, многу е лесно во лице да му посочиш дека знаеш која му е вистинската намера со тој глупав аргумент и колку истиот е неповрзан со самиот разговор.

    И откако ќе сфати дека неговиот патетичен и лицемерен обид за манипулација веднаш е препознаен, and that he is not fooling anyone, бесот ќе го натера да извика:

    [​IMG]
     
    Последна измена: 27 јули 2018
    На honest girl, Purelove92, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Реално гледано, релативизирањето е нашиот омилен начин на „дебата“.

    Почнувајќи од политичката сцена, на која во времето на претходната власт главен контрааргумент на незаконското богатење на власта беше „Се краде, ама и се гради“, додека омилена реплика на секоја критика за сегашнава власт е „Ако не па да го вратиме ВМРО“, продолжувајќи со низа општествени проблеми, како кучиња-скитници, против кој аргументот е „Колку гладни и бездомни луѓе има, вие храните и вдомувате џукели“, и завршувајќи со проблеми од лична природа, за кои советот е „Каква депресија, што ти е, па знаеш ли колку луѓе немаат леб за јадење и кров над глава, што ти е на тебе тежок животот?“

    Релативизирањето како појава за мене е лош и не баш интелигентен начин на „одбрана“ во дискусија – обидот за минимизирање на ефектот на некоја негативна појава со нејзино споредување со друга, полоша негативна појава, ниту ја негира негативноста на појавата која всушност е предмет на дискусија, ниту дава некаков аргумент кој би бил во нејзин прилог.

    А она што ми смета кај релативизирањето е што кај нас најчесто успева без утка. :D
     
    На Lella, theowndemon, Feminka192 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сите релативизираме кога ни одговара така.
     
    На Someonespecial, Indiegurl и BabyStyle им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Постои и друга крајност - апсолутизирање. Ни се допаѓа да бидеме во право или нè мрзи понатака да истражуваме при коментирање на одредена ситуација и отфрламе предвремено алтернативни можности зошто нешто се случило или како одреден проблем може да се реши. Тоа драстично доаѓа до израз при коментирање на воените и политички конфликти.
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нели се беше релативно освен глупоста човекова?
    Релативизирање и whataboutism не мора да бидат и не се синоними.
    Whataboutism се покажува ефикасен во пракса и тоа како. Авторитетот е круцијален ако сакаш да те сфатат сериозно, затоа треба да се внимава на постапките и примерното однесување. Луѓето не се должни да прифатат морални лекции од морално неподобна личност, во секоја прилика ќе му биде набивано во лице (при победа на релевантни аргументи и докази, се разбира). Политички кариери пропаѓаат поради компромитација.
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Релативизирање е кога една грешка/зло ќе ја прекриеме со друга/друго поголема/поголемо?Ако е вака ко што сфатив од уводот.
    Мислам дека сите скоро релативизираме зависно нам како ни одговара свесно или несвесно